Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    Како прво само девојка со фалинка во мозок може да облече раскошен бел фустан, на свадба или на било која свецаност а да не изгледа во најмала рака смешно. Секогаш сум се смеела на таквите модни испади, зашто ми личеле како да се испрскани со шлаг пена !!!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    И мене,ама сум видела со свои очи каде гостинка беше облечена во бел фустан,што слободно можам да го наречам венчаница,сирена стил бел и долниот дел што се шири со црвени детали и уште една баш вчера пишав во бел долг фустан божица стил,доста раскошен,а исто така и на свадба каде невестата носи кратка венчаница (широчка) а другарка и 90% сличен фустан(бел).Значи многу не убаво изгледа од страна особено во денешно време кога неможеш со сигурност да знаеш што би носела невестата,тоа може да биде краток фустан,долг,едноставен.Не сите носат раскошни венчаници,па токму тоа значи дека можат да се воздржат од избор на баш бел фустан.
     
  3. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тоа нема никаква врска дали и некоја од гостите ќе биде во бел фустан. Членката која ја отворила темава вели дека ќе ја избрка гостинката која и да е ако е во бело. Според мене лугето кои имаат таков став се по природа луге кои цело внимание го сакаат само за себе и по секоја цена. Ако на некоја девојка/жена добро и сти бел фустан зошто да не дојде така облечена? Неприфатливо е, и таа да дојде во венчаница па да има 2 невести а зошто би сметало ако е во бел фустан кој од авион се разликувас дека не е венчаница. Ваљда не ја потценувате интелигенцијата на вашите гости дека тоа ќе ги збуни, валјда сите доволно ги служи видот за да знаат која е невестата и да нема забуни. Знаете, ако сте убава, ако одберете венчаница која што прилега на вашата конструкција на телото нема кој да го украде вниманито на гостите. Но ако направите лош избор на венчаница, шминка... Тогаш и да сте единствено женско во салата сите ќе гледаат во ѕидот, а не во тебе.
    Ве молам да не ми земете за зло, но според мене овие лица имаат недостаток на самодоверба и треба да поработат на себе а не на тоа како гостите ќе бидат облечени.
     
    На ilipili, LaraSolare и Cka им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Хипотетичка ситуација- кога веќе сметате дека е најнормално да се оди во бело, зашто па само една да е во бело, замисли да ти дојдат сите у бело, или во најмала рака 90 посто од жените во бели фустани, кој колку и да кружиш ќе се погодат горе доле во слична форма и стил. Свадба или вајт сензешн, кажи ми ти мене сега што? Која е невестата, или сите се невести? На подиум има да ме мавне слепило од толку белило.
    И сега што, прифатливо е нели? Морав да претерам да ја доловам мојата поента.

    Да, не сум мажена, не сум правела свадба нит ќе правам таква класична, но не би сакала никој од мојот најтесен круг на пријатели и роднини кои ќе бидат присутни на таа забава да биде во бело. Нема потреба јас на некого да му давам одобрување или не, сам треба да си знае до каде треба да оди со својот аутфит. Верувам дека сите го знаат тоа и никој не би си дозволил таков испад. Е сега од страната на младожењата ако се погоди таква ќе знам дека е некоја од вас тука, сто посто :D

    Нека ми каже сега мене некоја како у бел свечен фустан да не изгледаш невестински? Како?
    Или до мене е проблемот па на бел фустан од елегантен материјал не може а да не ми заличи на невестиски, и баш некогаш кога некој ќе се убели од глава до пети, се зафркаваме дека брза да се мажи или што се напраила ко невеста.
     
    На Annath, Neytiri, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ^^Strumka
    Ти на сите им даде дијагноза,во темата за презимиња ги направи глупави тие со спротивно мислење од твоето а овде без самодоверба луѓе што треба да поработат на себе.Можеби треба ти да се преиспиташ малку м?
     
    На Trendafilka, Annath, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Абе еден куп компетентни овде, одма ментална слика имаат за тебе, ти влегуваат во глава, ти читаат мисли и ти поставуваат дијагноза. Па требало да поработат на себе, полни со комплекси биле, љубоморни, желни за внимание и уште што не. Уште малку и психијатар ќе ни препорачате, аман бе луѓе!

    Јас убаво си кажав дека и несакам свадба така да не ми е сигурно до вниманието кое ќе ми го одземе некоја. А и убаво си напишавте вие дека вниманието може да го одземе било која гостинка која хипотетички кажано ќе е поубава од вас. Епа да е работава овде дека има еден куп искомплексирани жени, ќе мрчевме како несакаме дотерани, средени со фризури и шминка да идат по свадби па тогаш и логично ќе беше да заклучите дека има невести желни за внимание кое не сакаат да го препуштат на друга.
    А и незнам зошто толкав грев го направивте тоа ако невестата сака да биде главна тој ден и сите очи да се вперени во неа ? Зошто да не си го дозволи тоа еднаш во својот живот? Толку ве потресува тоа?
    Се си мислам дека после овие 200 и кусур мислења и полемики испишани овде од инает уште повеќе ќе почне да се носи бело по свадби, сигурно и креации смислувате да и го уништите денот на некоја си другарка или далечна роднина која и не ја мирисате многу. Па нема врска нели?
     
    На ilipili и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    Е тоа се веќе случаи за на психијатрија.

    Инаку кога на Ким Кардашиан, особата која живее за да биде центар на внимание не и сметаше тоа што сите носат бели фустани налик на венчаници ( од мајка и до старосватиците и гостите) не знам зашто на нормална девојка би и сметало.
    Корпус деликти

    [​IMG]

    и со вториот фустан во присуство на една од гостинките
    [​IMG]

    Со мајка и

    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Koлку што и значи фустаност, толку у значеше и бракот, па за 3 месеци подаде документи за развод.
    За да за неполна година роди дете од друг и сега со друг ќе се мажи, по трет пат. Не за џабе викаат трета среќа. Они не се сите у бело, туку се сите у невестинско и ова е чист публицитет, чист маркетинг од профитерски цели и мотиви, сепак нејзе омилена боја и е зелена, иф ју ноу ват ај мин.


    Jaс кревам раце од темава, поитлесс ми е да се докажувам и прераскажувам по двеста пати, како бел фустан со цркони и триста бакрачи на него е класичен невестински фустан, само уште вел им фали и да имаме комлетна невеста. Психионализа не ми треба од никого, па уште помалку виртулна, само зашто сметам дека е доблесно да не носам бело, нешто што не треба ни да се дебатира олку или да добијам од некој признание, леле браво не си облекла бел фустан, браво, добро особа си, одлично |(
     
    На Annath, Neytiri, mimiiiii и 7 други им се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    ^^Гајле и е на Ким кога пак цел свет пишуваше за нејзината свадба и сите останати паднаа во втор план. А и убаво си ги продаде сликите од свадбата така да не дека не беше во центарот на вниманието, а и што е битно тоа кога убаво кажа некој пред мене дека и така сите сме свесни па и самата таа дека уште неколкупати ќе носи бел фустан Ким, така да не ми е соодветен пример она.
    Збориме за нормални свадби кои што се случуваат во нашата околина и во нашето секојдневие. Ниедна од нас нема да ги продаде сликите по весници па да останат другите гости во втор план, туку тоа и е единствената прилика на некоја која што цел живот сонува за истото да го нарече само свој ден.
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Леле бе ај, доста вртевте во круг |( Вие што би носеле бел фустан на туѓа свадба, аман еднаш дајте одговор на прашањето ЗОШТО? Носите бело редовно? Посебни ве прави? Преубаво ви стои на тенот? И парирате на невестата? Тоа ви е единствен фустан? Или сите во гардеробот ви се баш бели? Мислам, ве читам и ви се чудам, се мешаат баби и жаби, се навредуваат сите кои имаат спротивставен став, се разглабаат тези и филозофии |(

    Да, помалце е глупаво да носиш бел фустан на нечија свадба, а знаеш, значи ЗНАЕШ дека невестата веројатно ќе биде онаа во бело! И зошто тогаш правите инает дека е искомплексирана, ваква таква, побогу, сите до една(тврдам одговорно) сонувате за еден ден да застанете до вашиот сакан како невеста небитно дали во бел или зелен фустан, ама мечтаете да бидете уникатна и единствена НЕВЕСТА! Останало симбол тоа и точка. Небитна традиција, неботно значење, општоприфатено непишано правило е и крај. Носете, мене не ми смета ама ич, ама баш се прашувам колку од вас вообичаено облекуваат раскошно бело фустанче за во диско, м? Или баш шиете за свадби? Шознам, некако сте ми слаби на аргументи и убедување, башка што половина и не сфативте за каков бел фустан станува збор, спомнувате тука и бела кошула и црни пантолони, па засенување, па смешки итн итн...

    Оставете нека помине и ваша свадба, носете нежен бел фустан(или кремов, небитно) од жоржет или свила, или органза ете, не се разбирам баш од материјали, па да дојде вашата најдобра другарка со бел фустан кој замислете е од истиот материјал, е баш да видам дека ќе ви е сеедно. На една матура се испотресувате повеќето дур не облечете нешто што никоја друга го нема, а не па единствениот ден во вашито живот за кој ќе потрошите и време и пари и страв и нерви.

    Уште и пример да ви кажам, како и многуте што веќе ги прочитав. Пред точно месец дена бев на свадба, невестата беше во типична венчаница, ништо вау, ништо невообичаено, дури и малце преобична и не и стоеше нешто нај нај(шо е е, не реков само јас, туку многумина). Сестра и беше облечена во раскошен долг фустан во портокалово-корална боја, преубаво леташе, ептен и беше легнат и во гради и во голиот грб, значи беше ептен убава, и знаете што? Невестата ниту еднаш не се фати да игра во оро до нејзе. Зашто цело време сестриниов фустан беше разлетан и развиорен, а нејзината корпа толку крута и неподвижна. А заедно го купувале. И по свадбата самата си призна невестата дека зажалила што не си купила таков само во бела боја. Не дека таа и замери на сестра и, ама сепак сеедно не и било. Поентата ми е, дека е единствена можност да се чувствувате онака како што цел живот сте посакувале, е па не е фер некоја друга да ги придобие сите погледи додека се осигурат дека не сте вие невестата. И не дека нема да има некоја поубава, може сите да се полепотици спрема невестата ама таа е невеста, а не вие. Не знам дали ме сфативте што сакам да кажам, и небитно, секој си има свој став.
    Од мене има едно големо НЕ, исто како што и има едно големо ДА за било каков детал на младоженецот, дали лептир машна, дали бел костум, или појас околу половина, само за да се разликува од сите сто и кусур костуми кои се носат на една свадба.
     
    На teddybear, Annath, Sweetheart87 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    Јас не носам бело, освен кошули ама кога ќе бидам невеста ама ич нема да ми е гајле дали некој се облекол во бел фустан на свадбата. Дали е до годиниве ама нешто да припаѓам дека цела галаксија треба да се врти околу мене тој ден не мислам. Подобро нека ми е убав бракот а дали некоја облекла бело и пердув од паун си натнала на газ ама ич не ме замара.
     
    На tessie и Daydream им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Пак на истото се враќаме, убаво за тебе што не ти е гајле, ама има многу на кои им е гајле. Значи тогаш не станува збор за тебе, станува збор за некој друг. Проблемот е што не можете да се ставите од другата страна, си гледате само од ваша. Место да правите некои длабоки психоанализи кои немаат смисла обидете се да имате малку почит кон другите.
     
    На mimiiiii, Neytiri, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    35.484
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чудно што сте запнале за ова ко пијан за стап. Навистина :^) Мислам, фино е да почитуваш убаво однесување, бон-тон и се, ама мислам дека за тоа треба секогаш да се води грижа и да се научат основите на убаво однесување, нешто што би ви требало секој ден, а не за свадби, на кои искрено повеќето од нас одат 10-тина пати во животот. Голема работа и да направат ваква кардинална грешка (според вас) Побитно е, како што реков погоре да ги научите секојдневните правила за убаво однесување, а и интернет бон-тон. Се сомневам дека повеќето од вас што тука се запрепастувате како ние ете не го знаеме ова круцијално правило (и многу битно во животов инаку) во врска со свадбите, не знаете еден куп работи во врска со убавото и културно однесување во секојдневието, ама битно ова "важно" правило го почитувате ;)
     
    На Glasna, LaraSolare и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.521
    Допаѓања:
    251.518
    Во темата се разви дискусија чиниш се решава прашањето за името :D .
    Јас не носам бел фустан на свадба од причина да не ме нападне некоја невеста со вино и да не бидам мета на озборување од страна на гостите. Еве да кажеме од некоја почит кон невестата, затоа што ете има на кои им смета.
    Инаку јас немам против некој да дојде кај мене на на свадба во бел фустан. Нема да ми смета воопшто, јас сум тој ден невестата и никој, ама апсолутно никој не би ме засенил, ниту пак еден фустан ќе може да ми ја расипе среќата тој ден. Незнам зошто толкаво потресување и толкава дискусија, на моменти си мислам дека се работи за живот. Кој што сака нека носи. Негово право.
    Јас сум била на свадби, особено летни, каде што другарки на невестата носеле бел фустан и воопшто не ја засенија, или пак некој ги помеша. Напротив, се случува девојка да носи фустан во друга боја, а да изгледа поубаво од невестата. И сега што правиме, да почнат во тренерки да одат на свадба во случај невестата да не се почуствува загрозено.
    Убавината на невестата не е само во нејзиниот бел фустан, туку во нејзината среќа. Е сега зависи нели и зошто некој прави свадба впрочем, ама тоа е друга тема. Е тогаш се ќе ти смета.
     
    На Peppermint, Daydream, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Јас сум против носење бел фустан на туѓа свадба, било долг или краток сеедно. Не дека се засенува невестата или незнам што, ама ете како боја за тој ден, белата ја сметам дека е за невестата и треба да и се остави неа, нејзин ден е и се знае дека невестата е во бело. Јас барем така мислам. Лично никогаш не би облекла бел фустан за на свадба, а за на моја не дека ќе вратам некоој ама ете на поблиските би им сугерирала да не бираат бела боја, нормално ан тие што знам дека нема да се налутам.
    Е сега знам и невести што распределуваат секој каква боја да носи што се вика, да не се поклопуваш со мајка ми, со сестра ми незнам со кој.. тоа не. Ама бела како бела, не, не е за на туѓа свадба. Тој ден белата боја е само за невестата и за никој друг :)
     
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Мене ми изгледа убаво (од блиски другарки или роднини) да има облечени во бел фустан ,се разбира да биде по пристоен и не мн накинџурен :lol: .Не го принзнавам тоа дека нема да знаеш која е невестата и такви изговори (тоа си кажува нешто друго -блискоста на гостите со младоженците :!: ) Незнам дали има правило за тоа невестинскиот фустан да биде баш во бело бидејки често се случува да одберат некоја нијанса на таканаречената шампањ боја |( и сл .Многу повеќе сум ја забележал непристојноста и непочитувањето (ако за тоа разговарме ) од гостинки што се во мн провокативни тоалети кој што вриштат со сексипил и голотија .Можеби имам конзервативни сфаќања но таквите се убави за во диско а не се дами за на свадба :emo: (Мислам дека така не ги почитуваат постарите гости ,и нивното однесувањето како во диско клуб (со голотијата ) повеќе е за чудење отколку белиот фустан што изгледа елегантно и убаво ).Никој не би замарил на некоја девојка со убави манири во во бел убав фустан каде што ке придонесе за уште поубава глетка на свадбата . :!: .
     
    На baby-star, Daydream, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    13.110
    Пол:
    Женски
    како некои ,,искри,, да летаат во темата или мене така ми се причинува :^) ? Како и да е, сметам дека бел фустан НЕ треба да се носи на туѓа свадба ;)
     
  18. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Каква дискусија се развила на темава, што мене дури срам ми е да кажам дека никогаш не сум размислувала за тоа дали е во ред или не да се носи бел фустан на туѓа свадба...
    Во принцип, го почитувам тоа непишано правило, не сум носела досега, ни краток ни долг бел фустан на нечија свадба, ете можело да ми се случи и со вино да бидам потурена :D
    А мислам дека воопшто нема да забележам на сопствената свадба ако некоја носи бел фустан, верувам дека поважно ќе ми биде да уживам во мојот најубав ден отколку да се замарам со гардеробата на гостите
     
  19. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Не вие си гледате само од ваша страна , прво заради невестата не се носело , а сега кога и невести што биле и идни невести се изјаснија дека не им пречи , не е до невестата до некој друг и трет е . На сите што и покрај доказите уште се прашуваат која е потребата , нема некоја филозофија тука , така се паднал изборот и во тоа си се бендисал . Се разбира секоја нормална личност ако се одлучи за бело нема некој налик невестински да носи . И вие не можете да се ставите од друга страна и ние не можеме , ако нам не ни пречи белото оставете не да имаме гости облечено во бело , а не здравје кога ке правам свадба да се фрустрира некоја моја гостинка и да се чуди дека ќе ја сметам за некултурна само зошто на фемина прочитала дека постои можност невестата со вино да ја полие или да ја врати . Реков без да ми се блиски и без да прашам не би отишла во случај да има различни убедувања од моите , ама на луѓе што знам дека не им пречи немам потреба да се ограничувам ако мојот избор падне токму на бела боја .Се разбира дека нема од глава до пети да се облечам во бело сосе накит и чевли и чанта , па не гледам како некој би ме замешал со невестата .
     
    На nena2010 и Glasna им се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    За летна свадба на блиски пријатели шиев фустани два, не бев сигурна точно што сакам да носам. Едниот беше некоја јоргован боја, а другиот беше бел со виолетови големи цветови во долниот дел. Беше над колена што значи дека 1/3 од фустанот беше виолетов.
    Ги облеков двата пред пријателкава и таа беше за белиот. Комбиниран со виолетови чевли, чанта, детали.
    Во ниту еден момент не мислам дека некој беше загрозен, а и мојот фустан беше далеку од бел невестински, иако добив тука коментари дека не е за на свадба.

    Немам против за умерен бел фустан. Ништо пресвечено, ништо преќинџурено.
    Долг најверојатно би ми пречел, но сигурно нема да дозволам мојата среќа и насмевка да ја нема заради некоја што дошла во долг, бел фустан.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.