1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воспитувањето на децата - некогаш и денес

Дискусија во 'Дете' започната од Sesil, 8 јули 2019.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Скромноста не е поврзана со социо-економскиот статус.
     
    На slobodka, Lolipop23, Cutiepie1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Дa гo пoгледнaм сегa дететo сo тaкoв пoглед кaкo нaс штo не гледaa кoгa ќе пoсегневме пo сaлaмкa нa мaсa, ќе си врзaм шaмaр. Некa изеде се' aкo е глaднo. Акo немaм пaри негo дa гo нaхрaнaм кaкo штo требa, немa дa имaм ни зa гoсти, пa гaјле ми е дaли дoшле еднaш вo 10 гoдини.
    Акo дoјде пијaнo, се нaдевaм ќе ме рaзбуди дa му пoмoгнaм.
    Акo имa прoблем сo психиЧ прoфесoр (кo дa не пoзнaвaме сите пo некoј тaкoв) ќе oдaм дa рaзгoвaрaм пa и дa се рaспрaвaм aкo требa. А не кo пoрaнo, клoшaр штo пијaн дoaѓa вo училиште aмa гo гледaaт кo Бoг oти нaстaвник бил. Акo имa мерки зa прoблемaтични децa, требa дa имa и зa тaкви нaстaвници и прoфесoри.
    Вo сaбoтa сaбaјле јaс немa дa стaнaм рaнo зa дa брмчaм сo прaвoсмукaлкa, не пa дете дa будaм.
    Имa нaчини дa вoспoстaвиш ред и oснoвнa културa кaј дете a тoa дa не е сo ведење глaвa, стрaвoпoчит кoн aвтoритети и нaсилствo кo штo пишувa вo текстoт. Пoминa тoa време, не oсaкaти кoлку штo не oсaкaти, време е зa нoви генерaции.
     
    На M&M, orhideea, Grungie и 19 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Фала богу што помина тоа време со такви размислувања. Време кога воспитувањето служеше за што ќе кажат другите, децата се тепаа за да се мирни и да имаат страв, за да не речат другите ете невоспитано е. Не се посегнуваше по масата што сакаш да јадеш да не речат не му даваат дома да јаде, па види го ненаситно, срамота. Само и само што ќе каже комшијата беше битно. Детето дали било среќно, дали не било, на никој не му беше гајле, на последно место беше. Не се размислуваше како нешто ќе влијае на детето, на неговиот развој, ќе го исплескаш и има да ќути, без објаснување, без разговор, тоа е дете, нема потреба да му се објаснува. Пораснавме деградирани на секаков начин.

    Генерации кои не знаат да се справат со сопствените емоции.

    Фала богу денес не е така и родителите се многу посовесни. Фала богу знаат детето во која развојна фаза е и што да очекуваат од него, а што не е во склад со возраста. Повеќето, иако уште има што со тераат старински, зашто они добро испаднале. Среќа па и тоа се искоренува.
     
    На orhideea, Oxymoron, Zavisnaodblago и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Женски
    Ама сум среќна што вака пишувате, кога го прочитав првиот пост, си реков-ајде пак навраќање и нелогично величање на минатото. Далеку, ама ептен далеку од тоа дека порано (кога точно е тоа порано!?) било супер, правилно воспитани деца сега сите родители лошо, врска нема! Како само немаше, барем средно кога бев, интернет и ваква достапност до информации...
     
    На Oxymoron и WildMk им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Оти? :?:
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Онојпат се возам со мајка ми и сестра ми, и мајка ми рече ај ќе одиме да ја видиме тета.

    Сестра ми (многу помала) почна да се жали и да кинка, не и се одело, на што мајка ми рече "Какво е ова однесување? Јас кога сум била како тебе, кога дедо ти рече ќе одиме негде, сме ишле, никого не прашувал."

    Пуцка пример за воспитување, како дедо ми да нема (друга) ќерка што забременила пред да заврши средно. Ех бе мами.

    И така. Тинејџерите исти и тогаш и денес. Вие верувајте во илузијата дека не е така колку сакате.
     
    На Elenpelen и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Mногу беше важно што ќе кажат комшиите, роднините и секој што дома ќе се довлечка без покана. Глупости. За ова ми е супер што се искорени. Онака угодувај на секому, и пак никому не чиниш, односно не живееш за себе, туку се прилагодуваш на туѓи желби.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Држи вода и ова твоето, затоа што во тоа време иако мислиме дека биле попатријархално воспитани, сепак немало контрацепција како денес и многу девојки млади раѓале деца, некои вонбрачни, некои па се мажеле бремени, или пак абортуси на црно и слични глупости. Бегале од средно школо за да се омажат, а денес тоа не сум чула некој да го прави, што е позитивно.
     
    На Zavisnaodblago, marchi-cool и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.174
    Романтизирање на минатото и ништо повеќе. Порано беше поубаво, порано се знаеше, во Југославија друго беше, yada-yada. Во суштина, луѓево сме исти - и тогаш имало родители кои си играле со децата и такви кои не си играле, и тогаш имало родители на кои детето им било најпаметно и најспецијално, има и сега, и тогаш имало родители кои ги разгалувале децата и им купувале сè, како и сега. А и за децата - значи сите деца денес глават во клубови, повраќаат до сабајле и немаат граници? Некои да, но не повеќе отколку во 70-тите и 80-тите.

    Околу воспитувањето, сметам дека денешниве родители вршат подобра работа. Да, има секакви статии и книги, но кој сака да најде и да се информира ќе бара сигурен извор и ќе најде. Барем го исфрливме ќотекот дома и во школо, еј, па само тоа е огромен напредок во процесот на воспитување. Неколкупати повтореното дека мајката не ни е пријател и дека родителите не треба да имаат пријателски однос со децата во текстот е просто тажно.

    А Факултети џабе го носат името, одамна не напишале нешто поучно. Или лекторирано.
     
    На marchi-cool, Lolipop23, Zavisnaodblago и 5 други им се допаѓа ова.