Мислев дека имаш помали деца, ако сум грешка, се извинувам. Сепак стојам на ставот дека и 10 годишно дете не треба да малтретираш по свадби, веридби до толку доцна.
па едното е мало, 4 год. И му се здосади му се приспа и го однесов кај сестра ми. Големиот си остана, сам сакаше.
Ама како дозволувате деца да ве командуваат. Се знае кој е родител, а кој дете и чиј збор треба да се слуша. Значи нема сакам нејќам, туку следниот ден е во училиште и ќе го однесеш навреме заедно со помалото. Затоа што се знае резултатот ако остане, ќе биде ненаспан и нервозен, па тогаш џабе што ќе го пратиш со сила во училиште, кога ќе има нула концентрација и тоа ќе биде малтретирање за него.
Баш. Колку имам гледано, родителите си одат на веселби, а децата им заспивале по столови. Важно они да се веселат.
не ме команда детето. Туку го праќам дома бидејќи утрото е на школо. И сите што беа над 10 год (а беа може 7- свесно си останаа. Ама сите останаа бидејќи знаеа дека утрото нема да одат на школо (некоја фора на младата генерација да одбегне одење на школо). Моето знаеше дека утрото ќе оди на школо бидејќи нема причина да не оди. Ако му одговара да е ненаспан нека повели.
Секој си ги воспитува децата како сака, знае итн. Ама не можам да ги сфатам оние родители што се горди, така да кажам, кога нивното дете удира други деца. Као подобро да тепа него да е тепано. Кај нас очигледно има луѓе што така размислуваат и многу ме нервира тоа. Скоро детенце помало од моето го удри син ми, мајката мислам ќе полеташе од радост што нејзиното помало дете успеало да "истепа" поголемо. Морав јас да реагирам кога детето после уште неколку пати сакаше да го удри бидејќи таа само гледаше. Машко е и треба да беснее, така кажа. Уште долго време нема да се оправиме, за жал.
Да прашам јас вие со деца што се незнам дали е хиперактивност или само е многу немирна. Како се справувате со немирни деца? Ама цело време е во движење, трчање, не можам на ниеден начин да допрам до неа. Продавница да одам пекол ми е, само ние се тегнеме по продавници си трча не и е гајле, си зема работи си допира незнам како и на кој на чин веќе да и објаснам дека не смее. не можеме да излеземе надвор , сама да оди не дава ни рака кажувам улица е не она си тера по нејзино. Ни 5% не ми обрнува внимание јас што зборам. Стварно дајте идеа како да ја смирам, зашто немам веќе сила.
Да ја возиш во количка во маркет пробај, така таму избегнуваме трчање. А сега е 3 ипол, исто трча секаде, ех не дај боже во поголема продавница за алишта пример да влеземе. Трча шпринт и се пика во алиштата да не можеш да го најдеш. Џабе зборење исто. Како расте маалку се смирува, ама јас со него ако ми треба нешто да купам во мол пример или освен во маркет, не го носам. Е мирен е само во продавници за играчки, таму полека разгледува. Значи зависи од продавницата. Во ваикики аутлетот пример е најлош. Аууу што бркање и урлање имаме таму удрено со татко му, ништо не слуша . Како растат мислам ќе се опаметуваат . Колкаво е твоето?
Ќе те цитирам овде бидејќи другата тема е за ќотек, а ова е оф-топик таму, бидејќи не се однесува на ќотек. Дома си е дома, дома е безбеден простор. Дома се чувствуваме слободно да си ги изразиме чувствата, револтот, едноставно да си бидеме слободни. Зборувам во множина бидејќи за целото семејство важи ова. И јас на работа јадам што ми е попрактично на пример, не што ми се јаде баш тогаш. Исто важи и за школо што има тоа е, дома си готвиме што сакаме. Инаку, и дома не наредува, не знам зошто мислите дека ако не се поставиш како ова е моја куќа и јас кажувам, тогаш мора да е детето тоа што кажува. Не вика она денес ќе јадеме шпагети и готово, тоа е закон за нас. Туку, вика маж ми, денес да правиме ваква манџа, сакате? Или јас, денес може леќа, или немаме денес леќа, ај ќе правиме ориз. Сакаме, не сакаме, се договараме. Каде има вакво истражување? Плус, овие млади луѓе сега, не ми стои дека се баш растени со избор. Ама, да, ќе видиме здравје нашите како ќе испаднат. Јас до сега сум задоволна со моите избори. Гледам дека детето е среќно, прифаќа авторитет, социјализирано е. Потфрлив во домашните обврски, првенствено зошто и јас сум таква, па сега и да речам крени тоа ќе крене, ама нема сама да и текне. Зошто и јас не кревам за жал, мразам чистење и среување и едноставно не успеав да и всадам дека е битна работа.
Јас зборам за нешто друго. За тоа дека надвор од дома нема да ја прашуваат и да се договараат. Или ако имаш магичен начин дома за се да се договарате а надвор од дома да е послушна, да прави како што ке и се каже, ако знаеш да објасниш како се поставуваат граници што, каде, како, треба не треба, смее не смее, кој е главен итн., сподели го со мене. Ме интересира како си успеала да ја воспиташ кое однесување е за каде, да научам од тебе. Имам дома син од речиси 4 години и тестира граници.
Гледам темава не е активна,па да ја активираме. Имено ,некои знаат ,некои не ,мајка сум на 2 годишно девојче. Пред два дена имавме гости ,другари ,кои имаат девојче 4 години. Се беше океј ,си играа,нивното играше со моево ,се гушкаа.... После час време ,друга прича , детево на другарите ,прво ја начекав во кујна кај што ја тегне и бутка мојата . Потоа зашто ја искарав малку,зема да мава играчки ( наши играчки ) со сета сила ,ги трескаше. Не и ги даваше на мојата сопствените играчки ,а моево па едно мирно абе глас не пушта ( незнам може мала е уште ) . Лом ми ја направи цела куќа ,беснееше ,истураше играчки на сите страни. Да напоменам !!! Мајката на девојчето за сето ова време глас не повиши, ниту ја опомена. Ве молам совет како да се поставувам во вакви ситуации. Дали е нормално што се лутам ? Знам деца се ,ама мајка му стара ,да не опоменеш свое дете што прави ршум во туѓа куќа и мава и крши туѓи играчки ?!
Освен да не ги викаш на гости, не можеш ништо друго да направиш, не можеш да се мешаш во тоа кој колку му дозволува на своето дете.. Не ти одговараат, не ги викај на гости, и кога ќе прашааат зашто веќе не се дружите, одоколу ќе им кажеш.
Знам дека не можам да се мешам во туѓо воспитување, јасно ми е. Само се прашував дали реакцијата ми е нормална или претерувам ....незнам еве
Реакцијата ти е нормална. Не ги викаш повеќе на гости. Има и такви родители. Има и родители со таков ден. Јас сфатив дека цело време вина набивам на моиве деца, додека пак има родители што мува не ги лази и тие деца мислат дека се ок прават и само така напред. А јас цело време опоменувам. Единствено добро е што веќе сами знаат што е ок, што не е, ама џабе се кога ќе дојдат во контакт со дете што не ги знае границите.
И пази ,и ги зема играчките на мојава ,не и ги дава ( пак ке кажам наши играчки ) мојата е мала незнае да се постави ,ме тегне за рака да ми покаже дека не и ги даваат ,таква цела тажна . И сега јас седнувам до туѓото дете и викам " Тета во градинка нели ве учат вас дека играчки се делат и треба заедно да играте ?!" Пна ме гледа бледо ,ми враќа " не ме интересира " не и ги давам " . Мојава се тегне се нервира, мајката на детето дреми и само гледа немо ....па добро бе мајка му стара ,без осет .... Стварно се прашувам ,дали е добро да бидам родител кој ке воспитува дека се се дели со добро ,или МУВА да не ме лази ?!
Затоа е најдобро децата да си играат на нивна возраст, пример и во градинка ко ќе ја запишеш се на тие години и се разбираат. И ќе се дружи детето со она што му одговара. Ако продолжат вака без да се опомени и искара другото дете, како тоа да е нормално ќе се створи и страв кај твоето и после ќе бега ако идат поголеми деца до неа.. А и општо за играчките зошто да не ја опоменат, таа ќе разбере на 4годинки сепак е поголема. Вие да појдете таму таа нема да даде ни една играчка да види детето не пак да скрши. Во ред е да било ненамерно и случајно, сигурно за една играчка и не е проблем, но да се остај така детето шо сака да прај не е во ред Не се дружете со нив.
Не е за мое дете ама чисто како коментар ќе го ставам и како би реагирале. Излезени со друштво ние и уште неколку парови, кој со помали деца како моево (1,5 година), кој без деца и 1 пар со две машки, (6 и 8 години). Конкретно за нив. Децата се преагресивни за мој стандард, во игротека натепаа неколку деца, враќаат со погрдни зборови на родителите, мајката ја нарекуваат будала, едното дури и удри бокс на мајката во рамо. Таткото нешто слабо изреагира што во случајов мислам и тоа е вината. Не изреагирав никако, нели да не давам совети за воспитување на децата ама слушнав коментар како е нормално тоа со две машки на мала разлика постојано да се тепаат.
Уфф што и да кажеме немаме целосна слика. Најверојатно како функционираат дома, така и надвор. -мое лично мислење од ова малку што го пиша е дека децата јадат ќотек дома.
Немам и јас целосна слика. Еднаш во година може ги гледам децата, затоа не судам. Најмногу ме изненади коментарот дека е нормално две машки да се тепаат. По тоа што го видов, а и мое лично мислење ама воопшто не е нормално толку големо насилство од страна на мали деца.
Играчките во градинка се делат бидејќи се заеднички. Сопствените играчки се делат ако детето има желба да ги подели со некој. Скроз е океј и да нејќе да ги дели. Не е во контекст на вашиот случај.