Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Почна со на ''форумов прв пат слушам'',а продолжи со терање инат и тоа очигледно терање инат значи до тој степен со одење со глава во ѕид :headbang: Сега по секоја цена ќе испадне дека за свадба најелегантна боја е бела и точка,пошто е само боја биг дил.

    Историја,учебиници,традиции,погреби ехеее уште нешто ќе извадите?Значи кога се спомнува свадба самото тоа да одиш да купиш фустан кој е бел не ви е малку чудно?Џабе разглабате истории и традиции кога кај нас се знае дека во 99 % од случаите невестата ќе биде во БЕЛ фустан и пак не ви е безвезе баш бел да носите?
     
    На Sweetheart87, Neytiri, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  2. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Никој никого глуп не се обиде да направи.
    Туку муабетот ми беше дека некој спомна погоре "вековни наши традиции на носење бело на свадба". Да се потсетиме малку на часовите по историја и реално каде на територијата на Р. Македонија пред Втората Светска Војна продирала модата од запад.
    Не за џабе постоеле два вида мода - ала турка и ала франка. И тоа само по градовите и ретките џорбаџиски семејства.
    Си имаше една убава изложба на оваа тема пред некое време.

    На изложбата која од вчеравечер е отворена во Музејот на Град Скопје, прикажани се 40 невестински фустани, модни додатоци и фотографии од свадби кои се случувале во скопски семејства од 19 век до денес, или, според организаторите, едни од најубавите фустани во изминатите 200 години


    Еден од трите главни моменти во животниот циклус на човекот е свадбата, а во целокупниот свадбен обред ликот на невестата секогаш имал централно место. Изложбата насловена "Најубавата", која од вчера е отворена во Музејот на Град Скопје, ги прикажува токму најубавите невестински фустани од 19 век до денес, а претставени се вкупно 40 фустани, модни додатоци и 80 фотографии од најсвечените моменти на скопските семејства во период од 200 години. Според организаторите, преку невестинската облека прикажани се стилските промени, но и еволуцијата на модата воопшто.

    -На изложбата се претставени фустани кои се разликуваат и по раскошноста и по изгледот, карактеристични за периодот во кој се создадени. Посетителите ќе можат да видат невестинска облека од 19 век, кога Македонија била под турската империја, кои се одликуваат со ориентално влијание, скапоцени материјали и богат вез од срма, па се до фустани од почетокот на овој век. Дел од експонатите се од средината на 19 век кога навлегува европското влијание и кога шалварите се заменуваат со фустани од кадифе, богато украсени со златовез... Голем пресврт во бојата и изгледот на венчаницата се случува во 1840 од свадбата на британската кралица Викторија, која се појавува во бел раскошен фустан. Првите бели венчаници во Скопје можеле да ги носат само жените на богатите трговци, а биле купени во странство..., ја објаснува хронологијата на изложените невестински фустани низ историјата Татјана Ѓорѓиоска, виш кустос во Музејот на Град Скопје.

    Ај сега кажетѕе ми колку биле такви богати семејства. На прсти се броеле.

    п.с. За носење бело на свадба кажав што имам да кажам. Поточно цитирав од книга за бон-тон на свадби.
    Имајте убава петочна вечер :hai:
     
    На LaraSolare и simoncelicius им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Цитираното не го пишуваш зашто сега се праиш упорно многу мудра, а мојот кикс одма го постираш....

    ЈАс и зборам за модерна невеста, значи и Македонија во СФРЈ, и после тоа, а не во времето на Османлиите, кога не сме биле ни држава како што треба. И сега ти убаво си направи копи пасте, што не значи дека си експерт по историја. Јас згрешив со 95 посото од светот, ама цела Европа, Америките и Австралија за мене повеќе од пола свет,може згрешив со 9ката, ама сигурно е поголем дел од светот.

    Инаку ако тебе од 1944 година па навака кога се формирала Југославија и кога ние сме влегле како самостајна држава, до денес не ти е доволно за да се каже дека белото е традиција, имаш проблем серизозен со времето. Башка баба ми е мажена пред 44 па се мажела у бел фустан. И сега тоа не е традиција, само носијата е така сакаш да кажеш?

    За бон-тон си имаш книга се продава во Три, чини само 150 денари, може да ја читнеш и после да дискутираме.


    И ако ти не сметаш дека е традиција бе кажи ми зашто ќе носиш бел? Пошто рече зелен не носиш, не знам каков би носела? Шарен?


    не ми се верува дека дискутураме за боја на невестински фустан, озбилно не ми се верува...
     
  4. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Значи ако некој ти укаже на грешка тогаш автоматски се прави многу мудар?
    Тоа не е начин да се води дискусија.

    Ти зборуваш за традиција на носење бел невестински фустан низ цел свет, јас ти кажувам дека не секаде низ целиот свет постои традиција бело да се носи на свадба. Зборуваш за традиција на наши простори за носење бела венчаница, јас пратив интервју со кустос-етнолог кој повеќе знае и од мене и од тебе. Ти викаш за бон-тон од Три, ама јас викам има неколку видови бон-тон (деловен, општествен, дипломатски итн.) и пратив цитат од книга посветена на wedding etquette во издание на списанието Bride. Никаде не реков дека не постои традиција за носење бело на свадба кај нас, само укажав на историски факти дека таа традиција кај нас не може да се следи ниту еден век наназад.

    Јас навистина не знам како успеваш да извадиш некои суб-контексти помеѓу редови од моите постови.
    И на крајот на краиштата темата е дали е во ред некој од гостите да носи бело на свадба, а не за бојата на фустанот на невестата. Темата беше екслузивноста во носењето бела боја на свадба.
    И за тоа си дале мислење консултанти по етикеција и протокол. Чие што мислење го цитирав. Освен ако ти немаш диплома по протокол, секој разговор е одвишен.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    А, една анкета да се направи темава, кој е за кој е против? :^)
    Вака 20 страни за два дена и пак во место. Ајде, демократија, да гласаме?

    Ама ако мнозинството изгласа за никако бело, да не се правите наудрени после, не сме знаеле дека не е општествено прифатливо, дека се смета за од непромислено до буквално безобразно(нели кој како си го зема до кој левел), и вака известување на фемина ќе испадне работа, за ако утре се појавите во бело на туѓа свадба, да не се лутите ако некој ви каже дека сте без осет. :!:
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Teмата е носење на бела боја на ТУЃА СВАДБА! На своја мислам дека секој носи бело, не знам навистина што сакаш да кажеш, те читам од прееска ми постираш работи а не знам зашто ми ги постираш и упорно си фатила со традицијата па традицијата, немаш очи или не си идела по свадби у твојот живот?

    Ти ако не сметаш дека не треба да носиш бело на своја свадба и венчаницаа треба да ти е црвена не носи бре, ас сипмл ас дет, твоја свадба твоја желба никога не ти наметнува ништо што ти не сакаш.
    А за носиите на нашите свадби, галичка свадба е со носија,мислам дека сите селските свадби биле со носии, го знам тоа и без да ми постираш. Али таа традција е напуштена со создавање на нова, или со последниве 60тина години невестиве се будали што носат бела венчаница?

    Дебатата беше за тоа гостите дали треба да носат бело на туѓа свадба, а не за традицијата, а за одење надвор од темата која патем ти ја начна и почна да ја цитираш од каде се не низ историјата, се губи поента на било која дебата па не и на оваа беспорисна и безцелна, а сега ми викаш дека и не знам да дебатирам мислам шта речи, коју поруку послати :x


    Не ми треба диплома по протокол за да знам некои работи, си има нешто што се вика општа култура, бон-тон и самосвест кое не се добива ни со диплома од Харвард! A ако ти сметаш дека ти треба диплома по нешто а да дебатираш, можам да ти кажам уште од сега дека си многу сиромашна со знаење и информации, општо да не ти кажам колку поима си немаш за што е тоа дебата и како таа се одвива.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Секој мој исказ го потврдив со меродавен извор. А ти Хипстер само напаѓаш, и тоа без никаква основа. Дај те молам пиши на што се базираш, па да дебатираме.
    Доколку сакаш да критикуваш, правилниот начин да се направи тоа е дел по дел да го побиеш мојот пост. Напаѓање е само одраз на недостаток на култура за разумен дијалог.
    А од твојот пост гледам дека воопшто не ни читаш што имам напишано. Доколку читаше, ќе забележеше дека напишав т.е. цитирав кои се манирите при носење бело на туѓа свадба.
    Впрочем, нели тоа е и темата.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    Аууу тешко мене , јас на прошлата свадба на другарка носев црни пантолони и бела кошула. леле леле можам да замислам што се се зборело. Мислам дајте луѓе олабавете. Нема врска тоа дали смее или не смее да се носи бео на туѓа свадба. А за засенување на невестата, можам да ви каам пример каде што иако беше облечена во бордо фустан кумата ( жената на кумот) ја засени невесата зашто жената беше пре, преубава па и жени и мажи и се дивеа, и после свадбата ја зборуваа. Како беше на свадба, како невестата?? А бе свадба ко свадба , невестата стандард убавка ама кумата да ја видеше...
     
    На Daydream, Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Зошто тие што не знаеле не речат: Фала што научивме !!! Да не се усрамиме негде.
    А, не, тие инает си тераат. Си вадат свои правила.

    Па сега и невестата била егоист, желна за внимание. Па и да е, зошто да не ? Нејзин ден е. Фрлени пари за накит, фустан, китенки, порции, чуда, еден ден во животот...зарем не заслужува да биде центар на внимание ??? Утре вие кога ќе се мажите, вие ќе бидете главна.

    Зошто воопшто постојат некои искомплексирани женски кои на секоја забава, роденден, свадба...патат да направат нешто (со облека, однесување и др.) да бидат центар пажња ???

    Па, вие кои од инает, сеир, некултура терате по ваше, не би ве ни сакала на свадба. Навистина жалам кога некој има такви гости. :x
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Јас пак мислам дека сите потајно или не свесни се дека не иде бело на свадба ама така им одговара па се прават малце наудрени.
    А и да претпоставиме дека ете некоја незнаела, зошто инаетење кога ете како што гледате има девојки на кои тоа би им сметало и тоа многу. Прифатете го како такво и бирајте си зелен, црвен, син фустан за на свадба и готово.
    Сите вие што скокате и вадите очи како во ред било и зошто да не се носи сте веројатно истите што го практикувате носењето на белата боја по туѓи свадби, зошто ако и после толку постови неможе некој да сфати дека НЕ СЕ НОСИ БЕЛО, тогаш веројатно тука станува збор за персони кои од инает ќе се облечат во истата боја за да ја засенат невестата, да ги вперат погледите кон себе и после да има за што да се зборува.
    Може и не е пишано правило, ама ете очигледно им смета на многу. И вие наместо да го прифатите ќе се напикате во бел фустан за следната свадба зашто нема врска нели ?
    Баш ме интересира дали сте исто толку љубители на белата боја секојдневно или строго наменски за вакви пригоди ја обожавате.
    Јас всушност и несакам да правам свадба,така да ова мое мислење не е затоа што ми е страв утре некоја друга да не ме засени на мојата сопствена свадба туку едноставно ја почитувам таа личност и нема да се трудам и со најмала ситница да и го уништам тој посебен ден, затоа што ако јас така не го доживувам немора да значи дека и таа има исто сфаќање како мене.
    Некои девојки цел живот сонуваат за тој ден кога ќе облечат бело а очигледно има и многу кои сонуваат на туѓи свадби да се прават невести, па еве повелете после толку постови правете се пак наудрени, едно е сигурно - ќе ги соберете сите погледи и коментари, ама негативни.
     
    На andromedae и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Те прочитав, те читам до крај и упорно не те разбирам, а на крај самата си се укопа со реченица дека ако немам диплома не треба да дискуирам, тоа многу ми кажа за тебе и ова дебатирање.

    Ти велиш едно, јас друго, тебе ти е сосема океј, мене ми е неприфатливо, не ми треба диплома за да имам цврст став за бон-тон, почит па и за усул.

    Напаѓање у тема за свадба ми е уште подебилно од онаа кога за политика се препираме, верувај ми уште подебилно ми е и како сфати дека те напаѓам и каде сум те нападнала.

    Нема потреба да се отвара гласање, некои се толку тврдоглави кога се работи за некои работи упорно ќе се удираме у гради и инатиме како магаре на мост, и изветоперуваме цела приказна и смисла за темава.

    Ти ја побив тезата дека е традиција кај нас бело да носи невестата, зашто ти зборев за модерна свадба а не за селска свадба со носии, ти се инаетиш ко да не си била во твоите 30 години ни еднаш на свадба(очигледно не си била, и не си видела која боја е фустанот на невестата)
    За темата кокретно, постираш од непроверени и анонимни извори(не ги наведе, или тоа ќе речеш дека халуцинирам и си пишал линк од изворот). А усоталом, како што можеш да најдеш линк, можам и јас да најдам ама тоа не значи дека ако направам копи-пасте ќе бидам легитимен извор за информации и дебатирање.
    Лупање у гради со квази литература и извори, ко да ми цитираш од устав и од него померодавно нешто нема, немој, не сум од вчера нит сум толку неискусна.
    Ми звучиш ко Валето кога го цитира државен завод за статистика со некои фрапантно измислени бројки и мисли дека кујзнае што ми цитира...
    Па и не ми треба пишан избор од некаде, било каде за да се водам по некои правила,нешто што и мајка ми со свои 50 години го знае, применува и мене го кажала. И не само мене, овие девојки претходно што коментирале за истово имаат родители кои ги научиле на истово, не им треба писмен доказ и потрепа дека не е во ред и според култура да носиш бел фустан на туѓа свадба.

    Или ние сме шизофреничари или налудничави, да измислуваме правила според своја желба и само за задоволивање на своите желби и ставови и ничии други.
     
    На Annath, Neytiri, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Треба една работа да прифатите кога станува збор за ова. Тој ден не се работи за вас, не е ваш ден, толку е едноставно. Одите на настан што е посебно организиран од некој, не одите на обично излегување па како сакате вие така да си правите. Ете, си има такво непишано правило и тоа е тоа.
    Јас за ова додуша не ни размислував за време на мојата свадба, ама зашто не ни мислев дека на некој може да му падне на памет да дојде во бел фустан, од проста причина што сметам дека сите се запознаени со ова. И некоја ете да не знае, да го покаже фустанот на пријателка, или на било кој, ќе добие реакција. Се знае, кога ќе погледнеш низ салата веднаш се гледа каде е невестата баш по белото.
    Ако на некои од вас не ви пречи ова океј, на ваша свадба какви сака нека има, нека си одат во бело штом не е проблем. Ама кога вие одите на друга свадба, можеби на невестата ќе и смета, а тоа е тоа што треба да се почитува.
     
    На sweet-cherry, Annath, MandyLane и 9 други им се допаѓа ова.
  13. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Значи повторно ќе кажам, очигледно читаш и не разбираш. Тоа воопшто не е мој проблем.
    Дали Хипстер кога одиш на доктор му кажуваш како да си ја врши работата, на сестрата како се вади крв или слично? Претпоставувам (освен ако не си докторка) дека одговорот на ова прашање е НЕ.
    Епа така и луѓе кои се занимаваат со организирање на свадби и со свадбен протокол, луѓе на кои ова им е професија кажале како се постапува по ова прашање. Јас кажав дека освен ако немаш диплома за протокол, кој вклучува и свадбен протокол, и да можеш стручно да го негираш нивното мислење, секој разговор е завршен.
    Затоа што рече дека немаш, да оставиме тогаш на луѓето кои се занимаваат со оваа тема.
    Сметав дека реченицата е доволно јасна и концизна за да не биде погрешно сфатена.
    Гледам дека сум згрешила.

    едит :
    Во моментов немам скенер за да ги скенирам страниците од книгата па затоа еве ставам линк
    http://www.divinecaroline.com/love-sex/ ... ding-rules
    Жешкиот костен е првата потточка.
    Инаку Emily Post Institute e алфа и омега за свадбен протокол. Иако нивната академија држи предавања и за други видови протокол. Со години книгата е must have за сите невести.

    Ќе го цитирам само најважниот дел : Anna Post, etiquette expert at the Emily Post Institute and author of Emily Post’s Wedding Parties, says, “These days, the rules are a bit more loose. You can wear white, but you can’t look ‘bridal.’

    И сега?
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Δ
    Абе човек. Иди ти кажи и на Трајанка што тоа Ана Пост вика. Ќе те гледа како теле и нема линкови да ти бара. Зашто општествено прифатено правило не се мења преку ноќ, и оти таму некоја рекла ок е бело само не невестинско(ова па зависи кој како го сфаќа). Залудно се води инат, упорно. Освен ако сте дел од движење, ајде заедно против општествени непишани правила на култура, да `протестираме` по свадби за да се смени ова.
     
    На Annath, Neytiri, Li0ness и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    ^^Не би да ви се мешам во муабетот, ама elanor никако да ти ја сфатам поентата на тоа што сакаш да кажеш. И мене лично многу ме нервира кога некои форумџии ќе се перчат по форуми со помош на копи пејст техника. Демек, еве јас ќе изгуглам, или ќе пишам некоја филозофска мисла или правило на некојси таму и најпаметна ќе сум. Сите знаеме дека по гугл можеме да најдеме секакви информации и точни и неточни, така да пристапноста до некаков си линк за да си ги зацврстите ставовите ми е сосема без врска.
    А и не дека ете затоа што негде пишува или не пишува треба да се почитува ова, туку затоа што еве очигледно е дека луѓето низ нашиве простори се запознаени со ова и кај нас, во нашата држава се избегнува носењето бело на свадба. А какви се обичаите во Либан, Етиопија или Колумбија мислам дека воопшто не е релевантно. Впрочем по многу држави има венчавки на плажа каде што апсолутно сите се облечени во бело, и сега ние треба да се водиме според некои си правила и желби кои што се обичај за луѓето на Хаваи пример ? Значи збориме за наши свадби и за тоа дали на нив треба да се носи бело.
    И ќе ве замолам, кажете си го својот став и одбранете си го со свои примери и зборови затоа што глупа работа е ова со линковите и превземање туѓи реченици од нет затоа што се губи поентата на она што сте сакале да го кажете.
     
    На Annath, ilipili, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Тука претежно коментираат млади девојки кои не правеле свадба, и јас сум скоро убедена дека на тој ден вие нема да приметите воопшто дали некоја е во бело фустанче. Па и да приметите ќе ви биде сеедно затоа што ќе сте тотално во свој филм, затоа што ќе бидете единствени без оглед на се, затоа што сте паметни девојки кои немаат лоши мисли за банални работи...барем не на денот на својата свадба. Сега ви е интересно да коментирате за се и сешто, па модни правила па бон тон, но ако правите свадба од вистински причини ништо од ова нема да ви е важно, затоа што ќе коментираат оние кои одат на свадби за грешки да ловат и да зборат како нивната свадба ќе биде далеку подобра, а не вие на ваш ден...
     
    На LaraSolare, simoncelicius и elanor им се допаѓа ова.
  17. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Имелда во право си. Можеби затоа што не правам свадба овде, па се водам според некои нови правила кои допрва ќе стасаат во Македонија :D

    Мања каде тоа виде копи пејст од чичко гугл? Тоа беше статија чија прва точка е заснована на темата за која ние овде говориме. А во посебно издвоениот цитат го ставив и насловот на книгата. Вистинска книга, со страници од хартија или во е-верзија за тие што милуваат. Трк на download ако те интересира. Не можам сега цела книга во pdf да ја прикачам овде. Како поинаку да илустрирам.

    Освен последниот линк и интервјуто со кустосот (кое можете во изворна верзија да го најдете доколку го изгуглате насловот на изложбата) , се другото беше директен цитат од книгата според која се водам при подготовките за свадбата. Автор Nina Callaway.

    Инаку цитати се нанормална работа при пишување. И никој никому не вели дека филозофира затоа што цитирал некоја книга.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ама Скорпионка. Па ако не е моја свадба, јас одам, да се најадам, наиграм и утре да оговарам како невестинскиот фустан требало да биде бројче поголемо/помало, оти сепак она е центар на модни критики, па месото тегаво, виното суво, и имаше една друга во бел фустан ц ц ц :D

    Без разлика дали и смета на невестата или не, не е прифатливо, колку пати да кажеме. И колку пати ќе се вртиме, таа е. Свесно се даваат моми на оговарање, па она не ми е гајле што ќе кажат за мојот бел фустан, е да де, ако не то беше гајле да бидеш тема на муабет, ќе си носеше небесно сино. :!:
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    А што правиме ако невестата не носи бел фустан??
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ^
    Ако не носи нека не носи,ништо нема да правиме,уште поголема причина гостинката да не носи бел фустан па да личи како да е невестата ;)
     
    На sweet-cherry, Annath, Sweetheart87 и 5 други им се допаѓа ова.