Затоа и ти велам, можеби не ти лежи овој пристап и тоа е сосема во ред. Секој се пронаоѓа во нешто. Кај мене ова се имаше супер ефект за некои работи. Ден денешен се чудам како се склопија коцките. Секоја книга за самопомош е различна и претставува субјективно гледање на авторот. Јас лично, не ги сакам тие книги. Си најдов личности кои ме инспирираат, а од нив ги извлеков само оние работи кои можам да ги резонирам. Благодарноста и целиот муабет со примерот со колата ги чувствувам баш блиски, супер ги разбирам и одлично ми делуваат. Еве ти не се согласуваш. Затоа ти посакувам да си најдеш модел кој одговара на твојата личност @Dashing:) мислам дека погрешно ќе те сфати со егото. А и доста ти е осудувачки постот
Истакнав дека мислам НАЈДОБРОНАМЕРНО.Она како сака може да сфати на сите неможеш да им се свиѓаш нели
Да. Можеш да ја прочиташ ако сакаш.Сепак ти си живееш твоја реалност неможам да се мешам јас само доколку сакаш совет можам да ти дадам затоа сме и на сајтов нели.
well ne me znaes za da go pisuvas tie raboti za mene nitu da me sovetuvas koga veke kazav deka ne citam nit sakam self help books
Многу општо размислуување, гледиште. Зошто изгубено време? Нема изгубено. Од се учиме по нешто. Ако сум посреќна и попуштена како продавачка отколку како докторка зошто да не работам тоа што ме опушта и прави да сум јас? Често посакуваме нешто што не ни лежи,е сега во случај да ти лежи медицина а не работиш по струка секогаш ќе се најде начин да се оствари тоа што ние животна задача ако навистина сакаме. Додека колата е твоја и ти врши работа делумно го исполнува твојот сон. Што е твое ќе го добиеш, но секогаш не го добиваме тоа што мислиме Ние дека ни треба, туку Тоа што навистина ни треба. Верувај, посакувај и уживај во постоечкото. Ќ е дојде тоа што вистински ти е потребно.
Си беше еднаш еден богаташ што само работеше и не се вртеше дома...На сред работа го стрефи срчка, и реши да ги остаи сите пари што ги има и да се изолира од светот, само за да сфати дека не е се во парите... Потоа напиша книга и се напуни од ново со пари од сиромавите кои му ја купуваа книгата... Инаку, еве јас визуелизирам дека сум 10 см повисока и дека ќе го запознаам Мајкл Џексон... Поентата е, ако имаш само РЕАЛНИ цели и УСЛОВИ истите да ги исполниш, ќе ти се ,, остварат ,,... А не со замислувања и лепења слики на хамер....
Вортекси, мотивациски говорници, книги за самопомош, позитивни вибрации, афирмации и енергии, закони за привлечност - све се сведува на една иста ствар, а тоа е дека многу луѓе се незадоволни или несреќни од сопствениот живот. Универзално правило за среќа нема - да имало, ќе постоела само една книга за самопомош, само една теорија за среќа и успех - и сите ќе сме ја знаеле и сите ќе си бевме среќни и задоволни. На светов постојат илјадници теории, книги за самопомош, видеа и мотивациски говорници, а сепак, и покрај тоа, се’ уште постојат и милиони незадоволни и несреќни луѓе. Заклучокот е дека секој човек треба да си ја најде сопствената цел и сопствената среќа на овој свет - а за тоа е потребна интроспекција, себеспознавање и постојано развивање, надградување и усовршување. Апсолутно е небитно што е тоа што ќе ви го направи животот исполнет - барајте го, најдете го и правете го. Не очекувајте некој друг да ви каже како да бидете среќни и задоволни со самите себе. За ова нема shortcuts; животот не е тест по математика, па одговорите да можеш да ги препишеш од тој што седи у клупа до тебе. И секогаш имајте на ум дека главната и основна цел на писателите на книги за самопомош, мотивациските говорници и креаторите на теории за космичка и кармичка поврзаност е да заработат пари, а не да ви помогнат на вас.
Јас мислам дека дрка ваквите работи можат да ни дадат само поттик, насока во која би требало да да се движиме,да се откриеме самите себеси. Никоја освен нас не може да да ни помогне.
Пред неколку години наидов на една ваква страница. Отворив, прочитав подетално и дојдов до заклучок дека делот со визуелизацијата за добивање на одредени нешта од материјална природа навистина функционира. Но, тоа секако не значи дека се` добивав на изволте, туку напротив работев на тоа како секој нормален човек. Благодарение на овие совети за визуелизација кои немаат никаква логична и физичка поткрепа, успеав да остварам желба која ја имав во текот на изминативе шест години. Во секој случај не сум религиски фанатик, или човек кој слепо верува во чуда, но ете ова ми делува па го применувам бидејќи автосугестијата е многу моќна работа, и дефинитивно е добар мотиватор и поттикнувач во процесот на себереализација. Така да кога помислувате на одредено нешто гледајте истото да не биде надреално, туку во склад со овдешните закони на природата па може и ќе ви успее. Желбата и замислата свесно и потсвесно ќе ви го насочат фокусот кон посакуваната работа, и ќе ви дадат повеќе сила да работите на нејзино остварување.
И комшиката од бутикот на фејсбук и пишува работи во: (Vortex) и ќе ме фаќаше за дечко преку овој закон на манифестација ама ништо не бидна мојот окултизам испадна посилен од нејзиниот, треба да ја упатам на часови кај тебе.
Не си ѝ бил доволно јака желба изгледа. Не, шала на страна, нема што да ја упатуваш кај мене. Како што пишав и претходно, ниту еден закон нема да функционира ако си изгубил волја да работиш на себе. И ти и јас тоа многу добро го знаеме. Автосугестија ретко функционира ,,коинцидентално“, потребна е работа.
Јас верувам... Верувам бидејќи навистина сум имала периоди во животот кога сум била фокусирана на грижи, проблеми, стравови.. исто сум имала периоди кога сум била фокусирана на личен развој и едукација, позитивни мисли итн и кога ќе размислам кога ми бил поубав животот сфаќам - секако дека во периодот кога сум се фокусирала на себе и на позитивен начин на размислување... Мене ми се промени животот, да, бидејќи бев во хронична депресија од скоро 2 години... При што ништо не ме правеше среќна, задоволна итн.. Имав изгубено желба за се, буквално... Откако почнав да читам, гледам видеа на таа тема, како и секој бев скептична на почеток, и баш заради тоа пробав некои од методите и од тогаш почнав да верувам и да практикувам.
se e do umot,nikoj ne ja razbira mokta na coveckiot mozok i um zasto koristime samo 3 posto a vo restote 97 spaga ripanje od edna u druga realnost menuvanje na nasata realnost preoblikuvanje po nasite zelbi i strasti..no sepak i vo 21 vek e prerano za toa i sme premnogu nazad so nasata intelegencija i ima uste dosta vekovi da minat dur sozreeme vo poln ek dur gi osvestime i oziveeme ostanatite 97 posto od mozokot eve ja sea da sakam da otidam na monteverest eden den ima sansi da pojdam ama na primer da go smenam polot preku nok samo so mokta na mojata zelba da e toa taka ili da go smenam moeto minato so nekoe drugo so mi se sviga,za toa treba da minat use 1000nici godini i vekovi evolucija na covekoviot um