Сите девојки кои беа ЗА вие ги ставивте во исти кош како "примерокот", е баш заради тоа излегоа 45 страни. Не е се црно-бело.
Девојката не кажа дека била во бело, а сите ја нападнавте. Значи сепак не е проблемот некогаш во бојата, туку во самиот модел и до личноста што го носи тоа. Џабе не е во бело ако е вулгарно облечена, 100 пати помило ќе ми е ако ми дојдат 10 манекенки ( како што колнеше некој тука) во едноставно бело фустанче. само да не се појави некоја во црно, жолто или црвено а се да е на тацна дадено. И пред да ме нападнете да си кажам немам отидено во бело на свадба, освен со бели панталони. Немав намера да одам поради тоа што и не ми стои бело премногу, а и трапава сум. Нооо, после темава 3 пати ќе размислам и дали ќе имам некој детал во бела боја, чисто превентивно да не се вратам порано дома полиена од вино поради бели обетки..
Дури кога ја видов темава почнав да размислувам дали имавме гостинки облечени во бело. Имавме 3-4 девојчиња во кратки бели фустанчиња, млади, згодни, убави, прекрасно дотерани. Тоа што изборот им бил кратко бело фустанче мене воопшно не ми пречи. Воопшто не ми е битна бојата на нивниот фустан туку битно ми е што истите тие не испочитуваа со нивното присуство и беа убави и весели. И јас бев во бела венчаница (венчаница, а не бел фустан) па во ниту еден момент не се почувствував дека некојА сака да ми ги „украде моите 5 минути“.
На првата страна кога пишав за истуреното бело вино врз белиот фустан на идната јатрва, мислев дека тоа е врв на злоба. Ама не било. Што ве читам тука, може некоја и да загине поради дрес код на свадба. Инаку, јас бев викендов, во црно кратко фустанче, ама среќа не мислеа дека сум отишла да жалам. Мене не ми е јасно, како бе тоа е најубавиот ден во животот, како НГ е најлудата ноќ во годината...Мислам, не знаете дека има и побитни денови во животот? Кога ќе ви се роди дете, вие нема да носите ништо посебно на вас, косата ке ви биде никаква, ненашминкани, без купечки нокти...А тој ден е многу поубав од свадбата. Не е битна облеката, не е битен вашиот фустан и од кај ви е, дали е 500 или 800 евра, уште па помалку дали сте биле на шминкер или не. Ако сте грди, ке бидете грди невести. АКо сте дебели, ке бидете дебели невести(ова за оние што слабеат цел месец, оти нели, најбитниот ден у живот, после тоа самрак). Ако сте убави и нез шминка, ке бидате и убави на свадба. И како по ѓаволите е битно што носела втората братучетка на маж ви на свадба? Вие правите свадба, една голема забава во име на новиот заеднички живот, и што има толку претерување? Факт, проблем е какви ке ве видат роднините из београда, пошто не сте ги виделе 20 години, а особено пак оние од Канатларци, на баба ви сестра и некој непознат маж до неа. Тие се проблем. А можете и да не ги викнете и да ги решите. Како може да ви бидат проблем вашите другарки? Па они со мрсули ве гледале кога се лигавите за друг дечко, не за овој што го зимате! Какви и да сте пред нив они ве гледаат реално. Дечко ви е проблем? Оној што ве видел во сите пози у кревет? Он знае какви сте. Поентата ми е, што ви е толку битно, прво вие какви сте, до детали(фустан, коса, нокти, па Сергеј шминка еднаш и загекогаш у живот) и второ и уште полошо, што е битно какви се другите кои дошле да ја споделат среќата со вас, па и поклон и дале? Оти не го сфатите тоа како еден обичен ден со забава во чест на вашиот брак. Или сите небитни, само вие битни тој ден, па уште и ке кажувате како биле облечени, дали бел или крем фустан, па долг или краток... Јас не би одела на друга свадба во бело...оти знам дека на некои девојки тоа им е единствена цел во животот, да се омажат и да го прослават најубавиот ден во животот. А на мојата, може и јас нема да носам бело, а сите нека дојдат како сакаат. Таму ке бидат луѓе што ги сакам, и што воопшто нема да ми бида гајле какви ке бидат облечени. Мене бракот не ми е цел, свадбата не ми е најубав ден во животот. Матурирав, дипломирав, магистрирав, ја шетав Европа...ПОсле ке имам деца, ке имам петка на школо, први симпатии на децата...и тие денови се поубави од една свадба со некоја у бело.
Сите девојки кои с(м)е ПРОТИВ, вие 45 страници не` ставате во ист кош како со имагинарниот примерок што истурил вино врз некоја од гостинките што носела бело. Епа сега... ако си играме мали деца, да си играме ферски, до крај.
Silver.E само да ти кажам дека колешката до мене има иста како мојата кошула, а седиме една до друга и дури иста боја панатлони носиме денеска така да ете идентично сме облечени ама замисли ниедна од нас не се врати дома да се пресоблече. Само си се насмеавме како сме можеле без договор да се погодиме Ова офф топик е ама морав да реплицирам на она дека ни е криво ако видиме некој со исти чевли, кошула, итн како нашите. Сватете еднаш дека има девојки ( како јас) на кои воопшто не им е битно дали некоја друга во нејзината околина исто или слично облечена, па на тие и на свадбата нема да им е битно дали некоја ќе им се појави во бел фустан па и нека е цел со циркони!!
Ама ја претеравте веќе! Ај некој од некултурните нека каже еден мрсен виц и со насмевка да ја напуштиме темава. Веќе установивме дека кај нас, помал шок е да полагаш последен испит пред дипломирање кај најстрогиот професор отколку да отидеш на свадба. Кој сака да се штреца, бујрум. Ете, некоја од оние против бел фустан на свадба имаше текст на англиски како на потрадиционалните свадби, дрес кодот и остали правила си ги има на поканата. Е што предложив јас? Ама еве, се кладам дека никоја идна невеста на која и` пречи носење бел фустан тоа нема да го направи. Затоа што на нејзината свадба очигледно повеќе ќе гледа да наоѓа маани и оправдани причини за омраза кон гостите отколку да ги предупреди. Сума сумарум, пазете кај кого одите по свадби. И со поклон во плик кој ја покрива порцијата и плус бакшиш има и со не-бел фустан, може да се најде оправдана причина зошто да ве полијат со вино, намќорски да ве гледаат или у најмала рака да ве оговараат. Ќе се најде правило.
Некоја жена отишла кај докторот да се пожали дека маж и не ја онадува некое време ама дека и е срам да му каже оти и се сака...овој и дал совет, што да направи за да му текне на мажот. Се враќа женава дома и почнува да брка по фиоките, по советот од докторот. Брка, вади ствари, превртува, треска, расфрла. Ја догледува маж и, ја прашува, што бараш ма? Она - кΔр барам! Он- кој прв го најде за него си е! Бум бум тиш! Тенкју вери мач
Јас колку што знам сите го осудивме конкретниот пример со полевање вино. И ние кои сме ЗА и вие кои сте ПРОТИВ. Не прочитав некаде дека тоа е ок и супер. Освен ако немало уште еден примерок како овој погоре.
^ А „бомбастичнава“ со сочни описи и епитети од свадбата и нејзиниот изглед ја поддржавте? Чисто колку да ми е јасно што се буните и овојпат, тешко ве следам веќе. Патем, пак ќе кажам - тоа истурање вино по свадби не знам од каде излезе. За мене е чиста имагинарна приказна, додека госпожата со бујно деколте од прва рака изврши пренос од местото на злосторот.
Ставете, ако не, една анкета „Кој е со, а кој е против какаото“, па следете од таму евиденција, да не се мачите вака Бог да чува, стигна момент да кажувам дали се согласувам или не, со мислење кое ВРСКА НЕМА со моето, а некој рендом те поврзал по некоја негова логика...ах темава, покрај поучна, е и урнебесно смешна
^^ За некоја која и сама има често плукано по нашите свадби и невести, некако многу изненадена ми изгледаш од текстов на дотичната. И останатите кои беа преизненадени од речникот на cocoa а самите стискаат лајкови на текстови наназад кои изобилуваат со "сочни" зборови и описи...абе живи смешки.
Еве го dream team-от со забелешки. Скорпионка, ти арно преспа мирна ноќеска, од вчера откако се „олади“... Или ја чекаше Моира за поддршка да навалиш? Не знам кој е посмешен. Си вртите како ви одговара. Патем, јас си реплицирав со другата девојка. Но, убаво што се вклучи во муабетот, фалеше.
Кои се подржувачите на овој пост? Оние за кои е оправдано и нормално невестата да не се налути зошто имало други во бело. Ама, нам на кои ни смета тоа - не чиниме !!! Психолошки третман ни треба. Спојлер (Ова не се однесува на артедемис, значи ништо лично до тебе не е.) И ние со другарките знаеме некогаш да си купиме исто, ако не бендиса. Но, муабетот ми беше друг. Ме разбра, ама со сила превртуваш зборови. Ние сфативме, ама дали вие сфаќате ??? Од тебе девојко НИ ЕДЕН аргумен не видов/ме. А, сликава ти е преглупава. Ама, изгледа ти се пронајде во неа па затоа ја постира ???
види,јас уште на почетокот се изјаснив кое е моето мислење,ама кој читал,прочитал.. Tи олесна ли сега вака дамски што се изрази сликата не беше ништо лично и персонално за било кого,да се разбие монотонија ,ама очигледно ти сваќаш све при срце
Прочитав неколку од мислењата и видов разни коментари.џабе се препуцавате овде и се убедувате едноставно не можеме сите исто да размислуваме.На пример лично за мене кога ке правам свадба нема да се замарам кој како ми дошол дали во бел или во зелен фустан.Да не ми го расипе денот ако некоја се појави во бел фустан или ке ме засени бе??? Како па да не.Да не се случат други незгодни работи недај боже а кој како е облечен ич не ми е гајле.крај краева некоја и во жолт фустан да дојде ако е стварно убава пак ке привлече внимание.