Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    An-na сега замисли младоженците сакаат првиот танц да им е на, што знам, Ратка Пиратка еве, оти да не, а цела сала гости мрази бугарска турбо музика. И? Да стават слушалка во уши и да ја изиграат а ла сајлент диско, само гостите да не се навредат :^)
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    35.484
    Пол:
    Женски
    ^
    Јас како домаќин на прославата се грижам за организацијата на истата и за нејзината содржина. Би се потрудила, нели во склоп на можностите, да им угодам на сите подеднакво.
    Во врска со твојов пример, мешаш жаби и баби. Нека си играат они бе, не верувам дека било кој гостин кој има основна култура ќе им замери за тоа, па колку и да не ја почитува музиката која они ја одбрале. Ама, би било крајно некултурно од страна на младенците доколку би очекувале од гостите со еднаков жар и енергија да ја проследат истата, бидејќи нели на нив им е омилена, па мора и на сите останати. Бидејќи нели, тоа е нивен ден?
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Tи нена, толку би била без усул да не прашаш која боја ќе и` биде венчаницата на невестата и каква боја ти смееш да носиш? Невоспитана!

    Ни цени на порции прашувате, ни каква боја смеете да носите, па после Цацко ви е крив коа ќе ве испудат од свадба. :rofl:

    Можеби не е најумесната ствар на светот, но ни оддалеку не е крај на свет или пак причина да ги тепате и бркате гостите. И многу често... можеби ќе звучи како шок...НЕМА ВРСКА со невестите и со тоа како тие изгледаат. Темата е бел фустан, а не венчаница на туѓа свадба, а тоа што веќе и венчаниците ги прават помалку помпезни и се тенчи разликата, не е вина на гостите кои си сакаат да си облечат нешто бело.

    И мене ова ми падна в очи. И искрено ме изненадува такво незнаење од луѓе на кои секој потег им е по птотокол и небаре живеат по правила.
     
    На Daydream, nena2010 и Glasna им се допаѓа ова.
  4. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Ако тој гостин е гостинка во бело, целата основна култура паѓа во вода.

    Да, цврсто стојам зад тоа болдираното што го напишав. За таквите станува збор за крајна некултура. Инаку и јас сум во ист кош со тебе, едни од ретките што не се замараат за тој ден, ниту сум блиску да бидам невеста, ама тоа што толку ме иритира не доаѓа од таму, туку од себичната потреба на луѓето свесно да прават нешто што знаат дека не е во ред. Не станува збор само за желбите на невестата, неа може воопшто да не ја изнервирате или да и го расипете денот. Доволно е што знаете дека постојат некакви шанси за тоа. Тоа па дали таа е на прво место или гостите е сосема 14та тема. Се работи за вас и вашето однесување. Носењето бело на туѓа свадба остава лош впечаток.
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ана.
    Како, да, нивен ден е, и дозолени им се каприци да гостите толерираат.

    Со достоинство да признаеш треба дека да, денот на таа невеста е нејзин ден, најважен (без разлика дека тебе не ти е битна свадба, на 99.9999999% невести им е сон, толку им значи и знаете дека е така), можете сигурно само еден ден да не бидете вие најважни.

    Не отишле гостите на новогодишна прослава, па да важи правилото муштеријата е секогаш во право. Ај правете свадба без несвеста да ве видам? Уствари, лош пример, оти може ќе се најде некоја друга во бело да степ ин :D
     
    На mims-89, ilipili, Neytiri и 6 други им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Какви се не глупости се изначитав.
    По која логика гостите треба да се најбитни на една свадба?
    Значи ако јас се мажам, автоматски ќе си ја направам свадбата како мене ми одговара и како јас мислам дека најубаво би се чувствувала тој ден а не да исполнувам секакви желби и каприци на моите гости. Може некој сака народно да слуша, може некој транс, некој што слуша метал може и ќе сака да дојде облечен во партали како што оди на нивните журки ама сепак само затоа што ги почитуваат младите се прилагодуваат тој еден ден затоа што тука не станува збор за мене , Петко или Трајко туку за оние на чија веселба сум. Може јас нема да сум задоволна од музиката, цвеќето или од триста други дрангулии но зошто е тоа битно ? Не е моја веселба тоа па да ми ги исполнуваат сите желби и да биде онака како што јас сакам.
    Ако некогаш правам свадба ќе си ја организирам онака како што јас сакам и нема да се трудам да удоволувам никому, на кого му одговара и оној кој што ме почитува секако дека ќе дојде и ќе ми се придружи на веселбата а на оние на кои нема да им се допаѓа комотно може и да не се појават на истата.
     
    На ilipili, Neytiri, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Муабетов ми е ист како да се караме дали во ресторан се јаде со вилушка или не ??? :tmi:

    Бонтонот вели се јаде со прибор. Културно е. Имај почит кон храната и кон тие што седат до тебе.
    Ама не !!!
    Зош бе, кога ми се може со раце ќе си јадам? :P

    И !!! Не е болна за внимание невестата (чија потреба за внимание впрочем е оправдана), туку оние кои сакаат да носат бело на туѓа свадба.

    Ај да ја раздвижиме малку темава: :D
    http://www.youtube.com/watch?v=Pgo6vmDKHx8
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    И ете некоја се дрзнала да стави бел фустан на вашата свадба. Не навлегуваме во причините зашто и како. Дали ќе се нервирате и ќе дозволите тоа да ви ја расипе свадбата или ќе уживате во вашиот посебен ден?
    Тоа е исто како на пр. се договараш за храна/цвеќиња и сл. и не излезе баш како што си замислувала. Е сега што? Ќе плачам и ќе дозволам некој и нешто да ми ја упропасти веселбата? НЕ!
    Ќе истурам вино врз дотичната? Уште повеќе, не. Ќе ја избркам од свадбата? Како да не.
    Ништо никогаш не може да биде 100% совршено. Месото ќе биде тврдо, пирошката ладна, ветар ќе дувне и ќе ги расипе цветните аранжмани и сл. И што? Попусто ќе пукате од нервоза :@ А времето за веселба ќе летне.
    Насмејте се, играјте :dance: веселете се :D Гостите се дојдени поради вас, вашиот сопруг, вашиот ден. Дојдени се со вас да го прослават овој посебен ден. И што ако не е се совршено? Никој нема да забележи. Во среќата и среќните и весели мигови ваквите работи се минорни.
     
    На tessie и nena2010 им се допаѓа ова.
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    А што да кажат малдоженците.
    Скоро сите носат темни одела,бели кошули или не е битно,во друга боја и китка на ревер.И сега да земат да се расправаат,да патат за внимание,па и некоја тупаница да летне.
    Ама,жени не се жени ако не се комплицира за некоја мала работа како носење бело на туѓа свадба.

    Маж ми оделото за свадба го носеше и на други свадби после тоа и сега што?!Никој не го утна со младоженеците.
    Сега ќе си речете што тресе оваа,не е исто.Ај размислете малку.

    И да и реплицирам на некоја погоре што ми рече да прогуглам за некои си факти како во светот било.
    Имате постирано слики на свадби од светски размери, па видете.

    На крај да резимирам,не би се облекла во невестински фустан,ама ако е летна свадба не гледам причина да не носам посветла нијанска на фустан(шампањ боја,бледо розе итн).

    И не сум жедна за внимание,го добивам и кога сум во тренерки.
     
    На CuteEva, JuLleE, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Во поглед конкретно на темава, јас не би облека бел фустан на туѓа свадба,во најмала рака ни со дезени и бела основа, затоа што МЕНЕ ќе ми е незгодно, без разлика што ете, можеби на невстата не би и сметало. Едноставно не ми е вкусно, и не гледам причина зошто токму таков фустан би облекла.
    Јас одам да се веселам на туѓа среќа,да се радувам, одам за убава работа, дали би и сметало тоа или не, дали би ми го кажала тоа или не, не знам, не сакам да се доведам до ситуација да се прашувам за тоа.

    А ако некој носи на мојата свадба бел фустан, апсолутно ништо нема да направам, може само да ја поведам до мене на оро 8) :^)
     
    На BlackMarket, kate21, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Се замислувам во ситуацијата...
    Вино фрлање не ми е стил, не за друго, мене нема никој во живот да ме види да фрлам вино зијан :drunk:
    Јас би, грабам микрофонот од свирачите, јен два јен два ва а, да не ми ја видел некој малата невестичка каде ми е? Сите гости со прст накај момето :!: :P
     
    На kate21, Annath, Neytiri и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Што мешате младоженци на темава не ми е јасно. Се знае изборот на облека кај мажите, свечена облека е одело и панталони, како сакаш сврти го тие фустан не можат да облечат, нормално е дека ќе има некој во иста боја, што не мора да значи дека ќе биде иста и кошулата и другите детали (а и како што сум приметила скоро сите младоженци носат црвен колан/појас околу половината). Кај нив единствено правило е да немаат бела кошула за да не бидат ко келнерите :lol:.

    Јас се откажувам од темава, впрочем и ако некој нема основна смисла за култура, не гледам која е потребата јас да го описменувам на форум. Ко кокошки некои сме 20 страни на темава, жени! |(
     
    На BlackMarket, sweet-star, manja666 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Последен пат во темава и тоа со поголеми букви оти ете Нена, Теси и некои други не разбираат изгледа.

    НЕ Е ПОЕНТАТА ЗАСЕНУВАЊЕ НА НЕВЕСТАТА.

    Ан-на ти навистина веруваш дека можеш да ги задоволиш вкусовите на сите гости на свадбата во секој поглед??? Всушност и не е тоа тема на разговор оф топик си. ;)
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Да постираше една феминка ама не од основна книга за бон тон , туку од книга што ја преземала од сајтот на академија за свадбен протокол , така нешто беше , има разлика од тематска книга и основни правила за култура .
     
  15. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Сега на двете не ни пречело па за некој трет да се замараме ? Мене тоа мерило за почит не ми е , ете и на неа не и било . А кој што кажал и коментирал е негова работа . Можеби ке ме интересирало во тинејџерските години , одамна го надраснав тоа .Моја желба беше убаво да си поминам да се изнаиграм и изнарадувам и така и беше. Впрочем ова ми беше и најубава свадба токму поради близината и меракот што го имав зошто невестата ми е блиска .
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^ Па за свадба не треба основни правила на култура нели, тие не се апликабл за свадби |(

    Знаете што, вие сте навистина многу само себе грижни, зашто вие сте носеле на туѓа свадба некогаш бело сега фрлате со камења и дрва по оние кои не носеле и што сметаат дека не е убаво. Зашто само ако ти се удри по егото, одма те рануаваат па сметаш дека треба да се браниш, со сите сили и средства.
    Каква глупост прочитав дека невестите се криви што носеле обични фустани бел на свадба, ви ги земале вас фустаните :rofl: :rofl: :rofl: жени, што нема да чујам. Знак прашање колку навистина ви стои бело, на пола и повеќе, ама за инат некој знаете изел и кило сол па умрел после ;)

    Башка јас се водам по реченицава-лајф ис то шорт то веар боринг клоутс и еднобојни досадни и веќе видени комбинации, па кога немате машта, никој не ви е крив што се се фатиле со бел фустан со циркони и шљокици ко слеп за стап. Мислам дека после темава некои за инат ќе носат бело само за да докажат поента и да бидат дрските феарлес кршачи на правила.Не сте ни фраерки ни интересени со инаетов магарешки, туку баш нешто спротивно од тоа.
     
    На kate21, ilipili, BlackMarket и 7 други им се допаѓа ова.
  17. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Јас лично бел фустан на туѓа свадба досега не сум облекла и никогаш нема да облечам. :) Значи зборуваме за чисто бел фустан, било долг или краток. Не дека ќе ме засени, не дека луѓето божем ќе се мислат која е невестата, туку не сакам бледи копии на мојата свадба и точка.
    И никој не зборува за некој фустан кој има бело, туку за фустан кој е само бел и личи на невестински. Сигурно нема сосила да се правам невеста на туѓа свадба. |(
    Инаку, имам гледано слики од свадба каде една братучетка на невестата носела бел краток фустан, горе корсет, надолу тул,некаде до коленици, фустанот од половината надолу беше широк и замислете бел обрач во косата со мал светкав детаљ.Е сега нека ми кажи некоја дека тоа не би и пречело ама воопшто да се случи на нејзината свадба, јас не би и поверувала.
    Зборувам за ваков сличен фустан само за нијанса подолг:
     

    Прикачени фајлови:

  18. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум облекла бел краток фустан на свадба и баш сум задоволна како ми стои . Ако јас знам дека не сум имала никаква намера да ширам некултура и да уништувам нечиј ден и другата страна знаела не може некој подобро од нас да го знае тоа , па да ни полнат глава еј ти неа не ја испочитува или она тебе не те испочитува ... Егото уопште не ми е рането и не коментирам овде за да водам инает , баш напротив сакам тензични ситуации и дискусии , ми има некоја посебна живост , на некои теми коментираш па по неколку дена некој ти одговара и не е интересно така , оваа тема на пример баш ми е интересна од тој поглед .
     
    На tessie и simoncelicius им се допаѓа ова.
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Куку нон :o 26 страни

    Не би сакала никого да навредам, ама од сите глупости што досега ги прочитав се гледа кој плаче за внимание. Дали невестата или гостите во бело?! За*би сега бон-тон книга, традиција, Ким, кралицата...

    1.Работата е во тоа што 99,9% од невестите носат бела венчаница, која може да биде со чипки и шљокици, а може да биде и најобично бело фустанче. Тука за вкус се работи. Е сега, за болдираново сите сте свесни и сите го знаете тоа, ама пак ја одбирате белата боја. А ако случајно невестата се појави во црвена или виолетова венчаница тоа е нејзин проблем, бидејќи (повторно прочитај го болдираното)!
    2. Како воопшто некој може да каже дека младоженецот и невестата не се главни на тој ден. Ако свадбата и прославата не е нивна тогаш чија е? И како тоа требало да се гледа на гостите да им биде добро. Дали гостите треба да ги прашаме дали на нашата свадба ресторанот ќе биде закитен со црвени или розови балони? Дали тие треба да ни ја изберат песната за валцер, тортата, менито, да ни го закитат автомобилот??? Абе ајде, кефофи нека си прават на нивните свадби, а на сопствената свадба младите си одлучуваат за се. Или што, кога тие ќе прават свадба ќе дојдат да те прашаат дали да ја свират куме кесето ти изгоре? Ц ц цц
    3. Мешате баби и жаби. Никој не вели да не се оди на свадба во бела кошула и црни панталони. Никој не вели да не одите во црно-бело, црвено-бело, зелено-бело фустанче. Ама не во бело фустанче со син брош! Има разлика.
    4. Најважното! Значи си дозволивте така сами индиректно да ги исповреѓате досегашните и идните невести, дека биле несигурни, прости, желни за внимание и сл. а всушност воопшто не се работи за тоа. Тие зборови можете да ги упатите на некого ако на пример секој викенд ви преправа. Еј абе не го носи тоа, јас ќе го носам сличното, ее иста блуза имаме на овој роденден јас ќе ја носам ај ти носи нешто друго итн.итд. А тоа што невестата тој ден сака да биде единствена и посебна воопшто не е исто со претходното. На крај крајева, без разлика дали и пречи или не што сте во бело, може и ништо да не ви каже! Сеедно какво и е мислењето... Како тогаш знаете да процените каква е? И кажете конечно, какви сте вие, и како ја објаснувате вашата желба и потреба баш на тој ден да облечете бело?

    Гледам дека веќе не треба да ве прашуваме ни што ќе каже невестата, ни што ќе кажат гостите, очигледно дека не ви е гајле. После се што прочитав можам само да кажам самите да си се прашате какви сте и самите на себе да си направите психо-анализа, а не на невестата!

    И за крај, ако сака некој да одговори на прашањата.
    1. Немате ли друго фустанче освен бело?
    2. Дали белата ви е омилена боја?
    3. Дали најубаво ви стои бело?
    4. Немате ли друг повод да ја износите белата гардероба и никогаш ли нема да имате?
    5. Дали е најубава белата од сите останати бои и нијанси долу на сликава, затоа што единствена не е?!
    Ќе биде омилена на 5 девојки, на 3 најдобро ќе им стои, ама на цел форум не може да им е, освен ако не е за инает.

    Се извинувам за долгиот пост и еве пак ќе ја постирам сликата, во чест на дрските и безобразните!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, Annath, manja666 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    :rofl: Смешна е веќе темава.
    Испадна дека невестата треба да задоволува вкусови на 200 и кусур луѓе, на нив да им е најдобро, а она што се мажи еднаш во животот и никогаш веќе нема да го има тоа искуство(нели, релативно кажано) е мање-више битно. :D Добро се испревртеа работиве. Јас мислам дека невестата треба да биде најоскудно облечена, гостите да блескаат и се ќе биде во ред.
    Со тоа засенување малку и напорни станавте. Јас уште во првиот пост реков дека не станува збор за засенување. Станува збор за издвојување. Нормално дека во толку девојки ќе се најде некоја поубава, мислам, со сите тие допичњаци, цицки на изволте и се тоа.
    Едноставно, се знае по што се издвојува невестата на настанот, ама стана излишно веќе да се збори. Испишавме дваесет и кусур страници за ништо. Дрн, дрн јариња, секој со своето гледиште.
    А за тоа дека гледате од една страна, гледате, па како сакате вртете ја работата. Ако гледавте и на другата страна немаше да ви биде гајле само за вас и за вашиот избор на боја, ќе мислевте и на другата страна.
    Ајт, доста ми беше тука вртење во круг.
     
    На kate21, Trendafilka, Lilit и 5 други им се допаѓа ова.