1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воспитувањето на детето како да се однесува кон животните

Дискусија во 'Дете' започната од Saya, 27 септември 2011.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Значи кој има деца за воспитување ги праќаме кај мајка ми.
    Абе од кога знам за себе, знам и за животните, мачки, кучиња, папагали, кози и јариња, прасиња, коњи...
    Со секави животни се дружев, и мајка ми нормално ми дозволувала, и да ги галам и да ги чувам дома, само ме караше кога ќе ги довлечкав сите улични мачки и кучки од цело село кај нас во двор.
    За туѓи кучиња, откако за малку не ме касна едно комшиско ми кажа дека никако не смеам да фаќам туќо куче доколку неговиот сопственик не ми одбри.
    Комшиското куче беше агресивно јас сакав да го погалам а тоа ми покажа заби, ама па не се исплашив, јас си обожавам кучиња.

    Ме нервира една снаа, живеат во село, значи може да се види секакво животно, но таа децата ги чува што понастрана од истите. Внука ми, која тогаш имаше 5 години кога за прв пат виде крава искоментира “Леле тете колкави кучиња“ :o . Исто постојано ги кара доколку помазат маче или куче.

    Сепак се е до родителот, дали тој има некаква фобија/страв или пак љубов кон животните, тоа ќе им го пренесе и на своите деца, некогаш несвесно, некогаш намерно.
    Но апсолутно сум против кон потикнување на развиток на аверзија кон животните.

    Сега ќе се надоврзам на советот од мајка ми „Туѓо куче погали строго со одобрение од сопственикот“. Јас на пример многу пати сум се нашла во непријатна ситуација кога мали деца од по некои 4-5 години трчаат кон Бела со намера да ја погалат, а при тоа не ме прашуваат за дозвола.
    Не дека сега она ќе ги нападне, но може погрешно да го протолкува тоа нивно стрчување кон неа, она генетски е неверојатен чувар на газдата и не дај Боже може да направи некој екцес од страв дека јас сум во невоља. Среќа досега сме немале некои вакви инциденти освен еднаш кога се враќавме од прошетка и дете поминавајки со точак и пријде од позади и викна ептен гласно. Кучкава збесна, едвај ја задржав да се стрча по него, но ја исплаши и сакаше да се одбрани.
    Или по улица кога поминувам со неа луѓево поминуваат од другата страна на улицата, мене ми е потполно јасно дека е огромна и дека е страшна на прв поглед, но доколку е агресивна не би ја шетала без маска во населено место каде има луѓе и деца.
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Од мала сум со животни околу мене, исто и брат ми, некогаш сме имале и периоди кога сме чувале нешто, некогаш не, ама секако сме ги обожавале така да најверојатно е тоа причината поради која не ми држеле предавања за тоа. Како мала смеев да ги галам само животните што ги чував јас, а уличните не (нормално само додека е со мене мајка ми :lol: 8) ) ми искачаа милиони алергии и мајка ми се секираше демек од тоа нешто да не ми било плус. Од кога потпораснав ама баш никој и ништо нема да ме спречи да си галам што сакам и кога сакам па и шугаво да е, ако јас сакам ќе си го галам и гушкам и бацувам и се. Дечко ми е малце претерана педантерија па мрази кога галам улични кучиња и мачиња ама мене тоа воопшто не ме интересира. Пред некоја год едно дете 2ро, 3то одд доби шамар од мене откако шутна едно маче и тоа убав сочен шамар и штета што не беше тука негде мајка му да и одржам на госпоѓата една лекција. И не, не се курчам туку сериозно кажувам пред мене и 2-3 год да има детето нема да си помине онака ако проба да повреди животно, тоа е се одлика на домашно воспитување кое детето го учи цело време и не држи вода мало е не знае, ве молам тие глупости на некој што пие нафта. Според најнови истражувања оној кој без ич грижа на совест повредува животни истото е спремен да го направи и на луѓе, само што нели тогаш би го казниле, а вака... еееееј животно е, што ако го клоцне, му ги исече ушите, шепите, опашката, што ако го отруе, го убие.... еееееј големо чудо! Епа нема да е така, јас давам чесен збор (ако сум жива и здрава како сега) за некоја години еве си давам најкасно рок за 10 години од сега, нема веќе да ги има тие работи кај нас, па здравје тогаш сите ќе знаете која е Јојоба од Фемина :wasntme: ветувам дека нема веќе да го има тоа и тој што ќе згреши така, поштено ќе си го добие на начин кој него лично најмногу ќе го боли. Знаете, тоа се во текот на животот се враќа, само луѓево после плачат и колнат зошто ооо зошто мене ми се деси ова, на детето мое, на овој оној близок, епа драги секое лошо дело си има цена, кога ќе ви се наплати е под знак прашалник ама дека останува простено и не наплатено... не баш, жалам.
    И уште ова до сите мајки, ја разбирам вашата грижа да не му биде нешто на вашето дете од животните, ама тоа дете треба да развие имунитет на некои работи. Ако не го развие додека е помалечко (ок, не бебенце, 3-4 годинки да речеме) после многу потешко ќе одат тие работи. И само да ви кажам погнасно створење од човекот на светот нема, така да подобро штитете ги малите од луѓе него ли од животни.
     
    На Edie.S и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Гледам дека свекрва ми често му вика:
    Испуди го мачето од тука.Удри го мачето, иш мацо.Бегај лошо маче.
    Го заплашува за спиење со големото куче (кое не постои никаде во комшии), за да се смири и да спие.
    Не го сакам овој однос. Пробав на неколку начини да и кажам да не го учи така, ама си тера таа по свое. Кога сме заедно со мачето и кучето, му велам да го гали, дури и му дозволувам на кучето да го личе по рачето :$ со цел да сфати дека не се лоши животните и дека не треба насилно да се однесува кон нив.
    А за ова со свекрва ми, не знам што ќе правам. Или ништо да не правам?
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ќе правиш, како нема да правиш :)
    Зошто да се плаши од „лошото“ куче или маче? И кој е тој муабет со заплашување пред спиење? Па сега ти е помал, ама кога ќе стане посвесен за работи околу него, ќе нема да може да спие од кошмари од глупави приказни!

    Сотри ја од сега глупавава тактика на свекрва ти, и убаво го учиш - оставај го цело време да е во допир со животинчиња. Не е дека ќе научи само за нив, туку е добро и за неговиот психички развој :)
    Не му ја стегајте психата во глупави непостоечки рамки!
     
    На kravce, imelda и blond им се допаѓа ова.
  5. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Можеби моево прашанје не е баш за овде ама не знаев каде да пишам...јас имам мало расно кученце живее со нас јас од мала порасна со разни домашни миленичинја е сега сум бремена и за неколку месеци ќе имаме бебенце ама јас сум навикната кученцето да е постојано околу мене дома и ги има примено сите вакцини дали е лошо да се чува во исти простории каде ќе ни биде бебчето?
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Зависи колку си ти чиста Дана :)
    Мислам дали сакаш ептен стерилни услови, оти куче ко куче ќе губи влакна, па треба да пазиш повеќе ако паднала играчката на под, или цуцлата, па се залепило влакно. Дали е љубоморно за внимание и како ќе се однесува со тоа што има нешто ново да краде внимание од него. Па дали кучето рипа/легнува каде вие седите или каде би го ставала бебето на перничиња, од најпроста причина да не го налегне. И другата работа е колку и да е мирно кутрето никогаш да не се остави само без надзор во иста соба со бебето, оти сепак е животно со шепи и заби. Тоа е тоа. Онака не гледам зошто не, моја другарка си расна две бебиња покрај кучето во исти простории.
     
    На AIT и blond им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ах моја Мила има два света во врска со тоа, таму каде што живее моментално со татко и, не љубат многу животни по дома, ама пак затоа со мене, ехеее, мачиња, кучиња обожава! Кога ќе ги види ги граба, гали, гушка, и беше страв од коњи додека не ја натерав да седне да јава, колку желки сме фатиле, и жапчиња мали сме држеле, како и гуштери хуху, мајка биолог што да правиш. И имам ветено кога ќе живееме заедно еден папагал и куче бушаво големо. Но заедно знаеме да гледаме различни емисии, и многу ме радува зошто на 7 години не и е непозант животинскиот свет, како и растителниот знае многу информации нормално ништо со форсирање, се е пренесено на убав игрлив начин. Не знам мене па некако глупо ми е потсвесно или свесно да му влевам страв на детето од животни, еве во случајов кучиња и мачиња, додека е мало нормално ќе го контролираш што да пипне зошто сепак има кучиња скитници со болести, но кога ќе почне само да перцепира ќе знае само да се снајде во ситуација со нив.
     
    На thinkerbell, Bozica1980 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас обожавам животни, и моите деца МОРА да обожаваат животни, ако не ќе им се заканувам дека ќе ги дадам на посвојување :devil:

    Мислам дека ако родителот сака животни, нема шанси детето да не ги сака, ама ете има и посебни случаи, ако сум баксуз такво дете да ми се падне, во најмала рака ќе му кажам ако не ги сака да ги одбегнува. Нема потреба од фрлање со камења и тепање на животни.
    Исто си ветив дека детето ќе го научам да си игра со жаби и такви животни од кои мене ми е гнас, за да го нема тој недостаток што јас го имам, да бегам кога ќе видам гуштер или жаба или змија.

    Најмногу од се што не можам да поднесам е дете со страв од животни. Толку ми се лигави кога ќе се распиштат, а животново не им се ни приближило, абе ми доаѓа уште толку да ги уплашам, колку налудничаво и да звучи.
    Од глупави мајки кои на секое приближување на куче кон детето пиштат и го тргаат на страна, има размазени дечишта што не можат од двор да излезат ако надвор има улично куче. Имам таков пример во комшии, девојчево е магарица голема сега, и уште со баба и оди на училиште заради тој страв што и го влеаа кога беше мало.

    Разбирам страв заради траума, те каснало куче па сега ти е страв од кучиња, ама ти без потреба да му влеваш страв на дете? Мислам, која е поентава?

    Ќе му објаснам на детето дека треба редовна хигиена после секој контакт со животни, доза на претпазливост бидејќи тие не разбираат како луѓето и може да те повредат ако се осетат дека се во опасност и толку. Зошто детето да има уплав беспотребно, да се плаши од се што има 4 нозе, едноставно зошто некој на детето би му стварал непотребна траума?

    Леле кога ќе ми текне мајка ми колку ме има карано за животни :lol:
    Јас цел живот сум со животинчиња, и покрај големите напори од моите да го спречат тоа :devil:
    Кај мене дома, никој буквално не сакаше животни, ни мајка ми и татко ми, а ниту баба ми и дедо ми. Секогаш кога ќе чепнев некое животинче, прво баба ми настапуваше со нејзиното „ќе те касне“, потоа мајка ми со нејзиното „веднаш да ги измиеш рацете“. Татко ми и дедо ми не се изјаснуваа многу, само знам дека кога и да посакав куче, татко ми ми викаше дека не можеме да чуваме бидејќи дедо ми не сака.Ама јас и покрај тоа, си одев и си играв со се што ќе најдев.

    Ме имаат плашено ко мала со кучиња, ме имаат бркано со кучиња, ма џабе, јас пак ги сакам и ги гушкам и ги гњавам.
    Ама добро, мило ми е барем што тоа напорното на мајка ми за да си ги измијам рацете резултирало со осет за хигиена, бидејќи имам многу другарки што кога си играат со кучињата ниту рацете си ги мијат, туку дури и јадат од исти чинии со миленичињата што според мене е многу погрешно.
     
    На antonina и ljubam им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.736
    Мене многу ми е жал што ќерка ми многу се плаши од кучиња. И тоа неосновано, уште од бебе. Се трудам да и помогнам да го надмине, ама не оди :)

    Какои да е, не сакам да им влеам страв за ниту едно животно, ама сакам да им ја кажам реалноста таква каква што е - дека сепак мора да се внимава, ако е „невоспитано“ или ако го провоцираш може да те касне, и дека ако го повредиш ќе ти врати.
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека најдобро за бебето и неговото здравје е да биде одвоено од кучето до негови 6 месеци ,се додека не оформи свој имунитет и не ги прими вакцините. Влакната од животни можат да бидат причинители за алергии ,кои и не се баш многу пожелни и пријатни,а верувај дека колку и да се трудиш нема да можеш да го избегнеш контактот на бебето со некое влакно доколку кучето е во негова близина.Околу безбедноста апсолутно се согласувам со Имелда .И јас имам и куче и бебе,но пред да се породам кучето го оставив надвор во двор и еве веќе цела година тераме така . Во почетокот беше збунето ,но брзо се навикна ;)
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Леле морав да ги постирам. Мила со животинчиња. Ете иста е како мама .. хуху Се сеќавам дека како мала се буташе под коли за да фати мачиња, ќе ги земеше и им викаше, о бебе мое, и ги нунка.. а и научно е докажано дека дечињата кои имаат кучиња дома дека се посреќни и со поголем имунитет.
     

    Прикачени фајлови:

    На AnaKarenina, Papillon.Papi, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    10.291
    Пол:
    Женски
    Имам внука која многу се плаши од кучиња.Секојпат кога ја носеа кај нас, кога ќе ги видеше кучињата абе пискање, плачење, па мора во раце да ја носеш, а овие моите кога ќе видат дете не знаат што да направат од радост, скокаат, ја душкаат, а оваа вреска ли та вреска, маалото во вис го дига.
    Ама почнав постепено да ја приближавам до нив, прво преку разговор и раскажував приказни или па онака низ муабет ќе и речам ''а знаеш ли **** колку те сака тебе, а ти плачеш од него''.Сега за засега, уште се плаши ама почна барем да разговара за нив, а порано не ги ни спомнуваше.Исто така сака и да ги храни ама мора во раце да ја држам, сака да си е на дистанца.Мал ама има барем напредок, не е криво детето не живее во средина со кучиња.
    А ова малото, ќе си нема проблем.Им гука, ногата во устата им ја става, а кутрињата ми, уште на глава да му застанат, толку му се радуваат.Срцки :inlove:
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Секое дете треба да биде воспитано на начин кој би ја развил љубовта и нежноста кон нашите мили пријателчиња кои не го зборуваат човечкиот јазик.
     
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Секако дека моето дете ќе го учам да ги сака животните како што јас ги обожавам.Се сеќавам како мала им однесов куче на моите дома,им ѕвонав на врата и мајка ми ко ме виде со кучето ваква беше :o .Ги премолив да го задржам и си го чував,секаде идеше со мене,ме испраќаше и пречекуваше.Уште од мала сум ги сакала животните ,а се надевам дека и моите деца ќе ги сакаат.Пред се би го научила дека нема опасност од животните,дека секео од нив е мило и е свето за мене.Тие според мене се дури подобри ,помили,од нас луѓето,повеќе чувствуваат,не знаат да не навредат,кажат лош збор кој што ќе не повреди,не знаат да лажат,а најважно од се е тоа што кога и да ни притребаат самите доаѓаат.Секое дете треба уште од мало да се научи да ги сака животните и да не се плаши од нив.
    Колку е лоша сликата кога некое детенце сака да допре куче или маче,а мајка му го трга и не им дозволува,па тоа плаче упорно.Тоа за жал подоцна кај него може да се манифестира со одбивност и страв кон животните.Ако детето игра со животни,ги сака добива многу,се подобрува нивниот социјален живот,имаат инаква перцепција на надворешниот свет,учат да го ценат секое живо суштество и кон нив да се однесуваат со внимание и љубов.
     
    На Eleonorastrumica и imelda им се допаѓа ова.
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Јас сум родена со куче во куќата, брат ми е роден со куче во куќата, од кај вереникот апсолутно истата приказна. Кучкари на сите страни. Ме имаат касано мал милион пати по моја вина, затоа што сум ги гњавела многу, но никогаш мое куче. Страв?! Немало шанси, затоа што јас не познавам живот без кучиња. Сум немала жими мачка дома, друго од папагали, хрчаци, пајаци, глувчиња, аквариуми, што сакаш од животни.. Професијата ми е исто со животни, така да мислам дека ако децата мои развијат некаков страв од некое животно, нема да ми биде јасно од каде им е генот. Ми имаат донесено едно куче кое беше врзувано со манила (она пластичното јаженце за табли јајца), и кожата му беше срасната преку... Кој може да дозволи или да не види дека детето му се претвора во манијак??? Колку и јас да се плашам од нешто, зарем треба и децата мои истите фобии да ги имаат? Срамота. Моите ми викале - "си го сакаш ......? -Да, си го сакам најмногу на цел свет... - Епа тогаш како што го сакаш него, така и сите други кучиња!" Истото важело и за сите други животни. Мене ми беше работа на 7 години сама да ги истам аквариумот ако сакав да го имам. Исто и кафезите, и се. Не ми било тешко, тоа само ме научи на дисциплина и љубов. Зарем моите и вашите родители, да ги вбројам во нормални барем за овој дел на воспитувње, биле нетокму што не учеле дека немаме само ние како свесни двоножци право да ја владееме планетава??? :| :(
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    194
    Како мала дома имав еден куп животни,мачки,кучиња,два аквариума,хрчаци,папагалче,е сега бев воспитувана секогаш да ги сакам животните зошто и самата израснав со ив,односно мајка ми пред да се породи земала кученце коо живееше до мојата 12 година,спиело и понатаму спиеше под моето креветче и кога сум била бебе и кога бев поголема,собирав животни од патот напуштени и ги носев на вилата и таму татко ми ги гледаше,човекот беше малце распукнат од нашите однесувања,зошто домот го правевме хаос со брат,ако најдев еж него го чувавме,што се најде животно дома се носеше,и радост невидена,е сега детето ми е бетер од тоа јас што сум била,поголем љубител на животни нема,одма ги гушка ги бакнува не бира што животно е ,значи ќе види гулаб цика на цел глас ако е на дрвото и сака да го фате ,значи толку е радосен се надевам и понатаму ќе биде таков,сега живееме во стан и ќе се приспособуваме на условите за животни,но сигурно ќе земаме некој папагал,инаку аквариум имаме само рибички да купаме
     
  17. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Лјубител сум на животни, многу ги сакам. Таа љубов ќе му ја дадам и на син ми[​IMG]. Кога видиме било какво животно, реагирам пријатно, мило, добродушно. Детето е како сунгер, све попива, посебно од кај родителите, на нив има најголема доверба. Така како што реагирам јас на животни, по истиот начин и тој реагира кога ги види. Имаме куче во дворот и многу му се радува го гали, му дрдори, оди по него. Нестрпливо чекам да се позатопли малце и да го однесеме во зоолошка.[​IMG]
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Братучедка ми е многу хиперактивна. Сака животни, но еднаш ќе ги гали, а после ги тепа.. многу ми е жал за мачето мое... многу тепање и клоци издржа сиротата... незнам дали ја тепа поради тоа што веќе е стара и не е слатка како порано што беше.. или дека е црна, па братучедка ми како секое мало девојче не сака црно, или слични "машки" работи, туку бели т.н. "женски" работи... а може да е поради вујко ми и вујна ми што ја клоцаат мачката кога згрешила нешто. Може некој да ме посоветува како да си ја спасам мачката од тепање, кубење и клоцање? :?:
     
  19. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Можеш прво со убаво да поразговараш со нејзе и да и објасниш како треба да се однесува со животните.
    Штом е помала,мислам дека можеш да и влијаеш и да и кажеш дека ги боли.Ако не сака да те слуша искарај ја малку и налути и се.Но и многу зависи од родителите,таа ги гледа и го прави истото што и тие.
    Во краен случај,не и дозволувај да ја гали мачката се додека не се поправи барем малку.Нека не страда мачката.
    Таа ако е хиперактивна како што велиш,тоа не може да го смениш кај нејзе и да ја претвориш во мирно девојче.Но,мислам дека малку мможеш да и влијаеш врз однесувањето кон животните. :)
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Имаме мало маченце.

    Не знам зошто ама буквално сите дечиња кои доаѓаат дома го гњават, тегнат, клоцаат...
    Мачево доби фобија од деца, штом види дете одма бега !
    Што им е на децава ? :x