1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Размислував дали да ја ставам во свадба или во мода и стил, па посоодветно ми изгледаше овде, ако не чини слободно префрлете ја.

    Јас сум за големо НЕ. Ми се чини дека ќе избркам некоја ако ми се појави во бел фустан на свадба, па ако сака и свекрвата нека е. Кратки бели фустанчиња ми се поприфатливи, но сепак сметам дека нема потреба при изборот на гардероба и боја за свадба изборот да падни баш на бел фустан, каков и да е.

    Пред неколку месеци една моја познаничка правеше свадба, сестра и близначка се појави во долг бел фустан со чипка и светки и не се разликуваа воопшто, премногу глупаво изгледаше затоа што луѓето не знаеја која е која.
    Исто така, на друга свадба, свекрвата слаба жена која за годините изгледа одлично, има убаво тело, убаво лице, многу е елегантна, носеше бел долг преубав фустан, но ја засени невестата која нсоеше пообичен. Уште па и ако не носи превез невестата и тоа е тоа...
    Што мислите вие за ова непишано правило? (кое сепак мислам дека треба да се почитува)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Мислам дека кратко бело фустанче не е никаков проблем, раскошен бел долг фустан е веќе малку подруго, но не знам дали вистина некој носи такви фустани на свадба.
    И мислам дека ако невестата лови на нејзината свадба која носи бело, е една Бог да чува исфрустрирана, искомплексирана невеста. Јас на мојата свадба воопшто не дојде на ред да гледам која што носи, отпосле некој ми спомна дека некоја носела бело као демек види сакаше да те засени |( и такви муабети од старт скратив. Ќе ме засенела оти носела бело, аман де што ви е? Некоја може ме засенила со својата убавина, друга со своето презгодно тело, трета со танцувачки способности...не сум до толку нетокму да мислам дека цела вечер јас бев најубава и сите очи само кон мене беа вперени, ниту пак тоа била целта на мојата свадба. Глупаво ми е, не знам, не придавам воопшто значење...
     
    На staycalm, Trxmx, CameliaMiller и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Единствено сум против долг бел фустан, многу глупаво изгледа така. Самото чувство е глупаво и незнам зошто некој би се одлучил да облече бел долг фустан.
    Иако и покрај тоа неможе да не се знае која е невестата.
    А краток бел, зошто да не.
    И ако девојка облече бело на нечија свадба, не е од што дака да ја засени невестата туку затоа што таков паднал изборот.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Јас каков фустан си имам замислено во глава за невеста, ма никој нема да може да ме засени ;)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Не и не. Никаков бел фустан. Ни краток, ни долг, ни тесен, ни широк. Апсолутно никаков. Која е потребата да се носи бело на свадба? Имаш секаков избор, секакви бои и зошто да биде бело? Носи си го во секаква друга пригода фустанот, ама не на свадба.
    Скорпионка, нема да ги скенираш луѓето, ама нели се сликаш со сите, па нормално дека ќе забележиш.
    На мојата свадба да дојдеше некој вака да ми се избаци ќе беше вратен. Верувајте ми на зборот.
    Може е ситно од моја страна, ама па ситно е и од нејзина. Не дека мене ќе ме засени или нешто, ама не ми личи едноставно и тоа е тоа. Нека носат какви сакаат фустани, допичњаци, притеснети, курвински, какви сакаат нека бидат, ама не бели.
     
    На all4him, Emma2, Anja98 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со Скорпионка . По која логика бел краток фустан , бел костим , кошула , пантолони ке придонесат да те замешаат со невестата ? Мислам се кажало бело не се носи па ајдее сега сите по тој памет . Пред година дена кога чув за ова се изнасмеав , од скоро сфатив и дека не сум била единствената што не чула , што значи секој со своето мислење . Ама на МОЈОТ ден на МОЈАТА свадба да се замарам дали некој облекол бело или вака или онака ? Па ја не сум ги канела заради облеката , кога ми е некој драг и близок апсурдно е ако се облекол не знам у бело или црно мене тоа да ми го расипе денот . Глупости ... мене ќе ми е најдраго да си поминат и да си поминам убаво , а кој колку имал и сакал се дотерал .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ни краток ни долг не би облекла .
    Од толку бои и дезени зошто да се фаќам за бел фустан . Од каде да знам дали на невестата ќе и смета или не ? Сепак нејзина свадба е .
    А и културно е според мене да го испочитуваш тоа правило , плус да се поштедам од вакви погледи :^)

    На мојата свадба (здравје :D ) тешко дека ќе вратам некој ако се облекол во бело , може и нема да приметам оти гарант ќе бидам узбуџена :rofl:
     
    На all4him, imelda, Sweetheart87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.215
    Допаѓања:
    124.192
    Немам баш некој став за ова, но бевна една свадба каде помалиот брат се женеше, а постариот уште не беше женет. Девојката на постариот брат дојде во бел фустан на свадбата, долг и личеше како она да е невеста, само малку несредена. Некои од роднините на момчето почнаа нејзе да и честитаат.
    И невестата цела насмеана, мртва - ладна :) зема црвено вино и ја поли целата :) Ептен насмеана :) и си продолжи да игра, а оваа подзината остана :) Веројатно....гуд тинг ту ду?
     
    На Trxmx, Neodlucna, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Многу е побитно како ти како невеста ќе си поминеш на свадбата, зашто тоа е твој ден, одошто како другите ќе си поминат, бидејќи ним тоа не им е толку посебен и специјален ден како што тебе ти е. Сум била сведок на свадби каде навистина било непријатно кога некои девојки носеле бел долг фустан, пример мали дечиња одат по таа девојка трчкаат мислат дека е невеста, а невестата како во втор план, уште со 3-4 други невести во ист ден се венчава.
    Што знам, јас не сум воопшто традиционална и не ни подржувам големи свадби со триста адети старски, ама кога веќе збориме не ми личи бел фустан на свадба и точка. Јас сакам кога сум на свадба и од далеку кога ќе се свртам да ја видам невестата, само таа да е во бело и да боди очи, да си биде центар на внимание како што и заслужува, нејзин ден е не гледам зошто да не е така.

    А за тие што велите бело кратко било во ред, бело долго веќе не е во ред, од една страна и сте во право можеби ама пак денес секој си има различен стил, колку невести има што си идат со пократко фустанче ама битно бело, и сега и јас со такво и ајде двете ќе сме си исти. Од толку бои, модели, дезени, можни комбинации не ми ни паднало на памет да одберам бело за свадба. Барем ние жените имаме да бираме и бираме и бираме.. Што мора бело, па тоа е и досадно, нешто посмело е подобро во секој случај.

    Еве ќе облечам бел краток фустан и идам на свадба и невестата во нешто слично. Еве ова сега коктел фустан е бел, ама некој може да си го искористи и како невестински доколку не е љубител на долги фустани. Баш пред месец време бев на свадба и невестата ваков фустан носеше, и што треба и јас ист да облеков и ајде сто невести..

    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]

    Оставете и на невестата да експериментира со белото, тоа ми е зборот, ако сака и со бели панталони нека се венча, оставете и го белото, оставете да биде центарот.
     
    На eleni23, Veki4kaa, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Девојки, земете предвид дека не секоја невеста носи голем, раскошен фустан а ла Елизабета Прва.
    Има невести кои сакаат да бидат облечени во поедноставен бел фустан. Братучетка ми пред некоја година носеше преубав бел фустан купен од Милано, малку над колена беше, и имаше прекрасни украси на него. И ајде сега замислете да се појавеше некоја братучетка/сваќа/другарка/што и да е, во пократок бел фустан...
    Зошто побогу од толку бои на виножитото да носам токму бела боја, па згора на сé фустан во бела боја на туѓа свадба? Ќе дојде денот и вие да си носите бел фустан, ама на вашата свадба. Без гајле ;)
    [​IMG]
     
    На Anja98, Angela12345, imelda и 11 други им се допаѓа ова.
  11. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Не сакав да пишам во другата тема, за да не бидам офтопик, ама бидејќи неколку девојки не нарекоа прости Македонци што гледаме на бојата на фустанот за свадба, ќе кажам само дека вереникот ми е од западно европска земја и кога бевме сведоци на свадба се распрашував што се носи и дали има некои правила на облекување, одговорот беше носи што сакаш само немој ни pод разно бело. Тоа е единственото правило. Па си викам ај ние македонциве прости, ама и европејциве? :^)
    Не ви се рони бисерот ако одберете една од малиот милион бои кои ви се на располагање, не мора да се докажувате на туѓ ден.
    И не знам бе кај живеете, ама кај и да е, на факс сте биле, со луѓе сте се дружеле како не сте слушнале за единственото непишано правило за свадби кое важи во цел свет? Едно е да сте вие невеста и да не ви смета, ама да не сте слушнале дека на свадба во бело не се оди!? :^) :^)
     
    На Ana Chio, Hipster, imelda и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    Јас лично не би се облекла ни во нешто кремаво или шампањ боја на нечија свадба, а камоли бело. Сега како што има секакви варијации на невестински фустани (на пример со детали во друга боја), многу е полесно да дојдеш во ситуација да имаш фустан сличен на невестата. Затоа сосема би ја избегнувала белата боја. Има ден кога јас ќе бидам невеста па ќе си бидам во бело.
    Сум била на свадба каде невестата беше во релативно едноставен кремав фустан, а една нејзина другарка дојде во бел фустан во грчки стил со крем лента под градите. И двете нашминкани и дотерани со свечени фризури, од страна човек да гледа иди па погоди која е невестата... :^)
    Баш минатата недела коментирав дека страшно би се навредила некоја да ми дојде во бело на свадба. Сигурно не би правела сцени на темата, ама тоа е нешто кое ептен би ми сметало. Јас лично на свадби обично одам во некои појаки бои (на последните свадби што бев, носев црвено, мастило плаво и виолетово), па од толкава палета на бои што постојат треба стварно да со луд да се фатиш за бело. Остај ги маживе што сите носат црни костуми, ние жените имаме избор. ;)
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Сум била и јас на свадба во друга држава и мајката и сестрата на невестата беа облечени во бело. Тоа што ќе изгуглаш дали се носи бело на свадба на англиски и ќе ти излезат куп статии дека секаде е неприфатливо верувај нема врска со реалноста.
    Јас кажав дека на мојата свадба не загледував, ама кога ве читам вака, еве чесен пионерски збор веќе нема да помислам на бело за туѓа свадба да не добијам чаша вино а и невестата да не добие нервен слом. Врв, врв, па и коментари -ќе ја исфрлам ако дојде во бело :o Не знам на што повеќе да се чудам, на тоа што некој се допишува со Мерлин Монро или ова :D
     
    На Trxmx, CameliaMiller, tessie и 8 други им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ваква глупост може да направи само некоја крајно искомплексирана, завидлива и самобендисана личност или пак личност која нема поим од бон тон, култура и не се замара со ткави ствари, па не и ни текнало дека белата боја значи нешто посебно на свадба. Не ја сфаќам потребата од носење бело на туѓа свадба. Зашто луѓе, зашто, и јас сакам бело да, ама бело можам да облечам било кој друг ден во животов, зошто баш да го направам тоа на нечија свадба... Има милион бои и дезени и комбинации да незнаеш што попрво да одбереш, а како воопшто на ум ви паѓа белото???
    Прво ја покажуваш својата култура и својата личност облечена така, второ даваш слика за својата очајна состојба да си во центар на внимание, трето изгледа ко да ја мразиш невестата или како да сакаш да си на нејзино место и милион други работи ми паѓаат на памет.
    Како и да е, се покажува непочитување спрема невестата. Зборете што сакате, ама ќе ве заболи да видите нешто такво на својата свадба, нема шанси да не приметите ако е некој облечен во бело на вашата свадба... оние кои ве сакаат и почитуваат и од срце се радуваат за вас никогаш нема да ви се појават облечени во бел фустан на вашата свадба, а за другите се знае моето мислење.
    Невстата сака да си е посебна, најубава, центар на внимание на свадбата, па и треба да е, она е таа што се мажи, не „другарка„ и облечена во бело |( А ако немате таква желба да сте на местото на невестата не гледам друга причина зошто би сакале да носите бело на туѓа свадба, освен од причините што ги набројав на почетокот. И не признавам кратки, долги, раскошни, едноставни хајлини, бело си е бело. Еве јас сакам на пример во ресторан да си носам краток бел фустан, и што сеа ако две три гостинки носат краток бел, демек не се важи дека е бел ако е краток??? Како што почнаа да пишуват на поканите „поклон во плико„ треба и дрес код да пишуваат: „за девојките забрането носење на бела боја, се друго е дозволено„.
     
    На Trxmx, do-re-mi, imelda и 9 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    А што па да не? Што има јас да се нервирам на моја свадба за некоја што нема почит спрема мене? Молим лепо, ако до толку не ти чукаат ич не сакам да бидеш присутна.
    Од толку бои баш во таа што е својствена на невестата мора ли да биде облеката? Па не баш.
    :hai:
     
    На Silver.E, manja666, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Па ти тогаш си имаш некој проблем со себе, нервозата не ќе да ти е од девојката во бело...јас би се преиспитала :D
     
    На koritsaki, LaraSolare, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    А фала ти на советот, ама јас би и препорачала она да се преиспита, или на било која друга што го практикува ова. ;)
     
    На Sweetheart87 и confused им се допаѓа ова.
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Да мислев дека некој носи бело на туѓа свадба од љубомора или се што набројавте, тогаш ќе ми сметаше некој да носи на мојата. А бидејќи немам јас проблем со тоа друг нека се преиспитува.
     
    На simoncelicius и Emotional123 им се допаѓа ова.
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Океј, знаеме дека сите ќе бидете среќни невести кои нема да се замараат со облеката на гостите, нормално е тоа, ниту една невеста не застанала на маса со кумата да оговараат кој што има облечено.
    Белиот фустан кај невестата си има симболично значење кое останало во традиција со векови. Јас навистина не сум фан на традиции, поддржувам ајде да речам помодарство со венчаници во други бои, забавно ми е, ама има причина зошто уште од мали кога сте цртале невести сте ги цртале со бел фустан.
    Ако невестата избрала друга боја на фустан тоа е „на нејзин ризик“, ваше е да не носите бело (или нешто приближно на бело да се разбереме). Како да ви кажам, личите на деца кои на роденденска забава плачат за да ја дувнат тортата.
     
    На Hipster, imelda и Annath им се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Абе дечки колку сте реформисти браво :D Или се правите наудрени . :wasntme:
    Некој кажал дека кога се поздравуваш треба да пружиш рака, некој кажал и како се користи прибор за јадење , и дека лактите не се ставаат на маса итн.... и ајде ситеее по него .. :rofl:

    Што би било општеството без правила на однесување и манири ?

    :nod:
     
    На imelda, Annath и confused им се допаѓа ова.