Јас не би менувала веднаш. Секако првиот пат и самите доктори не знаат како ќе реагираш на стимулациите и повеќе е експеримент. Јас исто првиот пат реагирав многу лошо, имав 3 јк и само една оплодена. Ама за сметка на тоа, докторот доби повеќе информации за мене и моето тело. Вториот пат комплетно различен протокол имав, 2 вратени ембриони и сега близначна бременост. Така да, јас би пробала барем уште еднаш кај истиот доктор, ако генерално си задоволна од него.