Знам жена на бивши терорист, тој на слобода, таа во библиотеката си работи, друга фамилија од УЧК, синот во армија, друг во полиција, снаата во школо, па во општината. Друг терорист беше директор на Пазаришта. Не се кријат, напротив се гордеат дека биле терористи. Сите што учествуваа требало да бидат ослободени од плаќање на ѓубрарина, данок на имот. Сигурно нема општината да пропадне ако 100 души не плаќаат данок на имот или ѓубрарина на пример. Јавен превоз исто можеле да им обезбедат гратис.
Дојдов да пишам дека е подобро да си терорист одколку бранител во нашата земја. И одлукиве што ги носат не ги почитуваат и мајтап си играат. На другарка не и го запишаа детето во градинка во Ѓорче иако на сопругот таткото е бранител. Срамота . Си играат играчки на болна тема демек еве не ве заборавивме а уствари кој ве врти бе немате предност нигде.
Како може? Јас сите што ги знам а се од Ѓорче со татко бранител , дечињата им добија упис и загарантиран влез во градинка . Да не им се адресите на друго место, пр да се под кирија а адресите да им се кај што живеел сопругот, или сопругата?
И сопругот и татко му се со адреса од лична карта во Ѓорче. И они така мислеа и така им кажаа им потврдија дека има предност еве детето не им е запишано . И тоа документи поднесени во Декември. Поднесена е молба и тоа им рекоа за каде ќе има место за таму а нив им одговараше таа градинка што си аплицирале. Пишала и до општина никој ништо не и врати... Срамота не видена.
28 Април 2001 - масакрот кај Вејце Во 17:45 часот во заседа, ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на армиската специјална единица "Волци" и на полициската "ПЕП СВР Битола“. "Нема потреба повеќе да ни доаѓате на помош, сите ќе изгинеме за Македонија" - јавил еден од припадниците преку радио врска Вечна им слава!
Вчера прилогот на Код дури го гледав како тоа Албанци од геријатрија сакаат да лапнат пари од Македонка која е инвалид, оти имала голем стан, значи си реков „епа ова е последица од војната што не се реши како треба“. Да се реши или со воена победа наша(невозможно е ова), или да се реши со поделба на државата(ова е катастрофално по Македонците, но е траен рез). Смилковско, убиството на Саздо, малата казна за Теодора, за Крсте од Тетово, детето што беше убиено од терористи на Жар Планина, мислам се викаше Крсте, едно младо дете со бушава, виткана коса, случај Бобан Илиќ и стотици тепачки по автобуси, се е тоа последица на изгубена војна, додуша до војна не требало да дојде ако Македонците доволно ја сакаа Македонија, ама не сакаа да живеат во Дебарско, Тетовско, Липковско, продале, се иселиле. Ми се случи еднаш, отстрануваат општински инспектори диви тезги и тие што ги тргаат се од албанска националност. Мој колега, млад, слика, оти тоа ми е хонорарна работа, ќе го платат за сликите, да покажат дека работат и дека навистина ете ги тргнале тезгите. Еден Албанец почна да му се дере „Да ги избришеш сликите, само ако видам некаде мене и син му да не има во јавност, да не објавиш, ќе те најдам кој си и куќата има да ти ја запалам“. Вриеше полиција тука со инспекторите, ама блеат како овци и што дека има полиција, кога пола се Албанци. Дечкото се исплаши, почна да брише фотки, сите Македонци си молчат, гледаат на страна, дури па и сеир фаќаат, само јас почнав да му се дерам на тој „Господине ако ти ја најдеш неговата куќа и ја запалиш, и ние ќе ја најдеме твојата да си знаеш, и прекини да се дереш, ти кажа човекот дека ги избришал фотките, ако не ќе ти ги викнам полицајците“. Требаше да го опколиме ние 5-6 Македонци, да направиме врева дека се заканува, а се заканува, нека го приведат. Ама не, Македончето дреме и гледа на страна, страв, сеир. Друга ситуација, после Диво насеље случајот, исто еден од браќата на тезга забрани на колешка да прави фотки од пазарот кој е јавен простор, почна да се расправа и да се заканува како тоа немала право, тој си ги знаел правата. Сите молчат од Македонците, фаќаат сеир под мустак како телиња. Само јас почнав да се бунам „Тишина бре, ти ако толку знаеше немаше да продаваш на тезга, не се прави паметен, јавен простор е, не е твој пазарот“. Требаше викни му полиција, нека му поднесат пријава за закани, ама кој ќе фаќа сеир ако не Македончето? Со вакво однесување, неетично, ситна душичка, предавничко, со немање на карактер, и 10 милиони да се Македонците, пак џабе, кога се кодоши. Требало да се преземат демографски мерки на Косово уште во 16 век, да се зголеми бројот на Срби, да не дојде до нивно иселување, а потоа се случува Призренска лига кога веќе јасно кажуваат кој е планот, Србите не прават ништо да ја спречат таа идеја, напротив масовно бегаат од Косово и им продаваат имоти. Истото е и во Македонија. Епа кога знаеш што си мисли некој и ти кажува, а ти му ја подпомагаш идејата и си 103% виновен. И никој нема да ги зема Косоварите сега од Косово да ги носи преку океан за да 2% Срби имаат мир на Косово.
Вечна им слава! И после толку години се уште ја паметам сликата од прозор гледавме како поминува војската додека чекаме родителите да дојдат да не земат од училиште..
Не е тој случај веројатно. Дечкото се шетал накај Калето во Тетово, но теренот не бил исчистен од терористи, го фатиле и го убиле. И не е нормално Тетово или било кој град да има толку многу Албанци, тоест никаде во свет не е нормално, еве гледаме дека сега во Украина 15% Руси во некој град сметаат дека тоа е нивно, ја погазуваат волјата на 70 или 80% Украинци и други народи, нивното било важно, убиваат до бескрај. Што е Македонија поарна или нешто побитна? Состојбата во Македонија многу одамна е драматично лоша, а кој тоа не го сфаќа на збор, ќе го сфати на дело и по грб, кога за 10 години во некои други места ќе има сериозни проблеми. И пак ќе кажам, нема никој да ги земе нив и од Косово и да ги носи некаде, за да Македонците и Србите живеат раат, оти тие ниви, куќи, односно пола држава не ги продадоа Американци, Французи, Германци или било кои, тоа се продаде Македончето и Србите на Косово. На 12 км од мене ми е првата албанска куќа, на ѕидовите испишале свои имиња, за да покажат чие е тоа. Не се криви за тоа во Илиноис, криви се тие помочковците наши што ја продале парцелата.
9 Мај 2015 - Диво Насеље, Куманово Припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и Единицата за специјални задачи Тигар (ЕСЗ ТИГАР) сега Специјална Антитерористичка Единица Тигар (САЕ ТИГАР), на 9 Мај 2015 година започнале акција против албанско терористичко дувло во населбата Диво Насеље, Куманово рано утрината во 04:30 часот . Акцијата траела речиси непрекинато 28 часа, се до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата завршила со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, која дел е се предале на македонските сили и власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај. Во вооружената престрелка со теростите, повеќе од 37 македонски полицајци биле тешко повредени а 8 полицајци биле убиени, сите припадници на ЕБР и САЕ ТИГАР. Вечна им слава!
А што мислите за едно вакво сценарио, значи кога првпат повика западот да се преговара, тоест веднаш повикаа, што ќе се случеше ако нашите беа кооперативни и прифатеа да преговараат? Не мора искрен да си за брз договор, ама прифати за пред светот да не бидеш насилник што тепа малцинство, оди на преговори па таму изнесувај аргументи и лобирај. Дали со брзи преговори, масакри како Вејце, Карпалак, Бриони, Мавровските работници ќе беа спречени? Веројатно да. Ем луѓето ќе беа спасени, ем угледот на државата оти вака сите сфаќаат колку си слаб штом обични сељаци ти спремиле масакр на армија. Дали ако Македонија разговараше попристојно со западните лидери имаше шанса за подобар договор? Веројатно да. Сетете се колку радикални изјави даваше Љубе, дека ако треба ќе оди во Хаг, со што предвреме сам веројатно си залепи етикета дека прави нешто надвор од дозволеното, а кога од Хаг го бараа, не бидна така, избега во Хрватска со надеж дека нема да го екстрадираат. Тука тој покажа слабост. Дали Хрватска можеше да не го екстрадира воопшто? Веројатно да. Дали Македонија можела да лобира, да не чека на самата Украина да и текне на нас, туку активно да лобира секаде. Што е со контактите на Борис Трајковски во САД? Нели работеше таму? Некој контакт немал ли да лобира? Кај е дијаспората наша во Канада и САД, Австралија, ај пари не дале, ај не дошле да се борат, а протести, а дипломатски и бизнис лобирања? Не знам колку знаете, нема да наведам име, човекот скоро почина, македонски политичар и бизнисмен во САД, родиум од тетовско, повеќе пати има одено кај Нимиц лично на средба и се карал со него и се фалеше со тоа. Да замолеа со пофин тон немаше да биде поарно и човечки да бараа помош, а не да се силат. И не можеш да речеш дека воено си победил, а делегацијата во Охрид на потпишување на договор ти патува преку Битола, оти преку Тетово не смееле од страв од напад. Рајата цело време оди преку Тетово, јас одев на екскурзија така во 2001 година, што е екстремна негрижа за населението.
Во 2001 година нашата држава имаше спремна војска и полиција и многу стручен кадар за да се справи со еден конфликт и една паравоена формација како што беше таа. Безбедносните служби и разузнавањето имаа точни информации што се подготвува и цело време укажуваа. За тоа што потклекна државата и потпишаа договор (Охридскиот) тоа беше под притисок на меѓународната заедница и на САД. Тогашниот претседател имаше доста добри односи со САД но беше изигран, целиот отпад на оружје што не и требаше на САД беше спуштано со контињери тука со нивни хелихоптери. Терористите без таа странска подршка и странски инструктори немаше да направат толку масакри како што направија. Срамот остана на чест на тие политичари што се согласија на тој договор и тие исти што се прогласија како ослободителна војска денес да изиграваат шерифи во оваа наша држава. Во 2001 војската се снабди со доста софистицирано оружје од украина борбени авиони и хелихоптери, и пешадиско оружје и беше воено спремна, имаше забрана од ООН да се користи одредено оружје. А патот до Тетово и околу Тетово накај Охрид беше безбеден за возење, а за заседи како Карпалак некој наполни џебови и беа пратени во сигурна смрт војниците без воздушна подршка со полн автобус муниција. А после тој конфликт кој и ден денешен има оставени длабоки траги криви се политичарите кои подклекнуваат пред терористе кој денес се во собрание, кога се прави успешна акција за разбивање на криминална и терористичка група како што е Планинска бура и ред други во Арачиново одма Албанците се угнетени правата им се нарушени. Додека не се свеснат политичарите и оваа багра еднаш за секогаш да се одстрани и одговара за сторените злосторства оваа држава ке оди назад, како што имаше истрага во Хаг за Љубе така треба и да има за некои ратни профитери што денес се актуелни во политиката.
Почнаа воени дејствија во Тетово, ако се преговараше веднаш, веројатно во кумановско и скопско немаше ни да има војна, животи ќе беа спасени. Големи се шансите дека немаше да има ни воени дејствија, ни загуби, ни раселени по хотели, ни оштети за тие да си купат куќи во градот. Заштедено на се. Не дека во Липково, Радуша, Арачиново имало некоја бројка на Македонци, немало, едноцифрена бројка, ама пак спасот од немири е спас. Не може да тврдиме дека армијата била преспремна, а сите команданти ене ги живи, здрави, влакно не им фали. Велите дојдоа во Собрание. Па ако беа 2 метри под земја во првите 3 дена, како ќе дојдеа во Собрание? Ако разузнавачките ги следеле немаше Обсе да ги спасува киднапираните Македонци од тетовско, 12 од Непроштено не се најдени до ден денес. Ако ги следеле, имаше мобилни во 2001 година, веројатно по сигнал можеле да ги лоцираат, ај ако биле побрзи и ти киднапирале цивили, ги лоцираш кај се, осмислува операција, им упаѓаш некако пеш или со хеликоптер, елиминираш терористи, пазиш да не убиеш цивили. Така би било да функционирало разузнавање.
Работа на разузнавање е да собере информации и да се реагира пред да се случи нешто а не откако ке се случи, цело време бес проследувани документи со класифицирани информации на кои никој не реагираше. Значи по тебе они требаа да пукаат а ние да седиме на маса и да преговараме со скрстени раце и да чекаме што ќе се случи следно. Разузнавање не работи само со следење на мобилни телефони, а за тие што биле киднапирани разузнавање собира информаци и проследува не прави план за упад а тие немаше да бидат спасени да не беа обсе бидејќи од нив добиваа насоки како да реагираат и што да прават со други не сакаа да преговараат. И прочитај што пишува во документот Комунике 1 го има на интернет.
Кој е тој мирен пат и дијалог они што го воделе и барале права уште пред 2001? Со кревање албанско знаме во Општина Гостивар ? Со правење демонстрации и проблеми тоа ли е тој мирен преговарачки пат . За да водиш преговори треба да имаш цивилизиран противник, а не некој што ќе те нарече окупатор, незнам кој во оваа ситуација е окупатор и му се дадени сите права!
Па не беше мирен патот, цело време алармираа дека не сакаат да се во иста држава со нас. Барање за автономија пред осамостојување на Македонија, барање за факултет, за знаме. Цело време беа напорни.
Па штом не сакаат да се во иста држава со нас што не одат во некоа друга држава па да ги бараат своите права таму или да одат во матичната Албанија штом се преставуваат Албанци а немаат ниту А. Да барање за факултет и од куќа во Мала Рецица во Тетово која сами ја прогласија за прв Албански факултет и ја каменуваа и напаѓаја полицијата цело време. Зошто во другите европски држави не им се даваат права на малцинствата ете факултети и знамиња? И за тоа што беа они напорни и што работеа и работат на таа тема и за нивната замислена Голема Албанија еве до кај догураме денес ние. Да бевме и ние напорни и сложни немаше да се случи ова а не дека требало преговори. Нашите иселеници да беа како нивната шиптарска емиграција која деноноќно ги помагаше во секое поле и лобираа секаде пак немаше да дојдеме до ова дереџе.
Дури мислам Македонците од Грција и Бугарија да правеа врева само 10% од тоа што го прават Албанците, ќе добиеја права. Им отворија Центар за македонски јазик во Лерин, никој не отишол да учи, го затворија. Васкопулис постојано пишува дека се незаинтересирани.