Дооооброоо бе шо се расправате бел, зелен, розев, боо ејј.. ко ќе дојт вашата свадба тогаш кажвете правила, па глупа била, па паметна, дошла во ваков фустан, во таков.. не ви се смачи со глупости ?!
Сметам дека оваа тема е од типот теми како Подарок во плик. Копја ќе се кршат дали после 30 или 300 страници. Така да, Let's agree to disagree и нека заврши кубењево коси
Штом мислиш вака, тогаш молим те немој по други теми да се жалиш на нечии некултура, неморал, непочитување, зошто автоматски ќе испадни дека си глупава. Тоа е твојата логика. А, темава може да ја сместиме со други теми заедно: Дали треба да се почитува бон тонот или не ? Зошто сепак ова е едно такво правило. И колку што прочитав досега НИКОЈА НЕ ДАЛА РЕАЛНА ПРИЧИНА ЗОШТО ДА СЕ НОСИ БЕЛО, туку кажавте ефтини тралала муабети од инает, од простотилак, од глупави психоанализи како невестата е болна за внимание итн.
Ете зашто пола роднини и пријатели ме гледаат накриво коа ги молам да им дојдам отпосле „на честито“. Да одам на свадба у Македонијава ми е ту мач ов а шок фор ми. Секој ден учам некое ново правило за одење по свадби шо не сум го знаела, а којзнае уше колку работи не знам. Инаку фор д рекорд за тие кои ги етикетираа оние кои не се против носење бело на туѓа свадба дека бараат внимание и дека од инает носат бел фустан, еве да си кажам за мене лично. Од шесто одделение навака, не сум купила бел фустан (кој одаамна веќе не ми е таман) и ништо бело освен два пара патики, маицата за физичко и едни бели панталони. Иам и туника во бела позадина од скоро, но со баеги шари е, така што не се рачуна. Го почитувам туѓиот став и поглед на тоа како неговата свадба треба да изгледа, како што и тој некој ја почитува мојата воља да (не) бидам гостин на таквата свеченост доколку (не) се вклопува со начинот на кој јас сакам да функционирам. Сум против драматизирање за истото како да е крај на свет, инаку секој си има право на свој став. E така. Поздрав.
За поклон во плико на поканите не, ама за на жените да не им светне да се појават во бело - е богами каде каде е повозможно да напишам на поканите! Женишта бреј, очи си извадија и на оваа една тема - каде бар 'логично' би било сите да сме на истата страна. Ама сепак... жени и логика?! Јок. Мене некоја да ми се јаве и да ме праша за на свадба дали ќе ми смета бело да носе, еве на ако не и речам: А ќе може ли успат после ручек наместо мене да сечеш од тортите.
Vecerva vo eden razgovor so mojata drugarka koja sto ne e clen tuka milion posto mi kaza deka za svadba si kupila teget fustan- slicen model kako postiranite kratki beli na temava. Mi kaza deka imalo i bel koj sto poveke i se dopadnal, no ne go zela so zborovite :" ne ke bidam ko nevestata". Sto znaci deka sekoj barem ednas vo zivotot slusnal dekaa vo belo celosno belo znaci ne kosula, belo so crno , da potenciram striktno belo ne e ubavo da se nosi na tuga svadba i e vecno nepisano pravilo. I prestanete so psionalizi, pravenje deka patime po vnimanie nie koi sto sme protiv toa. Jas kako idna nevesta yvrdam deka sekoja koja sto bila ili ke bide se cuvstvuvala posebno toj den i sigurno deka nema da im r seedno ako nekoj drug go rasipe makar i za mig toa cuvstvo.pa sto i da sakame vnimanie samo toj en sepak sme nevesti ili ste bile. Nisto br ve cini ako mesto bel, sravite druga boja na fustan. Em ke iskazete kultura, pocit kon sebe i kon nrvestata, em mirna vi glava od ozboruvanja, pokevanje so vino i slicno.
Ако невестата нема обврска да мисли како би и` било на гостинката доколку ја дискриминира според бојата на облеката која ја носи (а гости се дискриминираат и по многу други основи на нашиве свадби), по која логика таа треба да размислува за нејзините чувства што ги предизвикува една боја. Обична боја! Што може и не мора да биде бела, како што може и не мора да биде црна, сива, тегет, браон, црвена, портокалова со розеви ѕвездици и слично? Јас еве убаво предложив, нека уфрлат во поканата и бон тон за одење по свадби според невестата (затоа што нема универзални правила, кога е нејзина вечер и повеќе е нејзиниот ќеф во прашање отколку било што друго). Зашто да не? Ама не, мора малце лажна емоција да се убаци, не смееш да ги одбиеш, ете си бил во стисок и навистина не си имал пример што да облечеш за на свадба и она ти вика „Абе златна, важно ми е да се собереме на купче да споделиме радост, веруј ми. Аман дојди!“ И после вака се оговараат оние кои се излажале, а ја згрешнале работата во некој аспект. Ах тоа наше гостопримство... Ете, јас сум гостин кој САКА да знае што не сака домаќинот од мене на негова свеченост. И не, не планирам да го прашувам што да правам затоа што или ќе добијам одговор како од анушка нестле примерот, или ќе добијам „Ма едино правило е да се дружиме.“ Бидете искрени, пишете си на поканата се` што сакате од однесување и изглед на вашите гости, па на оние на кои им е во склад со нивните принципи и начин на функционирање, ќе ве испочитуваат и ќе дојдат онакви какви што сакате. А другите, ќе ве испочитуваат и нема да дојдат за да ви расипат расположение. И има разлика меѓу „да се биде ЗА носење бела боја на свадба“ и „да се нема ништо против оние кои тоа го прават дури и на своја свадба и да не им е јасна дискриминацијата според бои.“ И колку што е безвеза да се праи психоанализа на невестите на кои што еден фустан (и тоа туѓ) им е доволен да им го расипе расположението на нивниот најубав ден, уште по-без веза е да се прави психоанализа на оние кои ете, дошле во бел фустан. Си пишав погоре од кои причини не носам бела облека на свечености, но навистина ни би го сфатила навредливо, ниту пак како знак дека жената си има психолошки проблеми. Јас сум практичен човек кој не се спрема подолго за каква било свеченост од 15ина минути, сосе шминка и сите тие работи. Леле, ептен сум имала среќа што се десило да не дофатам нешто бело кога била туѓа свадба во прашање. Со другарка ми бевме слично облечени (светло сива кошула и темни панталони ) значи не сме се договарале ништо и баш слатко се изнасмеавме кога се видовме. Исто ќе изреагирав и двете да бевме во бели фустани, или пак таа да беше и покрај тоа што јас не сум. Тоа сум јас, ете - 300 људи - 300 чуди. Нормално е и човечки нешто да ти пречи и за твои пари не сакаш да го гледаш. Ама отворено кажи си со време, не е никој баба Ванѓа па да ти ги чита мислите. Толку едноставно. A не истурање вина, тепања, враќања назад, кубења коси, “досетливи“ коментари...
Јас се кострешам од коментари на жени кои носат други бои на фустани по свадби,а гласат - леле од невестата ќе бидам поубава, па само си пртпоставувам што си мислат оние со белите фустани.
Доколку невестата се реши за друга боја на невестинскиот фустан (да не бидам сфатен дека ке одбере сина или црвена боја ..мислам на некоја нијанса .Важно не е бел !,а гостинка блиска се појави ( во пристоен бел фустан со детали што неговестуваат дека не е невеста ) ке биде некоја навредена?Чудни сте вие жените,измислувате правила а ни самите не се придржувате до нив секогаш.Сакам да надополнам колку многу комплицирате каде што никаде (верски и сл ) не е наведено дека нетреба да се носи бело, или пак ке ја снема почита доколку се отиде во бел фустан ?Ме изненадуваат вакви работи и мислам дека никогаш не би обрнал внимание доколку некој гости (од машка гледна точка ) носи ист крој на одело или пак иста марка -боја .На сите различно им прилега .
Ај не се правете сите на тошо и како сме ние будали, тоа било само боја... Да, боја е, ама доволно е некој само да ви спомне БЕЛ ФУСТАН и одма ви асоцира на невеста, не па на свадба каде што очекувате невестата да ја видите во таков, да ви се мотка уште некоја паметна на која што тоа и е само боја. Или не дај Боже јас да се стегнам у бело и да се бодам очи. И за тие што упорно и после темава се правите дека нема ништо лошо у тоа, да знаете само какви коментари ќе соберете на свадбата, оговарањето на свадба под алкохол е доста креативно, што се не чув... Ама очигледно таквите како вас не ги тангира мислењето на другите, па штом сте доволно дрски сепак да носите бели фустани, барем според мене, си ги заслужувате сите коментари кои ве очекуваат позади грб. И не, не збориме за исправност на истите, туку дека ги има.
Човек кога ги чита коментариве ќе си помисли цел форум психолози по професија Навали народе на групна психоанализа на сите што некогаш ставиле или планираат да стават бел фустан на туѓа свадба, на невестите кутри исфрустрирани, на оние на кои им пречи тоа, како и на оние кои воопшто не се замараат со облеката на гостите на свадбата И никој тука не рече : Да, ние сме ЗА носење бели фустани на туѓа свадба и еве сега и движење ќе покренеме за масовно носење бели фустани. Коментарите најчесто беа дека воопшто не се замараат со облеката на гостите. Од напишаните примери можеме да видиме дека процентот на жени кои носат клот бели фустани на туѓи свадби е занемарлив. Со други зборови не соодветствува со жестината на дискусијата која сме ја разврзале на 30 страни. Од друга страна, процентот на допичњаци е верувам поголем, па не гледам овде некој некому очи да копа поради тоа.
Колку што ние ве нарековме будали толку и вие нас не нарековте будали. И? Сега? Кој е во право? Секој со своето мислење, секој своите искуства, секој со своите постапки. И аман веќе, да, белото е САМО боја и ништо друго. Значењето на таа боја е иста како и на секоја друга, нема никаква разлика. И зошто мислиш дека ако некој спомне "бел фустан" дека одма на невеста асоцира? Има мал милион бели фустани што воопшто не асоцираат на невестински. Тоа што во денешно време невестинските фустани личат на се останато освен на невестински тоа не е наш, ваш или ничив проблем. Се знае што е бел, невестински фустан, а се знае што е бел обичен, нормален, НЕневестински фустан. Не од километар, од 100 километри ќе препознаеш. Има невести и што не носат бели фустани на својата свадба, па пак фустанот се нарекува невестински, затоа што е и за таа пригода и за таа личност која се нарекува невеста на тој настан. И не се разликуваат само по бојата, се разликуваат и по материјалот, по дезенот, по деталите, не секогаш и по должината итн. А ако сега некоја невеста одбере ептен обичен фустан за својата свадба кој не е ни бел, тогаш тоа е нејзин избор. Иако и претходно напоменав, ќе напоменам и сега дека после темава дефинитивно нема ни да помислам да носам бел фустан на туѓа свадба. Само пак и пак и колку и да ме убедувате и 100 страни да напишете нема да ми биде јасна оваа логика. Единствено проблемот и логиката ја гледам во главата на невестиве и тоа што сме жени па мора да искомплицираме. Уште па кога ќе видам дека ова со некултура и бон-тон се споредува... не знам што да кажам.
Е па не асоцира на умрен Богдачува, на невеста и на свадба асоцира, и невеста да се спомне одма на бело и принцес фризури асоцира Вака, стварно, зошто сосила се правите...ај да не речам...ете дека не сфаќате?
Зборот "невеста" мене ме асоцира на пепелашкасти, раскошни фустани, што не мора и не значи дека треба да бидат бели. Ама "бел фустан" не ме асоцира на невеста. И тоа е тоа. И добро ај сега јас да ве прашам нешто. Сите фустани што сте ги виделе до сега во животот ви изгледале на невестински? Ама баш, баш сите? Во ред, не велам не, има некои што може да се помешаат да, ама па не мора да биде и бел па за да речеш дека е невестински. Има бели фустани што се со одредени детали на пример во друга боја која е контраст и си изгледа нормално како и секој друг. Сега ми текна дека на матура имаше една девојка што носеше фустан во бела боја, со кафеави детали. Имаше на фустанот кафеава лента, со кафеави штикли, кафеав накит, фустанот беше до над колена и не толку тесен. Битно девојката изгледаше преубаво, а најмалку па на невеста потсетуваше. Баш на невеста потсетуваше една друга што имаше темно розев фустан, кој беше долг и раскошен, со сатенски материјал и со триста светки на него. Мене лично таа ме потсетуваше на ромска невеста. Си стојам на тоа дека фустанот повеќе го прават деталите, материјалот, моделот, дожината, итн., а не бојата.