Denes bev vo Plodnost,treba da cekam uste da dojdat moite donirani kletki,za zal imalo nedostig od donatorki.Postapkava se odolzvit do dekemvri najrano,a vremevo vi vrvit.se iznakukav
Dobro prasanje, dali se isti terapiite i privatno i so vaucer normalno doziranjeto e individualno spored parot no dali isti kvalitet davaat nekoj da odgovori sto e upaten od iskustvo?
Зависи во која болница. Во Њу борн со една јк околу 3000 евра со повеќе од една јајце клетка плативме околу 4500 евра. Плус после трансфер терапијата е околу 500 евра и дај боже да останеш бремена до 12 недела секој месец терапија е плус 500 евра. Ако биде успешно вреди секој денар.
Гоналф во Систина со ваучер мислам дека не ги даваат. Ако има некоја искуство со ваучер да и дале, нека ме поправи. Јас така знам од блиски мои што имаат успех на приватно со гоналф, наводно биле поскапи и не им се исплати да ги даваат со ваучер. Сега скоро познавам од прва успех имаше приватно со нив. Со се терапијата до 12та недела ја фатило околу 6500 евра. Ма да сепак мислам дека се е индивидуално.
Во однос на сите дилеми кои што ги имате, треба малку повеќе да си верувате на себе и својот инстинкт. Сите луѓе не исто кликнуваат. Енергиите не ни се исти. Со еден доктор ќе кликнеш, со друг ќе речеш бегај одма. Одете на консултации, кој ќе ви даде најмногу доверба одберете го него. Јас така отидов кај Татјана, за мене беше топла, пријатна, расположена за сите можни прашања, но за друг сигурно не била. Исто така, кога ќе тргнете по овој не постои тоа многу терапија, малку терапија. Влегувате со комплетна доверба и правите што ќе ви кажат. Јас правев 2 пати ин витро приватно, комисијата одлучи дека јас мои деца не можам да имам и ми го скрати правото да користам ваучер, првиот и вториот пат имав различна терапија со различни инекции и апчиња, така процени докторката дека после првиот неуспех терапијата треба да се смени. Во исто време другарка правеше ин витро со ваучер со истата терапија ко мојата, двете беа неуспешни. Вториот пат на сменета терапија и многу, ама многу време поминато на подобрување на квалитет на јк, а и некоја луда среќа и Божја воља, ин витрото беше успешно. Не се мачете со прашања, само одете низ процесот. Читајте со што може да си го подобрите квалитетот на јк и сперматозоидите, вежбајте, пешачете, стрес на минимум, без јадење глупости и многу верба во Бога, одете по манастири, цркви, кој во што верува. Кога ќе дојде денот се ќе биде. Милион пати ми беше повторено и на прегледи и со испитувања дека со антимилеријан 0.2 и 39 години тешко дека ќе имам свои деца, епа еве имам дете. Некогаш ми иде да им се качам на клиника со бебето и да им кажам дека не се Господ и дека за многу работи едноставно нема правила, се случуваат. Само верба и се ќе биде.
Не се исти терапиите, бар не за стимулација, знам по тоа што сите со ваучер бевме на едни исти а девојката на приватно што беше и беа препорачани други, мислам дека од Солун ги купи и највеќе јк извади баш таа. Затоа и ми текна да прашам дали е тоа пракса на докторите.
Ќе читам секако, но може ли да кажеш еве од твое лично искуство што конкрерно ти помогна во подобрување на квалитетот на јк?
Здраво девојки, Имав трансфер на 3дневни ембриони. Прва бета на 14ти ден 45.6. Втора бета по 72 часа 87.1. Според докторката станува збор за неквалитетна бременост, биохемиска. Но сепак ми рече да повторам бета во понеделник, пред да прекинам со терапијата. Некоја со искуство на позитивен исход од ваква ситуација?
Од суплементи пиев Q 10 200мг сабајле и 200 мг навечер, премама, ДХЕА, витамин Д3 со К2, омега 3, сменив начин на исхрана не јадев месо, млечни производи, бело брашно и благо. Не пиев кафе, пиев мача и какао. Јас пиев црвена мака, а сопругот црна мака, ги има во Зегин по пристапна цена околу 350 денари беа, да не те лажат да купуваш некоја прескапа. Имаше ќе пребараш на Google, pimp my eggs, има совети што да пиеш што да јадеш јас претежно од таму гледав. Од медар земав една смеса од мед, матичен млеч, перга и не знам што уште имаше во него. Се јадеше 2 недели пред циклус медот, а 2 недели после циклус се јадеше чист матичен млеч. Можеш да прашаш кај некои медари има неколку низ Македонија што се занимаваат со плодност или ако сакаш ќе ти го кажам бројот па консултирај се со него. Јадев и перга насабајле. Малку тешко се наоѓа и е релативно скапа. Бевме во Тумане да ни прочитаат молитва за пород. Во свети Никита на скопска црна гора на каменот си ја кажав молитвата, во локалната црква одев редовно. Често си правев филмови како ќе се шетаме по молови, она во количка ќе спие јас ќе гледам што има да си купам. Јас мислам дека вербата ги прави работите, да веруваш дека ќе дојде ден и ќе биде.
И да се качиш и да се развикаш дека имаш свое дете од сопствени јајце клетки а тие што те откачиле или ги мрзело да дадат повеќе нека се засрамат од тоа..те гушкам
Здраво јас имав иста ситуација 3тиот пат кога веќе повторив почна да падне заврши со биохемиска имав трансфер со 2 бластоцисти.ти каде правеше од терапија што примаше? Иначе жал мие повеќе среќа следниот пат
Кај мене трансфер на 3 беше. Толку беа зрели, истите се оплодија, 2 со одлична оценка, 1 со средна. Од терапија примав 2х2 естрофем, аспирин, метил фолат, 3х1 утрогестан, пролутекс, декортин и клексан. И суплементи омега 3, д3, Coq10. Бев во ремедика. Тоа е што е. Да се надеваме дека следен пат ќе биде успешно. Нема откажување.