confused ако ти сметаш дека е лошо носењето бел фустан на туѓа свадба, а друга страна нас ни посакуваш 10 женски во бели фустани на нашата свадба, како поинаку да ја сфатиме твојата желба освен како малициозна? Според твојот систем на вредности, ти нас ни посакуваш нешто што ти сметаш дека е лошо да ни се случи на свадбата. Овде ти навредуваш, не јас. п.с. Јас овде завршувам дискусија на темава на која очигледно и нема крај Ве поздравувам сите Останете ми со здравје
Фала Теси Епа, они на мене бон тонови! Едно од момите да послушаше, да се пушти од белиот фустан како сме го затеглиле, партали направивме, та да стане со ќеф да послужи на седенкава, па да ги благошевјаме да си најдат момче исто така вредно, како е ред нели, да ги фалиме, абе еле треба да ги мажиме утре бе!
Чекај, сериозно...? До толку инат да се водело?? Еве ти скоро ист фустан на една невеста каде што бев на свадба Сакаш да ми кажеш дека ако на таа кумата не ти е невестински, тогаш овој е спаваќа? Види безобразни невести, не не оставаат бели фустани да носиме. Дај бе... аман. Скоро сум сигурна дека тој на кумата бил нечија венчаница во минатиот живот. Не ме зезај. Дури и до пи**ак, исто невкусно ќе изгледаше. НЕ повеќе, туку исто.
Може кафе, само без шеќер, молам Иначе конкретно од сликите тој на кумата баш беше ко за венчаница, и многу потсеќа на пр. на овој (со плус циркони): Тоа што таму невестата носеше "торта" (што би рекла мојата снаа), не значи дека не можеше и баш во ист да се погодат.
Е, зошто си толку паметна, на се одговори, ама на најважното не !!! ЗОШТО НЕ СЕ ОДИ НА СВАДБА ВО БЕЛО ??? Значи на сиве прашања имаш мудар одговор, зошто така ти одговара. А, на другово не.
Така е, колку луѓе, толку карактери. Го прифаќам тоа, секако. Ама јас сепак бирам свесно да не правам сцени, сценички, инсинуации, за да креирам „настан“, и исто толку свесно бирам да не повредувам луѓе, посебно не со став „шо ми е гајле“... До карактерот ли е, до воспитувањето ли е, ама јас не би се сакала себеси ако сум во состојба да повредам некого, на било кој начин, само за да докажам колку сум кул и силна. Тоа што сум си кул и силна го покажувам на тој начин што не мора да се докажувам, посебно не во такви ситуации. Значи, разбирам јас рушење стереотипи, ама само ако тоа рушење ме засега само мене, и последиците се само мои, а не и некоја си невеста или настан, семеен собир... На такви настани го бирам она go with the flow. И не ми пречи, зашто тој некој си настан не е за мене, туку е за некои други, а јас сум таму да ги испочитувам и да ја испочитувам нивната среќа и да се веселам со нив, па така и постапувам. Па и невестата нека не знае за ова „во бел фустан на туѓа свадба“, јас знам, па нема да постапувам спротивно од тоа, исто како што ќе се мајтапам како што е ред на врата кога ќе ја зимаат, или како што ќе играм пајдушко или некое си друго оро кое само на свадби го играм, исто како што од срце ќе ѝ кажам на невестата дека е преубава, затоа што и се преубави, затоа што се искрено среќни, исто како што ќе се заблагодарам на крај што ме поканиле на прекрасната свадба... И сето тоа од срце и искрено, зашто мене па туѓата среќа навистина ме радува и ништо не би направила да терам инает во такви моменти. Ете...
Ако гостинките знаат дека ти ќе носиш бордо фустан се кладам дека ќе ти се појави некоја во бордо. Се кладам!
Има некое правило што може да ми забрани да носам бел фустан на свадба...? Ќе носам тоа што ми се свиѓа, дали бел, црн или црвен - мое право...Неможе некој правила безсмислени да ми кажува...А за долгите бели фустани, тие и така не се носат толку често, баш ради тоа што личат на венчаници, така да не само на свадба, туку поретко се носат и во други прилики...
А каде прочита ти дека јас намерно правам сцени, сценички, инсинуации се со цел да креирам некаков настан или драма? Или ова не беше за мене наменето? Се согласувам со тебе дека намерно на никого лошо не би му направила. Како прво, бидејќи таква личност сум па одам според она, не го прави тоа што не сакаш тебе да ти го направат, а како второ, реков и погоре животот е краток па да се замарам со вакви небитни работи од типот: ќе види она што ќе и направам. Тоа го прават само луѓе со многу слободно време или пак толку им сече паметот. Не знам што друго да кажам. Како и да е, нивен живот. Јас се трудам да ги избегнувам таквите. Да се вратам на темава. Не знам како не ви е јасно, а напоменав неколку пати претходно, нит сум носела, нит планирам да носам бело на туѓа свадба од проста причина што бело воопшто не ни носам, ама не ми смета ако некој друг носи. Просто е. Ама еве да претпоставиме дека јас многу сакам бело да носам, а никој не ми нагласил дека ете на невестата и смета друг да е облечен во бело на нејзината свадба (бидејќи има и такви на кои што ова не им е важно, колку и да ви е за неверување) и сега ако облечам на свадба сум што? Некултурна, личност што сака внимание, драми, што прави сцени... Многу лесно лепите етикети. Дури и врвниве психолози да ви позавидат Друго е ако невестата напомене дека и смета друг да е облечен во бело, тогаш би го испочитувала тоа. Како и да е, според моето скромно мислење ептен големо и непотребно внимание и се посвети на темава.
Mислам не е пристојно едноставно.Освен едно мало невестиче .. Би направила една споредба .Како сте се чувствувале кога ќе видете ист или сличен фустан како вашиот на некоја свадба или на матурската вечер. Незгодно нели? Колку и да е убав фустанот , колку и да прилега, вас ви било незгодно Свадба и војска не е исто , па ај сите у униформи како војници Спојлер Облеката и не е до толку важна , ама пак од друга страна е одраз на нашиот карактер.Се знае што е всушност пристојно облекување а што е претерување.За да нема заблуди во врска со облекувањето , мислам дека тоа се учи од мали нозе.За на училиште униформа, дури и за студентите .. Така се стекнува еден ред и дисциплина , а воедно се учи и на хигиена .Детето почнува да сфака што е облека за на училиште , што за игралиште , што за на свадба.Инаку се уште одат на работа облечени во тренерки а на нозете штикли, не дека немаат патики или панталони, едноставно промашена македонска комбинација .
Ова секако е поопшто, се надоврзувам на оние кои изјавија работи во смисла дека еве ќе носат, повеќе како од пркос, баш да видат невестата што би им направила. Инаку, од една страна, темава го живна форумов, а од друга страна, многу убава слика дава за карактерите . И на крај, тоа што даваме мислење, не значи дека глумиме психолози. Даваме мислење, не дијагнози, с краја да е
На некој ова му изгледа нормално. Мислам дека нема што понатаму да се дискутира. Не мислев дека ќе се доведи темава до овој степен, некои од вас се...ОЧАЈНИ за внимание.
Сепак мислам дека е неприкладно. Ако некој со сила се прај будала и облече-негов проблем. А јас не би...
Да ве сфатам да кажете ете добро носев, не со причина, ми беше најдобар избор, во ништо друго не се бендисав ајдее етеее пак да ве оправдам некако, вас не ви е битна бојата, не претставува никакво значење нечија свадба, се тоа... Ама да ве сфатам дека не гледате ништо чудно или да речам необично во сликава со двеве невести Мислам доволно кажува дека терате инает од светски размер И Скорпионке, последниве коментари веќе ти се ко од навал шо вели баба ми, колку да не е тивка собиранкава
Некој спомна за првиот танц овде па решив и за тоа да си изнесам мислење. Кога пеачот или небитно кој, ќе нагласи на свадба дека ете ги младите и сега ќе го изиграат првиот танц, значи страшно ме нервира кога луѓе без усул ќе станат и ќе играт паралелно со младите. Абе џабе нагласување, и од човек до човек да идеш и да му кажеш не станувај, нема да се разберат и ќе станат и морало значи да се изигра тој прв танц, па зошто тие 3 минутки да играат само они двајца ? Абе ајде па кои се они, ми се свиѓа песната, па треба ли да се фотнам со дечкото каде танцуваме ? Иста ситуација е и со белиот фустан. Објаснувај, цртај, стој на глава, гестикулирај, абе што и да правиш нема докажување, они се у право и точка. Носете си бели фустани, мажи нека се редат да фаќаат бидермаер, нека нема прв танц за младите, ама важно вие да сте среќни и задоволни. Нема врска што она е невеста еднаш а вие ќе отидете уште на 30 свадби минимум во животот. Убаво вика Реин, па и заслужувате полевање со вино, и торта шлакната у фаца за да ви дојде паметот малку.
А зошто сметате дека некому би му сметало ако некоја гостинка со таков фустан и се појави на свадбата? Еве мене нема да ми смета. Јас сум омажена, свадба ќе правам во пролет и ете велам дека нема да ми смета. Јас на туѓа свадба НЕ НОСАМ бел фустан, баш од вакви коментари затоа што не знам на каква невеста и гости ќе налетам, па еве нејзин ден е, јас ќе се обидам да се прилагодам. Туку оваа прилогодувањето веќе почна да ми преставува товар. Пари како поклон, фустан во таква боја, де ова, де она. Што помодарство ќе беше ова, човек неможе од мерак на свадба да оди. Невестата е најбитна, ама и гостите се, затоа што тие ви ја прават свадбата. Деновиве забележав дека овде на форумот се измислуваат секакви правила, модни трендови, а да не ја спомнувам темата бременост. Хаос луѓе, јас стварно незнам од кај никнуваат сите овие новитети и сериозно размислувам дали воопшто да продолжам да пишувам овде. Кога поради еден став за носење фустан на свадба се прават психоанализи, се прашувам што се не се мисли за некоја членка и за нејзините мислења. Кој што сака нека носи, кој што сака нека зборува и мисли, негово право и негов избор.