1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воспитувањето на детето како да се однесува кон животните

Дискусија во 'Дете' започната од Saya, 27 септември 2011.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Децата се деца и не се свесни дека тоа е покревко од нив и дека го малтретираат и повредуваат.
    По дифолт сите мачки бегаат од мали деца, цел живот сум со мачки и секој пат се докажува истото. Мојата мачка морам да ја молам може половина час за да ми се приближи кога е внука ми е тука (за, нели, да и‘ го направам ќефот). Не сака за жива глава зашто знае што ја чека :D
     
    На Papillon.Papi и LittlePinky им се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Мојата мачка ја сака во одредени моменти... моменти кога е под надзор. :D А ако е сама со братучедка ми, гледа на секое можно место да се скрие, дури и под лист. :D Ама и се случува некогаш да и скокне и да ја исплаши. После плачки невидени се.
    И мидлан дека на похиперактивните деца треба да се земе милениче на мои години, така да миленичето нема да биде малтретирано.
     
  3. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Ги сакам сите животинчиња освен мачка, ете некако немам посебна љубов кон нив, но еве мојата 6 годишна керка ги сака премногу, пред некое време на улица нашла многу мало маче ама беше изгледа затруено од некој од комшииве, го донесе дома и јас кренав паника незаев што да му правам, но ми беше жал го внесовме дома во еден пакет но се договоривме со керкичката дека ако преживее ке го пуштиме да си оди, и така цела вечер му дававме млекце со шприц а во млекцето ставивме некој антибиотици, цела нок незаспав од страв да не ми умре вечерта дома, мачето другиот ден беше многу повесело почна само да јаде и да трчка, се почуствував многу убаво што го спасив, после тоа ми беше жал да го оставам на улица, и го дадов на една другарка што чува мачиња и уште си го чува, а иначе моето дете премногу ги сака сите животинчиња, и кога ке види на улица улични кучиња и мачиња трча и ги гали, некогаш дури и ме фака страв некое улично куче да не ја касне, но таа е уверена во тоа дека нема бидејки тие чуствувале кој човек сака животинчиња :) :) :)
     
    На Edie.S, zalosna, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Моето бебче е 13 месеци (за некој ден) и многу е мало за да разбира, ама уште од сега кога ќе видиме маченца/кученца му зборам какви се милички, колку се душички и сл. Сакам да ги сака, јас ги сакам сите животни, сите и сакам таа љубов да му ја пренесам уште од сега.
     
    На Edie.S, zalosna и Sunflowers им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Не се сеќавам да ме воспитувале нешто посебно да ги сакам животните, едноставно ги сакам. Од мала сум порасната со мачиња и кучиња, папагалчиња,зајчиња, рипчиња, одкога памтам за себе имаме некое милениче. Тоа по иницијатива на татко ми, мајка ми е малку поладнокрвна ги сака онака ама несака да ги допира и да и се по дома, во двор и се ок. Добро се додека не и донесов дома куче па сега не се одвојува од него :lol:
    Можеби таа љубов ми е од татко ми, обожава секакви животни и опседнат е со Анимал Планет, се знае за животните :D
    За жал сведок сум и на една блиска роднина како ги воспитуваат децата во однос на животните, т.е. им го пренесуваат својот страв. Дечињата кога доаѓаат кај мене идат со страв, плачат и се тресат затоа што мајка им ги учи дека кучето е лошо и ќе ги касне. Таа се плаши, сега се плашат и тие и џабе е што и да им кажам. Не дека ги учи да му наштетат на животното туку им влева страв, свесно или несвесно. Значи дечињата 5 години имаат и се плашат од се, исто ко мајката. Утре ќе им биде страв до школо да отидат сами ако видат улично куче. А да беа само кучињата ок ќе беше, се плашат од се, од гулаби, врапчиња, мачки, пред некој ден и желка виделе во паркче па се извадиле од памет и цел ден плачеле. :x
    Еве го држам кучето на страна кога доаѓаат, а таа па бега од нив несака ни да им се доближи од што приметува дека се плашат од неа децата, проблемот е многу поголем кога утре ќе налетаат на нешто надвор на улица, зарем цел живот ќе живеат со тој страв? Утре ќе си имаат работа со психијатри ама ако.
    Моите деца ќе пораснат со животни, ќе знаат дека со нив треба да се однесуваат исто како и со луѓето и ќе ги сакаат повеќе од се. Ќе ги научам како да бидат одговорни и како терба да се грижат за животните. Кучето ќе биде покрај мене и кога ќе имам дете, нема да бидам како оние луѓе кои ги фрлаат миленичињата кога ќе им се роди бебе.
     
    На Lella, Hipica, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Моите никогаш не ми кажувале како да се однесувам кон нив, и иако никогаш не сум чувала дома, сама си научив да ги сакам животните. Дури кога некој ќе ме праша зошто многу сакам животни, ни сама не знам како да му објаснам. Еднставно ги сакам. Мајка ми не е толку по нив, ама скоро никогаш не ми дофрлила ако погалам некое маче или куче. Кога одам во село, цело време барам прилика да бидам со некое животинче. :inlove: Галам и хранам зајачиња, си играм со маченца, со кучиња, дури и желка ако видам си се занимавам со неа :D
    Многу ме нервираат родители кои ги отргаат децата кога сакаат да погалат маче или куче. Демек да не ги касне, не знам шо. Епа ако им влеваат фобија од животни, тоа дете никогаш нема да може да се приврзе со нив, уште полошо ќе биде насилно, а животните секако возвраќаат.Има и такви кои децата ги учат да бидат насилни кон нив. :@Е тука веќе треба да си ненормален да учиш дете да тепа животинчиња, ил самиот да ги тепаш. На таквите луѓе дефинитвно им фали некоја жичка у главата. Не сум била сведок на малтретирање на животни, ама мислам дека пет пати полошо ќе му напраам на тој шо ќе видам како малтретира маче, куче итн.
     
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Ќе кажам прво за себе и моите чувства кон животните. Поточно немам чувства кон нив, можеби понекогаш чувство на жал за некое залутено животинче или страв за да не бидам нападнета од бездомните кучиња по улиците. Никогаш не сум чувала животно, нити сум изразила желба, нити пак нешто посебно сум воспитувана да ги сакам и мазам.
    Можеби таа моја незаинтересиреност за животни ќе влијае и врз ќерка ми, времето ќе покаже. Не ја пуштам во близина на животно (куче, маче, папагал) па колку и да ме убедуваат дека не е опасно. Јас на животно не можам да верувам а уште помалку можам да ризикувам ,,послушноста,, на кучето да се тестира врз моето дете. Демек нема да ја касне пушти ја да го погали.
    Животни милуваме само на слика (од разглдниците) или дома оние што ни се во играчките. Во ,,вистинскиот свет,, ги набљудуваме од страна, ги коментираме како изгледаат, што прават, како се викаат...инаку како што кажав не допуштам да ги фаќа. Можеби грешам и не допридонесувам да се развива љубовта кон животни кај моето дете, ама не жалам, барем засега додека е крајно беспомошна нема шанси кучиња и мачиња да пипка.
    Ниту да ги милува, а уште помалку пак физички да ги напаѓа.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Јас цел живот имам страв од животни. А целосна спротивност, мајка ми многу ги сака. И цело време купувавме животни, куче, маче, папагали само за да ми исчезне тој страв, но безуспешно.
    Сега ќерка ми како повеќе расте гледам дека и таа има некој страв.
    Кога читаме сликовници, ги кажуваме животните, ги имитираме како прават. А вака во живо е подруго малку, ама сепак уште е мала и мислам дека ќе смени.
    Незнам, можеби е и моја грешка што не и допуштам околу животните да се опушти, ама и јас самата неможам. Па оставам на неа, сама ако појави интерес.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.