Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Па исто како што вие (што не ви пречи) не можете да сфатите зошто нас на останатите ни пречи ;)
     
    На tinkerbelll, drugarka, ilipili и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас на мојата свадба врска немам кој што и како носеше :) АМА, не е тука работата битно-небитно, работата е дека ако на невестата и е битно, тогаш е искомплексирана гуска која се плаши да не биде засенета (засенета, леле... :D , оти другиве се сите Наоми Кемпбел). И вториот аспект од ставот-дека ќе правам како ми чини, ич не ми е гајле за невестата, она нека си ја мисли за себе. Себичност, фрустрации, инает, некултура прштат на сите страни, ама тое е кул. А можам да ги замислам истите кои се толку кул за своите постапки и небулози, ако некој ним им направи нешто што не им се допаѓа :o . Па тие на форум рипаат, го влечат нивото накај нив, па навредуваат, боцкаат со надеж дека ако те потегнат надолу, ќе докажат дека се во право, зашто, според нив, никој не е културен, има само луѓе што глумат култура и луѓе што не глумат... |( Е па, дами, тоа ако не е трагично за жени кои сакаат да се мислат современи, не знам...
     
    На Hipster, ilipili, vinozito1 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И после толку страници, јас не разбрав: Зошто на свадба е во ред да се носи бело ??? Вас не ви пречело. Ок, не ви пречи... Нешто друго, поконкретно има да кажете ???

    Освен тоа, ништо, ама баш ништо не кажавте. |(
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.005
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ве сватам, едноставно го почитувам вашиот став и не се трудам да го сменам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Овде единствено што треба да се сфати е следново - Значи НЕБИТНО е ако тебе не ти смета, направи си свадба и кажи им на сите гости да дојдат во бел штом ТЕБЕ ти е во ред.
    Битното е дека ПОСТОЈАТ ДЕВОЈКИ НА КОИ ОВА И ТЕ КАКО ИМ СМЕТА! Толку е тешко да го разберете ова? Епа ако е тешко онда сметам дека сте на исто ниво со едноклеточни амеби.
    Ова ме прави некултурна ? Добро.

    И многу сте смешни со глумењето искулираност а всушност вие сте тие кои реплицирате на апсолутно секој пост кој не ви одговара. Демек еве се собрале исфрустрирани жени кои се замараат со тема Свадба, па дај ќе се заебаваме со нив, а вие сте тие кои во недостаток на аргументи постојано се подбивате, употребувате некој глупав сарказам. Убаво пиша една членка, иронијата не е аргумент.
    Смешна е темава...
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.005
    Пол:
    Женски
    Пред да прозиваш некого за нешто прочитај ги сите негови мислења. Ама бидејки се зафати за моето последно еве ти а ти олеснам пост од мене адресиран до Трендафилка.

     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Па можеби не ме прави подобра личност ама сигурна сум дека ме прави покултурна што ќе си облечам бордо фустан пример и ќе се чувствувам убаво на таа свадба и ни невестата, ниту пак гостите ќе ме гледаат попреку.
    А тоа што вие иако знаете дека е можно да и смета, ќе си облечете бело фустанче со торта фризура на глава, само од инает, и те како ве прави некултурни.
    Колку и да не признавате, непишано правило е.

    Едит - Мислењето се однесуваше на Скорпионка и на тебе Нена и уште на неколку членки овде, да не ги набројувам сите. Епа штом ви е јасно правилото, не носите бело по свадби, ама на вашата нека е дозволено. Што сте се запнале овде ко магаре на бунар да докажувате дека нема врска ? Значи штом не носиш и ти се сложуваш со истото.
    А тоа дека посотојано се подбивате демек ете вие сте најпаметните тука и најискулираните кои не ги интересира ништо, либерте сте по секое прашање, не се замарате вие а всушност провоцирате па и исмејувате со секој следен пост, и мора да сте последни во реплицирање, и тоа си стои, така е!
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Бидете уникатни како Тина Тарнер и никој нема да успее да ве ископира. :wasntme: :rofl: :rofl:

    п.с. дајте бе женски не се замарајте и нервирајте аман за глупости,секој има свое мислење и крај,не се карајте меѓу себе,сите сме различни..
     

    Прикачени фајлови:

  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ^ Немој Мања да паѓаш во замката на испревртени туѓи зборови. :D Зашто одма следува напад - Па ти ако правиш фризура торта, ние не правиме. :D
    Тука владее буквалност и тешко некој да излезе на крај.

    Нена, не ти ја сфаќам поентата со тој пасус. Значи и двете се согласуваме - дека не ни е гајле кој како ќе дојде облечен на нашите свадби.
    Со тоа што тебе ти е апсолутно сеедно, а јас упорно веќе 168-ми пат по ред нагласувам дека - само во себе ќе помислам дека девојката можела да одбере и друга боја. На пример.
    Сигурно нема да одам на микрофон да ја најавам на сред свадба и да ја посочам со прст.

    Дозволено ми е да си помислам лично за себе дека е некултурна - или треба дозвола да барам од некои тука?
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Како прво и прво немам отидено на свдба скоро 10 години. Како второ и второ не вервам дека некогаш би облекла бел фустан, можи бела сукња или кошула евентуално или ете и да е бело кусо футанче што е малку веројатно но, во секој случај би носела детали во некој друга боја или фустанчето би било не знам некој валкана бела, шампањ или крем. Инаку мислам дека е посоодветно да се дискутира дали бил фустанот ќич, а не дали бил бел или некоја друга боја. Колку и да носи некоја бел фустан па макар и долг има голема разлика меѓу свечен фустан бел и невестински фустан освен ако е невестата до толку едноставна и скромна. Ама како и да е, невестата не ја прави само фустанот туку и украсите на косата масата на која седи, сепак таа и зетот се главни. И на крајот на краиштата која психички добростоечка невеста би се занимавала со тоа кој што носел ако тоа е пристојно. Па ми имат луѓе кажувано како на свадби на кои што биле тие имало и гости по гумени чизми за на нива или по влечки или со фустани ко за на пазар и за по дома. За тоа да дискутираме ај до некаде ќе сфатам, ама затоа дали некој ќе дојдела со бел фустан било долг ,било краток во комбинација со детали во друга боја тоа е човечко право на секој човек ,во случајов гостинка на свадба.(Имам другарка што за матура си имаше сошиено бел фустан со црни детали па си го изнаноси по свадби, па никој ништо не ѝ рече, зошто да не си го износи фустанот кога толку скап си го платила.) Или кога толку ви смета пишете во поканата како ни срам ни перде ,гледам во ова кризно време пишувате поклон во плик, пишете дека ќе има дрес код да не носат бели фустани и искинати фармерки(или јас би пишала и сатенски светликави костуми да не носат мажите). Бидете среќни во оваа криза што можеле да си дозволат таков луксуз да дојдат да ви направат чест па секој ќе си облечи тоа што си има и можел да си го дозволи. Има девојки ко за матурска вечер се спремаат за на свадба, а има некои од лебот цел месец што си кратат за да им направат чест на младите.

    ПС. НА мојата свадба повеќе би ме изнервирало ако ми дојдат ко курви со фустанчиња тесни и куси- потпичњаци или со цицките на послужавник деколте и 12ки штикли да се шетаат пред татко ми и мои постари роднини. Така да најважно е да е пристојно, а не која боја е.
     
    На Daydream, elanor, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мене белата боја ми е омилена.
    Имам неколку бели фустанчиња (и други бели работи). На лето се сончам, вежбам, и белото ми стои супер. Во ретките сум која обожава бело. И во студените зими обожавам бело.
    Но, за свадба, колку и да сакам, никогаш не сум облекла некои од моите бели алишта.
    И колку да ми е блиска невестата, не сум ја прашала.
    Зошто да ја прашувам (и ставам во незгодно), кога си се знае, на свадба една е невеста, таа е во бело.
    И крај на приказната.
    Не физолофирам, фустанчето е едноставно, ама кратко, ама такво...Бело си е бе.
    Додека јас се мислам дали ќе ја навредам невестата, дали некој ќе ме гледа накриво, најлесно ми е да си одберам друга боја.

    За мојата свадба
    (која тешко дека ќе ја правам)
    не би сакала да имам гости кои како некои феминки од инает би ми дошле во бело, ќе ми прават психоанализи, ќе се потсмеваат и сл.
    И би ми било криво ако не дошле зарад мене и зетот и нашата прослава, туку ја сфатиле свадбата како едно место да се промовираат, занесуваат итн.

    Здравје, сите да се мажиме, сите да си исчекаме, и сите да си бидеме во бело некогаш. Денес јас, утре другарка ми, задутре некоја трета, и сите со најубави спомени да си го доживееме и поминиме тој ден. Нема потреба да се лутиме, занесуваме.

    Најдобрата другарка кога се мажеше, ние бевме цело време пред неа, зад неа, ја третиравме како кралица. Правевме се за да е од се задоволна, насмеана и најубаво да го помини денот.
    Утре ќе е некоја од другите другарки...и така по ред...
    Зошто за банални работи да се караме и да си замеруваме...
     
    На drugarka, ilipili, Li0ness и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.377
    Пол:
    Женски
    А вам на гравчиња ви се виде вчера дека ние со различно мислење носиме бели фустани со торта фризури? Не смее да ни` е несфатливо и чудно што тоа некому пречи без да носиме бела боја? Никогаш не би се облекла од инает во бело на свадба кај некоја за која знам дека и` пречи. Не би и` дала толкаво значење. Попрво не би ни отишла на свадба можеби. Затоа што вон сите принципи ми е да имам другарка која ме дискриминира поради бојата што ја носам на нејзината свадба. А ради реда кај непознати и далечни луѓе на свадба не одам.

    Но, велам ете може да се случи некој да облече бел фустан. И премногу егоцентрично размислување ми е да се смета дека во секој случај гостинката тоа од инает го прави. И ја не носев бело, ама со кумата бевме во исти бои облечени и слична комбинација. Ни на крај памет не ми паднало дека она можеби ме шпиунирала дента пред свадбата и од инает така се облекла или пак дека можеби ја сум и` напомнала шо ќе носам, па таа (иако повеќе од една деценија другарка) решила да си ги лечи фрустрациите и да ја покаже некултурата на мојот свадбен ручек.
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Епа и на другарка ти може вон принцип и е да има другарка која баш би носела бела боја. ;)
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.377
    Пол:
    Женски
    Доволно ја познавам за да знам колку се замара со бои на облека на свеченост, веруј ми. Инаку не ќе сме поминеле пола живот шо се вели како блиски другарки. ;)
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.005
    Пол:
    Женски
    Не бе се е ок. Ти реплицирав зашто побара тогаш да се изјасниме зашто не ни смета. Не дека те напаѓам за твојот пост. Само темава отиде до таа граница што некој толку трагично го свати тоа што да сме некаде физички заедно присутни за коси ќе се испокубевме. Мене искрено во очи ми падна она мислење меѓу првите постови дека некоја невеста ја испрскала со вино девојката зашто облекла бело на нејзина свадба. Мислам тоа ми е толку психо момент, толку глупаво и простачки да нема зборови да изразам колку.

    Секој си има свое мислење и ставови, тука сме да дебатираме, ама не е во ред кога некој ќе те етикетира дека си проста итн да не повторувам само зашто не се согласуваш со тоа мислење, конкретно ако облечеш бело на свадба. Триваијалности до бескрај.

    И невестички идни ( еве и јас сум една од вас) отворено да ве прашам што би направиле ако на ваша свадба некој се облече во бел фустан.

    1. Би избегале од свадба и би плачеле во соба
    2. Би ја избркале дотичната на клоци или виното врз неа би го истуриле
    3. Не би ја регистрирале и би си уживале во вашата свадба.
     
    На LaraSolare, Trendafilka и tessie им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Колку инает се виде на темава :o
    Врв ми е што за инает рековте дека претходно постираниот фустан на кумата не личел на невестински :rofl:
    Натаму нема што да се дискутира .
    Инаку ништо нема да и направам на гостинката во бело , може и нема да ја приметам ама си имам право да имам не толку убаво мислење за неа нели ? :wasntme:
    И чисто се сомневам дека случката со поливањето вино е вистинита .
     
    На ilipili, Divinebutterfly и Neytiri им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.377
    Пол:
    Женски
    Toчно, како што и она, знаејќи ги твоите принципи за бела боја и нејзиното влијание врз твоето мислење за неа, има право да го смени мислењето за тебе и тоа нема ни тебе ни неа да ве направи некултурни и неписмени. Секој има право да (не) му пречи нешто. ;) Многу јасно.
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Теси тоа не се мои принципи за бела боја |(
    Низ темата 100 пати се објасни , дека е некое непишано правило кое нема потреба да се објаснува.
    Во општеството има такви еден куп ..
    Јас си го знам како правило и немам потреба да се инаетам ..
    Инаку носам бела боја , ама не гледам причина баш за свадба да ја облечам , може на невестата нема да и смета , ама зошто да се ставам во центар на внимание и пола од гостите да ме гледаат вака :^)

    А да сум невеста , тешко дека ќе се замарам кој што облекол , ако некој нема ум не можам со сила да му дадам :D
    И да точно премногу разголени фустани не се за на свадба , од причина што има и постари луѓе , ама има и девојки што си носат , што да и правиме ? Ништо де .
    Не сте свесни колку малите постапки говорат за еден човек .
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    35.488
    Пол:
    Женски
    Колку фино, секој си ја врти водата кон сопствениот млин ;) Толеранција, разбирање, дискусија, мхм мхм мхм, милина.
    Врв на се ми е што во последниве неколку страници "неподдржувачиве" на белата боја, во недостиг на други аргументи со кои би не убедиле нас грешните кои ете немаме ништо против тоа или уште подобро, нит не интересира, нит се замраме, ни лепат етикети дека само глумиме, бидејќи нели никој не може да биде со толку отворен ум, не е можно тоа :^) Или пак дека се инаетиме :D
    Јас еве признавам, не можам да ве разберам зошто толку ви смета белата боја на туѓа свадба, ама тоа не значи дека сега ќе започнам кампања се со цел да ве разубедам во вашите ставови. Мислам... |( Мислете си што си сакате, ваш проблем, ама оставете не и нас да си мислиме како сакаме. Не знам зошто ова ви е толку тешко? И зошто постојано се обидувате на секаков начин да го смените нашето мислење?
    А што се однесува до прашањето каде што треба да објаснам зошто нешто не ми смета, не знам што да кажам на тоа, навистина. Ај да сум поддржувач, па да ви објаснувам, ама како бе да ви објаснам дека нешто не ме интересира? М?
     
    На LaraSolare и tessie им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.377
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, непишани правила. По кралскине свадби носат (мислам благородниците кои и те како се занимаваат со правила и протоколи). Пошо демек, ние и од нив сме покултурни. :D Eдноставно тоа е нешто кое лично им пречи на група луѓе и самите си го создале како правило.
     
    На Daydream, LaraSolare, cocoa28 и 3 други им се допаѓа ова.