Лара Соле само тој фустан ти е во гардеродберот немаше друг нели? За убаво, предобро ти стоеше, нема тука дискусија, не можам да кажам не, али мораше да биде бел нели, немаше друга боја ниту еден друг фустан да обечеш, исто толку свечен и убав како тој? За тоа зборам јас за инатот кој неоправдано се јавува кај нас некогаш. Ти си била полу свесна дека можда не е баш соодветна белата боја, дури и си ја прашала дали може да го носиш, а за тоа време си можела со помалку мака друг да облечеш и да не се малтретираш некој да прашуваш. Не знам како си мислела дека ќе ти каже не бре, не го носи никако, и тоа се вика основна култура. Тоа се вика зашто едноставно кога може да биде комплцирано нели, да ми се јави некој да ме праша дали може тоа и тоа да носи кај мене на свадба, искрено ќе ми дојде малку смешно. Вие велите ние беспотребно сме се замарале, а ти не сметаш дека си се замарала да се јавуваш по телефон и да трошиш беспотребно време и твое и туѓо. Колку е нашате замарање, толку и твоето било.
Како прво- бел фустан немам и на ниту една свадба не сум облекла таков. Како второ- што не ми се допаѓа. Ќе истурам вино врз дотичната. Што значи, на исто ниво сте со дотичната. Во поглед на културно однесување. Од страна гледано... би изгледале како желни за докажување - покажување. Еххеј јас сум невестата . Е не, баба ти е. Со самото доаѓање па до првиот танц, оро, и местото каде што седат ќе ја видат невестата која е. Јебеш бон тонот кога невестата на најубавиот ден се однесува ко луда и од свадбата направи циркуз. Се изгубија некои животни вредности... а ни белото не е веќе бело. За кој како, а остали залијте вино црвено, но внимавајте дотичната може да возврати па да ја поминете свадбата со некој нов фриз-соскубани. Да, има и такви. И за крај- свадба за помнење Абе како си поминавте на свадба? Што да ти кажам, невестата ја посипа со вино една во бело, а таа и возврати за коси... и скокна младожењата, па момчето од девојката, и кумот се придружи "џумбус-машала"? због једна хаљина која не е венчаница. Во бело во бело застанете како што личи до него Без навреда кон идните невести. Не вреди да се уништи расположението за еден фустан.. Патем, се прашувам како во тој миг, ќе имате време да гледате кој што облекол. Стара и Озбилна
Значи ова е прва тема на која што губам нерви, а гледам и други како мене кои веќе се откажуваат од пишување на едно исто што треба да ви биде јасно како ден и е универзално правило за културно однесување. За болдираново стварно не знам што попрво да ти напишам, ама не сакам да забегувам со долг пост, така да на кратко - Покрај невестата не треба да има некоја дотична што може или нема да ја изнервира невестата. Оставете ја невестата на раат, како па она е безобразна ако некоја коза дошла во бел фустан?! Може нема да покаже дека се нервира, може и да не се изнервира, може и со вино да ја полие ( ова дефинитивно не го оправдувам), ама за да се избегнат сите овие непријатности и погледи на криво, стварно не морате да носите бел фустан! Бог да чува, не е ништо комплицирано тоа да се сфати, дури ни за далтонистите
Ууууу гледам коси сте си искубале за темава... Ако, ако убаво да се живне малку. :up: Јас мое мислење да си кажам, за мене лично. Никогаш не сум облекла и нема да облечам бело на свадба затоа што, прво и прво не ми стои, второ не е до толку некоја боја вау па да се тепам за неа и трето, а ова од сега од темава, кога видов колку може на некоја невеста да и смета тоа што јас ќе се облечам во бело тогаш, не би фала Богу да и рушам филм, после се тоа е нејзин ден и и значи многу и зошто да и бидам трн во око, кога имам ОГРОМЕН друг избор на фустани. Друга работа, мене лично воопшто не ми е гајле, ниту пак би ми сметало некоја така да ми се појави, зошто како што не се замарам за глупости, дали ќе ги забележам сите што дошле е знак прашање, а не пак да ги регистрирам во што се облекле. А си имам јас една „другарка“ што ако и ја покажам темава дека им смета на некои така за инает ќе оди по свадби во бело, а посебно на мојата, иф ју ноу ват ај мин. :geek: Ама ако... Јас пак си ја сакам. И сите останати, дали во бело биле или во розево, верувам дека мојата радост никој нема да ја засени, ако сака и гола нека дојди .
Читај душо Јас не губам нерви, толку сум смирена што најмирно ќе си кажам... Кога ќе пратите покани- ете веќе кога е модерно да се напише поклон во плик. Напишете строго забрането бел фустан да се облече... Некој не знае што е културно однесување А тој некој не сум јас, затоа што на ниту една свадба не сум облекла таков.
Ниту некаде напишав дека ќе избркам некоја така облечена на мојата свадба, ниту пак на крај памет би ми паднало поклон во плик да напишам на поканите, што е крајно безобразно и е еднакво на доаѓањето во бел фустан. И темава не е отворена од аспект на невестата дали некого ќе врати од свадба, туку дали вие така би се облекле на туѓа свадба. Сите се нафрлија кон невестите дека биле желни за внимание... Па нивни ден си е, многу пооправдано им е нив, од колку на некоја кокона во бел фустан што е само гостин на свадбата.
Ајде да изгласаме нова боја која ке ја носи само невестата, зошто изгледа сите други жени само белата ја сакаат !!!
Гледам дека ми го извртевте муабетот. Се мислам дали да објаснувам уште. Поентата ми беше следнава: вие кои што сте против носење бело на туѓа свадба, нас на кои тоа не ни преставува проблем (без разлика дали ние носиме, сме носеле или планираме да носиме во иднина) не направивте некултурни. Епа, јас само ви возвратив дека вие не сте ништо покултурни кога не ги почитувате своите гости и очекувате од нив целото внимание да ви го посветат вам и на вашите желби. Навистина не знам како поинаку да ви објаснам? И не, тоа не значи дека јас гостите треба да ги прашувам како да ја украсам салата, или каква музика да пуштам. Мислам... поентата ми беше друга, ама ако вие не ја разбирате, дури и да ви нацртам, пак нема да ви биде јасно. И ќе ве молам, немојте тука да ми продавате култура, кога и најосновните правила на добро однесување не ги познавате или не сакате да ги почитувате.
A чива е свадбата? Моја? Мислам, јас одам на гости па ако не се пуши не палам цигара од причина што сум на гости и тие ме угостуваат дали со кафе, дали со сок, дали со само муабет па ништо не зборам и не мрчам, соблакам кондури и се однесувам како во туѓа куќа,не седам крст нозе или нозете у вис, а не па на свадба. И да јас ќе ги почитувам желбите, не е мое да прашам дали и смета. Не е мое воопшто да помислам да ја прашам дали и смета, се знае. П.С. Не знам што да ви кажам, вие што си терате инат. Не одете на такви свадби, од се' се навредувате, да не ви се срони бисерот ако не облечете бело. Нивна свадба, нивни желби. Кога ќе правите ваша, ќе си кажете, сакаме сите да сте среќни не сме ко ојлевци-дојлевци да се почитуваат нивните желби. Кажете ги вашите, невестата и зетот се тие што ќе ги испочитуваат на сите гости.
Никогаш не би носела,не ми оди некако.Како јас да сум невестата.Се знае кој носи бел фустан на свадба.При толку бои некој бел фустан да облече- no,no ! Нема да се знае кој е невестата
Златно правило е да не се носи бело на туѓа свадба. Значи не е работа што треба да се каже на глас, туку едноставно треба да ја знаеш. И да не и смета на невестата, не тоа тоа, си се знае.
За тие што нудат длабоки психоанализи за тоа колку невестата која не преферира некој да и` дојде на нејзината свадба облечен во бела боја е - исфрустрирана, без самодоверба, искомплексирана, лошотија, злобна, себична и го сака целото внимание за себе, чисто информативно двонасочна улица е тоа. И јас можам да кажам дека таа што оди на туѓи свадби во бело и се прави намутава е - исфрустрирана, без самодоверба, искомплексирана, лошотија, злобна, себична и го сака целото внимание за себе. Убаво е вака кога некој се прави толку намутав и кул и опуштен, а тебе те прави раздразлив и егоцентричен. Леле, прекини да ме голицкаш, ќе пукнам од досеткиве на оние крајно искулираниве на темава што се обидуваат да направат доста други девојки Bridezillas, a којзнае они какви потресени биле или какви ќе бидат за свадбиве (патем, ова не е отворена покана да објаснувате колку опуштени невести сте биле, иако ќе се јави некоја душебрижничка и тоа да го елаборира, само да убеди доста голем број на девојки колку малоумни се). За илустрација, кога гледавме оваа, па и изминатите години уназад слики од матуранткиве низ Републиката, што ти е првиот коментар што ти паѓа на памет кога ќе видиш таква девојка со тип на фустан фустан каков што го збориме цело време (не бела кошула, бела основа со дезен и др. тракатанци што ги умешавте од чист магарешки женски инает)? - Леле, како некоја невеста е. Се` е кажано. Терајте намутаво, немам сомнеж дека белата боја ви стои апсолутно најдобро на сите.
Охохооо, ама се расплинала темава На сите можни страни сте ја развлекле дебатава. Сé и сешто се изначитав овде, од споредби со погреби, до како тоа невестата немала самодоверба и била желна за внимание, па зошто младоженецот не се истакнувал туку само невестата, па како тоа денот сам по себе бил посебен и не може ништо да ја онерасположи невестата... и ред други работи. Јас си се изјаснив уште на првата страна, очигледно не мислејќи дека до волку ќе се разложи дискусијата Поставете анкета, па ќе гласаме. А од сите вие што пишавте дека прв пат слушате за вакво нешто, ниту еднаш не прочитав коментар од типот: Ете, јас не сум знаела, сум носела бел фустан на туѓа свадба, ама за друг пат ќе си знам. Туку само како со глава во ѕид се лупате, сте се фатиле за тој бел фустан и точка. Глумите дека сте либерте и open mind, ама од дискусијава давате тотално спротивен впечаток од тоа.
Гилти јор онор! Гилти! Не е за внимание, кашлица ме фаќа нешто, џабе 28те страни невести(& stunt doubles ), се исповеда момата, музата за темава
А мене ме интересира како кога знаеш дека на невестата има макар и НАЈМАЛА шанса да и смета тоа што ти си во бело, тебе не ти е гајле? Тебе не ти менува, а неа и менува. Немојте да ми речете дека тоа не е од инает, па каква сака нека биде таа, дали брајдзила или со ниска самодоверба или не знам си каква, тогаш тебе каква те прави тоа, нека се нервира бе шо ми е гајле а?
Можно е рекорд да срушивме со темава. Јас навистина не можам да сфатам зошто некој би облекол бел фустан за на свадба освен невестата. Што правиме со тоа, докажуваме дека и ние имаме бел фустан во плакар? Па во лето кога ќе излезе девојче во бел фустан не се пропуштаат зафрканции од типот 'спремна невеста' не па ли на свадба. Ако некој од пуст инает/љубомора решил да носи бел фустан на свадба, браво, тоа е се што имам да кажам. Денес од кои се не причини се покануваат луѓе на свадба, ама јас на тоа гледам како на еден убав гест, желба на невестата/младоженецот да бидам дел од нивниот посебен ден. Навистина не иде на тоа да вратам со дотерување во бел фустан. Никој не може да ме убеди дека има девојка што во плакар има само еден фустан за свечени прилики и види богати тој бел се погодил. Цел куп бои и шари има, зар до тоа стигаме на свадба баш во бело да мора да се оди?
Доброооооооо. Еве и покрај се и глупава е. А јас попрво во зелено ќе појдам отколку да и бодам очи. Ама зошто да биди просто ко може комплицирано, нали?
^ Биди ти во зелено, ти си подобра личност, остај не нас. Оди сега легни си со блажена насмевка на лице.
Види вака не те психоанализирам, ниту кажав некаде дека ти си полоша личност, всушност ти си таа која вади заклучоци дека некоја е глупава зошто се нервира за тоа дека некој ќе и дојде во бело на свадбата, ниту пак те навредив некаде. Не е во прашање дали сум јас подобра личност од тебе туку кога велиш дека нема потреба да се крева толкава прашина околу тоа зошто да ја креваш? Толку ти значи да нервираш некого?