Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Луѓе, не е ништо страшно ако не сте знаеле и ако прв пат читате тука на Фемина за ова. Добро е што барем сте прочитале и сте дознале. Ако знаете и упорно си одите на туѓи свадби во бело, не вино, гулаш заслужувате да ви истури некој, колку и да звучи глупаво.
    И ве молам кажете ми ја разликата помеѓу бел фустан и венчаница, со оглед на тоа дека има толку многу различни варијанти и стилови на венчаници.
    Исто така, сте ја прашале невестата па ви рекла дека може...исто ко невестата да ве праша на денот дали изгледа убаво, колку и да не е убава ќе и речете дека е најубава.

    Бело бе луѓе, бело е, невестинско, свадбено. Баталете Ким Кардашиан (значи нема тема кај што не е спомната) и други славни личности што ги планираат до детал свадбите, не се споредувајте.

    Исто така девојката со цитатот од некоја книга, и во цитатот ако добро прочитате пишува дека не е препорачливо, старо правило е, меѓутоа не е препорачливо да се прекршува, иако има многу слободни невести по тоа прашање, едноставно не знаете која како ќе реагира, не сте и во кожа. Да не изгледате брајдал, се мисли да не носите бел фустан. Облечете бела кошула, бело сако, нема врска, да не е бел фустан.
     
    На ilipili, kate21, rossonerka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Значи ве читам и уште не ми се верува... Ако знаете дека постои и најмала шанса невестата да ви замери или гостите да ве гледаат бледо, зашто упорно тврдите дека нема ништо лошо во носење бел фустан на туѓа свадба? Зашто како за инает баш во бело морало? Нешто сакате да докажете или сите глумите Ким Кардашијан? Па на еден обичен роденден кај другарка кога одам ако знам дека ќе носи жолто, нема баш и јас во жолто да се облечам, а не па на свадба да докажувам некакви си мои поенти дека нема ништо лошо што јас и невестата дречиме во бело...
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Ајде дека бев прозвана вака да ти се обратам и да ти објаснам оти гледам дека некако на удрени се правите. Воопшто не сум по природа човек што цело внимание го сака само за себе, уште помалку по секоја цена. На таа некоја девојка/жена сигурно добро и стои и некоја друга боја, а не само бела што може да ја стави на себе на туѓа свадба. И да многу лесно можат да се збунат гостите кога некоја без грам мозок, на туѓа свадба доаѓа со сирена модел бел фустан уште па и со циркони, со фризура и професионална шминка, по што би се разликувала од невестата? По велот?
    Ова „ако сте убава, ако одберете венчаница која што прилега на вашата конструкција на телото нема кој да го украде вниманито на гостите. Но ако направите лош избор на венчаница, шминка... Тогаш и да сте единствено женско во салата сите ќе гледаат во ѕидот, а не во тебе.“ не знам дали воопшто вреди да почнувам да објаснувам од колку аспекти е погрешно размислување. Прво за физичката убавина на човек не сакам ни да дискутирам, затоа што луѓето ми се убави само и единствено ако ја имаат онаа другата убавина. Второ лош избор на венчаница....си слушнала дека за вкусови не се дискутира?? Ако тебе некоја венчаница ти е најубава мене можеби ми е најлошо парче облека што сум го видела. Ако некоја сака да биде принцезичка со Пепелашка стил венчаница со огромна корпа и тракатанци, некоја друга сака најобичен сирена модел или не знам каков. Со ова дека сите гости ќе гледаат во ѕидот си ја покажа твојата култура и начинот на кој ги цениш луѓето.
    За крај како тоа ти сфати дека сите овде што сме против бел фустан на свадба сме лица со недостаток на самодоверба??? Повеќето од девојките кои се изјаснија против бел фустан ги познавам сум ги видела и верувај немаат воопшто причина да имаат било каков комплекс или недостаток на самодоверба. Вакви претпоставки ви се малку...како да кажам, не сакам да ве навредам, ама не знам како воопшто се дрзнавте да кажите дека некоја има недостаток на самодоверба, фрустрирана е или искомплексирана и сл зборови кои беа употребени, само затоа што почитува некој и нешто.
    Каква би била психоанализата на тие што се ЗА бел фустан на свадба м?? Не мислите дека малку претеравте?

    И ве молам не се правете на удрени дека не сфаќате за какви фустани се зборува овде, ете јас поставив и слика. Искрено кога ве читам ми доаѓа да ја постирам сликата за која зборував во првиот пост, па ако вие препознаете која е невеста и ако вас ви изгледа вкусно тоа, тогаш на моите покани за свадба ќе пишува СИТЕ ДА ДОЈДИТЕ ВО БЕЛО.
    На крај крајева кога гледате дека постојат многу девојки на кои им смета белиот фустан како избор на гардероба за на свадба и дека постои некое правило, зошто да ставите и било каков бел фустан и да не го почитувате тоа?
    Ете уште еден пример. Моја другарка беше на свадба летово кај блиски. Таа и сестра и никогаш не носат бело, напротив, стилот и е таков што постојано носи темни бои, јас ја немам видено ни во црвено или зелено, а не па во светла боја како на пример бела. За свадбата и таа и сестра и си купија бели фустани од кои едниот чипка, другиот долг бел кичерај со светки и тракатанци. И сега ќе ми кажи некој дека случајно изборот падна на бели фустани, боја која НИКОГАШ не ја ставиле на себе, ама на свадба немаа одено уште од мали и ајде во бело. Зошто?
    Ете Nymeria убаво објаснила погоре, бел долг фустан и на матура кога видов реков дека личи на невеста и тоа е тоа. Да нацртаме не можиме, очигледно дека некои овде не сакат да сфатат.
    И одлучив да не се враќам повеќе на темата кога видов дека КИМ КАРДАШИЈАН беше земена за пример.
    Поздрав :hai:
     
    На ilipili, tinkerbelll, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Nikoj ne e vinoven, koga vo deneshno vreme magichnosta na venchanicite (ne zboram samo za pepelashka style,tuku i za onie so normalen kroj,a sepak ubavi i nevestinski) gi izramnija/zamenija so obichni fustani bez ni najmal detal da potsetat na venchanica,i posle lutenje i zamerki ke imalo so gostite :P od strana na nevestata(razbiram sve e stvar na vkus) ama pa sega ne ke mozela nevestata da se izdvoi i istakne od pokanetite gosti ...epa sega nema ljutish :emo:

    Ushte ova :P od edna strana nevestive se razbiraat za pravilata na bon ton koga stanuva zbor za "gostinka vo belo",ama za "pari vo pliko" kamo bon ton :emo:
     
  5. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    69
    Што би било кога свекрвата би ти се облекла во бел фустан ( ала класична венчаница! ) на твојата свадба?
    Е кај мене тоа беше ситуацијата, мојата свекрвица не само што опна бел фустан ами се понашаше као она да се мажи на мојата свадба! :puke: Ужас жив! :x

    Како и да, доколку фустанот не е фустаниште упадливо - се трпи некако да се појавите на туѓа свадба, ама ако не е така онда облечете си го за Вашата, а не за по туѓи свадби!
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    Извини вака дирекно ама во случајов со свекрвата фустанот е најмал проблем. Ако знаеш што сакам да кажам.

    Што се однесува за сликите кои ги ставив од Ким Кардашиан не ги ставив дека ја сакам нешто посебно, напротив ја би ја забранила со закон таа ороспија, туку ја посочив како пример за назјзаљубено створење во себе си, и тоа дека кога она дозволила да облечат сите такви фустани , малтене невестински, не ми се верува дека некоја девојка од овде, здрава во паметот на нејзиниот најсреќен ден ќе се замара дали некоја облекла бело на свадбата. А за таа што ја полила таа со вино, само си ја покажала културата. Мене да ми го направела тоа ќе и ја уништев свадбата, секако со насмевка исто како таа мене фустанот. Простотилок. Да, може е непишано право бело да не се носи на свадба туѓа ама колку треба да си исфрустрирана личност за да упропастиш фустан на некој!!!!
    А каде виде дека јас велам дека сите треба како мене да мислат. Само си изнесувам мислење. Не знам зашто ама на форумов секоја тема место да се дискутира и дадат различни мислења се претвара во кавга!! Олабавете малку. На кој му смета нека си напише во покната забрането носење бел фустан исто како што имаат лице да напишат поклон во плико и готова работа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    И јас да се замешам у штипки(од тие неинформираните сум,што прв пат слушнале за вакво правило).
    Баш ги отворив книгите по бон тон на децава,неколку различни изданија...и вакво правило не постои,замислете.Па, во вода паѓа она дека пишувало во книги.

    Баш поради темава се замислив,иако јас одамна се мажев, ми текна дека мојата свадба имаше една
    госпоѓа во бело.Никој не ме праша која е оваа,како не и е срам,а јас најмалку се засекирав да не ме засени.Дури не ја ни приметив,туку подоцна.И на свадбата имаше многу млади,сега не толку добри модни критичари како вас, и никој не искоментира за неа ништо.А секако дека коментиравме, гледање касети,слики...

    Воопшто не ми е битно како некој се облекол на туѓа свадба,на мојата дали бил во бело или не.Јас сум си човек кој не се замара со такви тривијални работи.Што сака нека облече,се додека е човек,не ми смета.Јас конкретно не сум носела бел фустан,НО носев бел со црни детали на една свадба,зошто само тој ме собираше во девети месец од втората бременост.И не ме истурија со вино.

    Прочитав секакви коментари,ама некои навистина не држат вода.Не било страшно што не сме знаеле.Како не е срашно,срамота е.
    На тие кои им смета,подобро нека размислат со ШТО се замараат.


    ЗА модните гуруа,
    Вера Вонг една година извади колекција со црни венчаници.
     
    На LaraSolare, Daydream, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  8. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Преку глава више од ваквите "кул" и "јас сум многу лабава, тие што не мислат ко мене да се преиспитаат" коментари. Служи се со факти. Ако ти не си видела дека тоа правило постои, имаше една членка тука напишано дека ИМА и не само во книга, туку и можеш слободно да си изгуглаш дека и во светски размери е проширено ова правило дека на ТУЃА СВАДБА НЕ Е КУЛТУРНО ВО БЕЛО ДА СИ ГО ДОНЕСЕШ СУРАТОТ.
    И не се фаќајте невестата била луда, психопат и ненормална, до ВАС е ако на нејзиниот ден, било каква и да е она, се дрзнувате да си носите бело. Тој испад зборува за ВАС, баталете ја невестата дека потурала, потурени сте веќе со ваквиот памет и некултура.
    И ајде нема везе што не сте знаеле, ама сега кога веќе знаете, БЕЗОБРАЗНО е да отидете на свадба во бел фустан. По милионити пат: Тој ден е на невестата која се истакнува баш преку бело, не преку моделот на венчаницата!

    Ете со што се замараме ние на кои што ни смета, со некултурата и непочитувањето на таквите како вас што од сите бои на светов во бело идат по свадби!

    Како човек да ви објасни дека станува збор за основна култура... :^)
     
    На Neytiri, imelda и andromedae им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    35.484
    Пол:
    Женски
    Не бе златна, ако не се почитува ова "правило" не се работи за непознавање на основните манири и култура. Ехееее, еден куп работи треба претходно да се знаат, за да се стаса да се мрчи за нешто олку минорно (според моето скормно мислење, нели)
    Како си ги извртувате работите како што на вас ви одговараат, чудо едно. Кога ќе пише некој дека не прочитал за такво правило, одма се уфрлувате, како не, па ете една членка кажа. И што? Тоа треба да биде мерило? Некој таму нешто кажал? Па дури и 90% од популацијава да го почитува ова "правило", секогаш постои некој кој не се замара со вакви ситници. Некој кој мува не го лази што ќе кажат другите околу него. Како мене на пример ;)
    И уште ова, не значи дека ако некој се дрзнал и облекол бело на туѓа свадба, веднаш треба да се квалификува како некој кој сака да ја засени невестата, дрзок, невоспитан и сл. Според моето скромно мислење (колку што сум запознаена) кога јас одам на нечија свадба сум гостин и така треба да ме третираат т.е вие како домаќини треба гостите да ги третирате со почит, а не да загледувате кој што облекол или донел. Барем мене вака ме учеле, не знам за вас.
     
    На LaraSolare, Daydream, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    Може ќе бидам вон темава ама не е малку лицемерно ова трескање од земја со белиот фустан?? Белиот фустан симболизира невиност, чисто, недопрено, девојка која со стапување во бракот станува жена во вистинска смисла на зборот, а да бидеме искрени веќе нема таква невеста :lol: Така да во ред почитувам кој му смета тоа, ако мисли дека со тоа што ќе биде невеста го достигнал зенитот на својот живот па леле не дај боже некоја во бело да и дојде на свдаба, одма готово прекинете свадбата, резил, брука ауууу, ама дајте малку олабавете. Еве да си се цитирам себе си

    И сега што правиме со оваа работа?? Мислите дека на свадбите сите во вас гледаат? Не бре душички, ќе ви додјдат , ќе се видат со роднини пријатели што не се виделе сто години, ќе заиграат орце и толку. Сликата од свадбата останува затурена во некоја фиока и никој не ја погледнува. Ова зборувам за гости кои не се од најблиското семејство. Така да полека малку, невести сте не сте го ослободиле светот од окупација!!!
     
    На tessie и Glasna им се допаѓа ова.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Hah nekoj stanal na leva noga :P
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Лара ако толку си била блиска со невестата си требала да ја испочитуваш максимално, а не и дојдеш во бело. Можеби ете стварно не и пречело на неа, ама на 80% од гостите на свадбата сигурно им бодело очи и коментирале свашта за тебе.
     
    На BlackMarket и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    Баш напротив не знаеш што ми е убаво почнат денов :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На CuteEva, Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Znam ;)
     
  15. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    И јас давам едно големо НЕ за бел фустан на туѓа свадба.Не ми пречи девојки до 14-15 години да носат бели кратки фустани кој воопшто не потсетуваат на невестински фустан,но долги бели фустани никако. :)
     
  16. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Како прво дека ќе ја замениш невестата со некоја друга тешка работа.
    Сега нели на почетокот од свадбата прво се прави фотографија, па од старт знаеш која е невеста. Фала богу што сите почнаа така да се сликаат.

    Ок, тоа. Туку пред месец дена бев на свадба каде стоевме надвор пред да влеземе во ресторанот, ред се чекаше, невестата и зетот внатре во ресторанот и само излегува една девојка со бел сирена фустан и долу со црвено (некоја имаше спомнато за ваков фустан, можеби сме биле на иста свадба) и плус носеше бидермаер во рака. Јас стварно ја помислив невестата, а она да ти била другарка на невестата(деверица).

    За бел фустан на туѓа свадба што ти знам, никогаш не сум се досетила да носам, не ни сакам да носам.
    Ама ете да не беше таа фотографија на почетокот со зетот и невестата јас нејзината другарка ќе ја помислев невеста. Бидејќи бев од страната на зетот стварно не знаев како изгледа невестата.

    Така да, големо НЕ од мене за бел фустан на туѓа свадба.
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Дечки не дискутираме како невести туку како гости .
    За мене е некултурно да се пише подарок во плик и моето мислење сум го искажала во соодветната тема , исто како што вие веднаш си добивате лоша слика за младите кои пишале подарок во плик , така и јас добивам не толку фина слика за некој што се избацува во бел фустан на туѓа свадба .

    Или за тоа е ок да се мрчи ама за ова не :^)


    Работава излева како ми одговара така правам


    Заговор против невестите :D

    И што можеби некоја си замислувала со години како ќе изгледа како невеста ? Може тоа стварно и е достигнување во животот ? И ?
    Кои сте па вие да судите ?
    Случајно да не го плаќате трошокот за свадба?
    Без разлика вие што мислите дека невестата е искомплексирана или болна за внимание , вие сте нејзин гостин .
    А каква е и да е невестата , јас сметам дека не ок вие да и покажете непочитување на нејзиниот ден

    Јас обожавам бело , имам бели фустани во плакар ама никогаш не ми паднало на памет да ги носам на нечија свадба .
     
    На BlackMarket, ilipili, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    ^ Ама што ви е? Ако е лудо мислењето дека не е убаво да дојдете во бело на туѓа свадба, тогаш какво е вашето од сите бои баш во таа да се појавите? Кој ви зборува за засенување или бркање од свадба или полевање со вино и триста глупости? И толку се напнав со темава што сега ја прашав мајка ми дали е запознаена со ова и ми кажа дека иако не слушнала дека е баш правило, не би облекла бел фустан на туѓа свадба, зашто не и идело некако. Е баш така. Не е строго правило, никој нема да ве врати, нема да ве потурат со вино, ама ЗАШТО да се одлучите за бело, ако веќе знаете дека не е баш пријатно да ја носите бојата одредена за невестата, а она ако сака и во црно нека се облече. Па така стварно да се случи (некоја хипстер невеста на пример) и само вие да се дамата во бело... |( И се ова е навлагање во детали, според мене сите сте крајно некултурни ако не ви е доволно да знаете дека постојат и најмали шанси да расипете нечие расположение на нивниот ден, ама не вие гајле и додека го облакате тој ваш фустан, си се тешите дека невестата има длабоки, психолошки проблеми ако ви замери. Среќа ве поканила баш вас на свадба да дојдете во бело и да и помогнете на кутрата.
     
    На ilipili, Neytiri и imelda им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    35.484
    Пол:
    Женски
    Ова ми падна во очи. Не си едниствена која што кажала нешто слично од типот: нејзиниот ден, најубавиот ден во животот и сл. Јас во ова не можам да се пронајдам, бидејќи сум сигурно една од ретките кои што никогаш не сонувале за свадба, да бидат принцези и сл. Не велам дека јас сум во право, само кажувам дека ова не можам да го сфатам. Ама...пак ќе повторам. Вие покажувате основна некултура кога на вашата прослава се ставате на прво место. Според мене, гостите секогаш треба да бидат на прво место, а вие како добри домаќини треба да им овозможите тие да се чувствуваат убаво на вашата прослава, а не обратно, гостите да се трудат вам да ви удоволат на секаков начин. Измешани се работиве некако, нели? Јас од мене тргам и знам како јас ги третирам моите гости секогаш, па очекувам тоа да биде исто и од другите, барем би требало. И не гледам што е свадбата како настан поразлична? Нели е еден вид прослава?
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    114.996
    Пол:
    Женски
    Е па тоа е де работата ако облечела некоја друга бел фустан ќе ја засенела невестата!!! Тоа е поентата на цел муабет. А ја кажав пример каде што ете иако жената носеше бордо фустан. не и беше ни на крај памет да биде најубава, буквално ја заесни невестата во смсла на убавина, на грациозност, на играње и се. И машко и женско ја збореа неа со воодушевување. Така да иако јас не би облекла бело на туѓа свадба, како невеста не би ми пречело ако друга облече и не би правела фама од тоа.
     
    На Glasna и tessie им се допаѓа ова.