Да, таа во средина. На пример корсетот на таа од десно, го прави фустанот да личи на се` освен на невестински.
А од каде ова дека корсетов прави да не личи на невеста, баш вакви корсети често гледам невести да носат. Мене па баш ми се чини дека третата е невестата. Ако не се и трите невести. Е гледате што се дешава, ќе облечат сите бело и ќе се чудиме која е невестата, сите сакаат невести да бидат, како ним нема да им дојде редот..
Озбилна си? А тој од лево? Треба да ги анализираш фустаните за да ја препознаеш невестата? Боже сачувај....
Tочно е тоа дека таа во средина е невестата, но да не го имав на фејсбук девојчето кое правеше свадба и да ја видев сликава, мислам дека не би можела да ја распознаам. Во денешно време имам гледано најразлични фустани кај невести, и со светкави корсети и со чипка и во сирена стил така да навистина мислам дека не се познава кога ќе видиш 3-4 девојки вака слично облечени.
Сачувај, или не-сачувај, ја погодив невестата од едно гледање. Немаше потреба од анализа, на прв поглед ми стана јасно која е невестата. Тој од лево исто така не ми личи на невестински. И сигурно не знаеш боље од мене кој фустан мене ми личи на невестински. И нема потреба од нервози и напнато обраќање. Мислам преку глава од "бон-тонов" на оние што пропагираат некоја култура и усул на темава. И за една друга ваква слика, на нена и` се избацивте. Мислам фемина се`уште нема потреба од форум-полиција низ темиве. Chill out. Се врти дискусијава у круг, петсто пати се објаснија некои работи ама на некои уште им е интересна темава за неаргументирано напаѓање и цитирање кое ја има само последно наведената намена.
Верувам дека тука станува збор за договор меѓу невестата и сигурно блиски нејзини. Многу невести имаат некоја желба, па ништо чудно и ова да е.
леле мајко кои се овие гревчиња ( зборувам за гостинкиве, не за невестата). Мислам вака да се облечеш на свадба туѓа е вистина без срам и невкусно. Прво, фустаните епен се невестинки, барем според мене. Секоја од овие три да стави само вел и ете ти невеста. Да не зборувам за корсетите.. е ова е крајно невкусно според мене со градите на изволте. Навистина претерано.И јас имам големи гради и затоа кога одам на свадби и некои свечености каде што знам дека ќе играм не облекувам косрет или слично во што би изгледало вулгарно. Освен ако не е договорено, ама па што знам... мене не ми се допаѓа, колку и да сум ноншалнтна по ова прашање ова е ужас. Ова ми е во ред и ова ми е прифатливо ама не и ова
Е баш ради разголеноста на едната и корсетот на другата, не ми личеа на невестински. А инаку за другите аспекти на твоето мислење за изгледот на фустаните, се согласувам.
E до негде тоа и ми беше ЕДЕН од тригерите. Она што сакав да го посочам е дека, ете, колку и да е сето тоа искомерцијализирано и унифицирано, сепак може да забележиме дека секоја има различна претстава за тоа како треба да изгледа една невеста, а со тоа и како да изгледа една гостинка на свадба. Тоа никого не прави безобразен, некултурен и сл. А за вкусот, елеганцијата и кичот, тоа е пак башка муабет кој апсолутно не мора да има врска со белата боја на туѓа (или па и своја ) свадба.
Ја погоди поради тоа што е во средината, а самото човечко око кога перцепира некој сликовито доловен момент е навикнато во средина да е главниот лик, така да нормално невестата ќе е во средина, а другарките од страна до нејзе. Па оваа од лево во горниот дел на фустанот е дури идентична како невестата, а таа другата па и пораскошно од невестата е средена со таа тоалета. Мене ова ми е врв на глупоста. Три невесте тикви брале ќе изигруваме, ти ако сакаш биди ваква невеста, ама разбери некому не му е убаво.
Јас не би отишла на свадба во бел фустна. Ама што кога невестата не носи бел фустан? На пример розев, шеќер боја, црвен, виолетов, сивкаст, син? Јас сум видела дека невести купуваат вакви фустани Спојлер (на ова шоуто на ТЛС многу пати фистанот што го одбрале не е бел) А и сум била на свадба каде што немаше ништо бело. Мислам во подоерно време (можеби кај нас уште не, ама иде) важноста на белото и белиот фустан е значително намалено
Зошто да не? Не секој бел фустан изгледа како венчаница. Има мн убави кратки фустани кои не ни потсекаат на невестински фустан, друго е да се појавиш во долг до земља, стварно не оди,безобразлук невиден, но во краток нема ништо лошо. Еве сега бргу имам свадба и баш видов убав бел фустан и сакав да го купам, но невестата е тежок комплекс па изјави дека би и сметало некој да се појави во бел фустан. Едно е краток, друго е долг, но секако ке се исполни желбата на снашката. А тоа не смее ни во краток, веке кажува колку некој пати од комплекс центар пажње.
Добро де, ете твојот одговор мене ми личеше дека е повеќе од инает. Да стоеја две девојки во друга боја околу таа што тебе не ти личи на невеста, немаше да дискутираме која е невестата. Сите вие под невестински подразбирате бел балски фустан со корсети, велови и шљокици? Значи не секоја невеста се облака во торти, секоја си има различни желби и сега гледам се поедноставни невестински фустани, па и кратки. Така да, се што гледам кај фустанов е дека е бел. Можел да биде било која друга боја и да не изгуби од лепотата, ама сепак е бел.... Толку не сакате да прифатите дека белата боја си е на невестата, а не само моделот на фустанот?
Pa i nevestava vo sredina ne bash pribrana.....i nea i' e troa pod otvoreno dekolteto. Inaku jas mislev deka devojkata od desno e nevesta....najdobra vencanica ima. Fustanot bash i' e nevestinski.
Баш разгледав слики од свадби на кои сум била. Не беше невестата на сите слики во средина. И сигурно јас подобро од вас знам зошто сум погодила која е невестата. И не реков дека се прекрасни и дека и јас би отишла во такви на свадба туку дека и покрај нивната бела боја, не МИ личат на невестински фустани поради други фактори. Пак глеам се разбрануваа страстите на темава за што апсолутно нема потреба, еве од мене едно чајче од мајчина душица. Спојлер