Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека знаеш отприлика барем за постарите и докажани членки на форумов дали би поддржале такво ниско изразување. :)
    Да го тргнеме фактот на страна што имате спротивставени мислења на темава.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    А што има врска ако некој оди на свадба со бел фустан? :^) Па секако дека обичните фустани се разликуваат од невестинските :) Сега некоја да оди со фустан кој наликува на невестински не доликува, ама обични бели фустани зошто да не :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Втор ден по ред, а сеуште се коментира за мојот пост, којшто е пребрутално искрен од моја страна и заради кој дежурните душебрижници и светици на форумов почнаа да се жестат како хиени и најостро го осудија истиот... :) Бидејќи трошеа енергија и време да ме реплицираат, би сакала сега јас да ги прашам нешто, како на пример: дали барем на една свадба на која сте присуствувале до сега не сте биле сведоци на таков амбиент каков што го опишав т.е. помалку или повеќе сличен? Па некои од вас бре и колумни овде пишуваат и опишуваат такви појави, сочно и без влакна на јазикот...Друго што сакам да прашам - каде тоа јас реков дека на свадбата носев фустан помал два броја - копирајте тука да прочитам или каде реков дека јас бев таму најубава и најсекси? На свадбата имаше девојки и во црни пантолони па преубаво изгледаа...Фустанот што јас сум го носела можеби истиот на друга девојка ќе и стои сосем различно, подолг ќе и биде или пократок, деколтето другачије, за некој можеби таа девојка ќе му биде поатрактивна, за некои јас ќе бидам, ствар укуса е тоа...Кажувам јас што носев и точка! На крај краева атрактивна девојка и во трењерки да дојде негде, пак ќе ја гледаат сите...Лесно е да земеш и некој од контекс да го вадиш...Ова го објаснувам со две работи: или некој стварно потполно ме нема разбрано или па толку добро ме има разбрано што дел од моите зборови го погодија до срж...? Или па толку сме свилени и ранливи, што по некој вулгарен збор не потресува и веднаш излагаме да го осудиме `невоспитаниот` и `некултурниот` којшто тоа јавно на форум се осмелил да го напише...Нема друго! :)
    Тешко му на младоженецот со некоја, којашто уште на самата свадба се потресува да не дојде некоја гостинка, што ќе ја засени, без разлика дали носела бел фустан или црвен или црн, оти таа е `некултурна, вулгарна, бесрамничка`... :)
    На една свадба имам видено како невестата три танчерки му викна на младоженецот, кои на сред свадба влегоа, го опколија и пола саат му играа ориентален танц, полуголи...Таа стоеше на страна, се смееше и ги сликаше...Ова да би го виделе овие `надежниве и културни` невести со `педигре` , јас се кладам дека срце ќе ги мавне... :)
    На друга свадба, кумата и старосватицата по желба на невестата носеа преслатки кратки бели фустани со кафен акцесорис...Сите три беа таласесто исфенирани, со пуштена коса и нежна шминка - како кукли...
    И на крај краева луѓето во светот почнаа да ја истражуваат вселената, да создаваат вештачки човечки органи, додека пак некои врвот на постоењето ќе им биде ситната душа, `културната` свадба во `монденски` стил, дискусија за Судбината на Фатмаѓул и на онаа темана во категорија брак, кадешто се видно потресенки бидејќи свекрвата седнала напред во колата на мажот им...
    На темава повеќе не коментирам, повелете што сакате реплицирајте, јас и понатаму ќе бидам директна и искрена со истиот стил, на кој му смета нека ми стави игнор и тако то...
    :) :) :)
     
    На tessie и Nati.P им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.591
    ^ Леле ај што убаво ни кажа.
    Мислам...да, бараат живот на друга планета, а некои тука сакаат да забременат за да останат со дечкото засекогаш и после дечкото некако ги откачува. Чекај ти ни рече за напредноста на светот? Ти?

    Ау ти беше таа со бебето како компир...

    Сакам да кажам...у реду е, ок?
    Сфаќам, тешко е да се оправиш од врска, па мора некако да се канализираш. ;)
     
    На mims-89, Li0ness и kate21 им се допаѓа ова.
  5. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    :yawn: :wasntme: Феминки бе, алал да ви е, цела книга сте испишале, човек да неможе да изначита на темава,
    одморете малку, не ви се здосади ? |(
    Па нешто и мистер бомбастик дошол во акција :lol:
    јој боже шта ли се не се може?
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Какао, душо... како да ти кажам, а да не те лажам... токму таквите како тебе се инспирација за такви свадбарски колумни и ги прават свадбите она што се денес, предмет на потсмев.
    И... искрено жал ми е дури и што ти се обраќам, едноставно не сме на иста бранова (читај интелектуална) должина.
    Имај си убав живот, пушти
    цицки
    на весеље. :D Немам друго што да кажам.

    А што се однесува до грижите за идните мажи и сопрузи на девојките кои не преферираат некој да им се појави во бело... абе поласкани сме што и на нив ви текна, па и нив ги ставивте во вашиот кош за згрижени суштества. :D Стварно сте осетни, за сите мислите. ;)
    Ај да не почнувам јас како се „грижам“ и ги жалам сопрузите на оние што глумат главоболка секој ден и имаат менструација 3 пати во месецот во времетраење од по 10 дена секоја... ајт. Или оние што вечно си имаат недоречености и проблеми со свекрвици, та животот им се врти околу тоа, ден и ноќ. :wasntme: Со здравје.
     
    На tessie, nena2010, SnowWhite91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.090
    Допаѓања:
    135.029
    Јас го кажав, еве да знаеш. Го видов. Потурената ми беше школска на времето. Беше лута оти она не се мажи и дојде со бел фустан на свадбата на јатрвата. Затоа беше потурена.
    Не е имагинарно, ама од кај па ти да знаеш?
    И „госпожава“ ако ти беше во навредлива конотација,. срам да ти е. И ајде, избриши ми го постот. :emo:
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Значи 2 психопатки се во прашање, таа што потура гости и лудата што од љубомора облекла бело на туѓа свадба, зашто она не се мажи. Не е само потурачкава виновна. :D Амин боже, барем тоа го разјасни, зашто прилично голем број на желби за заздравување од шокот од потурањето беа упатени на нејзина адреса (на потуренава де).

    Не ми беше навредлива конотацијата, чисто реална.

    Што има јас да ти бришам пост? :D Не сум никаков модератор.
    Frankly my dear... ;)
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Silver.E Ова е само мое гледиште на темава. И јас никогаш се немам појавено во бел фустан на свадба ниту пак некогаш ќе се појавам (а и не сум некој љубител на бело). Само сакам да ви доловам ептен тазе ситуација (бев невеста пред една недела). Верувајте дека на тој ден нема ни да приметите кој во што бил облечен, а камо ли да помислите дека некој ќе ве засени како невеста.
    Како и да е секој има право на свој избор на облека а тој ден тоа е најнебитното нешто за вас ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Девојки, жени... Ако невестата е некоја дигната, и младоженецот да облече бел костум, оваа ќе си умисли дека тој сака да ја засени неа. Уште полошо, па и келнерите ако носат бели кошули :D
    Добра дискусија се створи, во секој случај. Што се однесува до мене, која сака нека дојде во бел фустан, ама воопшто нема да и замерам или да помислам дека може да ме засени.
    Се знае која е невестата, најубава е и никоја друга не може да ја засени. Ама не заради тоа каков фустан носи и колку пари потрошила за да се дотера, туку најубава е затоа што од очите и зрачи среќа што ја крунисала љубовта со брак (барем на повеќето невести :lol: ).
     
    На Thallia, FeminkaDoKraj, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Вака, експозе.
    И јас лично на една свадба(не мојата) не приметив девојка во дебатирачки невестински фустан, ниту невестата ја примети судејќи по нејзиното однесување тој ден. Маж ми, другар на младожењата, ја примети, и останатите другари и другарки на младожењата ја приметија, и ајдее муабет, ама, оти знаеја дека некогаш, пред неколку години, за некое време таму од година или што, двојната невеста му била девојка на младожењава. Ок што останале и другари и се тоа, може момата и не се појавила така со желба како некоја да се докаже, како види што пропушташ џубре оти неа ја земаш, ама извади реакција и муабет, доста е еден да посочи за да ја видат и оние кои не ја приметиле.

    И тоа е тоа. Најневиното носење на бел фустан може да предизвика реакција на свадба, макар не било до вас, не било до невестата, и вода под мост да има во случаеви, се собира куп народ на едно место, и сигурно разбирате дека е баш тоа што се тресе на толку страни, ќе добиете комплименти ако ви стои добро, ама ќе добиете и доста попреку. Па ако навистина не ви пречи вам лично кога знаете што ве чека, не за друго, тука на 50 страни не е дообјаснето, па ти иди објасни се на 200+ пијани :D , ама ок.

    И ај сега, треба нов виц? :?:
     
    На drugarka, mims-89, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    115.001
    Пол:
    Женски
    Кога веќе ја спомна серијата Судбината на Фатмаѓул еве ти ја незината венчаница, може од неа ќе научиш нешто..
    [​IMG]

    Инаку по некултурно и дрско суштество од тебе немам сретнато искрено да ти кажам. Како не ти е срам да пишуваш такви вулгарности тоа не ми е јасно. Греота за тие што те поканиле на свадба, и се надевам дека некој од таа свадба те чита овде, па и невестата сама да знае кого кани на свадба и на кого му укажува чест.
    А твојот пост нека стои во архивата на Фемина, ама нека биде во тема Какви да не бидете кога ќе пораснете...
     
    На Annath и imelda им се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Оф мори мајко дури 48 страни,за што дебатираме и дојде дур нож до коска.Сепак се е до поствеста на секоја девојка,не можеме никому да нагласиме како да дојде на свадба облечен и покрај мојот став искажан поназад.
    Случајно во еден разговор на темава со мојот вереник тој знаете што рече-машко што може да каже си мислев дека нема да има врска,но многу поубаво го објасни тој со една реченица за разлика од нашава дебата од дури 48 страни. Како прво се чудеше на прашањево и воопшто за дебатата,па потоа кажа дека ако невестата ако има круна или венче е тогаш ќе се познае и најубаво да ни дојдат сите по пижами на свадба-строго ќе потенцираме пижама партина поканите :D.А јас ќе сум во бела ноќница,а тој во црно бели пижамки :rofl: е ај сега нека дојде во бела ноќница на свадба да видам :rofl: :D
     
    На eliesaab, tessie и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  14. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Претеравте со темава и со препукувања меѓу себе.
    Според мене, кој како сака нека си оди на свадба и во фустан во било каква боја.
    Оние кои сметаат дека треба да носат бел фустан на туѓа свадба, ќе продолжат да размислуваат така и ништо не може да ги премисли, па и после ова сигурно и би отишле на свадба во бел фустан.
    Јас лично, досега не сум носела бел фустан на свадба, не планирам ни да носам, ама немам ништо против тие кои сакаат да облечат бело на туѓа свадба, не сум ни забележувала дали некој е во бело кога сум одела по свадби, а и мислам дека не би ми сметало ако некој на мојата свадба дојде во бело (се додека фустанот кој го носи другата девојка е во границите на нормалата, т.е. да не биде долг и светкав, да не личи на невестински фустан).
    На крај краева, кога одиш на свадба се знае која е невеста. Никој не може да ја засени на нејзиниот ден, без разлика дали носи црвен или бел фустан.
     
    На FeminkaDoKraj, bubac, Nati.P и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    плови лаѓа,плови бела лаѓа...упс,ја згрешив темата :lol:
     
    На Someonespecial, LittlePinky и tessie им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Ехаа сте ја преполниле темава со безпотребни препукувања, а да ви бара човек помош или совет за сериозен проблем олку нема да рециплирате :lol: :lol:
     
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Зошто не се премести темата во Свадби? Боде очи тука.
    Јас не одам по свадби, но знам дека изразито бел и изразито црн фустан не се носат за таа пригода, малку логика, малку бон-тон и се добива НЗС, не сфаќам што толку дискутирање и исправање криви дрини. А такви методи, полевање со вино, бркање од лице место стварно не ми се за коментирање, уште еднаш, не и е место на темата во оваа категорија.
     
  18. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Добро би дошло анкета да се стави на темава. :?:
     
    На SimonaTino и dushiche им се допаѓа ова.
  19. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам. Не е важно дали фустанот е краток или долг, важно е што е бел. Од толку бои зарем мора изборот на бело да падне?! Еве јас на пр. кај што бев јас на свадба, другаркава беше поедноставно облечена, косата онака лабаво виткана и на средина на вечерта долгиот невестински фустан го замени со бел краток фустан со чипка.. Немаше ли да биде глупо ако имаше уште некоја таква девојка која баш таа вечер се одлучила за бел фустан?!„ не е работта за засенување меѓутоа белата е боја на невестата за таа вечер, не мора да биде и за другите
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  20. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не е соодветно.Во ред е на пример фустан во боја,а бели детали, но целосно бел фустан сметам дека не е во ред. Едноставно, невестата на овој ден треба да блеска и да се одвојува од другите. За пример дека не би требало да се носат бели фустани погледнете ја сликата и кажете дали тука се познава која е невеста?
     

    Прикачени фајлови: