Кога е вистинската возраст за воведување "казни", ако постои таква. Или нека не се казни, нека се последици. Не мислам на ќотек и удирање, туку баш онака причинско последично. Во многу американски емисии, Тајм аут и стоење во ќош е како една од мерките за непослушност. Еве ситуација со ќерка од неполни две години. Ситуација од денес. Беше покакана и ајде менуваме памперс, одам во Вц да го фрлам и да се измијам јас, таа за секунда зад мене успева раце да стави во ВЦ школа. Ај што постојано ја чистам и дезинфицирам, сепак ми е гнасно тоа нешто. Ја мијам во меѓувреме убаво, раце целосно, лице да не се допрела некаде, зборувам со смирен тон дека не смее така. Спуштам капак попатно. Додека се завртив буквално да ја фрлам крпата за перење, повторно крена капак и пак истото. Мене споени жички веќе, пак истата процедура само овој пат со повисок тон објаснување. Не дека кој знае колку ќе ме сфати. Ама си размислувам дека да беше малку поголема сигурно би добила некоја казна. Еве може безвеза е ситуацијата и сигурно поголема ќе разбира дека не смее таму и така. Ама сепак мора и граници да се постават.
Нема одредена возраст, кога ќе мислиш дека детето веќе те разбира што му зборуваш, а ќе знаеш дека те разбира кога ќе ти одговара на прашањата и ќе ти објаснува, а не само со да, не, дај, нема, него убаво целосни реченици, ќе знаеш дека може да има влијание тоа што ќе го казниш.. Секое дете е различно, ама сметам дека твоето е многу мало за било каква казна да добие или да го скараш..
На таа возраст мислам доволно е да кажеш и покажеш НЕ. Не! Какано. Затвораш капак. НЕ! Ко ќе почне да разбира не, на коњ си, се друго е губење време и живци.
За конкретната ситуација на толку мало дете мислам дека џабе е објаснувањето, не може да те разбере. Убаво ти пишала членката да и кажеш само не. А ако сакаш да и објасниш подоцна кога ќе играте со играчките симулирај ситуација. Во моментот кога ја прават бељата мислам дека и за инает ако им објаснуваш ќе прават пак. Граници физички се поставуваат во смисла ќе ја кренеш и тргнеш од таму, ако чепка кај што не треба ќе застанеш меѓу нештото што го чепка и детето. А подоцна кога е смирено детето ќе му објасниш. Некогаш пена ќе ти фати устата хаха. Јас со синко конкретно поголем е и знае и да каже што сака и зборува убаво ќе го прашам дали сакаш да го скршиш јајцето, ако готвиме заедно пример, и нема да каже ќе го прашам уште еднаш два пати и после јас кршам јајцето и обавезно почнува да плаче јас сакам да го скршам јајцето и пробувам со мирно, иако не секогаш се воздржувам да не викам, да му кажам дека го прашав три пати не ми одговори и дека сега нема јајце за кршење. Тоа е последицата знам дека сакаш ама сеа не може. И ќе плаче ќе тамтруми и не попуштам, посебно што сум го прашала три пати. Ќе му понудам нешто друго да прави да ми помогне ако гледам дека не ме прати и плаче ќе го оставам да се смири и после и јас кога сум мирна ќе му кажам дека треба да одговори кога го прашувам, а не да молчи и откако јас ќе ја направам работата да каже и да плаче. И тоа неколку пати ќе се случи додека да научи. Само во моментот кога тамтруми треба да се издржи и да не се попушти. И стоење на зборот ако речеш не може да не попуштиш колку и да плаче. И шо би рекле choose your battles за работи кои се за нејзино добро и безбедност нема попуштање, некогаш за некоја ситница и ќе попуштиш нормално, деца се на крај на денот не може за се не да им кажуваме.
И јас мислам дека е мала за да разбере Казни и причинско последични ситуации кога ќе почне убаво да збори и разбира за да можеш да кажеш "Затоа што не ме послуша, еве нема да излеземе" пример. Мојава е скоро 3 години, устата пења ми фаќа. Еве и за кантата конкретно, седнуваме на шоља да моча и јас од старт и викам "Знаеш кантата дека не се фаќа нели" и она почнува "Дааа, да, канта не фаќа" ама пример кога менуваме ќеси од канта и кажувам да ми помогне. "Еве сега мама може да ставиш празна ќеса у кантата оти е чиста". За да може да направи разлика. Е причинско последична ситуација кај нас е кога нејќе да се облече како што треба за надвор. И си ја седнувам фино лепо у дневна и не одиме никаде. За се друго уште сме со договарање и закани дека ќе и фрлам пола од играчките. Пример вчера ги искрши сите креди за цртање, од тие дебелите. Ама сол ги направи повеќето. И ѝ кажав сега има 2 за цртање, другите ги фрлив. Плачеше оти се фрлени - оти се скршени и не може да црта со испокршени креди. На крај се помири, си ги зема тие шо останаа и си црташе. И мм и вика "Се што ќе се скрши, се фрла" и му вика "Како корпата што ја скршив?" ( Ситуација од пред некој ден е тоа, се пикаше у нејзината корпа за играчки и го искина платното и го фрливме ) Значи веќе разбира дека не може по дома да биде мафијаш и да крши ствари оти ќе ги нема
Се случува ли да зборате и да ве игнорира, ништо не ме слуша кога го прашувам работи ако нешто му одговара да одговори ќе врати,ако не му одговара следи тишина. Му велам ама ме слушаш нешто или не и си ќути оти не зборуваш не ме ни гледа.
Цело време посебно откако се роди брат му. Пена ми фати устатава џабе... еднаш така убаво му го свикав името пошто ме игнорираше, уште мртов ладен ми се врти и ми вика не викај
Имам проблем со мојата 2 год ќерка што стана зависна од гледање цртани на моб, претходно го користев тој метод да завршам некоја работа да ставам ручек, да пуштам машина но гледаше 10-20 мин и толку … сега постојано сака да гледа по цел ден да ја оставам ќе гледа кога и го земам моб почнува хистерично да плаче , и покажувам нови играчки ајде заедно да играме нешто но играта трае 10 мин и пак сака да си гледа на моб … како да ја оттргнам , летно време излегувавме и така минеше времето сега дома цел ден се обидувам да најдам начин но добивам само лошо невоспитано и хистерично дете
Ke i go zemes i nema ni 10 ni 20 minuti ednostavno ke go nema na vidik, ke place den dva pa i tri i ke go zaboravi.I mojot imase faza takva sega veke 2 godini telefon nema fateno so raka.
Освен скроз одземање и да истрпиш неколку дена плачки, друго нема. За сметка на тоа, ни ти нема да користиш телефон во нејзина близина. Буквално во друга соба оставен и ни да го гледа, ни да го бара.
Извини ама сама со себе имаш проблем. Сакало дете од две години да гледа цртани цел ден и оти плачело не знаеме како да се справиме. Мајка кој е родителот во ситуацијава шо ви е бе луѓе
Мене искрено не ми е јасно што е проблемот тука. Тргаш телефонот, вришти два дена и тоа е тоа, не е некоја филозофија која захтева посебен пристап.