25 години од Масакарот кај Вејце. „Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња 'ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“ Запиша Игор Костески неколку часа пред негова херојска смрт за Македонија. Вејце, 28 Април 2001 година. Никогаш да не се заборави...
Ноќта на 7 август 2001 додека најголемиот дел од Македонија спиела, кај Карпалак се подготвувалo осило од терористичка заседа која следното утро ја облеало цела држава во мрак и тага. Утрото на 8 август, војнички конвој со околу 120 армиски резервисти од Прилеп, нaпуштајќи ја прилепската касарна и движејќи се кон Тетово, во 09:30 часот конвојот бил нападнат од терористи во заседа кај месноста Карпалак на патот Скопје–Тетово. Во нападот биле користени рачни ракетни фрлачи и тешки митралези како и зојли со долг дострел. Загинале 10 резервисти, а 3 биле ранети. Сите загинати биле од прилепскиот гарнизон. Тргнале да ја бранат државата но го погледнале лицето на ѓаволот додека живи гореле во затворениот хермелин кој бил спален од зојла, оставајќи ги сами своите семејства, сопруги, деца, родители, роднини и пријатели. Терористичкото зло не смее да се заборави, а жртвата на загинатите не смее да се премолчува. Вечна им слава!
Конфликтот од 2001-ва покажа дека за СРМ не треба да се бориш и да гинеш. Денес у влада седи гарнитура која изгласа амнестија на хашките случаи. Оние кои цртаа луѓе со ножеви по грб, добија амнестија пошто УЧК немаше да коалицира со Груевски. И денес, еден куп фиромци сакаат оваков дебил да пречекаат на плоштад како национален херој. Оној кој амнестираше психопати кои сечеа месо на луѓе, само за да си го спаси сопствениот криминоген гз.
За џабе само си погинале луѓето, за некој да се богати и луксузира. Арно шо никој денеска не сака од нас младиве да и служи на бановинава српска за некој да печали од твојот живот, мада лудилото нема крај, ќе им текне со сила да те регрутираат..
Не само во 2001 и тие во Диво насеље се загинати џабе, еве ги Македонци се спремаат во Косово да одат на шопинг да спремаат деца за на школо и да купуваат облека за свадби. За овакви безрбетници имаат загинато млади луѓе. Овие Македонци се поголем УЧК и од самото УЧК, и Грујо и тие што ги амнестираа Хашките случаи, а се вмровци и глумат потомци на Александар се исто УЧК, ништо друго.
Мала генерализација, Албанците не бирајќи средства се изборија за парче од колачот и привилегии. Мнозинството кое врзува крај со крај за да плати даноци на апаши, на scum of the earth и да се теши дека нешто придонесува се Македонците глупави. 35 години памет не им дојде.
Aj be ne zborete gluposti kolku luge se borat za zivot ,odvaj egzistiraat , imaat nereslivi problemi ,vlasi ,turci, grci ,makedonnci ,albanci ,rusi ,amerikacni ,itn ,itnt vie podgoruvate strasti sto vi gi podrgrevaat visite sili i se palite na toa mirr , sloga , podrska ,razbiranje davanje raka ne razgoruvanje na strastite od zborovi i naredbi koj idat od picke si mater
Штом трчаш во дуќан без фискална за 10 денари поевтино, толку вредиш, 10 денари. И што дека плаќаме даноци ние Македонците? Којзнае колку деца на УЧК борци се во Швајцарија, овде им тече и стаж и плата примаат. Се богатат, со некоја смешна бројка на терористи државичето го капитулираа и уценија за век и веков. Ама кај нив нема „Јас ли да одам, па што знам, па војска ли да служам, па јас ли да гинам“, комплекс на Бог, после мене крај на светот ќе дојде, јас мил на мајка, јас та никој друг. Таквите ставови не се ставови на маж, не се ни на жена, тоа се ставови на девојчиња што чекаат влез во пубертет, прва менструација и ќе останат тоа, девојчиња.
Кој подгрева страсти и какви Руси и Американци? Никој ни однадвор ни одвнатре не им е крив на Македонците што не се бунат и издржуваат арамии да паразитираат врз нив. Ако мнозинството во државата немало и нема намера да ја оправи таа држава, другите па ич.
Со помош на Америка и благодарение на оние кои беа задолжени да ја обезбедуваат границата помеѓу таканаречениот протекторат Косово и Македонија. Тука можат да се споменат војниците од Германија како најзаслужните сојузници на КЗК и АНА во преминувањето на границата. Американците со помош на контејнери доставени со хеликоптери ги обезбедија со оружје. Така да без нивна помош и поддршка никогаш немаше да успеат да го добијат ова што го добија денес ниту по воен ниту по политички пат.
Нешто друго сакав да кажам. Членот подоцна ги спомна Американците, американските државјани, во инаков контекст. Граѓаните најефикасно можат да дејствуваат во својата земја на живеење. Мисли глобално, делувај локално. А во врска co ова што го пишуваш ти, албанското лоби не е за потценување. Уште во 80-те години имало Албанец во конгресот на САД. Македонец конгресмен немало никогаш, и ред други работи.
Не се однесува на коментарот на членот, туку надоврзување на твојот коментар. Поентата беше дека сами не можеа да дојдат до ова што го имаат денес без ничија помош. Зошто беше уценувањето кон другите земји да не продаваат оружје на Македонија? Тоа со сигурност не е случајно, само Украина и Бугарија имаат помогнато во тој момент.
Одвоен е делот кој се однесува на твојата реплика, за другото онака се дообјаснував. Kој нема лоби, нема поддршка. Кај Македонците отсуствува визија и план, важно во корупција и неправди не се покусо од никого. За тоа никој од страна нe може да биде 100% виновен.
Е шо држава е ова... еднаш одбележуваат годишнина од Карпалак, после неколку дена, годишнина од Рамковен слават, честитаат... Луд, збунет, ненормален.
Нема врска лобито, ние не ни може да имаме лоби со корумпирани хоштаплери кој гледаат да ти го учукаат место да те поддржат. Буквално сме на комшијата козата да му умре државичка, а газовите зинати за профит.
Отишле политичарите да положуваат цвеќе на 08 август за Карпалак и денес за Љуботенски бачила. Не знам како не се срамат. Што направија до ден денес за бранителите многу ме интересира. Апсолутно ништо . Вечна слава херои.
Смешно е што идат ради реда, а не дека им значи. Да им значеше, сите виновници ќе беа зад решетки или под земја.