Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Не, таква постапка особено би им личела на оние кои проповедаа бон тон и културни вредности. :geek: Една боја ако не носиш не те праело бонтонисан, галиба.

    Пример, еве јас не сум носела никад бело на туѓа свадба, ама тоа не ме праи нешо покултурна затоа што не сум носла од лични причини, а не од устручавање од невестата или пак ради самата свадба. Не сум носела од истите причини поради кои не носам на било која свеченост каде што има јадење и пиење.

    А дека ми праи разлика у животов дали некој се облекол или не на моја или на туѓа свадба, не ми праи. И дека ми се смешни толкави галамења околу еден бел фустан, смешни ми се. И дека ми е чудно тоа што некои невести може да се занимаваат со гардеробата на гостите на нивниот најубав ден, чудно ми е.
     
    На LaraSolare, Rama и Glasna им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.109
    Пол:
    Женски
    Бооо досадна стана темава ептен. Мајке ми. И за читање и за дискутирање, ништо ново не се кажа во триесет и кусур страници. Па прајте си како што ви чини, ете на кој му одговара нека си оди во бело, на кој не му одговара да му дојдат во бело нека направи како што мисли дека треба и готово.
    Толку беше, мислам... Вакви тешки анализи нема ни во темата која е наменета за тоа.
     
    На Divinebutterfly, Neytiri и kate21 им се допаѓа ова.
  3. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Апсолутно се согласувам со ова, никако немојте да носите бело на нечија туѓа свадба. Како можеш да се осмелиш на такво нешто, значи непишано правило е дека на свадба само невестата смее да биде во бело и точка. Иако можеби и гостинката не е во некоја завидна економска состојба и некое обично бело фустанче или обична бела комбинација а нејсвеченото нешто што го има во плакарот...зошто да ни биде гајле? Денот е на невестата сите останати во моментот се неважни, она ќе си го памти денот до крајот на животот а сите нејзе ќе ја памтат колку беше голема кучка на нејзината свадба. Да, исфрустрирана сум и тоа многу,но кој немал некој многу лош ден во животот? Тоа е.
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Не е мудар одговорот туку е вистинскиот одговор на тоа во ситуациите кои ти ги посочи како споредба со свадбата а немаат врска како настани со истата сакајки да се истакнеш. Нагласив дека на свадба ниту сум била ниту ке отидам во бел фустан.Впрочем дома не ни поседувам таков па и да сакам да одам така облечена не можам.

    Во предходните коментари истакнав дека никогаш не би отишла во бел фустан без разлика дали е свечен или не ,не затоа што ти или Петкана или Трајанка мислите дека не е во ред носењето бел фустан на свадба,туку затоа што ЈАС лично и персонално нејкам да сум слично облечена со некој друг на исто место во исто време. Ставот од типот чини или нечини си го задржувам за себе затоа што не се сметам ниту за битна ниту за компетентен создавач на морални и етички правила во општеството. А можеби е тоа така бидејки конкретно свадбата ја замислувам како весел настан на кој сите се дојдени да се радуваат и да слават а не како поле на моден натпревар дали кумата или 8мата братучетка е облечена во бело или во раскошен фустан кој има за цел да ја стави во втор план скромната и едноставната венчаница на невестата.

    Ако не е бел фустанот ,тогаш ке биде муабетот зашто како модел е сличен со венчаницата,ако не е до моделот тогаш ке биде зошто е пораскошен од венчаницата и секогаш ако некој сака да најде замерка за нешто ке ја најде истата. Не е до тоа дали е бел фустанот ,принцези и најбитни на тој ден и по гаки и прслук да дојдат ке бидат невестите,бидејки тие се тие кои стапуваат во брак и ја крунисуваат љубовта со избраникот ,а не фустаните што ги имаат натнато на себе. Тие ке стојат пред матичарот,тие ке стојат пред попот во црква, тие ке ја имаат најголемата насмевка на лицето.Тоа нема биде никој друг освен нив,и тие се тие карактеристики кои нив ги прават посебни на тој ден !
     
    На tessie и dushiche им се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ама на темава како излегуваат сите женски фрустрации на површина, неверојатно! Да ја немаше темава, требаше да се измисли :D
     
    На gangstergirl и imelda им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Абе не знам кој спомна полевање со вино и оттаму настана некоја верижна реакција на „насилни“ невести. :D
    Тоа е многу јасно глупост и чист претеризам. Сите невести што ги познавам ми потврдиле дека тој ден им минал како во сон и магла. Многу јасно дека некоја и да ми дојде во бело нема ни да забележам, а и да успеам да ја видам или ќе се з`гнам кроз салата и туп туп по рамо ќе и` намигнам - кааај си ма, у бело а? ;) Сигурно. Мхм. ;)
    Јас уште на почетокот нагласив дека не ми е гајле, нема да се потресам ниту најмалку, едино ќе помислам дека е мала, невоспитана глупачка, еве баш со овие точни зборови, што секако е МОЕ право, како што е ваше да мислите дека дотичната невеста е (сите епитети кои ги набројавте за девојки кои се изјаснија дека би им пречело друга да дојде во бел фустан на нивна свадба).
    И во ред е, се согласувам да не се согласуваме, мене ми е нормално дека не можеме сите да мислите исто, ама страшно иритира кога некој за моето мислење ми вика дека ми е некултурно, а за неговите сочни епитети и коментари дека се бисери на мудроста. Бре бре. :^)

    И уште нешто се прашувам - освен Лара Соле, која од вас другите што мудрувате упорно дека е ок да се носи бело на туѓа свадба - НОСЕЛА бел фустан на туѓа свадба?

    Па и оние коментари - ама не долг со шљокици или циркони што личи на невестински, не, не, збориме за кратко обично (памучно) фустанче... леле! :D
    Македончето, народот познат по претерување и (пре)дотерување по свадби, зашто инаку си викаме „што си се дотерала ко за на свадба“ тука ми збори за некое фиктивно „обично, преобично, памучно, кусо, неупадливо, фустанче“? :rofl:

    Абе смеа. Крах.

    И следниот коментар го очекувам - „Па ти ако се китиш како елка, има луѓе што не се дотерувааааат нападноооо“... Добро. Да. Верувам. :!: Па за свадби па најповеќе.

    Ајт.
     
    На ilipili, SexiLy, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.002
    Пол:
    Женски
    Значи да резимираме:

    Најголема трагедија на свадба што може да ти се деси е да ти дојде некоја со бел фустан и тоа е најголемото непочитување и нарушување на бон тон на свадби и свечености. А оние кои ќе ти дојдат со градите на изволте, со миничи кои покажуваат се , што се тресат како турбо фолк певаљки кога играат они се бечка школа.

    Трендафилка еве јас реков дека не сум носела бело, нити ќе носам бел фустан, зашто не сакам бел фустан како облека воопшто до толку што и на сопствена свадба не знам дали би облекла, ама нема да се замарам ни да му ја мислам нешто посебно ако некоја ми дојде со бел фустан. Едноставно не правам трагедии од толку тривијални работи. Кој што сака нека облече, само нека не ми ја уништи свадбата со пострашни работи, а дали опнала бел фустан, па и дијадема на глава нека стави ич нема да ми е гајле.
     
    На gangstergirl, Daydream, elanor и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ова дефинитивно никој не го кажа, ама па сега ако некому, во недостаток на сѐ друго, му е полесно вака да дебатира и да резонира, зошто не? Само, сепак треба да се потенцира дека ваква глупост никој никаде не кажа... Освен цитираново, секако.
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    ^^
    Јас имам носено бело фустанче на свадба, и не беше долг со шљокици и циркони, што е тука толку смешно и не за верување? Вистина мислиш дека сите одат како елки новогодишни на свадба? Ти така одиш секогаш? Туку си се оградуваш ти предвреме, сама си прашуваш сама си одговараш, што убаво...
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.002
    Пол:
    Женски
    Liones, како прво треба да знаеш што е сарказам и иронија. Како друго тоа што си цитирала е напишано во контекст на тоа дека сите овде се прозиваат на бон тон. Кој знае што сакам да кажам ќе разбере, кој не, што да кажам , толку му дарил Господ.
     
    На LaraSolare, iloveyou29, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Никој никаде не рече дека е најголемиот крах. Туку дека е правило, бон тон, култура. И дали го почитувате или не ?

    А, за гради на мегдан, миничи, ете јас имав пишано во мојот прв пост. Ама темава не е за тоа. Може да се отвори тема и за тоа. Ретко кој ги оправдува и нив, но темава е конретно за бел фустан.

    Дури и мене ми стана излишно пишувањево овде... Со сила се превртуваат зборови, се кажуваат глупости...
    Кој сака нека го почитува правилово, кој не сака не мора.

    И додека многу од нас (дури и млади дотерани женски) го гледам како фрлаат ѓубре по пат, не знам што се чудам. Како воопшто да очекуваш нешто повеќе, кога некултурата ни е развиена во многу сфери.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Мене, фала му, Господ ми дал и премногу за да сфатам нешто ВАКВО, ко божем има нешто за сфаќање во истурање лошотија вака... Иронија? Ова секако не е иронија, ама па не можам да очекувам сите да се доволно писмени да прават разлика... и уште се повикуваат на Бога колку мене ми дал? :D Фрустрации, фрустрации... Бесот кажува многу повеќе од што сакаш (и можеш) да сфатиш...
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Напиша НЕКА НОСАТ, а не рече дека сите носат такви фустани или дека таа одела така !
    Што ги испревртуваш зборовите ??? :^)
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^^
    Неколку страни наназад ја читам Лионес како збори за бели фустани, како Мајка Тереза да ја читам, како таа не сакала никој ни најмалку да повреди оти она не била таква, па многу внимателна, туѓи чувства итн итн...а од друга страна констатации и радост со многу смајлиња како е некој неписмен и како многу фрустрации излегувале на површина. Само чии не знам...
     
    На tessie, nena2010 и Glasna им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Вистината треба директно да се каже. Ако некој е неписмен, не не прави нас лоши.

    Пр. Јас може да сум најдобрата и најхуманата личност, ама некој ако е прост, некултурен, неписмен, и јас тоа го увидам, прочитам и потврдам, не ме прави мене помалку вредна. ;)
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Значи по којзнае којпат, јас реков дека лично за мене - не е никаква трагедија, само лично мене ми зборува за некултурата на личноста. И нагласив дека тоа си е нејзин проблем и зборува за неа, не мој и не за мене. (Тоа на многумина меѓу кои и гласноговорникот Скорпионка на темава - не им се допадна. Нејзин проблем што не и` се допаѓа моето мислење).
    Во контекст на тоа - ниту ми е гајле дали ќе имам турбо-фолк певаљки, допичњаци, тинтири-минтири... и тоа е одлика на човекот и зборува за него.
    Сигурно нема да одам од жена на жена на мојот најсреќен ден и да ги прегледувам како се облечени, или да ги замирисувам под мишка.
    Нормално - и оваа моја изјава која патем не може да биде повистинита боде очи.
    Зашто некоја (Скорпионка во случајов) очајно сака да се извадиме од контрола ли, да почнеме да навредуваме, да се трескаме во гради, и не сака да прифати дека некоја - може да не сака гостинки во бело на својата свадба и притоа - да не го боли ич! Е како може тоа, сигурно и смета до точка на полевање вино и мавање шамари. Епа не ми смета, си имам мислење за себе и не го менувам, а притоа сум искулирана по прашањево - леле можно ли е?
    Едвај, зашто само ти оддаваш впечаток на кул личност, другиве сите попалени бре бре. |(

    Па нормално дека се оградив уште одма, зашто апсолутно знаев што ќе речеш наредно, па барем не си губи време.
     
    На ilipili, Neytiri, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.002
    Пол:
    Женски
    Trendafilka го цитираш погрешниот дел од мојот пост. За твојот пост пред мојот се однесуваше вториот дел.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас само ќе кажам, според светецот-и тропарот.
    (Да објаснам, зашто има огромна шанса многумина да не сфатат :) -Кој како заслужил, така треба да му се обратат. И најпосле, кој како им се обраќа на другите, нека очекува ист однос и кон него. Сосема исто како и за она „не ми е гајле за другите“... е па, и на другите не им е гајле за тебе. :D )
    И уште нешто, ако некој е културен, незајадлив, незлобен, сакал да биде Мајка Тереза :D Е затоа бе не се разбираме, различни светови, различни погледи на свет, различно домашно воспитување, различни галаксии бе... Мајка Тереза, ни помалку ни повеќе. :D
    И секако, ставот дека културното однесување е за да глумиш Мајка Тереза, за кого зборува најмногу?! :rofl:
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Колективен ПМС или што е во прашање... аман бре жени... до толку ли не можете да прифатите туѓо мислење?
     
    На ilipili, Divinebutterfly, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.002
    Пол:
    Женски
    Annath работата е што оние кои се стрикно против носење бел фустан на свадба не можат да прифатат дека на некој едноставно тоа не му е битно ( ако збориме од аспект на невеста) и некој кој уво го боли дали ќе носи бело или не. Јас немам проблем со тие што сметаат дека не треба да се носи, ниту мислам да сменам мислење. Само не сакам да ми натураат свое мислење и да го побиваат моето а тоа е дека како невеста не ми смета да носи некоја бело на моја свадба! И не не глумам скромност или лудило туку едноставно таква сум по карактер. Не се замарам со небитни ( според мене ) работи. И во што е тука проблемот?

    Друго мене искрено смешно ми е што толку трагично некои го доживуваат моментот ако некоја им се избаци во бел фустан на нивна свадба. Навистина ми е смешно, во смисла дека тој ден си е мој и на маж ми и никакви фустани не можат да ни ја нарушат мојата и неговата среќа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.