Muabetov navistina e vrtenje prazna slama,navistina neznam shto ima tolku za ismejavanje vo postot moj,ali ako taka si go doziveala ondak tvojot Bon ton na vidno nivo go iskazuvash(oti neli se fativte ovde da razglabate od site agli za znachenjeto na bon ton)
Во одговорот на ТВОЈОТ пост има едно смајли и тоа не знам каде виде смеење и смешно, ама веројатно на истото место каде што си видела дека е многу кул да одиш во бело на туѓи свадби...
Ете драги феминчиња, си кажа убаво девојкава што ви е најважно на вас што носите бело на туѓа свадба. 30 и кусур страни мислења во вода паѓаат и не можеш да му објасниш нешто на некој кој самиот себе си е центар на светот. Нема тука бон тон, нема тука култура, има само ЈАС и она што МЕНЕ ми е најубаво. Ете кој има желба за докажување, кој е себичен и кој на ТУЃА свадба ги става прво своите желби. Спојлер бејби стар, белото многу добро ти стоело, ама и фустан во боите на виножитото исто толку добро би ти стоел, ако си убава Пак ќе речам, не разбирам зошто се коментира само за ЕДНА девојка во бел фустан на туѓа свадба. Кога може една, нека бидат и десет. И ви посакувам на сите што скокате овде, ДЕСЕТ манекенки во бели фустани на свадба, па да ве видам што ќе пишете после на темава. Спојлер Господ трудничка ме стори, фрлам клетви по форуми :evil: :evil:
Ајт чекајте малку,а тоа што 90% од мажите на свадбата носат костум значи дека личат на младоженецот? И до вас идните невести,ако нејкете да ви идат во бело пишете си на поканата,џабе ви е тука што ке пишете на форум,тука секој си кажува свое мислење.
А бе ја би направила на моја свадба задолжителен дрес код, жените во бело, мажите во смокинг. И баш би ми била убава свадбата. Милина. А јас ќе се облечам во бордо венчаница !! Не на келнерите, уште ако носат бела кошула и лептир машна и црн костум
А вие искрено очекувате дека некој (било кој) ќе седне и ќе му ја мисли: чекај сега ова нема да го облечам, ќе бидам поубава од невестата. Мислам... Нормално дека секој прво за себе ќе си гледа, па потоа за другите. Не знам што тука не е јасно. Јас си кажав на почетокот и пак ќе кажам, никогаш не сум размислувала кој што облекол на свадба, а најмалку дали тоа било бело или не. И тоа не значи дека сега ќе почнам другите да ги убедувам само во бело на свадби да одат. Просто е, не ми е гајле кој што носи. Ако сакате и голи дојдете. Ваша работа. Не сум од тие што ќе загледуваат што има во туѓиот двор или недај боже да ставам ред или воспоставувам правила кои ете мене ми се логични и би требало т.е мора сите да ги почитуваат бидејќи јас така сакам/сметам.
Оди после ожени се... ќе бегаат него како Ај добар ден Да сте живи и здрави ме насмеавте Само да се вртеше животот, околу фустанот...
И дојде ред некој да кажува како пола форум биле исфрустрирани, себични и здодевни невестулки, што се потресуваат за глупост. . Непознати девојки, ама знаеш дека се такви, зашто кафе пиеш секој ден со сите. И мене не ми се верува. Скорпионка, за која било друга боја, нејсе. Ама за бело... дај те молам. Прво, барем кај нас, секогаш се преферираат други бои и првиот коментар уште од мали кога ти купуваат алишта е - немој бело, лесно се валка. Второ, мутава се правиш упорно или таква си природно, белата боја е тешка за носење. Прелистај модни критики илјадници страни, и преброј на прсти колку девојки има од глава до пети во бело. Ако се лажеме, добро. Ама неее, пуни плакари бели алишта се веат. Оф, освен гаќите домаќински, тешко. Абе секој викенд e White Party, тоа е. Свашта. Многу си слатка кога водиш инает вака.
^ Ама кој рече дека носи бело затоа што плакарот и е полн со бело и нема друга боја на фустан? Зошто да мозгам за небитни работи-зошто некој се облекол во бело, дали затоа што нема друго, не знае за правила, не знае дека се валка, не знае дека не и стои на конструкција, не знае дека невестата загледува...небитно ми е, како да ти објаснам а да не мислиш дека само мутава или искулирана се правам?
Добро бе Скорпионке, твојата свадба поминала, тебе не ти пречело кој, каков е, па сега имај малку осет за оние кои допрва ќе бидат невести и кои сакаат да бидат единствените во бело !!! Ова твоево е чисто терање инает, без осет ама! За Лионесс - спомна пример со ќерка си и Снежана, а вие кажувате вештерки, по пат луѓе во бело бла бла. Абе јасно беше што си кажа таа !!! Со сила ги превртувате зборовите. ДРЕС КОД - Што е тоа ???[/b][/u] Зошто во дискотека не појдите бе со тренерки ??? Зошто на свадба бе не појдите со патики ??? Зошто на погреб не појдите бе со тој ваш бел фустан ??? Зошто на зимување не појдите со куси пантоли ??? Зошто в Црква не појдите со минич и цицките надвор ??? ИТН... За таму ЗНАЕТЕ како да се облечите, а за една свадба до толку не можите да сфатите дека бел фустан не се носи !!!!!
Силвер, а мора ли да се согласиме за нешто за да се почитуваме? Ако не се согласува некој со тебе за нешто, прост се прави сосила? Хмм, баеги високо мислење имаш за себеси. Богами каква општа хистерија се разви за една работа, битна колку еден бел фустан, темава само за пуканки стана вредна. Aj човече да е некоја осетлива тема, брачни и семејни ситуации, религија, љубовни проблеми, па и политика, шо да е, ама во мода и стил толку емоции...де брее, да му е страв на чоек форум да отвори... не постои веќе тема на која може да си пишеш раат.
Во контекст на кажаното - 2ца мажи некни ме направија ЛУДА зошто ја прашав идната невеста дали ќе и` смета некој да се појави во бело на нејзината свадба. Среќа мажена сум веќе, нема назад иначе сопругот сериозно и загрижено ме погледна кога го поставив прашањето. А невестава, ај што не знаеше за правилово, туку и искулирано ми рече: Ма што ми е гајле, и онака ЈАС ќе сум најубава таа вечер! Да, ама таа ја нема видено темава на форумов.....
Тоа сакам да кажам. Ние за една проста работа не можиме да се сложиме, а не па за нешто повеќе. Зошто ??? Една свадба - една невеста - една во бело. Толку е тешко да се сфати ?
Ја мислам така, ти не мислиш. Толку едноставно. Мора ли сите исто да мислиме? Да се понашаме ко клонирани? Да беше така, форумов ќе беше место со повеќе лајкови на мислења отколку дискутанти. Премногу лично го сфаќате туѓото мислење, дајте оладете малку.
Ама ти сепак си ја прашала, што значи знаеш дека би можело да и смета и дека не е во ред само така да се појавиш во бело, исто како и ЛараСоларе. Не знам што воопшто расправаме тука повеќе.
Бело не се носи на свадба од почит спрема невестата но и од основна култура. Но доколку некој не поседува вакви особини слободно нека си обелече бел фустан. Мислам дека нема потреба да се расправате понатаму, секој со својот памет.
Спојлер Јас ја прашав заради темава, кажав претходно дека имам 2 идни невести кои ќе ги прашам за мислење. Не беше заради мене
Моира џабе се правдаш сеа... криви сме, искомплексирани и некултурни. Затоа коа ќе завршиме на слика до келнерот, ко шо вика нена, не треба да се љутиме. Сеа, кој високо лета, ниско паѓа. Бар арно ни` е у животов, не толку комплицирано. Камо у други аспекти на брачниов живот да посветуевме време за размишљање, ко шо праиме за фустаните и нивната боја ... кај ќе ни` беше крајот.
^Значи сепак некое фајде од темава, не била узалуд. (Иако на неа не и сметало, можеби на другите ќе им смета, иако сепак дискутабилно е дали ќе ви кажат дека им смета, зависи од човекот.) Теси, ете, така испадна на крајот. Сите сме искомплексирани, дали невестата, дали гостите, сите сме безобразни итн, итн, тоа само жените го можат, да дискутираат триесет страници и сите да бидат во криво.
Темава мене лично ми ги отвори очиве. Што се сум пропуштила до сега, а не сум знаела. Од есенцијално животно значење е дали ќе носам или не бело на туѓа свадба, навистина. Ццццц, жени. Дај боже другите теми кои што се далеку побитни да беа вака посетени.