Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Јас сум за големо не, многу внимавам на тој момент кога одам јас на свадба.
    Инаку на мојата свадба имаше девојки во кратки бели фустани на 3 се сеќавам во моментот- но едноставно не се замарам со тоа. Ниту пак го сваќам тоа како навреда или непочитување-едноставно не сум ситничар.

    Ама пак затоа јас си внимавам. :)
     
  2. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Многу ми е невкусно доаѓањето на бел фустан на туѓа свадба. И не би сакала да ми дојде никој на мене непочитување ми е .Нека си мислат којзнае колку имам незнам какви сваќања или слично ама не им дошло до тој фустан на мојот ден баш. И јас не би носела секако.
    еве нешо и од светот за таа тема сегде е актуелна очигледно
    http://www.huffingtonpost.com/martha-st ... 01658.html
     
  3. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    и јас сум за едно големо не ,јас никогаш не би облекла бел долг фустан на туѓа свадба ќе ми биде незгодно. А и од толку фустани па некоа да облече баш бел долг фустан стварно ми е глупаво тоа,незнам јас уште не сум правела свадба ама како и да е јас сум против ова.
     
  4. MissArte

    MissArte Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    И за краток и за долг бел фустан на свадба - гооолемо НЕ!!! Сепак, а особено во помодерно време има невести кои се решават да носат краток бел фустан на својата свадба. Кое е правилото дека невестата мора да носи долг бел фустан? Така да, белата боја да и се отстапи на само на невестата тој ден. А девојките што сакаат да си носат бели фустанчиња имаат еден тон прилики за тоа кога излегуваат во град, а не на нечија свадба. Категорична сум по ова прашање!
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би облекла бев фустан на туѓа свада, едноставно нема смисла.
    Од толку фустани баш бел да изберете, има шапањ, праска бои кои се нежни... не мора да е бел.
     
  6. Srce222

    Srce222 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    pa ne bi bilo loso ama kratok da e :*
     
  7. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Би отишла на свадба во бело, бидејќи имам еден многу убав бел фустан што го купив за друга пригода, но ете сега сме во фаза на штедење и не можам да си дозволам друг фустан да купам, што би ги задоволило стандардите на невестата која има сериозни проблеми со самодовербата, пред тоа немав купувано фустани за некакви пригоди бидејќи не сакавме да фрламе пари за некои работи што ќе ги носам многу ретко и сега не можам да си купам фустан во друга боја и што сега?
    Да го обојам?
     
    На Marossa и sofijanoka им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Па ако не ти, може да се случи узбуџено невестулче да ми ти го “обои“ со црвено вино... :D

    Се чудам колку малку треба на некои луѓе да им се расипе расположение на таков голем ден во нивниот живот...
     
    На gangstergirl, naturally и Glasna им се допаѓа ова.
  9. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    Се изповозбудивте ако некоја би ви дошла на вашата свадба во бел фустан дека ќе ја истерате, ќе и го соблечете, ќе и го потурите со црвено вино итн. Искрено, не ви поверував.
    Признајте дека немате храброст да го направите ова ;)
     
  10. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Па можеш да го преправиш на шнајдер да му додадиш нешто или да го скратиш доколку е подолг ,лента со машничка можеш да врзиш околу половината, можеш цел одозгора со чипка да го покриеш имаш разни начини.Најдобро ти фустанот и доколку имаш чипка и право на шнајдер само така можеш да го поправиш фустанот ;) :)
     
  11. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Јас внимавам на тоа и не носам ( до сега не сум носела). Но сепак не викам дека не е во ред и кратко, тесно бело фустанче какво што сигурно нема да има невестата и со кое што мали би биле шансите да ве помешаат :)
    Значи кратко може, долг фустан е веќе непријатно и некултурно :!: ( и јас не би сакала некоја на свадбата моја да се појави со долг бел фустан)

    А добро, друг случај, летото бев на свадба каде што невестата носеше жолт фустан. И братучетка ми имаше облечено жолто фустанче. И сега? Она е некултурна што носеше жолт фустан како и невестата ?

    Се е во ред кога е до граници на нормала и со мера, ама луѓе ние претеруваме со глупости :|
     
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602



    Само мене никој не ме просветли.
    Глупости глупости, ако некоја на мојата свадба дојде облечена во кратко бело фустанче со интересен накит во друга боја, чевли и ташна во друга боја, сигурно нема да и замерам. Нема да замерам ни да е во во долг балски фустан, нејзино право, нејзин резил. Тоа ќе е мој ден и јас ќе сум најсреќна. Верувам дека нема никоја таква ни да приметам, можеби подоцна кога ќе гледам слики и ЦД а на тој ден ама никој нема да ми биде толку важен за да му ја анализирам облеката.
     
    На gangstergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Ради нечиј хир и непишани правила да си упропастува убав фустан...нека си оди накнадно на „честито“ најдобро...
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Јас ова правило го слушам(читам) прв пат на форумов... Според мене не би ми пречело да одам на свадба некаде во бело,ниту пак на мојата свадба некој да носи бел фустан. :)
    Зарем тоа не е ден и на момчето? Тогаш да се забрани и мажите да носат костим бидејки нема да се знае кој е младоженецот :lol:
     
    На tessie и Cka им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Јас не би носела бел фустан на туѓа свадба, белото за мене лично е невестинска боја но ако еден ден правам свадба, ако некоја девојка се појави во бел фустан, ќе биде добредојдена, мене ама воопшто нема да ми смета :) Ама пак, од друга страна, јас сум специфичен случај, јас на свадби гледам како на големо малтретирање и џабе трошење пари и повеќе би сакала парите со кои би правела свадба да ги дадам на некое убаво брачно путовање ;)

    gangstergirl , искомбинирај го фустанчето со шарен накит и убаво помини си на свадбата, ич не се замарај за облеката :)
     
    На tessie и gangstergirl им се допаѓа ова.
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Мене многу ми е безобразно бел фустан на туѓа свадба :x
    Ако девојчето е помалечко, ајде ок, ама девојка - не ми оди некако. Дури ни кратко неневестинско фустанче не ми проаѓа.. :?: Има цела палета на бои, не мора баш тогаш да се носи бело.
     
  17. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Кога бев старосватица невестата беше во фустан шампањ боја, а во косата имаше златни и зелени цветови-сосема неочекувана комбинација за мене. Братучетка ми и нејзината кума заедно оделе на фризер и косата и беше потполно иста на двете, со таа разлика што кај братучетка ми имаше металка шнола како украс. Според вас требаше да направи скандал затоа што фризерката направила иста коса и на кумата? Воопшто не се замараше, тоа беше нејзин ден. Имам видено невеста без никаков украс на косата обично намотана собрана на едниот крај. Да имав случајно тој ден таква фризура сигурно ќе требало да се вратам за да не ја навредам, така? И за крај имам видено невеста во бордо боја и тоа не фустан туку корсет со гол стомак (плус труднички) и долга суќна. Значи сите што биле во бордо или некоја друга нијанса на црвено на свадбата покажале непочитување кон невестата. Тогаш нека даваат известување во поканите во која боја ќе и биде фустанот за да нема такви случаи.
     
    На tessie, Lavander и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Баш затоа е измислен дрес кодот. Само што кај нас не се почитува, а и воопшто никој не се замара со него.
     
  19. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Можеби не треба да се оди во долг елегантен,бел фустан.
    Ама како и да е на луѓето неможе да им се угоди.Не е сега како порано,невестите не носат исклучиво бел и долг фустан,па за да не ја навредиме,мора да ја прашаме каква венчаница ке носи,кратка или долга,тесна или широка,бела,шампањ,кајсија или незнам која друга боја.Кога бев на една свадба летово,бабите коментираа зошто кумата се облекла во црн,долг фустан,ќе им донела несреќа .Така да,како и фа се облечеш секогаш на некого ќе му бодеш во очи.
    А и сигурно некоја нема да облече фустан како венчаница,има преубави кратки бели фустанчиња кои воопшто не личат на венчаница.Па крајно гостите кои се поканети сигурно знаат која е невестата и нема да се збунат.

    А што да кажат младоженците кои носат костум,како и секој друг обичен гостин.Да не бидат засенети од останатите гости,треба дизајнерите да поработат на случајот,и да измислат некоја облека која само младоженците ќе ја носат,да не останат непрепознатливи :lol:
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Имаше некои напади дека е смешно што толку се форсира белата боја на фустанот, кога речиси сите невести не се невини.
    И еве баш налетав на статијава и ми текна на темава. :)

    http://www.fakulteti.mk/news/14-08-04/k ... _belo.aspx