Аии многу дрско беше ова бре Скорпионка. Епа гестот да носиш бело на свадба е некултура, а на тие што им е битно воспитувањето и манирите, некултурата страшно им смета. Многу брза дијагноза беше ова твоево и брзо согледување потреба за преиспитување, а за некултура каде може да се обратите вие, во која институција да посочам или да молчиме ? Добро не ме ни чуди што пола од вас и првпат слушате за ова околу бело на свадба носење, џабе толку непотребни предмети во школо кога нема воведено нешто поврзано со манири и основна култура. Ама треба и од дома да ви се пренесат некои манири и вредности, што знам..
Конвенција е да не се носи бело на туѓа свадба - и тука и надвор. Не затоа што нема да се знае која е невестата, но зошто пак да не се водиме по еден основен бон-тон барем од почит? Кога веќе им одам на младите на свадба, не гледам зошто да ризикувам да ги нервирам. Јас знам една девојка која на својата свадба носеше обично кратко бело фустанче, а потоа истото го облече на свадба на блиска другарка. Мене лично ми звучеше невкусно уште кога кажа. Да, другаката не се налути (или баремм не кажа гласно), но самиот гест е без врска.
Па тешко дека некој на мојата свадба би можел да ја засени мојата насмевка и среќа, што за мене ја прави целата убавина на еден човек (претпоставувам затоа што не сум правела свадба), но во никој случај не би ми било убаво некоја да се појави во бел фустан. Не ми е убаво кога тоа го гледам на туѓи свадба, а не па на мојата. И ова нема никаква врска со љубомора, фрустрација и слично, туку со култура.
Е па да, тоа е тоа. Ако беше за засенување ќе требаше сите да одат во панталони, или долги фустани, или без шминка, или штотијазнам, само да не ја засенат невестата. Не е тоа работата, работата е кога ќе погледнеш веднаш да можеш да ја познаеш невестата, се знае чив ден е, кој носи бело. Мислам, толку е просто, не е некоја филозофија. А вие либералните, на вашата свадба кога некоја ќе се појави во бел фустан и на неа ќе и честитаат пред ваши очи да видам дали нема да ви биде незгодно. А Скорпионка чисто од навика се контра.
A кремав фустан се носи? Малце ми е глупо ова со боиве a и немам некое посебно мислење поделено ми е, ај сите во униформа да одиме на свадба ако треба. Јас сум за бело, ама нешто вака понеелегантно и пократко : Случаиве што ги кажавте со долгиве фустани, се гледа дека намерно имаат избрано баш долг светкав чипкан фустан . Долгите фустани се веќе друго и личат на невестински фустан, така да која и да е се знае дека е апла намерно, погово ако е свекрва, золва . За вакви фустани НЕ! Ама па и белото не е задолжително ниту забрането на свадба . И што мора фустан да се носи на свадба? А ако одам по кошула? Искрено јас до сега немам носено бел фустан на свадба и не би носела само невестата да не се навреди
Сметам дека не треба некоја друга девојка освен невестата да носи бело.Се знае дека невестата е таа која носи бело.Така да, не сум за носење бел фустан на некоја свадба, не е пријатно некако.Не само што може да се збуни човек, но барем од почит не би требало да се практикува тоа.Немам носено бел фустан на свадба, незгодно ми е некако, баш заради ова.
^^^ Не е од навика ви велам дека правев свадба и дека не замерував. Ама не ме научиле дома на култура и манири, да бев научена ќе полиев некојa со вино.
Не е во ред бел фустан,ама уште повеке не е во ред некоја исфрустрирана и желна за внимание невеста да потура со вино гости само затоа немале култура и манири. Од невета пополудено створење нема. Толку ли животот во сенка го поминале како безгласни букви во околината која ги опкружила да мораат толку опсесивни да бидат во помислата дека барем на еден ден во животот по секоја цена МОРААТ ДА БИДАТ ВИДЕНИ. Да, нивни ден е ,ама ден за веселба,радост и срека а не за премерување на гостите дали некој е во бело облечен или во фустан на Захир Мурад. Искрено што се тиче мине од прва до последна како сакаат нека се облечени на мојата свадба.Доволна срека ми предизвикува моментот дека на тој ден ке се сплотам со саканиот и ке започнам нов живот,па ни еден бел фустан нема да дозволам да ми ја расипе таа срека.
Единствено нешто кое е битно тој ден е следново, вашиот маж да неможе да го симне погледот од вас. Значи доколку тој не биде во делириум од љубов кога ќе ве види ама се останато ви е џабе, без разлика дали на сите останати сте им убави. За другите гости нималку е важно - секако пола од нив ќе кажат дека невестата не е убава. Или?! Доколку сметате дека некоја од љубомора се облекла во бело на вашата свадба слободно полијте ја со вино. Креативноста секогаш е интересен момент. Барем ќе биде весела свадбата.
Каква венчаница јас сакам да носам на мојата свадба,сигурна сум 100% дека бело кратко фустанче нема да ме засени,тоа ви гарантирам Но муабетов ми беше дека и јас сум против носење на бел фустан на свадба.Во дешено време се носат и кратки веначаници така да не и за краток,а не пак за долг фустан.Има толку многу избор на бои,вас баш до бело ви дошло,абе ајде. И знам дека сега овде на некои ви е гајле и сте баш опен мајнд и не ви пречи што има везе кој како сака нека си дојде,ама да ве смешаат со некоја гостинка па и незнам баш дали ќе ви биде сеедно. И ставрно ми се потврдува она што го зборував пред некој ден,јас сум вџашена колку луѓето немаат осет и срам абе ни грам,тоа чудо едно.
Ту бе Скорпионка тогашка-еднашка се расправавме за млади госпоѓици-дами со манири и ти ме убедуваше како ги има, како постојат, не биле истребен вид... а ваму си либерте за еден од добрите манири и непишани правила. Кај да ти го најде човек крајот. И јас одамна го знам ова непишано правило на убаво однесување. Што знам, освен невеста и мали девојчиња облечени во невестинско и бело, за другите жени, т.е. гостите ми е онака, меееех... Можда затоа што белата боја не ја рачунам ко релевантна боја за облека, ретко ја носам, па на туѓа свадба ни на крај памет нема да ми падне. Бон-тон е тоа, ко вадење руда од нос у јавност (не!) или кога копаш со тоа чачкалицата низ заби после оброк да се покриеш со дланка или кога зеваш... и ова ми спаѓа во тоа. Или на погреб да се облечеш у пембе розово. На пример. Мислам, се обидувам да најдам еквивалент чисто да ја појаснам логиката ЗОШТО НА СВАДБА НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ДА СИ ВО БЕЛО, освен ако не си невестата. За оние кои упорно се чудат - е зошто де? Е затоа де. Мене лично нема да ме брецне ич ако некоја ми дојде во бело, нема да се потресам, само ќе ми потврди дека станува збор за некултурна мала глупачка. А она си живее со тој сегмент и тие одлуки, не јас. Јас не би се облекла во бело на туѓа свадба никогаш, веќе реков. И не го врзувам тоа со длабоки психологии од типот - сите да гледаат у невестата, да не ја засенат гостинските. Пффффф... сум си го врзала ко општо непишано правило и си го почитувам. Како и мал број други.
Јас неодамна слушнав дека на свадба не треба да се носи бел фустан. Мислев дека да носиш црн фустан не е ок, како боја која се поврзува со тагата, барем во нашата традиција. Со бел не сум била, не се сеќавам дека воопшто некогаш сум имала бел фустан. Со црн сум била неколку пати, ама секогаш сум се чувствувала незгодно и сум се трудела да го „освежам“ со што е можно повеќе детали во друга боја. Еве сега гледам дека џабе ми паѓало незгодно.
^^ Ај ќе те молам не ми вади муабети од пред сто години што сме ги правеле зошто не се сеќавам точно за што сум зборела па да сега се правдам, а и ако сум зборела за манири чисто се сомневам дека било тоа за боја на фустан за свадба. Јас искрено ова -не се носи бело на свадба го ставам во ист кош со -не се носи црно на свадба несреќа е чаша да се скрши на свадба, не се пие кафе на свадба, итн итн. Ама гледам дека сум била грешка. Да ти било правило за убаво однесување. Таа во бело била некултурна мала глупачка. Па како ноншалантно го кажа ова демек не се замараш ти со такви ствари, тотално си искулирана, не загледуваш ама таа си е глупачка...оти така. Е оти? Ќе се изнервираш ако некој на твојата свадба го држи ножот во лева рака? Не. Но фустанот го чувствуваш како напад па затоа, џабе глумење лудило...
Скорпионка ова со гуглањево на мене се однесува? Имам повеќе пати кажано дека не живеам во Македонија и дека вереникот не ми е македонец, па не сфаќам зошто моето искуство би немало врска со реалноста? Пре би рекла дека ти си добила погрешна импресија зошто мајката и сестрата биле облечени во бело, ако се распрашаш сигурна сум дека тоа било експилицтна желба на невестата а не хир на нејзините. И тоа е тој исклучок од правилото. Кога невестата така сака! И ок е тоа што ти не си замерувала на твојата свадба, ама да глумиме дека ова правило (модно наречи го) не постои и дека ок е 10 жени да одат во бело на туѓа свадба (кога може една можат и 10) не е во ред. Не за друго ама гледаш дека на повеќето би ни сметало па ако некоја дојде на свадба во бело и си добие црвено вино од невестата ти ќе бидеш крива
После коментарот со црниот фустан за на погреб, се мислам да станам моден дизајнер на облека за погреби и тоа така да биде фино претставено,спектакуларно. Само да се омажам богато, за да не бидам обична шнајдерка, ами модна дизајнерка. Не знам што ви е,ама стварно со сила се контрате, така ми е чувството. Среќата, убавината, не знам што, сите вие големи луѓе. Збруваме за некултурата. И да, убедена сум дека тоа се прави за инает! Ни кратка, ни долга, ни никаква бела! На девојчено од темата шо си прашало, убав и е фустанот, ама прашано-не прашано, едноставно не! Баш ако изгуглате ќе најдете еден куп универзални правила за бонтон на свадби каде пишува бело дека не доаѓа предвид. Ќе видите и правила за денски и ноќни свадби, летни и зимски и воопшто ако сте имале прилика како предмет или обука да изучувате, во протоколите за се пишува што и каде се носи, како се комбинира. Патем, јас одам по свадби во темни и црни фустани, особено кога се вечерни. И при тоа не жалам, туку ги сметам за елегантни и соодветни. Црното го сметам за свечена боја, а не тажна. И претежно така е сфатена, ако не одиме по религиски правила. Ако е за тоа, на Исток, белото е боја на жалост. Одиме по универзални правила... вие напредните и отворените, либералните...
Сега да ви кажам ме замисливте со белите фустани... не можам да се сетам дали некоја на мојата свадба носела бел фустан, да и се налутам ... знам само дека јас не носев А не можам да се сетам, одамна беше, прошло време...
Црното на свадба, кршењето чаша и пиењето кафе се суеверие, демек ако направиш нешто од овие ќе ти се деси тоа и тоа. Носењето бело на туѓа свадба е рамно на некултура и затоа не одат во ист кош. Нема ништо да ти се деси ако носиш бело, само што може да предизвикаш обратен ефект од посакуваниот и да си добиеш црвено вино. Освен тоа, нема да те прати несреќа ни тебе ни младите ниту зли сили да ви сковаат заговор
Оти е некултурна. Крај на приказната. Што не ти е јасно? Патем, како за искулирана, крајно си напета вечерва. И наапана. Де олади се малку. И не го чувствувам туѓиот бел фустан како личен напад, леле боже. Намерно потенцирав дека не ми е гајле, каде да ти потпишам со крв пуштен од ножот за сечење торта, држен во левата рака? Си измеша она и баби и жаби. Значи - нема да ја избркам, нема да ја погледам накриво, најмалку ќе ми е битна таа особа во целата убава среќна приказна. Само мирно ќе си помислам дека е - НЕ-КУЛ-ТУР-НА. Имам право ваљда на тоа, или и тоа не смее? Ајде ти вака крајно искулираната по овие прашања насочи не` нам - гневните идни невести. Бог да чува си.
^^ Видов дека многу ви смета, еве реков јас нема да носам, еве и апел до другите девојки и жени да не носат, готово, решено е. Само апел еден и до невестите-во случај некоја да утне и се појави во бело, немојте жити се да се оптоварувате со лоши мисли и филозофии дали облекла бело затоа што сака да е на ваше место, да ви го земе мажот затоа што е проста и некултурна итн итн... затоа што можеби едноставно не оди по непишани правила, и не верува во искомплексирани невести кои се замараат за боја на фустан. Отековте со ова -некултура. Еве објаснете зошто е некултурно.
Не ме нервирајте да не ја отворам темата - поклон во плик, да видам кој е за, па сите сељандури да искочат на површина.