Моето мислење денес, е дека ние македонците, не сме свесни кој ни е пријател, а кој непријател. Кој работел за државата, а кој не во 2001. Потсети се, дека само до пред некое време Љупчо го правеа војвода. Љупчо Бил Антиалбанец, ги истепал албанците ова, она. И не е само Љупчо од таа влада. И синот на Стојменов газдата на Канал 5, се вели дека има бугарски пасош и си зборат отворено за симпатии кон нив. Па чекај, За каков тоа војвода зборуваме? За Бугарски или македонски? Да не заборавиме додека траеше војната, купувавме и тенкови. Се разбира и тоа од каде ако не, од Бугарија. Бидејќи тогаш се распродадоа многу државни (Рентабилни) фирми, Окта, Телеком, Усје, и ред други. Треба да се прашаме, кога веќе претходно продале се, дали можеби ја продале и државата. Така да, не би кривел албанците. Можеби и си ја купиле поштено. Се додека не излеземе како македонци и не отидеме кај Љупчо, Стојменов и ред други, такви алчни политичари, реално не би ги вреѓал албанците. Но бидејќи ние македонците, тешко може да се сплотиме и за најмала работа, и секој си живее во некои негови мисли дека он е во право. Тешко дека некогаш и ќе имаме држава. Да не испадне после 20 години, да се расправме со бугарите чив е Љупчо и за чии интереси работел. Да се потсетиме, Љупчо и ден денес си јаде од Македонија леб, и истовремено брбља работи поголеми и од најголемите Бугари. За мене ако ова не е дебакл за една држава незнам што е. И сметам дека ако сега, не ги расчистиме овие работи со Љупчо и компанија, јас мислам, дека треба да им се извиниме на албанците што сме ги вреѓале до сега. Бидејќи очигледно е дека не е до Албанците проблемот.
До Албанците не е проблемот. До Македонците е. И да сами ја продадовме државата. Љупчо не ми бил никад војвода и секогаш бил сомнителен лик. Но работата тука е што Америка ги води сите конци. Ние сме и буквално колонија и не д*пи како сака. Кој ги спаси учкиве во Арачиново? Тогаш комотно можеше да им се е*е матер ама нее говедата викаат толку, зимаат автобуси ги носат уште лабаво и фино лепо ти викаат потпиши си Охридски договор иако ти си ги победил ама џабе.Како можат да ти кажат имаш толку и толку време за таа операција во сред војна ? Па они се тие што ги подржаа Косоварите и што ги вооружуваа во 2001 година а демек биле на наша страна. Глупости. Благодарение на Америка ДУИ си дреме во влада 20 години пепел прави од криминал. Секоја ебана влада е со нив. Еден нивни функционер нема лежено затвор. Еден. А битно нашиве си лежат. И знаеш просто Македонче се фаќа за Груевски,Михајлов и за овие од 27 април што влегоа во Собрание да лежи а овие дотичниве не.
Денес се одбележуваат 22 години од Масакарот кај Вејце. „Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња 'ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“ Запиша Игор Костески неколку часа пред негова херојска смрт за Македонија. Вејце, 28 Април 2001 година. Вечна слава херои !
Злосторствата од 2001 не смеат да се заборават. Вејце не се заборава како и сите други трагични настани. Мој родител е директен учесник во војната 2001 интегриран како припадник на безбедносните сили на МВР и фала богу таа 2001 не помина кобна, истата година сум и роден и знам како можело да се одрази тоа врз мојот живот. Додека терористите кои пукаа врз нашите херои, денеска се пресоблечени во костум и ја уништуваат и крадат оваа држава заради лудничавите наши политики. На државата исто не и е гајле за бранителите, ги запоставе на најможен начин, нормално е кога припадници на УЧК ја водат оваа држава, а за нивните "бранители" истава држава обезбеде пензии од по 2.000 евра. Никогаш да не се заборави, Вечна им Слава!
Еден наш пријател од Велес учествуваше во војната и често знае да каже дека имало многу американци во учк одела. Човекот е многу разочаран од државата му загинале другари и братучеди, па не може ништо никогаш да преболи. Многу сакам да зборувам со него на таа тема. И, да погоре е кажано до македонците е. Како можевме до толку да се продадеме? Како можевме се да испуштиме од рака? Да дозволиш неписмени и прости да ти водат држава? Ајде барем да беа некои паметни и современи луѓе, а тие и над не уназадија за 200 год.
Војната во 2001 година е изгубена воено, политички, демографски, ама секако е изгубена. Војската и полицијата не се справија со максимум 3.000 терористи. Тогашниот премиер Љубчо Георгиевски стопати кажа дека бројот на пријавени да ја бранат државата бил многу мал. Тоа го пишува и во неговата автобиографија „Тоа сум јас“. Украина многу згреши што воопшто ни даде оружје за кое патем сме се ценкале да го компензираме пола со пиперки, домати, згреши што поднесе Резолуција во ОН да ја прогласат УЧК за терористичка организација и згреши што воопшто држеше пресови со повик да не се случи отцепување, па згора на тоа, правеа и документарец во кој се гледа дека манастирот во Лешок е урнат, зборуваше владиката Кирил итн. Не требало да се мачат за вакви ситни души, кои вадеа лекарско дека се ментални да не си ја бранат татковината. Синоќа гледав кадар на тв, тазе снимка од Старата чаршија во Скопје. Се веат македонски, албански и косовски знамиња закачени горе од дуќан до дуќан.
Ако затреба топовско месо, принудно ќе мобилизираат без да прашаат дали нема кој, дали сака. Ама мислам дека војна во Македонија би имало во рамки на поширок конфликт или во случај НАТО да се растури, инаку не верувам.
Државава си имаше разузнавачи, граничари. Ако ја чувале добро границата, немаше терористи да влезат, а првите требало да ја растурат структурата на УЧК внатре во земјава, со апсења на клучните фигури, пред тие да си собираат оружје и да кренат бунт. Македонија требаше да биде свесна дека и во БиХ на крај западот им даде рок, кој до каде ќе освои, тука да се застане со териториите. Рок, а не да маваш терористи од село на село со месеци. Требаше молскавична акција, пред Западот да заземе став, да ја исчистат групата, да покажат заби. Како се надевавме добро и се омаживме на крај. После војната дознавме дека лица од бошњачка националност ноќе поминувале покрај нашата куќа и си оделе дома. Војувале со Албанците, за пари или доброволно, не знам. Можеле да влезат и да ни направат масакр. Никој немаше да ги најде и казни. Македонија не успеа да се справи со едно Арачиново, и како се раскажуваат филмови денес, мислиш Арачиново е град поголем од Скопје, а не село кое тогаш беше далеку помалубројно. Што ако при ескалација во Арачиново, не нападнеше Албанија? Жал ми е за Љубе, Јохан, за Стојанче што остана без белодробно крило и за многу други, за денес помочани деца да ги нарекуваат „Сестра Љуба“, „Стојанка“ итн. Бранителите се најчесто невработени и нормално дека нема да издејствуваат привилегии, кога се делат на 10 групи, се навредуваат, оспоруваат.
Вина на децата е што спомнатите се во иста влада со тогашните терористи? Никого не прашувам , така реторски си коментирам.
Сите комплет од 2001 година наваму сме со терористи во контакт и зависиме од нив, за жал. Во институции не примаат деца на луѓе кои се бореа во УЧК, па не знаат еден документ да изготват на време. Треба сите бранители да ги вработат.
А дотичните тројца што не им издејствуваа некакви привилегии? Натопори се во фотелја, не е важно како живеат другите. Тие требало да одбијат учество во такви влади наместо да помагаат во процесот зграбување на власт. И после да ги почитува народот.
Србија им даде информација на нашите дека Албанците пренесуваат голема количина на оружје. Значи биле предупредни и замисли не превзеле ништо. Со ова треба да ти биде јасно дека наместена била работата Македонија успеа да се справи со Арачиново ама Американците дојдоа да ги извлечат со автобуси .
Достоинство одеше на избори, народов не ги гласаше. Ангелов доби функција дури 18-19 години после војната. За тоа време бивши терористи вработија цели семејства. Не се глупави да се тужакаат. Државава си дозволи бранители да даде на извршители. Следен пат сам нека се брани народот. Сега се враќам од терен, во една македонско албанска населба, еден објект што мислев дека е ресторан, џамија било. Минаре нема. Македонците не можат да спијат. Ретко да видиш македонска куќа, а да нема натпис дека се продава. Ете ти за 10 години второ Диво насеље и територија без контрола.
Да точно е ова. Србите дадоа информации. Читавме дури и во весници дека имало копани ровови со километри. Ама тогаш Љупчо се смееше. Демек немало шанси тоа да има такво нешто. А должност му е да знае. Овде им имаа и кажано и пак не прати Љупчо војска. Мое мислење е дека немаше реакција од наша страна. Информации имавме. Ама некој ги оставил нели тие да ископаат ровови. Но денес гледаме дека државата ја воделе луѓе како Стојменов, Љупчо и други бугари. кои си терале друга агенда и интереси. Така да, ако се разгледа малку низ досија, ќе се види дека не се баш Американците криви. Немаше навремена реакција од нас. Е сега дали некој договорил да нема реакција или наше невнимание тоа незнам. Сепак тоа време од 1998-2001 во мандатот на Љупчо беше период на тешки партиски вработувања и уништување на системот. Како е можно еден Стојанче Ангелов да биде Генерал на 20 години? Стојменов крадеше документи од архив. Веројатно требало да ги обезбеди на друга држава? Замисли државен службеник кој зема плата од државата да уништува историја. И такви стотици други луѓе на функции како директори, генерали и сл. каде што воопшто не им беше местото. Мислам дека на Љупчо и компанија тогаш цел им беше да го урнат системот на државата. Но чудно е денес како уште македонци сметаат дека Љупчо и Стојменов се патриоти. А уште посмешно е што двајцата си водат и бизниси тука.
Тоа е работата. Не ја чувале границата. А и кој да ја чува? Љубе ли? Па човеков треба да јаде ќутек тежок. Да беше во Бугарија, Грција или Србија, до сега ќе беше на кол. https://netpress.com.mk/ekslkuzivno-ljube-boshkoski-go-prodava-imeto-na-drzhavata-za-pari/ Проблемот ќе се среди кога овие како Љупчо, Стојменов и Љубе ќе дојде некој и добро ќе ги здрма. Да вратат тоа што украле и тоа што вложила државата во нив. Дури тогаш ќе бидеме држава и систем. А ние Македонците веројатно ќе не биде. Веројатно кога ќе ни дојде разум дека овие се само лапачи, шпиони и алчни за пари.
Патриоти се знае кои беа . Сите бранители односно тие што беа на бојно поле. На ова другово тури му пепел.
Говорите како проблемите да почнале од Арачиново. Не, почнаа со референдум за Илирида, па бараа факултет во Тетово, па го симнаа знамето од Општина Гостивар, и настана бунт. Државата спиела. Оружје никој не сакаше да ни продаде, да, ама и да нудеа, со кои пари ќе го купевме? Тоа што Украина прифатила со нас да се ценка, друг нема ни да те погледне, не па да му предлагаш глупости од типот пола зеленчук ќе ти извезам, пола пари ќе ти дадам. Партијата на Виктор Јушченко прифаќа, ама другите во украинската Рада не, сосема ок е тоа, си сакаат пари за ново оружје, не е ова зелен пазар па ќе ми нудиш зеленчук. Мислите некој друг ќе се нафатеше да дојде да гранатира во Арачиново како Украинецот, па да го влечкаат во Хаг после? За кого, за македончиња што денес си навиваат за целосно уништување на Украина и украинскиот народ? Тури им пепел на такви, ако се дава поттурни го. Друг нема телефон да ти крене, нема да те погледне, не па ќе ти доаѓа за тебе ќе се фрла во оган. Работава ем шути, ем ќе се бодеме. Да не ни даде Украина оружје, терористи ќе дојдеа во Автокоманда без проблем, на Бит Пазар можеби битки ќе се водеа и ќе губевме луѓе, а правата пак ќе си ги оствареа за некоја година. Заборавате дека тие ги имаат Косово и Албанија, ние никого. Кој ти гарантира дека Албанија нема да се вмеша? Па кога ќе почнете со муабетите дека меѓународен фактор не не поддржува. За што да не поддржува? Дали имаме моќно лоби? Дали имаме економија која нив ќе им одговара за соработка? Дали имаме ресурси? Свесни сте дека пола Срби што ни се најдобри пријатели не навредуваат како стока, и поради Косово, ама и без тоа, не исмеваат. Другата половина молчи од култура и сожалување, а не е дека не сакаат безрезервно. Нашите луѓе изгинаа без куршум да испукаат, на пат кон боиште. Не знам вакви примери дали воопшто има во светот. Анализирав за најмладите жртви во Украина, деца од 18 - 20 години, се бореле по 6 месеци на фронт, по 20 или 22 дена месечно. Епа луѓе за тие 120 и кусур дена, тие деца млади елиминирале барем 20-30 непријателски војници во најмала рака, заробиле туѓи војници, превезле ранети. @Аргентина * јас правев телефонска анкета тогаш во една скопска агенција за рејтингот на Достоинство. Додека работевме, некој заѕвони на врата, станав да отворам, дојде Стојанче Ангелов облечен во костум. Знаев дека нема шанси да освои пратенички места според анкетата, и не гласав за да не пропадне гласот. Народов гласа за ВМРО и СДСМ, затоа што тие се како биро за вработување.
Имаш право, ама нас ни е криво што странци во Хаг ги судеа нашите, терористите се спасија. Одговорност требаше да има. Пред моето школо загина 66 годишен човек од бомба фрлена во контејнер. Можеа да изгинат куп деца. Одговорност нели треба што немаше ќорав полицаец до ниту едно школо во време на војна? Мавровските работници, кој дозволил во време на војна да работат на Шар Планина, па да бидат тепани, силувани, принудени на анален, орален, и сечени по грбот? За Бриони, како не отишла полициска патрола да го затвори мотелот додека војната не заврши? Ги врзале луѓето и ги разнесоа до динамит. Како моѓат во Лешок да остават неколку пушки на мештаните и да се бранеле. Па и за тоа се одговорни нашиве трапчовци. И не знам народов како очекува дека лица од друга националност со таков демографски прилив нам ќе гледаат да ни угодуваат. Ич да не ги поддржува никој, демографски губиш територии и тука спас нема.