Zdravo,dali imalo nekoj so situacija pred necel mesec tiroidna 0,01,prolaktin 22,na vcerasno isituvanje tiroidna 2,15 ama pak prolaktin 73.Terapija nemav za tiroidna.Inaku sum nekoj den pred ciklus i dali da prakjam dokumenti vo fond ili pak da ispitam tsh i prolaltin na 3 den od ciklus.
Прочитај ги моите мислења за оваа клиника. Не викам да не направиш консултација, но не би сакала да ја направиш мојата грешка. Уште на првата средба се осетив омаловажена (со ваучер бев), на моето прво прашање ја увидов неговата ароганција и незаинтересираност но и покрај тоа решив да му дадам шанса само заради апаратурата. Користев се што нуди болницата (ембриоскопија, MAKS, IMSI) само да ги зголемам шансите за успех, но се беше за џабе кога нема посветеност од докторот. Имам пишувано дека на денот на трансферот пролактинот ми беше 42 и кога реков дека со оваа вредност не сакам да правам трансфер, дојде сестрата да ми каже дека трансферот мора да биде направен или во превод ради реда. Доживеав и други негативни работи буквално можам книга да напишам и баш заради тоа цела година бев психички падната. Кога отидов во друга клиника ја осетив огромната разлика во третманот и уште повеќе ја сватив тортурата на која сум била изложена. Моментално имам бебе, од прва беше успешно и целата постапка ми помина во многу опуштена атмосфера благодарение на докторот. Така да едно големо НЕ за Таше и неговата "клиника". Никој со нашиот проблем не заслужува така да биде третиран, башка од доктор, без грам човечност, без трошка разбирање за маката низ која поминуваме.
Има членки што веќе се во процес во болницата … Дали тоа значи дека сигурно нема да бидат заинтересирани за нивниот случај? Ја разбирам твојата горчина, но дали можеме со сигурност да кажеме дека нема да им бидат посветени? И еве, можеме ли со сигурност да кажеме дека и тие ќе имаат успех каде вие што сте имале ? Токму затоа и реков ,да се оди таму каде што ќе се почувствува заинтересираност за нив... И да, ниту Методи ниту ембриоскопијата не можат да помогнат доколку терапијата е целосно погрешно поставена. Но, дали постои клиника во која ниту една членка не доживеала вакво нешто? Искрено, не верувам. Повеќе од три години ги следам и читам искуствата што се споделуваат овде и секој со своето искуство... Не ги бранам Плодност, повторно ќе кажам дека и таму видов две страни...
Членката си кажа искуство на побарано мислење, што требаше да лаже ли. Тие што се во процес значи дека се задоволни од Таше, тие што не се треба да си кажат, без разлика за кој се работи. Како што кажа секој со своето искуство. И секогаш треба да ги кажуваме искуствата со докторите, нема што да биколиме, оти некој може има финансии за 10 инвитра некој едвај за едно собрал со кредити. И јас да сум во оваа борба и јас ќе одам на повеќе мислење, ама секој нема ни можност толку да бидеме реални, ова е Македонија и за секој чекор треба финансии.
Секако дека не треба да лаже! Но, сметам дека треба да имаме малку разбирање и за оние кои веќе се во самиот процес... Не можам да опишам каков стрес ми беше додека бев во процес таму — а овде читам 'ниту една јајце клетка извадена' во Плодност! Тоа што некој почнал, не значи автоматски дека е презадоволен, туку едноставно 'се фатил на орото' и во тој момент продолжува...
Темава е општа и во ред е да се коментира и за искуството. Да има посебни теми za клиниките таму би читале за искуство во секоја клиника посебно ама со оглед дека нема, информативно е во ред да се споделуваат лични искуства. Може ве вознемирува ако сте во процедура ама се работи за поединечни мислења и искуства, не мора да значи дека сите ќе имаат исто искуство.
Презадоволен е само тој што успеал,тоа е факт. Искрено овде секој ден се прашува за искуство за докторите и кој каде имал успех.Што од една страна е добро,од друга и не е толку. Лично јас тие што ме знаат не сум во Мкд.Јас ниту имав кого да прашам,ниту знаев во која клиника да одам.Одев на слепо.Во првата клиника каде што започнав имав 4 пати неуспех.Првиот пат не ми се оплоди ниту една јајце клетка,вториот пат биохемиска,два пати без имплантација.Секој пат различен доктор,различен протокол. Оваа година сменив клиника во мај имав биохемиска,сега сум бремена. Предложија модифициран протокол,мала стимулација која се покажа кај мене поефективна.И сум презадоволна од оваа клиника.Ама морам да кажам дека имаа документација,испитувања,протоколи од претходната клиника и им беше полесно. И факт е дека во Мкд се малку доктори а за жал преголем број на пациентки.И тоа игра улога на посветеноста. Мој совет не потпирајте се на туѓо искуство.Секој има свој пат,и секое тело различно реагира и има различни потреби.Со среќа на сите
Секој каде си е задоволен споделувањата искуства не е за да исплашиш некого.... плус во последно време таше автоматски на понижува доагаат србинки за твојот народ нема место. Сите ги одложува посебно тие со ваучер... не се двои толку од другите мн доктори се успешни само не прават дебили од лугето и не се рекламираат со рилси како него и го гледаат постари луѓе и готово за нив е кралит. Речникот на зборови во рилсите му е смешен. На оваа модерна технологија јас не би дозволила некој од 71 година да си игра со мене после одредена возраст не е истиот капацитет.
Приватните пациенти секаде и секогаш имаат предност во однос на другите.Затоа и плаќаат и доплаќаат приватно здраство.Не велам дека е во ред и дека треба да е така,ама така е секаде.Јас кога правев термин за прва консултација бев со ваучер во Германија додуша овде касата ти плаќа само половина,другото сам си го покриваш,чекав термин 3 месеци.Кога ги потрошив 3 ваучери плаќав се сама,е тогаш добив термин во втората клиника за една недела.И не само за ИФВ за се е така.
Па тогаш не работи со ваучери а не лугето да доаѓаат па врати ги овој месец другиот пак врати ги и пред да истече ваучерот на крај изведи го ради реда за да земеш и тие средства што се... го гледам само како голем парољубец после се. Во која друга болница толкава огромна има само 1 ивф специјалист? Сите се со 3ца 4ца и се разредува гужва и добиваш третман каков што треба... овој се изрекламира по социјални мрежи ненормално рилсови да гледат баби мајки тетки и да викаат само таше е најдобар.... овие пак што се со донирани докај да им стасаат истекол ваучер ако немаш капацитет да исполниш се биди искрен и кажи им на лугето да си бараат на друго место. Во нашава држава мислам нр е фер и коректно луге од др држави да се пред нас ние не сме грагани од 2 ред .
Не е фер се согласувам.Ама приватните клиника така функционираат како печатници за пари.Тој ги снима само успешните,несупешните нормално никој не ги објавува а секоја клиника ги има.Така ако гледаш и многу Македонци,одат во Прага,Солун итн.тоа значи дека немаат исти права како жителите на таа држава?Секој пациент треба да се третира исто,барем јас така мислам.Јас не знам немам искуство,ама овде читам дека има и задоволни и крајно незадоволни
Дури познавам и некој што им направи ивф немаа срцева реалцика или имаа абортус и пак ги објави како успешна приказна.... да во ред е тоа но таму ненте зафркаваат си имаш термини ако имаат капацитет прифаќаат и други приватни клиники има во мкд што иако си со ваучер не те зафркаваат. Само кај таше е тоа бидејли работи сам само тој и никој друг ивф. Прифати колку што можеш ако не прифакаш кажи од старт немаме капацотет одете на др место а не да викаш ке завршиме работа па после оди за битола па ај другиот месец ај третиот сега имам гужва и на ваучерите да викаш волонтерски терапиии
Не да рекламираж друга клиника или да го хејтам таше само споделувам искуства за кога ке оди некој во иднина да знае што го чека и да не биде заебан. Јас уште немам направено ивф бев на консултации само во повеќе клиники
Не е вкусно воопшто кога потенцира волонтерки или дека некој е со ваучер.Јас па не знам зошто му дозволуваат,и зошто се снимаат сепак никој не може да те натера ако не сакаш.Види консултирај се и види што е за тебе најдобро.Со среќа
Затоа и погоре го нашишав мојот проблем што го открија после 2 години за да знаат какви проблеми може да има и да си испитаат се. Бидејки јас лично од форуми најмногу научив
Точно и јас научив.Јас кога го правев првото ИФВ цела тема ја прочитав од прва до последна страна. Сакав само да кажам кај некој нешто што помогнало кај мене не помогна.Во последните 4 години ги пробав сите чаеви,суплименти итн.немаш успех.Последниот трансфер освен фолна не земав ништо.И шетав ниту еден ден не одмрав ниту пак лежев.И во мај бластоцистатаа беше со највисока отценка-биохемиска,оваа послаб квалитет па успеа