1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воспитување на детето

Дискусија во 'Дете' започната од The_boy, 3 јануари 2019.

  1. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Се надевам дека темава ќе привлече внимание и ќе се пишуваат корисни коментари.
    Јас сѐ уште не сум татко но, отсекогаш ме интересирало градењето на детскиот карактер, воспитувањето, начинот на исхрана, дневните активности, елиминација на проблемите на возрасните од неговиот развој, едукација итн...

    Сакам ваши лични искуства и, ваши предлози истотака, за тоа како треба да се воспитува едно дете во денешни услови.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Слабо активирана темата....
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Се воспитани деца имаме.

    Мојава е прав џамбаз :tmi:
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Мајки ми треба навистина совет
    Незнам каде грешам и двајцата исто ги воспитував
    Керка ми е мирна и послушна ама малиот ми е многу лош
    Дете кое не застанува ни минута и лошо само бељи прави
    Незнам како да го опишам
    Случка пре еден час
    Бевме на роденден стоеше до мене побара да му дадам краставица земав да сечам го нема кога се свртев позадината паѓа одма знаев дека е тој луѓе ништо не остана ни торта и позадина ништо жива се закопав незнаев што да направам среќа немаше детжца напред незнаев што ке се случеше
    И пискам и го ударам понекогаш кога треба а не поминува ден да не треба
    И Керка ми од него стана нервозна и неа ја тепа многу не ја остава да си игра и во градинка се ја закачувал неа
    Незнам што да направам не разбира ни од казна ни од ќотек од ништо
    Се срамам понекогаш од него
    Незнам каде грешам
    Кажете како да го смирам да не е таков да се закача да провоцира да тепа
    Навистина ми треба совет
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.990
    Допаѓања:
    279.169
    Мислам дека најдобро би било да се отфрли ќотекот. Очигледно дека не само што нема некаква придобивка од него, се добива само контра ефект.
    Знам дека во моментите кога добива изливи на емоции кои не може да ги контролира и се започнува со неконтролирано викање или нешто повеќе е тешко да се контролираат сопствените нерви, но доколку ние како возрасни не успеваме од мало дете па ич не можеме да очекуваме.
    Само се влева во тој магичен круг со викања и удирања , ти него, он тебе, па сестра или други дете....

    Побарај разговор со стручно лице доколку мислиш дека не можеш да се справиш со ситуацијата. И со него и сама.
    Не е ниту страшно ниту срамота. И јас сум барала совети.
    Во моментите кога е во таква состојба остани смирена, без викање, без удирање, доколку е потребно изнеси го од просторија или не дозволувај да фрла работи...но остани смирена за да се остави простор и него да му помине тантрумот/бесот.
    Симни се на висина на очи и зборувај бавно, разбирливо. Се има своја причина, така и тие емоции. Некоја позадина. Откри што е тоа. Пробај со други методи на казнување.
     
    На galapce, M&M, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.224
    Пол:
    Женски
    Некои мајки (некои луѓе) би се згазиле од смеење на случката. Некаде.

    Криво е времето, не си ти. Порано освен смоки, соленки и сок немаше што друго да бутнеме. Нормално е да им е интересна таа позадина со балони и чудесни торти.

    Не викај, не тепај. Колку и да ти иде да пискаш воздржи се.

    Зборувај смирено, бавно и тивко. Ако го удриш и викнеш ништо не си направила. Можеби и тој само што го направил тоа сфатил дека тоа не е добро ама не знаел што точно ќе направи.
     
    На galapce, Biljarkata, Abc07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    е тоа е она што јас во неколку теми "одоколу" го обкаснував ама никој не ме свати. Значи не е до родителот до детето е. Како тоа ќе свати и колку ќе послуша така и ќе се однесува. Не може за сенешто детето што ќе стори првото што ќе речат е Ами мајка му/Татко му се криви. Како?

    Е сега на темава... Смирување со разговор и гушкање. Верувај тоа чуда прави. Јас и со ќотек и со викање и со казни и со добро и со лошо и само тоа помага
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Зошто темава не е активна и има само една страна пишано не ми е јасно
    Ова е тема која би требало да е најактивна.

    Нејсе, тука сум да споделам една случка и да кажам мислење. Вчера вечер бевме на свадба. Се прибравме во 1 додека да си легниме дојде 2. Утрото децата требаше да одат на школо. Неколку деца од фамилијата кои живеат во околните куќи. Никој не појде на школо освен моето. Им се спиело, не можеле да станат.... Ајде тие деца се нормално ќе си бараат олеснителна околност. Него како им дозволуваат родителите секогаш (да ми извините) кога ќе им прдне на децата да не одат на школо? Моето окапа од нервоза зошто да оди кога му се спие и кога другите деца не оделе. Децата уште од оваа возраст се учат на одговорност, ако им се дозволи за секоја мрза неможност за станување или едноставно неволност за на школо така ќе прават и кога ќе треба да одат на работа.

    Не знам, еве јас сметам дека неодговорност е да не се оди на школо зашто претходно си бил на свадба/слава па не можеш да станеш. Еве јас на пр бев прва смена па станав од 5 сатот. А не ми се одеше.
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Извини, ама неодговорноста е кај вас родителите. Ако децата следниот ден треба да одат на училиште нема да ги носите на свадба. Ако ги носите на свадба, ќе си се приберете порано. Нема да чекате да бидете последните гости кои ќе ја затворат свадбата... Затоа што за деца не е нормално легнување во 2 часот ноќе. Нормално дека ќе им се спие и нема да им се оди на училиште сабајлето. А штом легнале децата во 2 часот по вина на вас родителите, човечки е да не ги малтретирате да станат рано и ненаспани, нервозни и без концентрација да не ги праќате во училиште.
    А ти штом свесно си останала толку касно, а не си дете, нема што да се жалиш дека си станала во 5 саатот.
     
    На Noemi, Калатеа, kalinaka и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.576
    Пол:
    Женски
    Одамна кај нас е изгубена важноста на училиштето, што од страна на наставниците, што од страна на родителите и учениците.
    Во мое време ( и не беше така одамна) ретко кој родител дозволуваше детето да отсуствува без причина од училиште. И со температура сме оделе посебно на тест, па ќе не земат дома.

    Сега моето дете е мало, не можам од лично искуство да пишувам меѓутоа од познаници и блиски роднини.

    Едните имаат туристичка агенција, детето редовно си шета посебно за празници и продолжени викенди, со изговор што е битно еден ден ако изгубил или два во месецот на шетање.
    Други обавезно околу Велигден си организираат посета на странска држава. Исто децата отсуствуваат и по цела недела од училиште, ама битно на шетање ќе научеле нешто.
    Трети како во примерот погоре, за сите празници, имендени, слави, свадби биле што децата, што родителите уморени, за да ги пуштат следниот ден децата на училиште.

    И самите им даваме лоши примери и правиме да е образованието небитно.
     
    На Ano, Mnik и lovely91 им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.141
    Деца сте носеле до доцна на свадба? Мене тоа ми падна во очи. Да малтретирам дете до 02 часот ми е е нонсенс извини вака.
     
    На ZAHRA, Miss666, minne992 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека е твоја неодговорност да носиш дете на свадба и да седи до крај.
    Лично сметам дека на деца воопшто не им е место на свадба на таа прегласна музика.
    Второ, ако веќе си го однела, твоја одговорност како родител, и на маж ти секако, е да си отидеш во време кога спие.
     
    На ZAHRA, Shalitra, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Исто неодговорно е до 2 наутро да седи дете и да не оди на школо заради свадба.
     
    На Калатеа, ZAHRA, danichap и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.127
    Пол:
    Женски
    И ние минатата сабота бевме на свадба, ама после вечера си отидовме. Веќе беше 11 саат и на малиот му се спиеше. Ни на крај памет не ми беше да останам за торта. Дете мало е, треба да спие. Ја те разбирам може биле блиски луѓе, ама чим другиот ден е во школо или ќе го оставиш дома или ќе си одиш порано. Бевме сите фамилијарно, свеки се лутеше зошто сме си оделе пред тортата. И они си останаа, ние со дете мало до 1 саат не остануваме.
     
    На ZAHRA и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Со 5 саати спиење јас не можам да функционирам, а не дете. Или свадба или школо. Ти требало да вагаш што е побитно.
     
    На ZAHRA, lovely91, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.505
    Пол:
    Женски
    Да бе, што, ќе одиш, ќе ги испозаразиш сите, ама што има везе, битно одговорно на тест си отишла. :D
    @marchi-cool се согласувам со сите погоре, кај морале да дремат до крај на свадба, па уште и во школо, демек ќе научат нешто и концентрација ќе имаат. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.576
    Пол:
    Женски
    Ова во 90тите и почеток на 2000ти.

    Со учителката прв сосед немаше здрав,болен, сите на училиште. А и реално никој во тоа време не гледаше корони, вируси, бактерии. Битно на училиште да си.

    Сега и јас не би пуштила дете со температура на училиште ама тогаш други правила беа.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.505
    Пол:
    Женски
    Ако сега не би пуштила дете не го давај тоа како добар пример, зашто не било ни тогаш добро, ни сега е.
     
    На kalinaka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    па... Мал милион луѓе си ги носат децата на свадба до касно. Не зборам за деца мали ог 1 до 4-5 год. Зборам за 10 - 15 годишни. На свадба секој ден не одиме и секој ден до 1 не седиме.
    Значи според тебе штом свесно сме останале сосе деца до касно ни децата треба да одат на школо.и ние на работа следната ден.
    истото мислење го делам. Сум одела на школо со 38 температура зашто дента имав тест. Ако после тестот ми беше мачно тогаш можев да се јавам дома и да заминам. А сега ако е свадба може дома ако продолжен викенд може да си поврзе цела недела.... Самите правиме да се изгуби важноста на школото. Јас се водам по принципот на кој мене не третирале. На школо не се оди ако имаш пролив температура или ако повраќаш. Сега се научиле ако кивнеш цела недела дома.

    едно е мало дете а друго е дете над 10 год. Често сме си оделе после вечерата од свадби ама кога веќе сме седела до 12-1 не е тоа причина следната ден да не одиме нашколо/работа
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Па според твојава логика штом не одите секој ден на свадба и не било страшно останувањето до касно, па значи ништо страшно што само еднаш нема да отиде на училиште. Што толку креваш паника од еден ден не одење, не сте секој ден на свадба, па често да отсуствува...
    Да децата да не одат, а вие слободно одете на работа. Пред да речеш како деца сами дома, а вие на работа. Епа сама си кажа дека не се работело за мали деца туку за деца од 10-15 години, значи можат сами да си седат дома.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.