1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Војска

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Yeeah, 21 септември 2012.

  1. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.822
    ..Здраво :)
    Ја отвориив темава затоа што јас имам голема желба кога кје наполнам 18 години да идам на доброволна војска :) Сум слушнала дека обуката е во Велес , ..
    иначе сакав да ве прашам ..
    -дали е битно , колку кила и висина имаш за да служииш доброволна војска?
    -дали некоја од вас била или сака да иде. И дали знаете нешто повекје да ми објасните :)
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Навистина браво што имаш желба која е мошне ретка кај женската популација. Ти посакувам истата и да ја исполниш! ;)
    Од она што имав можност во скоро да го прочитам е дека во АРМ има 90 офицерки, 96 подофицерки и 112 професионални војнички.
    Исто така на тв зборуваа дека на обука за воени пилоти на воени хеликоптери меѓу најдобрите 4 кандидати има и жена.
    До сега највисок чин до кој напредувале жените во АРМ бил потполковничкиот, ниту една нема завршена генералска школа. Малку жени се поставени и работат во родови како пешадија, артилерија, оклопно-механизирани единици и др. Работат во логистика, финансии, наместо во трупи и со тоа не успевале да дојдат до чин на генерал.
    Околу останативе пропозиции и мене би ме интересирало што е потребно за една жена да се пријави за во војска, а богами и убаво е да се напредува со воена академија.


    П.С. Мислам дека темава треба да се премести во посоодветен форум, бидејќи не е баш за разонода во слободно време туку и те како е сериозна тема ;)
     
  3. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Браво за тебе, желбата можеш да си ја исполниш без оглед на килажата и висината.
    Да, војската се служи во Велес, три месеци. Еве баш денес ги пуштија оние кои што беа таму и служеа летниов период. Килажата, висината и слично не играат голема улога, пред влегување треба да поминеш лекарски прегледи. Кога ќе отидеш, треба да поминат 20 дена и потоа даваш заклетва. Додека не дадеш заклетва, можеш да се откажеш. Бидејќи се работи за доброволна војска, нема критериуми, во глобала сите ги примаат. Имаш три оброка во текот на денот, секое сабајле во 06:00 часот мора да бидеш спремен, креветот и пижамите мора да ти бидат наместени по нивните правила, кои се многу строги, т.е. беа, а сега војската не е тоа тоа...
    Секое сабајле имаш вежби, па потоа следат предавања и секојдневни активности. Многу често ќе ве стројат на писта, речиси на секој саат. Знаеш дека задолжуваш опрема, облека и оружје. Порано доколку ја оштетиш опремата повеќе од 5%, ти следуваше притвор. Исто така доколку си командир на група, има посебни правила за тебе, но тоа откако ќе влезеш...
    По закон, ти следува излегување еднаш месечно, за време на викенд. Те пуштаат во петок после ручекот, кој е од 14:00, и треба да се вратиш во недела, најкасно до 21:00 часот. Јадењето не е баш најдобро, за ручек претежно даваат манџи, но дозволуваат да внесувате храна под услов да има рок на траење. Како што напоменав, се станува пред 06:00 часот, а во соба мора да бидеш околу 21:30 часот, па следи строење и на спиење!
    Е сега, интересен дел од војската е стража. Стражата е единствена борбена задача која би ја извршувала. Можат да служат само психички стабилни лица, пред доделување на таа задача се поминуваат психо-тестови, се оди кај психолог и треба да добиеш дозвола за да служиш. Значи додека си на стража, имаш посебна опрема, оружје, посебен режим... Доста е напорно и интересно.
    Не знам што те интересира поконкретно, доколку имаш некое прашање повели, можеби ќе можам да ти одговорам.
    Војската не е на тоа ниво што беше порано, многу е лабаво сега, денешните војници имаат преголеми бенефиции.

    Едит: Во врска со воените пилоти и конкурсот што беше објавен пред повеќе од три месеци, за да бидеш воен пилот треба да си повеќе од совршен. Тоа е најтешката задача во војската, не секој може да биде воен пилот. Тестирањата беа со многу строги критериуми, се` се одвиваше под бурното око на Израелските експерти - тестирањата ги вршеа нивни луѓе, нивни психолози, имаше многу тешки и исцрпувачки задачи, да бидеш воен пилот е прашање на талент, или го имаш - или го немаш.
     
    На plavushaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.822
    Хехе многу Ви благодарам што се потрудивте подетално да ми објасните .. :)
    јас секој ден им зборам на моите дека одвај чекам да идам во војска верувате? тато секој ден го прашувам , кога бил во војска што правела се тоа . Имам поголем брат ии чудно ми е тој никогаш нема спомнато за да иде доброволна војска или нешто прашано окулу тоа. :/ камо јас да бееф како него. Инаку некој ми кажуваат без врски тешко таму...
    Бараат ли мн. трчање? јас со кондиција сум слабо. :worried: сеа од понеделнииик решена сум да трчамм покрајј кееј со другарка :P мора да се спремам хаха :D
    мене ми ее интересно да видам како е таму , убаво искуство би било , иако за жал сега се помалце идат. Но вреди да се иде. Вреди да си спремен за се .
    еееех пуста желба :)

    пс: неможам да им одолеам на војниците :$

    http://sphotos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 0121_n.jpg поздрав! :D
     
    На plavushaaaa, koritsaki и sunfemina им се допаѓа ова.
  5. plavushaaaa

    plavushaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    -колку време се служи војска
    -каде треба да се пријавите за да одите
    -какви се условите таму ....
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    служење на воен рок

    Брат ми кажуваше дека лани на училиште им земале лични податоци и им рекле дека годинава ќе служат војска, бваш вчера разговаравме на темава и кажа дека повторно ќе било како порано, повторно ќе морало да се служи војска.
     
  7. plavushaaaa

    plavushaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    служење на воен рок

    и јас сакав да одам ама незнам што и како се процедурите
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^ете Pirana објасни подетално. Треба да го запазиш рокот за пријавување и другото они ќе те известуваат.
     
  9. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Треба во твојот град да се пријавиш во подрачна единица. Од кога ке се пријавиш ти дават листови со кој треба да одиш на лекарски прегледи во воена болница во ск. Тие се 2 дена. Резултатите ги добиваш истата ден ако поминеш 1 ден остануваш и 2та ден. За женски претходно треба да имат потврда од матичен гинеколог и да направат некој тестови. Подобро бидете пријавени во заводот како невработени и по можност на 6 месеци. Јас одев и во социјалното за сини картони. Трошоците за прегледи ти ги плаќаат без разлика дали си поминал во воена болница или не, но после некој период. Војската е ДОБРОВОЛНА нема физички тестови како што имат и кандидатите за полицаец, но тоа не значи дека треба закржлавени и без никаква кондиција да заминеме таму. Килажа и висина немат врска.
    Во февруари, во јули и во ноември. Војската се служи само во велес и трае 3 месеци.
     
  10. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Во полициска станица одиш има посебна канцеларија за војска пријавување, потпишуваш таму некој документ мал, со поканата мислам дека треба да одиш, потоа одиш на лекарски прегледи во Скопје и чистиш касарни по Велес и се досадуваш на фејсбук на телефон, метиш лисјата пред касарна. И не е ништо како што очекувате. Доколку сакате да се одјавите пред да отидете на преглед само отидете кажете си не е ништо страшно ќе ве одјават од војска ќе наведете причина пример „поради здраствен проблем“ или „поради спортски активности“ било што... и тоа е
     
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    42.659
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Заинтересирана сум за служење војска. Со оглед на тоа што повеќето постови се стари, би Ве замолила Вас да ми одговорите доколку имате повеќе информации.
    Начин за пријавување, потребни вештини, избор на пријавени кандидати, активности за време на служењето и сл. :)
     
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    25.162
    Пол:
    Женски
    Ако имате Народна Одбрана кај вас во град , треба таму да се пријавиш . Ние во Тетово имаме Народна Одбрана , маж ми таму се пријавуваше и таму му кажаа што и како треба :) .
    За доброволна војска мислам дека не требаше многу вештини , но не е на одмет да си физички спремна за склекови , згибови , трчање и слични активности . Мислам дека имаше и одреден број на горенаведените физички вежби кои треба да ги поминеш ( околу 30 склекови беа мислам , не ме фаќај за збор , маж ми беше пред 4 години ) . Во главно од документи ти треба лична карта или пасош , и ќе те пратат во Воена Болница на систематски преглед , документот што ќе ти го дадат ќе ти треба колку што се сеќавам .
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  13. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Во Скопје јас се пријавив во општина само со лична карта,потоа ти стига по пошта кога треба да идеш на прегледи во воена болница.Кога ќе идеш не ти треба ништо ни склекови ни стомачни не проверуваат но добро би било да бидеш физички спремна за вежбите таму.Активности имаш: вежбање,учење,3пати одиш на пукање и се останато е чистење,чистење,чистење
     
    На Sannelaa и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  14. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Тој што ќе ти каже дека треба физичка подготбеност те лаже
    Помини на лекарски прегледи во боена болница и те чекаат 3 месеци служење на воен рок во велес. Месец дена општа воена "обука" уште 2 3 недели подготовки за дежурства на пријавница и почнуваш со дежурства. Со срека нека ти е и знај дека тоа ќе ти биде најубавото искуство во твојот живот
    П.С. и во војската се покажаа девојчињата како поиздржливи и посилни
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  15. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Како тоа ја лажеме за физичка подготвеност?Па секое сабајле ппред доручек има прво вежби.И на тие дежурства не си секој ден туку се мењаваш.Ние од 14 девојчиња само 5 беа на пријавница во комбинација со машко другите девојчиња немаа никаква друга обврска
     
  16. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Пред колку време си служела ти?? 6:20 на мала писта и до појадок редарство нема вежбање течење или нешто слично што може да се нарече утринско дежурство на пријавница само девојчиња можеби не секој ден ама на 3 дена да а машките си се на стража. Од класа до класа има разлика последната генерација ни ни осетија што значи војска зошто годинава старешините се презафатени со курсот за пфв
     
  17. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Еве тема на која мислам дека треба да се развие дискусија.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Каква дискусија бре..85% од младите ни ни знаат дека се уште може да служат војска
     
    На Nut и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  19. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Јас мислам служењето на воен рок треба да се врати повторно. Со тоа младите се учат на ред и дисциплина. А сега се е обратно. Стануваат кога ќе им текне, јадат кога ќе им текне, се дрогираат, не се точни на време, и што е најстрашно многу машки имаат дечко :puke:
     
    На Дејан. и The_boy им се допаѓа ова.
  20. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Токму така.
    Всушност најголем дел од тие што служат војска (Велес, три месеци) покасно се вработуваат во АРМ што, како професија, и не е добро платено тоа што го работат таму, и не се почитувани многу во цивилство поради што постојат и поединци од АРМ кои и те како ја оцрнуваат професијата војник.

    Служењето војска мислам дека треба да биде задолжително, за машки девет месеци, за женски барем половина, сместени не во исти касарни. Дисциплината стекната таму вреди за цел живот.
     
    На Sannelaa и lilo им се допаѓа ова.