..Здраво Ја отвориив темава затоа што јас имам голема желба кога кје наполнам 18 години да идам на доброволна војска Сум слушнала дека обуката е во Велес , .. иначе сакав да ве прашам .. -дали е битно , колку кила и висина имаш за да служииш доброволна војска? -дали некоја од вас била или сака да иде. И дали знаете нешто повекје да ми објасните
Навистина браво што имаш желба која е мошне ретка кај женската популација. Ти посакувам истата и да ја исполниш! Од она што имав можност во скоро да го прочитам е дека во АРМ има 90 офицерки, 96 подофицерки и 112 професионални војнички. Исто така на тв зборуваа дека на обука за воени пилоти на воени хеликоптери меѓу најдобрите 4 кандидати има и жена. До сега највисок чин до кој напредувале жените во АРМ бил потполковничкиот, ниту една нема завршена генералска школа. Малку жени се поставени и работат во родови како пешадија, артилерија, оклопно-механизирани единици и др. Работат во логистика, финансии, наместо во трупи и со тоа не успевале да дојдат до чин на генерал. Околу останативе пропозиции и мене би ме интересирало што е потребно за една жена да се пријави за во војска, а богами и убаво е да се напредува со воена академија. П.С. Мислам дека темава треба да се премести во посоодветен форум, бидејќи не е баш за разонода во слободно време туку и те како е сериозна тема
Браво за тебе, желбата можеш да си ја исполниш без оглед на килажата и висината. Да, војската се служи во Велес, три месеци. Еве баш денес ги пуштија оние кои што беа таму и служеа летниов период. Килажата, висината и слично не играат голема улога, пред влегување треба да поминеш лекарски прегледи. Кога ќе отидеш, треба да поминат 20 дена и потоа даваш заклетва. Додека не дадеш заклетва, можеш да се откажеш. Бидејќи се работи за доброволна војска, нема критериуми, во глобала сите ги примаат. Имаш три оброка во текот на денот, секое сабајле во 06:00 часот мора да бидеш спремен, креветот и пижамите мора да ти бидат наместени по нивните правила, кои се многу строги, т.е. беа, а сега војската не е тоа тоа... Секое сабајле имаш вежби, па потоа следат предавања и секојдневни активности. Многу често ќе ве стројат на писта, речиси на секој саат. Знаеш дека задолжуваш опрема, облека и оружје. Порано доколку ја оштетиш опремата повеќе од 5%, ти следуваше притвор. Исто така доколку си командир на група, има посебни правила за тебе, но тоа откако ќе влезеш... По закон, ти следува излегување еднаш месечно, за време на викенд. Те пуштаат во петок после ручекот, кој е од 14:00, и треба да се вратиш во недела, најкасно до 21:00 часот. Јадењето не е баш најдобро, за ручек претежно даваат манџи, но дозволуваат да внесувате храна под услов да има рок на траење. Како што напоменав, се станува пред 06:00 часот, а во соба мора да бидеш околу 21:30 часот, па следи строење и на спиење! Е сега, интересен дел од војската е стража. Стражата е единствена борбена задача која би ја извршувала. Можат да служат само психички стабилни лица, пред доделување на таа задача се поминуваат психо-тестови, се оди кај психолог и треба да добиеш дозвола за да служиш. Значи додека си на стража, имаш посебна опрема, оружје, посебен режим... Доста е напорно и интересно. Не знам што те интересира поконкретно, доколку имаш некое прашање повели, можеби ќе можам да ти одговорам. Војската не е на тоа ниво што беше порано, многу е лабаво сега, денешните војници имаат преголеми бенефиции. Едит: Во врска со воените пилоти и конкурсот што беше објавен пред повеќе од три месеци, за да бидеш воен пилот треба да си повеќе од совршен. Тоа е најтешката задача во војската, не секој може да биде воен пилот. Тестирањата беа со многу строги критериуми, се` се одвиваше под бурното око на Израелските експерти - тестирањата ги вршеа нивни луѓе, нивни психолози, имаше многу тешки и исцрпувачки задачи, да бидеш воен пилот е прашање на талент, или го имаш - или го немаш.
Хехе многу Ви благодарам што се потрудивте подетално да ми објасните .. јас секој ден им зборам на моите дека одвај чекам да идам во војска верувате? тато секој ден го прашувам , кога бил во војска што правела се тоа . Имам поголем брат ии чудно ми е тој никогаш нема спомнато за да иде доброволна војска или нешто прашано окулу тоа. :/ камо јас да бееф како него. Инаку некој ми кажуваат без врски тешко таму... Бараат ли мн. трчање? јас со кондиција сум слабо. сеа од понеделнииик решена сум да трчамм покрајј кееј со другарка мора да се спремам хаха мене ми ее интересно да видам како е таму , убаво искуство би било , иако за жал сега се помалце идат. Но вреди да се иде. Вреди да си спремен за се . еееех пуста желба пс: неможам да им одолеам на војниците http://sphotos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 0121_n.jpg поздрав!
служење на воен рок Брат ми кажуваше дека лани на училиште им земале лични податоци и им рекле дека годинава ќе служат војска, бваш вчера разговаравме на темава и кажа дека повторно ќе било како порано, повторно ќе морало да се служи војска.
^ете Pirana објасни подетално. Треба да го запазиш рокот за пријавување и другото они ќе те известуваат.
Треба во твојот град да се пријавиш во подрачна единица. Од кога ке се пријавиш ти дават листови со кој треба да одиш на лекарски прегледи во воена болница во ск. Тие се 2 дена. Резултатите ги добиваш истата ден ако поминеш 1 ден остануваш и 2та ден. За женски претходно треба да имат потврда од матичен гинеколог и да направат некој тестови. Подобро бидете пријавени во заводот како невработени и по можност на 6 месеци. Јас одев и во социјалното за сини картони. Трошоците за прегледи ти ги плаќаат без разлика дали си поминал во воена болница или не, но после некој период. Војската е ДОБРОВОЛНА нема физички тестови како што имат и кандидатите за полицаец, но тоа не значи дека треба закржлавени и без никаква кондиција да заминеме таму. Килажа и висина немат врска. Во февруари, во јули и во ноември. Војската се служи само во велес и трае 3 месеци.
Во полициска станица одиш има посебна канцеларија за војска пријавување, потпишуваш таму некој документ мал, со поканата мислам дека треба да одиш, потоа одиш на лекарски прегледи во Скопје и чистиш касарни по Велес и се досадуваш на фејсбук на телефон, метиш лисјата пред касарна. И не е ништо како што очекувате. Доколку сакате да се одјавите пред да отидете на преглед само отидете кажете си не е ништо страшно ќе ве одјават од војска ќе наведете причина пример „поради здраствен проблем“ или „поради спортски активности“ било што... и тоа е
Здраво Заинтересирана сум за служење војска. Со оглед на тоа што повеќето постови се стари, би Ве замолила Вас да ми одговорите доколку имате повеќе информации. Начин за пријавување, потребни вештини, избор на пријавени кандидати, активности за време на служењето и сл.
Ако имате Народна Одбрана кај вас во град , треба таму да се пријавиш . Ние во Тетово имаме Народна Одбрана , маж ми таму се пријавуваше и таму му кажаа што и како треба . За доброволна војска мислам дека не требаше многу вештини , но не е на одмет да си физички спремна за склекови , згибови , трчање и слични активности . Мислам дека имаше и одреден број на горенаведените физички вежби кои треба да ги поминеш ( околу 30 склекови беа мислам , не ме фаќај за збор , маж ми беше пред 4 години ) . Во главно од документи ти треба лична карта или пасош , и ќе те пратат во Воена Болница на систематски преглед , документот што ќе ти го дадат ќе ти треба колку што се сеќавам .
Во Скопје јас се пријавив во општина само со лична карта,потоа ти стига по пошта кога треба да идеш на прегледи во воена болница.Кога ќе идеш не ти треба ништо ни склекови ни стомачни не проверуваат но добро би било да бидеш физички спремна за вежбите таму.Активности имаш: вежбање,учење,3пати одиш на пукање и се останато е чистење,чистење,чистење
Тој што ќе ти каже дека треба физичка подготбеност те лаже Помини на лекарски прегледи во боена болница и те чекаат 3 месеци служење на воен рок во велес. Месец дена општа воена "обука" уште 2 3 недели подготовки за дежурства на пријавница и почнуваш со дежурства. Со срека нека ти е и знај дека тоа ќе ти биде најубавото искуство во твојот живот П.С. и во војската се покажаа девојчињата како поиздржливи и посилни
Како тоа ја лажеме за физичка подготвеност?Па секое сабајле ппред доручек има прво вежби.И на тие дежурства не си секој ден туку се мењаваш.Ние од 14 девојчиња само 5 беа на пријавница во комбинација со машко другите девојчиња немаа никаква друга обврска
Пред колку време си служела ти?? 6:20 на мала писта и до појадок редарство нема вежбање течење или нешто слично што може да се нарече утринско дежурство на пријавница само девојчиња можеби не секој ден ама на 3 дена да а машките си се на стража. Од класа до класа има разлика последната генерација ни ни осетија што значи војска зошто годинава старешините се презафатени со курсот за пфв
Јас мислам служењето на воен рок треба да се врати повторно. Со тоа младите се учат на ред и дисциплина. А сега се е обратно. Стануваат кога ќе им текне, јадат кога ќе им текне, се дрогираат, не се точни на време, и што е најстрашно многу машки имаат дечко
Токму така. Всушност најголем дел од тие што служат војска (Велес, три месеци) покасно се вработуваат во АРМ што, како професија, и не е добро платено тоа што го работат таму, и не се почитувани многу во цивилство поради што постојат и поединци од АРМ кои и те како ја оцрнуваат професијата војник. Служењето војска мислам дека треба да биде задолжително, за машки девет месеци, за женски барем половина, сместени не во исти касарни. Дисциплината стекната таму вреди за цел живот.