Воспитувањето на детето како да се однесува кон животните

Дискусија во 'Дете' започната од Saya, 27 септември 2011.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Мислам дека овој подфорум е најсоодветен за темава. Ме интересира како си го воспитувате малечкото да се однесува кон животните (улични кучиња/мачки, домашни миленици, животни во зоолошка итн.)?

    И како вашите родители ве учеле на истото?

    На темава ме поттикна еден немил настан од пред некој час, дур си го шетав кучето во маало. Едно детенце му се приближи и иако го предупредив зошто видов дека не доаѓа да го погали, туку е со поинаква намера, дојде и проба да го клоцне. Му свикав на вториот обид да го клоцне. На крај проба да му шутне прашина во очи, на што очекував барем некаква реакција од страна на татко му. И ја добив: се изнасмеа како неандерталец, со објаснувањето „куче е, да не треба да го мази“.

    И општо, во секојдневниот живот сум била сведок на лошо однесување кон животните од страна на деца, без родителите да мрднат со прст. Измачуваат улични кутриња/мачиња, порано во зоолошка кога беше каша попара имаше случаи кога со камења маваа по животните, зачудувачки дур се под надзор на родителите.

    Ако сте од оние што ги поттикнуваат децата на љубов кон животните, до која мера го правите тоа? Ако ги поттикнувате на омраза, дали е тоа од ваша поранешна траума или едноставно ирационален страв, и дали мислите дека е правилно тоа да го рефлектирате и на вашето потомство?
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    538
    Мене моите родители никогаш не ме седнале и кажале:-Ти треба да се однесуваш вака и така со животните! Не,напротив уште од мала растам со животни и сама сум го воспоставила тој однос меѓу мене и некое животинче.Никогаш не сум се однесувала на начин со кој би го повредила тоа суштество НЕ !

    А за денешната младина,поточно за генерациите што доаѓат уф леле :x толку се безобразни и нечовечни спрема животинките.Не гледаат на нив како на живо суштество што е најжално,туку како на предмет,со кој можат да прават баш што им душа сака :envy:
    Ги мразам !
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.753
    Колку срамен пристап ијмал родителот. Да го видам во странство, особено Норвешка, Данска, Шведска, да направи вакво нешто па да видиме како ќе си помине ако некој од страна го види и пријави.
    Многу сакам животни, и срце ме болеше кога се разделував од моте две кученца, и не знам како би поднесла да дознаам дека некој така би се однесувал со нив. Се уште немаме деца со мм, но кога Бог ќе не удостои со таа среќа, ќе ги воспитувам во духот секого и се да почитуваат, од луѓе, до животни, до својот дом. Ваму викаат Min hjem et mit slot Mojot dom e moj zamok и од мали ги воспитуваат децата да почитуваат се. Да ги поглаи ако им е дозволено, да си поигра, и во никој случај насилство. Тоа се случува само кај искомплексирани индивидуи кои очајно трагаат по внимание. А малиот во случајов твој Саја има дел од вината, ама основната грешка е кај неговиот татко. Малиот сака да го направи татка си горд и го прави она што мисли дека таткото би го пофалил. Така да , наместо му укаже на грешка и да го укори, тој го сили и бодри. Зато сметам дека родителот има многу значајна улога во секој аспект од воспитувањето на своите деца.
    Секоја чест за темава Саја
     
  4. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.760
    И мене исто како и на Faline, однесувањето кон животните никогаш никој не ми го диктирал како правило ! Едноставно со текот на мојот живот сум остварила голем број на контакти со животните и сама си создадов мислење, став и мој однос кон нив. Сум израснала со животни и никогаш не сум била повредена или предадена од нив бидејќи навистина животните се најдобриот пријател на човекот и умеат да бидат милион пати по верни, по мили и да бидат до тебе секогаш кога ти требаат !
    А она што највеќе ме иритира, нервира и искрено и официјално кажувам пред сите дека МРАЗАМ такви личности е токму горенаведеново „куче е, да не треба да го мази“ па што ако е куче, маче итн...како прво никој не го тера да го ,,мази,, едноставно нека стои подалеку од него ако мисли дека тоа е опасно за него...и тоа е живо суштество кое има душа и кога ништо ни ти згрешило што има ти да го напаѓаш и малтретираш? Фактот дека си ,,човек,, ( има многу луѓе но ретко кој е човек) не ти дава НИКАКВО право да се изживуваш врз оние кои се понемоќни од тебе и на некој начин од тебе зависат, а уште помалце да подценуваш некој кој ги сака и ги заштитува животните !
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Па не се сеќавам на ваков муабет како дел од воспитниот процес да бидам искрена.
    Мене ме апна куче на плажа додека имав 3-4 годинки и тоа бајаги ме апна, паметам дека ме болеше многу и тоа ми е еден од првите здрави најрани детски спомени.

    Оттогаш самата избегнувам контакт со животинки, а ко за белја од 10 луѓе во тајфата, околу мене се вртат , а не ги предизвикувам никако.
    Ниту бегам, нит им се доближувам, се обидувам да немам контакт, кога се плашам од истите.

    Кога сме оделе во зоолошка сме ги хранеле животинките, од пристојна далечина секако. :D

    Ни моите родители не се некои пасионирани обожаватели на животни, ама никогаш не се залагале за мачење и напаѓање на истите.

    Мојата девиза е таа - ако не го сакаш, барем не го малтретирај...
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.449
    Не се сеќавам ни јас некој да седнал да ме воспитува околу тоа, не знам ни дали имале можност и време моите затоа што уште од најрана возраст си влечкав животни со мене. Ги обожавам и никогаш не би повредила животно дури и да ме касни ќе пробам да истрчам да избегам, но нема да го удрам. Кога имав 3 год. едно куче ме касна за увото, ама не се исплашив. Само се оддалечив на неколку минути, а после пак си играв со истото. На 5 години во зоолошка застанав да се сликам кај лавот, односно седнав на кафезот и тој дојде до мене и ми рикна, нормално секундарно се стресив, ама пак се вратив да се сликам. Повеќе се ужаснувам од луѓето отколку од животните. И мојата теорија е дека ниедно животно не напаѓа доколку не почувствува страв и опасност. Дури ни најголемите ѕверки. Моето дете ќе го воспитувам да ги сака и да се грижи за секакво животинче. Кога можев јас да се грижам уште од мала за нив, посебно за уличните, ќе можи и тоа. И ќе се расправаме ако некогаш се обиди да повреди некое кученце или било како да му наштети, иако нема да дозволам да дојди до тоа.

    Ги разбирам оние кои се плашат од животни, ете како Трендафилка и не сакаат да му се доближуваат и тоа е во ред, се додека не ги малтретираат.
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Не сакам животни, имам страв... не ги малтретирам секако, ниту пак ја учам малата на тоа, но не и дозволувам да си игра со нив...Можеби е грешка, но ете...Не знам што би правела ако еден ден изрази желба да имаме куче, маче...или папагал...бррр...
    Ја замислувам после едно 20-30 год. како разговара со психолог кој ја убедува дека нејзините проблеми влечат корени од детството, кога нејзината мајка и забранувала да се радува на животни, па затоа сега... :D
    ( :^) )
     
    На lolyta777, Offspring и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.201
    Допаѓања:
    41.158
    ^ Cепак мислам дека тоа не е исправно, би требало да и дозволиш на ќерка ти барем да си игра со животни

    Oд каде да почнам со темава :) па тоа не треба родителите да те учат, тоа сам уште од мали нозе треба да го знаеш :^) Cекој што тепа или малтретира животно, и притоа убаво се осеќа, има предиспозиции да биде некој психопат, или будучи сериски убиец, ова е докажано :!: ! Mене ми е многу жал, за вакви работи сум многу емотивна!
    Eднаш видов еден мочко со чадор, 10 години дали имаше, и стоеше со мајка му, и едно мало маченце си трчкаше тука кај нив, и стокава се спрема да го удри... Jас застанав, запалив цигара и ко мањак му пратив еден поглед, абе се скамени детево! A да го удреше, јас имаше да му влепам таков шамак, да ме памти и во задгробниот живот! Cрамота, куче/маче е мавај го... Jас сфаќам некој не сака животни и тоа е тоа, ама да тепа да малтретира, е тоа веќе... подобро да не видам такво нешто! Jас лично сум опкружена со животинки, дали кај мене дома, дали кај дечко ми, дали кај другарка ми, секаде има, и баш ми е мило за тоа! A за воспитување на дете
    не не, јас моето дете нема да го воспитувам да сака животни, туку моето дете ќе израсне во мало животинско царство, па сакајте сметајте ме за луда ;) Hаместо благороден камен, јас ги користам животните за да ме наполнат со позитивна енергија :D Hавистина,ептен ама ептен ме полнат душевно!
     
    На Nausicaa, SV1911, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Неможам да замислам дека постојат такви родители кои ги учат децата така да се однесуваат. Што бидна она кога уште од мало го учиш дека кутрето вика ,,ав ав,, а мачето ,,мјаууу,, :) . Уште од мал си знае -така го јас учев дека уличарските кучиња и мачиња не се галат (чисто превентивно од бактерии, глисти...) и не се дираат - маваат, клоцаат (што го знаеш може да каса во самоодбрана). А оние што се на пријателите, соседите, роднините со радост сака да ги помилува. Дури и јас, кога се шетаме и ако видам некое куче кое ме воодушевува прво го прашувам сопственикот дали може да се погали, па потоа со малиот заедно.
    Уште како мал мачката на братучетка ми сакаше да ја малтретира :D да ја тегли за опашката (малечок беше, не рабираше) и му објаснив дека може да го касне или изгребе па да плаче. И ден денес прашува дали може да се погали ама не и да се удира зашто може да биде каснат.
    На таков еден начин има пристап до животните, и ги сака животните.
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.358
    Како што кажа Лудото дете што ужива да мачи животни кога би имало прилика би мачело и луѓе и стварно тоа се личности на кои психата им е изреметена. Дел стануваат психопати дел не, ќе им зависи и од останатите животни услови.

    Кај мене во населба повремено ќе слушнам за некоја обесена мачка, или ја гореле со цигари, или и ја осакатиле ногата, ослепени мачки, кучиња клоцани и тепани, децата знаат да бидат ужасно бездушни кога им се може (не сите) ама има такви што коса да ти се дигне на глава и да си речеш што би те снашло да си на местото на тоа маче или куче.

    Моите не ме воспитувале посебно дека треба да сакам животни, си добив најнормално фино воспитување со љубов и си сакав животинки уште од мал, дури и мравките ги сакав и ми кажа татко ми еднаш сум плачел дека некое дете им го изгазило мравјалникот :).

    Како дете ме има бркано селско куче едно добри 20 метра и сум трчал како луд (не ме фати :D) ама ете не развив страв од кучиња и сега си ги сакам :).

    Така да клучен е карактерот (ако се падне дете психо учи го што сакаш тоа скришно пак ќе ги мачи) а со нормално детенце израснато со љубов ќе си сака животинки и без некој екстра да му каже.

    Прва прилика чим имам двор ќе си земам и маче и куче така да моите деца ќе си бидат навикнати од мали :).
     
    На SV1911 и Neytiri им се допаѓа ова.
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Никогаш родителите не ми кажувале како да се однесувам со животните,можеби затоа што знаеле и знаат дека никогаш не би постапила така со животинче.Чувам мачки уште од мала и ако нешто сметам за најсладко нешто на светот тоа се животните.
    Ми се нема десено да видам како некое дете малтретира животинче но ако видам мислам дека ќе се згрозам од гледката.Тоа е меѓу другото недостаток на култура.Да,знам дека некои деца се премали за да разберат дека не треба така но мислам дека ако родителот барем еднаш ги искара ќе сфати дека тоа е погрешно,значи се е до воспитувањето.
    Според мене не треба да се искористува фактот што животните се беспомошни да се одбранат па да постапуваме така со нив.
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Од мала сум со кучиња. Татко ми чувал отсекогаш, дедо ми исто така.
    Никогаш никој не ми рекол како да се однесувам веројатно од таа причина, што ми биле дома.
    Секогаш бев преблиска со кучињата, и тие ме сакаа и јас нив. Игравме заедно до бескрај. Куче и дете... :)
    Единствено што ме научија моите родители е дека после секој допир на кучето мора рацете одма да се измијат.
    Љубовта кон животните од татко ми се пренесла на мене, па еве ме: живот давам за куче! :)
    Сега (како што сигурно сте забележале) чувам малтезер за кого се грижам сама. Целосно јас сум одговорна за него и мислам дека е добро одгледуван...
    И уште нешто да споменам: често кога го шетам кучето малечко детенце ќе сака да му с еприближи, да го погали, а родителот (најчесто мајката во 90 посто од случаите) го трга. Сметам дека тоа е скорз погрешно.
    Прво, врзано кученце од мала раса во присуство на газда сметам дека нема да му наштети на детето ако тоа не покаже насилство, туку го погали нежно.
    Друго, ако родителот чувствува страв или фобија од кучето не мора тоа да го пренесе и на детето.
    Зошто да му пренесе страв од нешто за кое се рекло дека е најдобар пријател на човекот?!
    Трето, се создава несигурност кај детето кога ќе дојде во контакт со друго куче. Ако при првиот обид да се погали кучето детето е искарано, тоа од следното куче ќе бега.
    Значи, не велам дека и уличните кучиња треба да се галат и сл. но зошто да не се проба да го зближи детето со некое кученце кое е врзано, мирно и не напаѓа!?
    Не мора тоа да доведе до не знам каква блискост и приврзаност, не мора дома чување никакво куче, туку едноставно детето да не се плаши ако некогаш му се испречи куче на патот.
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Јас обожавам животни но, иако имам маче не сакам во иднина да чувам во стан. Доколку имам куќа сигурно ќе земам и куче.
    Што се однесува до детето. Ако ти му велиш види мило, куче, каде е кучето, викни го да дојде, погали го..тоа дете нема да се плаши, и вероватно нема да ги напаѓа. Но, ако ти уште од мало му викаш, ауу немој сине, вакво е такво е тоа дете таква слика и ке си изгради за животните.
    Како за се останато така и за животните детето треба да знае што смее а што не. Дека секоја повреда го боли. Треба да знае и кои животни смее а кои не да ги погали.
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Мене од мала ми се имаат карано дека премногу сум со животни, ама што да правам кога ми беа мили. Од кутриња до јаренца, па до прасенца. Мајка ми најмногу ме караше што ги галев пилињата. Тоа не е маче да се гали! Ама ние немавме маче па :lol: Ќе пораснеше пилето и ќе имаше свои, ако не сте виделе квачка како брани пилиња... нашиве немаа гајле, ми даваа да ги гњавам по цел ден. Ќе поминеа жени по пат и се чудеа како и квачката се гали околу мене во дворот. :o
    Кучиња ретко, ќе земевме некое, ќе го отровеа обично за една недела. Сум била апана од комшиски загар, ама страв немам и денес за мое куче човек ќе отепам(ако го малтретира). Кога загубив куче пред 5 години, морав да го успијам оти многу се разболе, плачев како мало дете по него. И уште ми е криво ;(

    Од друга страна, брат ми и сестра ми се многу анти животни и нивните деца немаат контакт со исти. Се плашат од се што мрда. Ама ете мене оти ми бранеа па пак испаднав голем љубител, ако излезам на ручек покрај реката пола сендвич си го фрлам на шатки и лебеди. За една гугутка имам возено 45мин во еден правец да ја однесам во специјална „болница„ за диви животни :x
     
    На SV1911 и enca.69 им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    Нема што да се учи. Никое детенце не би повредило или удрило животно. Ама до одредена возраст. Откако ќе научи од филмовите и цртаните кои се многу агресивни, полни со насилство, е ништо чудно кога ќе мава со камења по животни. Е, тогаш веќе треба малку воспитување.
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Mногу убава тема Саја баш зашто и јас сум сведок на секакви родители додека си го шетам кучето.
    Јас навистина разбирам страв од животни, знам имам куче кое е од голема раса и секогаш е врзано а штом поминуваат луѓе го приближувам ланчето кон мене. Среќа сум немала ситуација ко твојата, а претпоставувам јас би се испокарала со типот. Јас имам комшивка чие дете од 3-4 години ептен го сака моево куче и штом е само одма доаѓа му фрла смоки, го гали некогаш а мајка му штом го види абе се дере по него бегај ќе те изеде го одалечува детето од кучево 20 метри и сега веќе детево почнува да се плаши од Рики само ради мајкаму која му влева страв и вришти секогаш.

    Моите сакаат животни, јас сум израсната со животни и некој посебен час воспитен сум немала од нив, но ги гледам моите кои со љубов гледаат кон животните не можам јас поинаку да гледам кон нив. Тие си имаа проблеми со сестра ми која толку сака животни да бркала од кучиња до коњи до крави и се и сешто и они многу се вознемируваа да не ја нападнат и со неа имаат правено муабети. Ама ете сестра ми сега учи ветерина, уште еден доказ дека родителите мои секогаш гледале позитивно на животните и нашиот живот со нив.
    Јас еден ден да имам дете никогаш нема да му дозволам да повреди животинче. Тие ќе бидат негови пријателчиња. Иако децата треба да знаат и кај им е рампата кога се играат со животинчиња зашто од несакајки од игра може да ги каснат затоа си треба и надзор од родител кога се играат со животничиња.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Кога бев малечка чував папагалчиња, имавме прво едно, тоа за жал умре, па после татко ми ни` купи две-машко и женско, го викавме Кики и Рики, многу ги сакав, се припитомија, доаѓаа на дланка да јадат просо, се галевме...кога и тие умреа (ги чувавме 6 год.) многу плачевме со сестра ми.
    Тогаш решивме да не купуваме други, се врзувавме за нив и после тагувавме.
    Други животинчиња не сме чувале. Ама пак израснав со нив затоа што мојата најдобра другарка која живееше две куќи подалеку од мене дома имаше цело животинско царство...се` чуваа-мачиња, кучиња, папагали, рипчиња, хрчаци...
    Ги сакам животните, мили ми се, сакам да ги галам, ама за жал немам услови да ги чувам, дома имаме само рипчиња.

    Моево дете пак е чудно дете, се плаши од секое животно, не сака да и` се приближат, не сака да ги допре, едноставно страв и`....не ми е јасно зошто. Неколку пати имам пробано да ја убедам да погали маченце, ама детево се згрозува.... :(
    Еднаш и` се приближи едно малечко кученце и таа врисна ти се чини некој ја коле, од памет се извадив...зема дете да трча, да вриска, како мува без глава....навистина не знам од каде и` е тој страв од животни.
    Зборувам со неа, и` кажувам дека нема потреба да се плаши, дека треба да ги сака, и` кажувам колку се мили, секогаш кога имаме можност одиме во ЗОО...е таму обожава да оди, мислам дека таму дека се затворени се чувствува сигурна дека нема да ја повредат.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.805
    Пол:
    Женски
    На темава ме поттикна еден немил настан од пред некој час, дур си го шетав кучето во маало. Едно детенце му се приближи и иако го предупредив зошто видов дека не доаѓа да го погали, туку е со поинаква намера, дојде и проба да го клоцне. Му свикав на вториот обид да го клоцне. На крај проба да му шутне прашина во очи, на што очекував барем некаква реакција од страна на татко му. И ја добив: се изнасмеа како неандерталец, со објаснувањето „куче е, да не треба да го мази

    Очигледно денес нема човечност.... Нормален ли е таткото :^), па тој човек јас не би го нарекла татко. Многу мразам кога луѓето својот гнев и бес го истураат на животните. Јас кога сум била дете моите родители и баба ми и дедо ми секогаш ме учеле да ги сакам животните бидејќи и тие се дел од живата природа... Се сеќавам со баба ми одев во парк и ги храневме птиците, а вишокот храна секогаш ме учеле да му го дадам на некое кученце или маче кое е оставено само на улица, без дом, без храна...

    Бидите човечни и грижете се за животните и тие се дел од живиот свет и се поверни пријатели од некои луѓе кои ги знам :)
     
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    2.463
    Јас ги сакам животните до одреден степен .
    Кога минува некој покрај мене со куче ако ми се допадне прво прашувам дали смеам да го погалам и ако потврди ќе го погалам.Дома чувам едно куче и едно маче иако не е по волја на мајка ми , но заради мене ги поднесува некако . Секако , јас сама си се грижам за нив и им пружам се што е потребно . Сега само знам дека поретко ќе ги бањам оти иде зима :D ..Ама си се бањаат тие сами на посебен начин . :)

    Незнам само зошто да ги повредуваш животните и онака ништо ти немаат направено . Кога чував хрчак дома порано и ми беше подарок една мачка од сосесдството ми го изеде . Јас тогаш ептен се изнервирав и и дадов лекција ,е само тогаш ми се има случено агресивна да бидам , и уште не ми е прежалан тој хрчак :?: И се извинувам јавно на мачкицата, додуша и се нема повторено да јади мои миленичиња (среќа галапчиња не чувам ) :lol:
     
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Не се обиделе моите да ми наметнат нивни ставови за животните.
    Од мала растам со кучиња и навистина незнам колку сум ги имала до сега. Сегашното куче го имам 11 години и имам уште едно малецко од неколку месеца.

    Нешто што ме вади од кожа е кога ќе видам како некое мало детенце ќе тргне накај некое кутре или маченце да го погали и родителот пушта глас од некоја клупа: „немој злато, ќе те апне! каса тоа, лошо е!“ а потоа си се враќа на разговорот на телефон со својата пријателка и си ја пуши цигарата. Задоволна!
    И нормално дека детето ќе израсне со тој страв од животни затоашто му наметнале став дека лоши се и можат да го нападнат.

    Има некои агресивни кучиња не велам не.. И јас сум се нашла во ситуација да бегам од куче трчајки накај дома. И морам да се сложам со ИксМен дека е ужасно тоа што децава им го прават на животните! Обесени мачиња, измачени, претепани кучиња.. :x
    Ако не сакаш животни не ги малтретирај. Ниту ти згрешило нешто а ниту ќе ти згреши!
    Срамота, навистина срамота!