Неодамна на програмот на телевизија Канал 5 започна да се емитува реалното шоу Во Оган! Во ова шоу учествуваат професионални и непрофесионални готвачи! Се натпреваруваат за титулата најдобар готвач! Имено групата е поделена на два тима : зелениот и црвениот тим, и истите се натпреваруваат во приготвување на разни јадења, десерти и сл! Сето ова навидум е копија од америчките тв шоуа, но кај нас баш е интересно, поради тоа што е нешто поразлично од стандардните шоуа како што е големиот брат! Па што мислите вие за ова?
Јас го гледам и многу ми е интересна емисијата. Особено вчера беше интересно кога со затворени очи и со слупалки им даваа да јадат, и они да погодат што е, баш си се изнасмеав. Инаку истово шоу (само американско) го гелдав и на Скај нет, и навистина идејата е украдена, ама поразлично е од останатите шоуа... И може да се науи по некој интересен рецепт или кулинарски совет. Браво за шоуто
Јас сум голема љубителка на вакви кулинарски емисии.Се израдував кога видив дека ке има и тука такво шоу,ама после првата епизода потполно се разочарав. Повеќето се професионални кувари,во светот обично натреварувачите се аматери. Онаа тетката со пуштената коса,фатена напред просто неможам да ја гледам,основно правило во кујна па и домашната е ФАТЕНА коса. Храната што ја припремаат нема ништо ново,невообичаено,просто нема никаква имагинација. Мене лично ми личи храната што досега ја припремаа за во менза,а не на храна припремана од врвни готвачи. А за судиите др,мр некои титули сто немаат врска со ништо..... Во светот судиите се шефови(chefs)кои имаат 2-3 ресторани со безброј награди итн а не со титули доктор,магистар итн,значи успехот стои зад нивната компетентност не титула некоја си. Све на све слаба копија на светските кулинарски емисии. Јас лично сум тотално разочарана......
Bittersweet Морам да кажам дека воопшто не се согласувам со тебе ... Во жирито едниот е професор во угостителското училиште во Скопје, а другиот е готвач (или шеф или незнам што ) во Александар палас (истиот кој го организираше варењето грав со кој стасавме до ГИНИС) , и баш сметам дека се доволно компетентни за да оценуваат. Копија на странските шоуа- ДА, но мора да признаеме - УСПЕШНА! И храната што ја припремаат ми е ОК, а пред се многу ми се допаѓа како декорираат.
^Секој си има право на свое мислење тоа е мое. Прво воопшто не е професионално да ја оставаат онаа теткицата со косата распуштена,ај сега ке јадеме храна зачинета со влакна Не навлегувам во компетентноста на судиите мене лично ми е сувишно оно со титулите.Тој професорот има textbook knowledge.. нема успешен ресторан зад себе,тоа е како да си положил за возачка а никогаш да не си седнал зад волан и да се нарекуваш возач. Другиот е ок што е шеф на кујна во александар палас(а гравот што го направи со кој влеговме во гинис беше загорен ) Јас очекувам од ваков тип на шоу да има WOW фактор,да се припрема нешто невообичаено,не нешто што секојдневно го припремам во својата кујна.Значи ориз со копани,гулаш,риба во фолија за мене е храна за во менза,а декорациите особено оној лебедот од портокал е за на селска слава. Јас како аматер готвач сум одела како помала на курсеви за италијанска,кинеска,јапонска,француска кујна така да ово шоу не ми остави никаков добар впечаток,особено со фактот дека повеќето се професионални кувари. Погледни на оваа стр што праваат деца од 8-12год па ке ти биде јасно зошто мислам дека не е воопшто добра емисијава http://www.masterchef.com.au/
Гледав на Канал 5 прошлата сабота и интересно ми беше. Особено ми се допаѓа што е македонска емисија со македонски натпреварувачи.
Не е кој знае што, ама интересно е. Нема вип фаци, нема локални фраери и фраерки што по цел ден се се легачат и се џапаат, нема сцени за цензура, никој не се помочал во кревет...... Мене интересно ми личи, е сега ако фатам да коментирам ќе му најдам маана До сега, од сите реални глупости што се емитувале кај нас ова е најинтересно.
Па до титулата сигурно не дошол само од читање книги, и никој не е покомпетентен да оценува отколку ПРОФЕСОР кој ги учи готвачите, зарем не... Кого според тебе да стават во жири, шеф на кујна??? Епа тие се натпреварувачите, таков е концептот на емисијата и сепак мора некој кој е НАД нив да оценува... А емисијата дури сега почна, па и претежно добиваат задача што да подгват, и сигурна сум дека понатаму ке бидат покомплицирани рецепти, иако мене и овие обичните не ми пречат... И натпреварувачите - особено професионалните и тоа како добро знаат да си ја завршат работата... А ти како аматер готвач, очигледно имаш многу да учиш, па прво изгледај си ги видеата за 8-12 годишници, па дури после после премини на кулинарски шоуа...
Не знам стварно што си се фатила со МОЕТО мислење, тоа е токму тоа МОЕ мислење.... Видеата за децата од 8-12 години би требало да ги изгледаат учесниците на шоуто,сигурна сум дека нешто ке научат, а јас повеќе научив од нив него од овие професионалниве готвачи.....
Браво за одлуката да се направи вакво шоу, ни треба здивнување од сите реални шоуа што се ништо повеќе од е*ење пред камера (пардон мај френч). Ама. Една епизода имам само изгледано, па ај ќе се фатам за таа. Имаше некој предизвик за имунитет мислам, што е уствари иста прича од Top Shef на СкајНет. Мене смешно ми падна што имунитет доби тој што направи најубави сарми. Шефот на кујна го оценуваше изгледот на сармите ко да е најголема филозофија на цел свет, а потоа и ги броеше. Па мајку му, не е шоуто „Во домаќинлук“. Второ, повеќето од готвачите ми се тешки сељо фаци. Типични биртиски кувари, дали еден или двајца ги бива за пред камера, останатите се заостанати и во изразување. Е сега, знам дека се бира талент во готвење, не во ораторство, ама бидејќи е шоу, се очекува на гледачите да им биде понудено нешто интересно. Можеби ќе си го сменам мислењето откако ќе изгледам уште некоја епизода, ама сега засега ми личи на проект што потфрлил.
Ѕирнав малку во Саботата и ми беше интересно Баш начекав каде што беа со врзани очи и погодуваа вкусови на јадења Се на се интересно шоу, плус има и Прилепчанец па ќе си навивам за него
^Битно како прилепчанец се води Плус сите онде не знам на каков јазик зборуваат, никој литературно не зборува Ама ако, интересни се. Еднаш ќе рече зејтин, после тоа вика уље и на крај масло за јадење. Ахх....
Идејата е да се приготвуват македонски традиционални рецепти! И навистина имаме многу убави рецепти и треба да се гордееме со нив. Инаку шоуто има пропусти, но некако ми е најинтересно од сите останати од ваков вид.
Изгледа тогаш јас сум во грешка,бидејќи идејата е да се приготвуваат македонски традиционални рецепти. Гулашот спаѓа јас колку што знам во унгарска кујна. Тирамису е италијанска кујна. Пилешка салата, никако не е традиционална македонска кујна. Освен виткањето на сарми, друго ништо не видов од традиционална македонска кујна. Не знам сега кој е во забуна..........
Идејата не е да се приготвува само македонска традиционална храна, а идејата не е ни да презентира како се прави некој рецепт, бидејки детално не е ништо прикажано колку и како се подготвува. Сетоа тоа е ИГРА, ама интересно е што може да се научи по некој трик во готвењето. Инаку секој ден има на канал 5 по еден од готвачите како подготвува 3 рецепти каде стварно целосно е прикажано како се подготвува.
^Си напишав во првиот пост,свое мислење за емисијава,јас никој не цитирав,ниту убедував дека треба да се сложи со моето мислење. Јас сум си успешна во професијата за која сум се образувала,која нема никакви допирни точки со готвење.
Приготвување на стари македонски рецепти, како прво, значи меѓу другоито и такви....незнам зошто некому би му биле селски.А како второ Мк како срце на балканот има попримено многу од кујните на поблиските дршави.така да повеќе е за очекување дека ќе има гулаш одколку бурито.Иако за гледачите можеби тоа не е интересно но тоа им бил концептот Тоа ми беше муабетот , нескаам да навредам никој