Здраво дечки, на кратко сакам да ви го објаснам моето прво искуство со ивф после 3 неуспешни инсеминации па ако некој имал слично искуство ве молам споделете со мене. Го започнав со инекции за стимулирање на јајниците ми закажаа не знам како се нарекува вадење на јајце клетки со анестезија, па чекавме 5 дена за нивен развој, поделба и од 14 извадени останаа 2 бластоцисти кои ми ги вратија на денот на трансферот. Извинете што не знам да објаснувам не сум толку стручна прв пат ми е. Ме испратија со терапија од клексани 1 навечер, торалекс на ручек, такролимус една наутро една навечер и прогестерон циклогест наутро и навечер. Си лежев си одмарав се додека не дојде 6 ти ден после трансферот јас почнав да крварам по малце и со секое ставање на прогестеронот и на улошката ама не како што читав точки или кафеаво и розево туку потемна крв . Денес сум 8 ми ден и сеуште имам крв немам обилна туку вака крвава ми е матката и со тече по малце крв темна како циклус и имав мали грчеви. Се консултирам со доктор секој ден кој не ми ја прекинува терапијата ми вика уште е рано за циклус, мирувај. Но бидејќи крвта не ми прекинува трае 4 дена јас се си мислам дека циклусот си сака да си дојде. Се разочарав пред време знам дека не треба ама тоа е. Штета што не останаа да се замрзнат ембриони за следен пат да не се мачам со анестезија повторно истиот процес. На 07.09 ми рече тест да правам докторот. Па не знам што ќе биде...и уште нешто колку време треба да помине до следното ако ова е неуспешно инвитро? Имам 35 години. Гушки до сите
Видете во аптека Алое во Ѓорче или во Мери позади Њу борн имате и бројчиња на гугл јавете се. Поздрав
Мене ми рекоа прва бета на 9ти ден да направам, неможев да дочекам направив на 8ми и беше висока. Така да можеш да си провериш да знаеш на што си
Jas najdov od edna clenka tuka vo grupata. A isto vcera imase i vo apteka vo Stip, Farmakon - 078331707. Gi kupuvaat od Grcija za zal gi prodavaat po cena od 560 denari edna. Imaa mnogu na zaliha, kontaktirajte gi.
Што значи висока дека е бременост? Зошто различно кажуваат еден вика на пример на 10 ти ден, 8, 14 секој различно, искрено страв ми е и да отидам зошто имам интуиција дека ќе биде негативно...ама што се мора се мора
Да, висока укажува на позитивен исход. Секако треба да се повтори за 2 дена дали ќе се дуплира правилно
Ако се 5 дневни ембриончињата што се вратени можеш и на 9 ти ден...јас на 8 ми правев домашен тест покажа бледа црта. Периодот што се чека за проверка на бета е најтешкиот дел. Мисли позитивно и нема откажување. Упаднав како падобранец неповикана.
Vo Makedonija gi nema nikade, od apteka mi kazaa deka nemaat uvoz na MK. Najblisu vo Vranje. Videte prethodno imase post deka prodavaa nekoi clenki
Не се разочарувај. Ќе биде и ова. Направи прво тест па после се друго. Ваучер се вади после 6 месеци од првото ин витро. Според мене не треба да брзаш. Одмори ги телото и умот. Полека почни да собираш документи, во меѓувреме почнете да работите на квалитетот на јајце клетките и сперматозоидите па за 6 месеци следно ивф или дај Боже да не ти треба да имаш позитивна бета.
Пишав пред некој ден дека јас Тетово ги најдов ми рекоја дека секогаш ги имаат. Кај болницата кемо фармација мислам беше и некаде кај плоштадот мислам мери апотека. Ако ти е блиску можеш да провериш или да најдеш број телефонсли да прашаш. Поздрав
Мислам дека е рано за да е циклус. Не прекинувај терапија никако, направи си тест, ако не си примала стоп-инекција ќе си покаже точно. Не се разочарувај пред време. Ако не дај Боже е неуспешно, за ваучери ти кажале, а ако сакаш во меѓувреме може и порано да се проба за 3-4 месеци, ама на приватно. Анестезијата не треба да те плаши воопшто, многу пати сум била под, ништо ама баш ништо не е страшно, краткотрајна и лесна е , ќе си поспиеш ќе си станеш. Мене тоа не ми е мачење, не знам, не му придавам значење. Повеќе е стимулацијата таа што е напорна за организмот.
Тоа и докторот ми го рече дека е рано за циклус ама тогаш зошто сеуште крварам секој ден, ја примив стоп инекцијата. Во право си ако не биде позитивно сакам малце на себе да се фокусирам. Фала многу на поддршката, секојдневните пријатели и фамилијата кои ги имаме и не поминуваат низ овој процес не знаат кој совет да ни го дадат па среќа си ја имаме фемина и можеме да си дадеме совет за слични проблеми.
Искрено да ти кажам, многу почесто ми треба разбирање отколку совет, ама тука го има и тоа, па се надевам секое мислење ќе ти е поддршка.. не се двоуми да пишеш за било што