Вака, на свадба ќе бидам за неколку месеци кај поблиска особа. Имам фустанче шампањ боја, ќе го комбинирам со некои кафеави детали. Може да го носам ? Зошто и јас сум строго против носење бело..ама оваа боја (или било која друга светла, може, не ?)
Никако не смееш. Ај да е лето и да е надвор свадбата иде некако ама во зима и внатре па и шампањ боја.. Не. Што ако венчаницата на невестата е шампањ боја и тебе ти честитаат мсто неа?? Никако. Ама не ме слушај мене, мене и во бело да ми се избациш на свадба нема око да ми трепне, ти знаеш најдобро што се носи.
Каков мајтап. Ама нели знаеше што е бон тон на свадби па не просветлуваше овде, и сега оп прашањево Малку ме збуни си викам зар е возможно Силвер да праша ова
^ Па нели покрај бело во последно време многу актуелни се венчаниците во боја на шампањ односно во боја на слонова коска. Аналогно на тоа ни таа боја не би била препорачлива да се носи ,особено ако не си стриктно сигурна дека невестата ке биде облечена во бел торта фустан. А и зависи каков ти е фустанот што планираш да го носиш.Ако е многу раскошен и со детаљи кои потсекаат на класичните венчаници ондак бирај друг. Да не те има на темава -Абе не носев бел фустан, ама пак ме мешаа со невестата.Многу е беше едноставна венчаницата срам да и е,требала торта да стаи на себе за да се двои од останатите.
Шампањ боја не се носи од скоро, туку од поодамна. Поактуелни беа пред околу 3-4 години, или пак јас така мислам, оти тој период бааги невести што ги знам носеа шампањ боја. BlackMarket муабетот ми беше дека се познава која е невестата, башка тоа, секој што е поканет знае на ЧИЈА свадба оди. Кога влегува, нормално е дека ќе го пречекаат невестата и младоженецот (макар што и ова некаде не е правило). Така што, муабетот дека невестата некој ќе ја помеша со друга гостинка ми е до некаде - бесмислен. И не мора секоја невеста да биде облечена во торти (како што ги нарекуваш ти). Silver.E јас би го носела, зошто да не? Шампањ и кафеаво е, сигурно дека нема да те помешаат со невестата
Пак ќе си кажам јас... Не е муабетот за дека некој ќе те помеша со невестата ако носиш бело, муабетот е зашто би ја облекла бојата наменета за невестата... Кое е таа внатрешна потреба баш на нечија свадба да се стегнете во бело, колку и да е обичен тој фустан, колку и да не ја засенувате и слично. Можеби не, ама излегува дека сакате да сте и вие центар на вниманието или пак имате нешто против невестата. Прашањето е зашто на туѓа свадба, од сите можни бои запињате за бела?! Некој погоре имаше напишано едка се губело значењето на бојата и дека се повеќе невести одбираат и други бои.. Па замислете невестата одбрала зелен фустан, а вие дречите во бело на нејзината свадба. Мене незгодно би ми било. Добро, за луѓе што мечтаат по тензични ситуации и сакаат да ги иритираат другите, ова е одличен метод.
Едноставно, таа што ми ја мисли мојата гардероба за нејаината свадба повеќе од самата јас што ја ставам на памет и тоа што нема да биде доволно што ќе ја удостојам со моето присуство, блискост, поклон, искрено честитање, доколку ја носам „нејзината“ боја (ај разбирам авторски права да имаш над гардероба, до некаде и над име на идното дете ако сте блиски мада и тоа ми е сулудо али над боја :? ) не ни заслужува да биде мојa блиска и да се веселам со неа. Ви ги почитувам различните мислења, но не значи и дека ги разбирам. А вие одма ги етикетирате оние со поразличен став дека сакаат тензични ситуации, дека тераат инает, дека се искомплексирани, вакви, такви...
Ако го тргнеме на страна мислењето на невестата за гостинките на нејзината свадба облечени во бело, и тие бабски муабети дека ќе се засени невестата, дека ќе и се одземе вниманието итн итн... Прашањето треба да потекнува од вас, зошто баш бела боја? Зашто би сакал некој да носи бела боја кога знае дека веќе ќе има некој облечен во бело. Зошто баш толку впечатлива боја, да белата е една од највпечатливите бои, белата не е боја што најдобро стои на голем процент од жените и белата боја е пре тешка за комбинирање. Зошто тогаш пак се одлучувате за бело? Еве баш Теси пиша дека не се замарала за бојата, тогаш зошто се одлучуваш за бело? Баш белата бара замарање. Неможе да кажеш не се замарам која боја ќе ја носам, да не се замараш ќе облечеш црно - класика и тоа е тоа, се трпи црното, ама не и белото. И тука е поентата на цела тема, зашто тие што бираат бело да носат на туѓа свадба зашто баш таа боја ја бираат? Не е муабетот фрустрациите на невестата или што ќе кажат гостите. Се облекуваш во бело и пред да тргнеш накај ресторан за свадбата спрема се, се гледаш во огледало и што си помислуваш?
Има разлика од бел фустан до бел фустан. А не сум толку опседната со свадби, да мислам 24/7 на свадби, невести, букети, чуда, па секогаш, без исклучок белата боја да ме потсеќа на свадба. Пишав поназад што се` имам во бела боја во гардеробер и дека тоа се` не вклучува и фустан, а и (особено на зимските свадби) избегнувам и да носам фустани, така што попрво би отишла во кошула-панталони комбинација. А на „зошто баш бело?“ прашањето, се одговори сто пати и се потенцираше дека не е толку битно да е БАШ бела боја туку дека едноставно не ни` прави разлика во време во кое ниту венчаниците не треба да бидат бели. А еден период единствени читави панталони за елегантни прилики во гардеробер ми беа бели. Аман, среќа немаше некоја зимска свадба па да му ја мислам дали и невестата место фустан ќе избере комплетче со панталони, па ја да ја увредам, па да се жртвувам жива да измрзнам и јајници да си с**бам за нејзино добро расположење и помалку оговарање. А се дешава... не секогаш сме во периоди кога можеме да си приуштиме парчиња што ќе ни` траат со години и да имаме избор. Спојлер Еднаш кога бевме во криза, не ни отидов на една свадба од што немав што да носам (ќе требаше по фармерки да одам) oд што потсвесно сум знаела каде живеам и дека зад маската на прекрасните, љубезни и топли луѓе, во најголем број случаи, со чест на исклучоците кои ги има и на чија што свадба со мерак би отишла, се кријат површњаци кои те гледаат само однадвор, без разлика дали носите иста крв или не, мислат дека се центар на свет и дека секоја твоја одлука или постапка има некаква врска со нив.
Мех, шо дека во бело? Одма ќе се знај која е невестата, лол. Сепак јас секогаш преферирам црно безразлика дали за свадба или некоја друга свеченост. Ќе преснатам да носам црно кога ќе пронајдат потемна боја.
Ех бело ќе носам на свадба,имајќи 16000 бои од спектарот,па како сум си несмасна па да си истурам нешто и да ме памтат како девојката со флеката е не,фала.НЕ сакам свадби во глобала ни пак бели фустани, невестата нека си носи традиционално,јас ќе си се држам кон помрачните бои.
Bravo za temata! Bas sinokja imav prijateli na gosti i ja komentriavme istata tema..Ona sto go zabelezav vekje kaj mnogu diskusii na taa tema deka i ne bas mnogu znaat deka na svadba ne se ide vo belo..i ne znam kako lugjeto kaj nas nemaat elementarna kultura pa se pojavuvaat kako nevesti ,a se kaneti gosti..toa nikako ne mozam da go svatam..kako i sto ne mozam da svatam mnogu drugi raboti..kako na primer deka ne se vleguva vo restoran na svadba bez sako ili shal..ili deka se nosi tenka stikla vo restoran i slicno..da ne se oddalecuvam od temava..Pozdrav i uste ednas bravos!
Баш како што рече и Мимс,не се работи за тоа другите што ќе кажат или пак за правила,самото облекување бел фустан за на свадба кажува многу за културата на личноста.
Случајно наидов на овoј наслов па ми текна на темава. Извор bride.mk Јас лично сум против носење бел фустан на туѓа свадба и не би облекла. Btw добар е делот со фотографот и снимателот http://bride.mk/%D0%B4%D0%BE%D1%82%D0%B ... D0%BD.html
Мора сако или шал ?? И дека се носи тенка штикла ?? Ај просветли ме зошто е тоа така. Ај за белото свативме и секој веќе се изјасни, но оваа за сако, шал и штикла не ми е јасно.
Баш пред малку гледав епизода од Friends во која Моника беше неповикана на свадбата кај блиска роднина но од инает одлучува сепак да му биде придружничка на Рос, само за да и ја поремети свадбата. И кога влегуваат во кафичот ја прашува Фиби дали мисли дека е неприкладно во бел фустан да се оди на свадба, и оваа и одговара дека е баш некултурно, и Моника направи онаква подмолна фаца, демек супер, ете како ќе и ја уништам свадбата и заминува на истата во бел фустан. Штета што не можев да го најдам само тој дел на Јутјуб а ќе го постирав наместо вака без врска да прераскажувам. Како и да е муабетот ми е да не се правиме многу наудрени, демек само кај нас не важи ова, па спомнување на кралски семејства и остали глупости. Еве и во Америка се практикува очигледно и тоа пред отприлика десетина години. Само ние овде се нешто со сила заостанати се правиме.