Си имаа роднини каде отидоа, ама кога заврши конфликтот, кога беше мирно си се вратија во домот. За среќа не беше куќата разурната. Друго што сакам да кажам не значи дека сите Албанци се лоши има и добри кои единствено важно им е да живеат мирен живот отколку во конфликт.
Не е дека нема мирни, ама таа бројка е многу мала. Голем дел од тие што глумат дека се невини и не знаат што се случува, сигурно дале пари за оружје за УЧК. И нормално дека нивните куќи не се чепнати, ама тие на Македонците ги изгореа и ограбија. Во липковско така беше. Ги истераа сите Македонци, Срби и Роми и сега се 100% чиста општина, а на веб сајтот на општината македонски јазик воопшто нема, превод нема.
Страшно! Најжалосно е што за бадијала загинаа многу бранители, за денеска некои да си седат во удобна “државна” фотеља.
Колега на мајка ми загина враќајки се од должност кога со џип згазнаа на нагазна мина. Само еден ден пред да замине на одмор со семејатвото. Друг пријател, кој со истиот џип оделе да ги сменат раскажуваше. Само што стигнале, се поздравиле и овие си заминале, за само 5 мин јака експлозија и делови од човчки тела им паѓале пред очи. Тој дечкото пред женење, се спасиле само зошто иделе шо друг пат, мислам накај љуботен некаде беше. Во тоа време една пријателка имаше син во војска, целе време седеше кај нас и од тараса со двоглед гледаше накај скопска цг. Се слушаа детонации, се гледаше оган, се гледаше со дволед како паѓаат. Им дадоа премногу, уште им даваат. Ама не... еу сакаме!!!
Мислам дека пак ќе има војна, само не знам кога. Ова подгревање тензии меѓу Македонци - Бугари, Македонци - Албанци, не ми изгледа случајно.
Не се криви Албанците, нашите политичари се г*мна од луѓе. Немаше ова да се случува доколку нашите политичари беа ЛУЃЕ, доколку си ја сакаа својата држава
Баш дека се г*мна , вака така они шо зацртуват си добиват бара 2јазично си иммат и мн др раб отиди на кај западна мак од тетово па натака како друга држава да си , качи се во воз кондуктер неможеш да видеш до гостивар , збориш мак не те ферма , збори албански сите услуги ќе ти ги заврши , ј.. тоа е
Минатата недела бев на Попова шапка и поминавме по автопатот кај Карпалак . Жалосно една табла за нашите херои. После тоа идеме накај Шапка цел споменик за некој од УЧК. Каде живеам?? Каде? Нели е срамота? Ние живееме во Македонија место на нашите бранители да им се изгради достоинствен споменик УЧК има споменици. Не луѓе мене ми се гади од политичари и од се. И од Вмро и од Сдсм. Знаеме многу убаво дека некој наш ја намести цела таа војна во 2001 и не продаде некој наш. Тоа е на жал македонска судбина да патиш од своето. Не можам да се помирам дека командат Талат Џафери е претседател на Собрание,дека Али Ахмети е богот во Македонија. Не можам додека некој го жртвувал животот и загинал за тие ѓубриња да живеат како господа. Бидете сите амнестирани ама Господ нема да ве амнестира. Вечна ви слава на сите херои.
Не те разбирам. Во кој свет живеам? Во тој свет што сакам од прв до последен да се казни иако се можеби мали шансите за тоа. Ако ти си се помирила јас не. Мојот татко беше тој што се бореше во 2001 година. Јас бев таа што може бев мала но колку толку гледав дека нешто се случува. Го барав и ја прашував мајка ми каде е и кога ќе се врати. Мојот се врати ама на други не. И затоа до ден денес никогаш нема да се помирам со тоа иако пола нација посебно помладите заборавиле на тоа време.
Битката е изгубена, извини ама така е. Јас живеам во град каде што прво на албански се пишува, после на македонски. Каде што за да ме вработаат морам да зборувам албански. Каде што во група луѓе јас ќутам а тие зборуваат околу мене јас не ги разбирам. Каде што на факс влезе личност врска што нема пред мене заради тоа што е "малцинство" албанец. Каде што на работа ми продаваат криви дрини дека јас морам да зборам албански. Каде што секоја менаџерска/директорска позиција е албанска. Во своја држава сме малцинство, и сега во 2023 е многу касно да превземеме нешто за тоа затоа што немаме моќ. Јас не сакам да се помирам со тоа ама во западна Македонија возот одамна замина, и џабе е на форум што и да се зборува...
И јас сум живеела во таква општина 25 години и се иселив. Така да јас најубаво те разбирам . Меѓутоа длабоко во мене јас не можам да се помирам. Мене ми е јасно дека возот е одамна заминат и дека друг ги држи конците ама тоа е. Има сепак некое чаре ако се спојат двете македонски партии Сдсм и Вмро али Калето не дава. Тоа е проблем