Toa што научив ја од темава и онаа другана за поклон у плик е: арно шо не одговарам потврдно на секоја покана за свадба. Ја неам таа култура да си приуштам да одам на свадба у Македонијава. Инаку некој спомна тренерки дека не се носат во диско. На запад многу често сум го забележувала тоа. Ама тоа е запад, си ја гледа секој својата напредија, баш го боли за плакарот на комшијата. Некултурни едни.
Како што стои и претходно, НЕ Е од животно значење, како ни многу други работи кои нѐ прават ЦИВИЛИЗИРАНИ. Пристојноста е сепак надградба над обичното преживување...
Така е погоди Ако не носев бел фустан,никој немаше да ме погледне Драги дами и идни невести-најдобро на вашите свадби не канете нeкоја што не е мажена,за да не случајно се облече во бел фустан,па да ја засени убавината на невестата(зашто нели убавината произлегува од фустанот),па место по невестата,сите да почнат да се вртат по неа
Е добро де, тогаш јас ќе бидам нецивилизирана по ова прашање. Искрено, многу поважно ми е (и се трудам) да ги почитувам секојдневните правила за пристојно однесување, отколку ова кое реално ќе ми треба колку? 10-тина пати во животот? Не сакам да се замарам со небитни работи.
Јас мислам дека се е до искомплексираноста на личноста, колку е поискомплексирана-толку повеќе се замара за се околу неа (дали некоја на свадбата ќе била у бело, шампањ...) мање битно ако си личност без комплекси, ма ич не ме занима што носат другите околу мене, за мене си гледам да ми е убаво и пријатно во она што го носам, и не би се замарала воопшто ако на мојата свадба некоја е во бело, една е невеста секако
Зошто во дискотека не појдите бе со тренерки ??? -Затоа што не сакам некој вратар од Драчево што уште копа руда од нос да ми паламуди на врата и да ме резили пред народ ,иако дуксерот и патиките ми вредат повеке од него и цела негова фамилија. (кога сме веке кај дискотеките на хип-хоп журките има и по тренерки и по блузони,така да излишна ти е споредбава) Зошто на свадба бе не појдите со патики ??? Затоа што патики освен на спортски активности не носам во други прилики,затоа што на свадба одам ДОТЕРАНА(и под дотерана не мислам на бел фустан за да ја нервирам невестата,туку на било што друго од мојот плакар кое не влага у комбинација со патики).Само ме интересира дали на твојата свадба ако некој дојде во патики бидејки стилот му е таков ке го вратиш од свадбата бидејки очигледно сметаш дека патиките како обувки не се доволно достојни за да бидат дел од весељето?!? Зошто на погреб не појдите бе со тој ваш бел фустан ??? Како што веке еднаш кажав на погреб и на гробишта во живот во црно не сум била облечена бидејки до скоро ни рамбовка црна немав.Сум одела и во бело и во други живи бои кои ги имам во мојот плакар,бидејки не сум одела таму да позирам и да се мислам дали некој ме гледа у што сум облечена и дали мојот погребален оутфит е соодветен или не .Сум била да оддадам последна почит кон најблиските.Али според твоето размилување би требало дома да седам и да не оддадам последна почит на најблискиот само затоа што немам со што во црнило да се завијам. Зошто на зимување не појдите со куси пантоли ??? На зимување пред се не одам по шорцеви бидејки нејкам да умрам од хипотермија на ладното ,а не затоа што дрескодот не дозволува у шорц да се скија. Повеке од очигледно е дека веке почнуваш да ја губиш поентата што некако и онака не ти иде да ја доловиш. Ок сфативме дека се жустриш на темава ама среди си ги мислите и логиката кога веке се расправаш со секој втор,бидејки некои од коментариве ти се смешни и без поента. Лично како што кажав никогаш не би отишла во бело на туга свадба ,ама дека доколку утре на моја свадба видам некоја да носи бело дека ке ја бркам со моторна пила ,мало морген. Тоа повеке кажува за мојата култура отколку за нејзината (не)култура.
Замислена ситуација: Маженава и е криво што невестинскиот фустан еееептен и е убав а и седи во плакар само еднаш носен па си чека така некоја свеченост за да си го облече. Па на свадба кај братучетка и, другарка и што има врска, фустан си е фустан, бела си е боја како и сите други. А плус и многу убаво и стои а нели тоа секој за себе си гледа да си е најубав. И така ќе си го износи фустанов замислената женичка.
Браво Ниво на комуникација на 5 годишни деца во градинка. Демек, ако не се согласуваш со мене плус и нека ти врне на свадба пошто на отворено ти е
Да, јас да ти кажам право, ако немам бел фустан, ич не се дотерувам, ниту шминкам, за фризура да не зборам. Имам еден свечен бордо, ама дека не е бел, не сум го облекла на свадба до сега. Зашто да биде само невестата во бело? Која е она да биде центар на внимание...? Морам и јас да задречам малце. Него, ми снемува бели фустани во шкав. Ама има решение! Бело сукњиче, бело блузиче и оп- како ново бело фустанче. А за болдираново, ќе посредам состанок со другарка ми да интервенираш! Набрзо и е свадба и будалата сака едноставен, бел фустан. Па сигурно дека и јас ќе бидам во таков, ама не сум јас крива што она не сака да носи 17 кг вел, сатен, мек тул, тврд тул, жоржет, жарсе, чипка, циркони и сл. Епа ако и е! Јас МОРАМ да носам бел фустан на свадбата. Многу лошо изгледа што барате логика во вашите "зошто да бел фустан" коментари, игнорирајќи едно некому битно правило за "зашто не". А баш тој некој е причина што одите на тој настан. Демек чест да направите. Демек.
Aaaa Скорпионка го спомна и првиот танц на младоженците На колку свадби сум видела , луѓе веднаш рипаат штом почне музиката Па на последната , пејачот ги замоли гостите да ги остават младоженцита да го изиграат првиот танц . Глупаво е да се кажува основна работа која би требало сите да ја знаат ама тоа е И ај сега да се расправаме , па што мене може баш таа песна ми е омилена за танц што ако станам да играм Значи многу ми е смешно , демек сме на собраниска расправа донесуваме предлог и се дискутира зошто да и зошто не . А тоа правило си постои . А сега што не сте слушнале , ами ваш проблем . Не значи дека не постои . Јас од мала знам дека на свадба гостите не носат бело .. И не ми е чудно и не ми требаат објаснувања Почитувам дрес код и гледам да бидам облечена соодветно според приликата ..
Ааааа не, пардон. На времето покрај корзо, се знае кај се наоѓало брачен партнер, по свадби И сега... од кај знаеш какви сватови ќе се најдат, свадбите ги зближуваат луѓето Денес сваќа, утре невеста Да не му се верува на човек колку сте испишале. Јас би кажала вака како набљудувач, сте се заинатиле од двете страни. Прво, девојките што не слушнале за "правилово" беа крајно навредени, искритикувани и обележани како некултурни. Немаше мислам потреба од такво нешто, не е воопшто чудно некој да не слушнал. Од друга страна, штом сега веќе разбравте а гледате на колку девојки овде на овој анонимен форум тоа им смета, за во иднина мислам за сечие добро, вајт ис аут оф д квешчн Не знаете на чива свадба ќе појдете, може некој никогаш не слушнал за ова, а може невестата тоа и ќе чека на врата Нејзин проблем нели, ама пак зашто да се рушат семејни или пријателски односи само ради една боја од цела палета И ради сечија безбедност оти може и ова Спојлер
А ако невестата пак не носеше бело, ептен ќе се збуневме. А ако бидермаерот го носела таа што го фатила откако невестата го фрлила? Тешка ситуација... Абе луѓе, кој ви е крив што одите по свадби кај луѓе кои не ги познавате и со кои не си викате ни „здраво“ на улица затоа што најчесто, не би се ни познале? Уствари па ја кое прашање го поставувам... се знае кој е крив... не-невестата во бел фустан.
И тоа е ОК, ако прифаќаш и другите да не се замараат со работи кои тебе ти се битни и ако евентуално нели, нешто не ти се допаѓа, а те засега, биди кул и во однос на тоа. Многу од оние кои тука својот либертѐ став го манифестираат со оваа постапка, очи би му извадиле некому ако ним им приреди нешто што не им се допаѓа... А широчината на човекот, либертѐ ставот, големината на душата сигурно не се покажува (според мене) со изјави од типот „Многу ми е гајле, како мене ми чини, така ќе правам“. Ако тебе (не лично тебе де) не ти е гајле како некоја твоја постапка влијае на другите, и на другите не треба да им е гајле како некоја нивна постапка влијае на тебе... и ете ти хаос. И демек, почитуваме правила, пристојни сме и воспитани, ама баш за ова правило сме се фатиле како пијан за плот и нема да го почитуваме. А зошто? Затоа што се однесува на некоја друга женска личност? Навистина не разбирам, иако не се ни трудам многу де. Ако можам да прифатам илјада други непишани правила за однесување, зошто токму ова да ми биде трн во очи? И тоа е целата дискусија на темава. А патем, иронијата не е аргумент...
Да. Која девојка при здрав памет би опнала невестински фустан со туфни ако не е невеста. А на кумата фустанот е се ама не е невестински.
Сакаш верувај, сакаш не, ама јас искрено ич не се замарам дали нечија постапка има за цел негативно да влијае на мене или пак тоа да ми расипе расположение или не знам што. Колку луѓе, толку карактери. Зарем мислиш дека треба да очекувам сите да прават како што сакам, или пак да паѓам во депресии ако нечија постапка не ми се допаѓа? Или да напнувам по форуми дека моето мислење е единствено исправно и мора, ама мора сите да се согласат со тоа. Сериозно? Си кажав, јас се однесувам така како што сметам дека е исправно, дали на некој тоа му се допаѓа или не, не ме интересира. Краток е животов да му ја мислам или да очекувам дека секој ќе ме сака или оправдува
Сум против за носење бел фустан на туѓа свадба само доколку фустанот е гламурозен и ептен впечатлив додека ако е некое си обично памучно бело фустанче или пак со некоја друга поја прошарано немам ништо против