1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воспитувањето на децата - некогаш и денес

Дискусија во 'Дете' започната од Sesil, 8 јули 2019.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.040
    Пол:
    Женски
    Моето детство траеше во текот на 70-тите и 80-тите...

    Мама, тато, пет години постариот брат и јас. Не се сеќавам дека родителите играа со мене. Имав играчки и поминував часови во светот на имагинацијата. Мама готвеше, се занимаваше со куќата и поважни работи.

    Не барав, а ниту сакав да играме заедно. Затоа веројатно и денес имам бујна имагинација и уживам во ретките моменти што ги поминувам сама. На лето цел ден бевме надвор, се качувавме, скокавме, но се знаеше времето за ручек, вечера и спиење. Кога ни доаѓаа гости, се знаеше дека децата нема што да бараат на маса со возрасните, освен ако требаше да јадат.

    „Ајде деца, в соба!“

    И ни беше супер, одлично се забавувавме. Не знам, ниту некогаш сум слушнала некоја тема на разговор што се одвиваше меѓу постарите. Воопшто не ме интересираше. Кога ќе одевме на гости и кога домаќините ќе ме понудеа со колаче, а јас подоцна посегнував по третото парче, мама само ќе ме погледнеше остро, така што раката истиот момент ја повлекував кон себе. И ден денес ми остана нејзиното:


    „Не дојде да се најадеш, пристојно земаш парче, две и стануваш!“

    Така и денес со презир гледам на луѓето кои грабаат од шведската маса на некој настан. Не плачевме, не врескавме и не викавме дека ни е досадно. Ако ни паднеше на памет да го речеме тоа, ќе ни одговореа: -Занимавај се со нешто. И ќе се занимававме. Како работеше имаганицијата...

    Бевме чисти, уредни, пристојни, можевме да се контролираме кога требаше да бидеме тивки и и тоа како активни кога ќе нѐ пуштеа од синџири.


    Јадевме сѐ, немаше прашање: „Сакаш?“ Никогаш.
    Одевме онаму каде што сакаа нашите родители, кога тие сакаа... И ни беше забавно, секогаш.

    Се радувавме на излетите на кои редовно одевме за време на викендите и патувавме со воз на море. Тато работеше, а мама беше дома, се грижеше, нѐ хранеше, приговараше, слушаше, бодреше. Беше авторитет, никако пријател.

    Подоцна, кога детството прерасна во адолесценција, беше поддршка, психолог, советник, критичар, сѐ по потреба. Не беше пријател. И тоа се нагласуваше, да не се збунам, да не ја третирам како моите врсници, без почит.

    Секое непочитување кон возрасните се казнуваше со рака по газот. Без објаснување, разговарање. Ако навредиш постар, шамар. Па ти навреди и биди безобразен наредниот пат. Исползување на јазикот, грди зборови... повторно оној претходно споменат поглед на мама...

    Не сметам дека беше идеално... После излегувањето во сабота, тато ме будеше во 9 за да помогнам во чистење на станот. По 10 минути телефонирање ми викаше да престанам и да се најдам во четири очи ако толку сакам да разговарам. Ограничените излегувања бескрајно ми одеа на нерви.

    Никогаш не отидов дома пијана, не ни ми паѓаше напамет.

    А потоа нешто се случи, па ваквиот вид воспитување стана премногу сурово. Времето роди нови генерации родители. Бескрајно толерантни, оние кои поддржуваат пријателски однос со децата и тоа баш им е „кул“.

    Немојте да ме сфатите погрешно, потребни се промени, би рекла и неопходни, но имам чувство дека отидовме од една во друга крајност. Не знам, но како нашите родители и ние претеравме, само на сосема различен начин. Допревме друга крајност.

    Поради сопствен бунт или инает?

    Започнавме да водиме филозофски разговори со 2-годишни деца, да ги гледаме децата како статусен симбол, како нов автомобил, па го средуваме, дотеруваме, покажуваме, се фалиме: „Колку километри има твојот? А коњи?“. Така ми изгледа сето ова. Моментално децата се во центарот на вниманието, седат на чело на масата, уште повеќе, го избираат местото каде ќе седат и тоа им се одобрува.

    Децата ги прислушуваат разговорите на возрасните, упаѓаат во разговорите, го имаат главниот збор и се главна тема на разговор. Секако, секогаш во суперлативи. Малото е ова, малата е подобра... Децата доаѓаат на гости со реченицата: „Јас сум гладен!“, па им вадат сѐ од фрижидерот, додека родителите се смеат. Децата постојано се забавуваат, не знаат сами да играат, па те влечат за ракав и бараат внимание. Ако не им дадеш започнуваат да врескаат, па цело семејство учествува во смирувањето.

    Родителите се расправаат со наставниците, им се закануваат со откази, им се закануваат на другите деца, ако во жарот на играта, некој им го допре нивното дете.

    Родителите пред децата плукаат по наставниците, така што и децата се осудуваат да го направат тоа. Па исчезнува секаков авторитет. Децата станаа смислата на животот на своите родители, животен проект, единствена тема за разговор, нереална гордост.

    Со гордост треба да зборувате за своите достигнувања, интереси, искуства, а детето за своите. Наместо тоа, се фалиме со туѓите (на детето) достигнувања, присвојувајќи ги како свои заслуги.

    Децата се тука за да ги воспитаме и да ги пуштиме да живеат. Да ги оспособиме за живот, воедно не занемарувајќи го својот. Никако да им служиме и да растеме место нив.

    Со часови да ги чекаме пред ноќните клубови и да ги возиме дома.

    Да им го држиме мијалникот откако пијани ќе се вратат дома.

    Да го толерираме недозволеното.

    Да ги наградуваме за добрата оценка. Боже, па оценките сами по себе треба да се награда.

    Дали ви се чини дека сите во основно училиште имаат петки? Навистина, понекогаш е полесно на ученикот да му се пише повисока оценка отколку наставникот да си има работа со набилданиот татичко кој ѝ се заканува на „старата коза“ дека го оштетила неговото натпросечно интелигентно дете и му пишала 4, а тоа знае за 10.

    Поимот злоставување и немирни детски игри стана еднакво.
    Ние се тепавме, се боревме со коприви, одевме дома изгребани, црвени. Никој поради тоа не дигаше паника. Не бевме толку чувствителни. Не бевме тужи-баби, биејќи знаевме дека поради тоа ќе добиеме уште еден шамар.

    Кога разговарам со новопечените родители, на сите им е заедничка една реченица: „Најважно ми е детето да биде среќно!“

    На нашите родители најважно им беше другите да ги направиме среќни. Бидејќи, сфатија дека во тоа, индиректно, е и нашата среќа.

    Обрнете внимание на луѓето, не бидете себични, развивајте емпатија, сочувствувајте, грижете се, бидете внимателни... Сето ова се изгуби некаде по пат.

    Дали воспитуваме и одгледуваме саможиви его-манијаци?

    Никогаш задоволни личности, вечно желни за внимание. Оние кои не трпат авторитет, забрана, услови, рокови, па цел живот бараат и чекаат совршената можност да падне од небото, а таква нема.

    Во меѓувреме родителите ги финансираат, перат, хранат, тешат... Бидејќи нивното злато заслужува подобро. И овој свет не е доволно добар за нив. Дали претерав? Во секој случај, мислам дека ни треба златна средина. Нешто помеѓу воспитните методи на нашите родители и овие денес. Времето ќе покаже, ако нас, во меѓувреме, сопствените деца не нѐ изедат за појадок.

    (превземено од fakulteti.mk)

    Текстов погоре го опишува се она што доста често го слушаме од старите, дека поранешните деца не биле ко донешниве, не биле волку разгалени, захтевни, желни да се биди центар на внимание итн.
    Се согласувате ли со ова? Какви се денешниве деца? Што ги прави различни од поранешните генерации? Потфрлија ли денешните родители во воспитувањето и каде?
     
    На M&M, mal.ecka, Stephen Amell и 15 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    одговорот на првото прашање е всушност второто прашање. Има сеуште деца што растат исто како што ние растевме зашто родителите ги подигнуваат на ист начин како што биле и тие самите. Не ги размазуваат и не им се умилкуваат. Денешниве деца булвалнп манипулираат со нас зашто ние сами сме им дозволиле,зашто многу ги мазниме греота било да им подвикнеме греота било да ги искараме, не знаат за граници зашто малку да се запнат и заинатат ние одма немој дете само не се нервирај све ќе ти даде мама и од тука почнува се. Затоа и понатаму не сме моќни да ги контролираме .
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Денешните деца се пораснати во свет кој нам не ни е познат, исто како што нашите родители беа пораснати во свет кој не ни е познат.

    Не се денес 'полоши' децата, само се различни... од претходните.
     
    На M&M, orhideea, Oxymoron и 22 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се лоши според мене денешните деца незнам дали јас имам таков впечаток. Пример порано ќотекот над детето не важел за никакво насилство туку за воспитна мерка. И тоа во општо не ми се допаѓа. Новите генерации се многу паметни се нови и нови технологии се измислуваат, повеке има слобода на избор, и помалку дискриминација и насилства врз животни. Денешните генерации барем 70 посто ги сакаат животните и се против убивање на нив. Некако повеке се освестуваат младите како треба а како не.
     
    На sj *O*, GoodGirl45, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.774
    Допаѓања:
    259.770
    Апсолутно повеќе сум за модерните родители.

    И во "мое" време имаше Леон мамичка деца, знаете она, најдобро во се', на сите претстави главна улога, на сите учители омилен, секаде пофален?
    А Леон не знае две кохерентни реченици да сврзе, ама мамичка пие кафенце со сите учители, а директорката и' е другарка.

    Секогаш имало по некој таков.

    И денес има.

    Не би рекла дека сите или повеќето се такви.

    Да, децата имаат повеќе слобода, оти да, треба да имаат повеќе слобода. Слобода не значи девијантно однесување.

    Авторитет треба да се почитува, а не да се плаши детето.
    Мојата учителка од 1-4 одд не' маваше со прачка по раце.
    Авторитет?
    Не, идиот беше. Педагог сигурно не.

    Тоа муабетите со колку ќе изеде детето, дали ќе седне на маса, или ќе биде послушно кутре не ми се ни зборуваат.

    На 1001 начин е погрешно да очекуваш такво нешто.
     
    На M&M, Oxymoron, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Родителите на авторката на текстотја научиле да гледа на одредени луѓе со презир... тоа не е за пофалба. Требале да ја научат да размислува по аналитички, на пр. зошто грабаат луѓето од шведска маса на разни настани? Еден дел затоа што што немаат такви работи по дома? Имаат ли средства и можности за таква разновидност во храната? Други пак можеби имаат средства но не умеат да си го уредат животот да им биде убав бидејќи родителите, воспитувачите, наставниците, општеството не ги научило на креативност во исхраната, можеби воошто не ги ни научиле да готват.
     
    На sj *O*, Angie1432, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Од моја гледна точка 80тите до 2000 година имало многу насилства врз се што се сметале за нормални како воспитни мерки, како што во текстот пишува убаво и било злоставувањето на улица со модрици со рани, не не е убаво тоа е траума според мене модар да си доаѓаш дома. Ај сам да паднеш да играш некоја игра ама да фалеш тепање и дека тоа е ок....
     
    На sj *O*, Asparagus, Zavisnaodblago и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    96та генерација овде, детството го поминав некаде од две до една деценија време пред денешново.

    Прво, технологијата во моето најрано детство сѐ уште не беше развиена, но и кога се разви и кај нас - последна од повеќето што ги знам добив и компјутер (во 6-7 одд.), и мобилен (дури пред да тргнам гимназија, а смартфон дури во трета година). И тоа ни најмалку не ми помогна да не сум интровертна и затворена откако памтам за себе, како што сите технологијата ја обвинуваат. Порадо ќе си гледав цртани од оние класичните најстари на обичен ТВ, ќе цртав или ќе читав нешто отколку интензивно да се дружам и трчам надвор со секого од маало или деца на семејни пријатели.

    Слушав и директно и индиректно „филозофски“ муабети, да, и камо да не ги слушав. Мајка ми не можеше никогаш да ме разбере за ова погоре и стално беше потајно незадоволна од мене.
    Дојде школо, одделенската наставничка што требаше љубов кон образованието да ми создаде, уште фалеше со стапчиња и лењири да дејствува па поштено еден отказ да си заслужеше, пошто и вака го заслужуваше. И така „тепаше“ психички со поделби меѓу деца од 6 години, симпатизирање на оние или од добро ситуирани родители или оние најслободните што умееја да ѝ се наметнат. Па на секоја родителска и покрај стално сите 5ки и примерно поведение имаше примедби за тоа дека не сум вклопена со сите и не се наметнувам, а фрустрациите дома после нив на мене.
    После 5то одд. на соучениците што се претворија во bullies и тоа како имаше родители без трошка почит кон наставник и заштита на нивните деца во сѐ, што се припишува на денешното време.

    Да живеев пред повеќе години кога го немаше тоа „проклетиот“ интернет, до којзнае која возраст ќе мислев дека сум ненормална оти не сум social butterfly и опуштена во зборење пред луѓе и сѐ, пошто тоа го слушав дома. И да, на интернетот сум благодарна, не на наоѓањето маани и критиките.

    Мило ми е што родителите денес имаат неспоредливо повеќе извори за правилно да се информираат за детската психологија, да не мислат дека им фали нешто на нивните деца ако не им се пика насекаде, или дека се пропали случај ако не можат да задржат концентрација за време на час итн. Од интровертност и екстровертност, социјални анксиозности и фобија, тантруми во рано детство, АDHD, па до аутистичен спектрум и сл. се реални ствари за кои свеста е повеќекратно зголемена. Плус кампањи против булинг кои се достапни за секое одговорно семејство да покаже што не треба.
    Мило ми е и што глупостите останати од народните приказни за ќотекот се потиснуваат и шејмаат сѐ повеќе од цивилизирани млади особи.
    Детето е своја личност со свое достоинство, а еден добар родител може да најде баланс меѓу пренесување основна култура, манири и вредности, со рамноправен однос на взаемна почит.

    И јас како и секој друг имам и убави спомени од детството и знам да сум носталгична за видови забава и заборавени предмети и програми, но од подлабок аспект на вредности - не. Исто така, и модерните родители имаат свои уникатни маани - како претерано споделување на приватноста на детето, „студирање“ новокомпонирана медицина и наука на интернет, форсирање и убеденост во посебноста на своето дете... но секој разумен човек е ЗА напредокот во поголемата слика.

    П.С. Текстот во воведот ми е тешка патетика, контрадикторен, дури и одвратен во неколку точки.
    Големо чудо, им се здосадило на мали деца додека родители се со гости со саати, јадење барале, љубов, внимание. Не требало награди за добри оценки, децата биле пречувствителни па џабе се бунеле за злоставување за разлика од порано кога и ќотек ќе добиеле за тоа... WTF??? И тоа вакви чаршиски муабети на заостанати родители се нашле на сајт кој треба да ја претставува академската младина, науката. Факултети.мк, факинг опрајте се, бруки невидени!
     
    На Oxymoron, slobodka, kalinaka и 17 други им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Вакви статии кога читам, среќна сум што сум растела со прогресивни родители. Сите сме биле "денешни деца", и сите сме биле полоши од претходните генерации. И како испаѓа работата, за некоја деценија само криминалци ќе останат, пошто ако оди само на полошо, тоа единствено може да се случи.
    А ако некого е манипулиран од сопственото дете, треба многу да се запраша каде греши. Јас дури и стручна помош би препорачала.
     
    На M&M, Avery, GoodGirl45 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш некој нека каже дека порано било подобро,само уште еднаш...Факт е дека децата знаат да бидат напорни,досадни и разгалени,посебно денес,ама дека порано било подобро тоа се глупости.Па баш од претходните генерации,онака постари 35+ години кои биле воспитувани со екстремна строгост,ќотеци и нула почит кон личноста на детето има еден куп примери на злобни трачари,мразачи на животни,луѓе кои судат на секој кој е поразличен од нив на било кој начин.Ако бил во ред таквиот тип на воспитување,што излегле такви идиоти?
    Лошо е да се биде пријател со детето?Само авторитет.За секој проблем да се плашиш да ти каже и да се затвора во себе,бидејќи ако направило грешка(а сите грешиме)лошо му се пишува.Фино бе,баш фино.
    Да се игнорира маката која ја има детето,ако треба нека е несреќно,нека потиснува чувства во себе,само нека е послушно.Браво бе!
    Пубертет не постои,хиперактивност не постои,проблеми со концентрација не постојат...Сите тие деца само не се тепани!(facepalm):@:@:@
    Ако ова ви е вас во ред мислам дека тогаш вие не сте во ред!
     
    На kalinaka, WildMk, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Поинакво време беше, но и тогаш имаше многу невоспитани деца кои се исмеваа со посиромашните, немоќните, се измеваа со професори. Денес владее поголема раскалашеност и аздис. Тогаш деата без скромни, било да се воспитани или не.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Скромно и невоспитано? Како? :^)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Еден школски другар од просечно семејство, средна класа, се исмеваше со едно сираче на школо. Тој не бил богат, бил скромен, ама ги понижуваше оние кои беа понесреќни од него по сплет на околности, а не по своја вина. Замисли како сега да имаа тогаш ајфони, што ли ќе беше?
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    јас сепак мислам дека порано било подобро во секоја смисла. Да слушнеш од 4 годишно дете дека му е досадно...??? (facepalm) мене никогаш додека сум била дете не ми било досадно. Оди заиграј ги денешниве деца,од се им е здосадено позбеснати не ни може да бидат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    На детето е сосем нормално да му биде досадно.
    https://www.b92.net/zivot/vesti.php?yyyy=2018&mm=08&dd=05&nav_id=1426958
    Добро читате вие за детска психологија и развој, или само вакви статии за претходните генерации и кукате како ништо денес не чини?
     
    На drugarka, WildMk, Dalia93 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.774
    Допаѓања:
    259.770
    Не читаат.
    Тоа ти се оние: гледам нашиве не читаа па нас шо ни фали :drunk:
     
    На Oxymoron, drugarka, RoseRain и 6 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Девиза која ги води низ животот :drunk:
    Покрај интернет, па дури и достапни книги по маркети за ваква проблематика, да расправаш како цела генерација на деца не чини, само затоа што ти не можеш да се справиш како родител, ми е скроз несфатливо. Времињата се менуваат, игрите исто така, ама па се адаптираш и наоѓаш нешто ново и корисно. Но ајде, полесно е да се кука и да се вперува прст во дете од 4год., отколку во себе.
     
    Последна измена: 13 јули 2019
    На mal.ecka, zuto, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    сјајно ни тогаш ни сега не е. Во секоја доба има недостатоци,којзнае како ќе биде за 20тина години кога ние ќе бидеме баби.
    има и што читаат и што не читаат. Одкако излегоа вакви книги и статии и слично родителството замина во неповрат. Односно во заблуда. И така многу веќе е отидено во погрешен правец. Книга ли ми треба за да знам психологија на дете? Всушност сега ти е кој стаса издаде псохологија па да тука лежат парите. Секој родител пред да постави ултиматум граници или да спроведи казни кон детето за одредени ситуации треба да ја ислуша страната односно мислењето на детето потоа да објасни што не ваља па тек тогаш да реагира. ни мене ни на баба ми и требало статија за тоа,ум и требало.
     
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Зошто вакви негативни мислења за толку прекрасен текст?

    Па Факултети.мк уште малку ќе го достигнат врвот со вакви сензационални наслови.

    Просто да позавиди човек на вакво совршенство од воспитување. Блазе си им на тие деца, што во тоа време растеле.

    Ние денес, немаме ваква убава можност да ги насочиме децата да гледаат со презир на луѓе кои "грабаат" од шведска маса? Имаме. Ама сме одлучиле дека не е добро да ги учиме да гледаат на другите со презир. Каква штета.
    Така е. Има многу поважни работи од децата. Што па има ние да се смараме во каква единка истиве ќе се развијат? Можат и сами, а куќата сама не се чисти.
    Исто така, многу соодветен начин да им се покаже на децата дека само мама треба да се почитува, врсниците и пријателите најмалку. Како ова не го знаев порано?
    Кај плескање, па и без објаснување. А јас пак се си мислев дека второво има многу добар ефект. Особено ако биде соодветно прилагодено на возраста, а уште повеќе, преку социјални игри или приказни.
    Така е. Што ќе каже комшијата е на прво место. Прво да ги задоволиме неговите потреби и желбата за радозналост, а потоа децата. Ако воопшто дојдат на ред, нели.
    Не би сакала моите деца да дојдат дома пијани. Но можно е да се случи. И ако се случи, секако дека ќе бидам тука за нив, како и за се останато. И подобро јас да ги "соберам" од дискотека кога се во таква состојба, отколку да паѓаат по улици, да ми кријат и да не знаат како дома да стигнат. Не само за пијанство, ами би сакала да се слободни во било која ситуација да ми се обратат. Да, прво авторитет, па после пријател.

    Колку контрадикторност на едно место. (facepalm) Би цитирала реченица по реченица.

    Инаку, не така одамна, имам прочитано слична статија. И баш коментирав таму каде што беше објавена. Постара генерација ме направи лом. Оти нели, тие од воспитаните се.

    На децата е нормално да им биде досадно. И денешните деца си играат, имаат фантазија, имагинација.

    И тогаш постоеле родители кои потфралале со воспитувањето, особено ако воспитувале по примерите од текстот погоре. А постојат и сега. Никој не е совршен.

    Секое време си носи свои промени и свои убавини. А добар дел од ова горе, е пример како не треба да биде.
     
    На Oxymoron, Kom.pot, Bender Rodriguez и 12 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ти реков дека не чини текстот @Sesil
    Еве, ако не ми веруваше мене, верувај им на другиве.
     
    На Sesil, NarCis@ и duffi им се допаѓа ова.