Тоа е една теорија. Пред тоа, а и подоцна, несомнено и самите сме свесни, се прифатило и како знак на невиност особено во западните христијански земји (кај Муслиманите дури сум забележала невеста да носи бел фустан со црвен појас околу со истата симболика). Инаку знам за ова. Жолтата боја била карактеристична за аристократијата која потекнува од Шпанија ако не се лажам. Tука немаме принцези и грофици и главно го симболизира она за коешто сите знаеме. Во самиот текст пишува чистота и статус. Се мислело и на чистотата од аспект на сексуалниот живот. И тоа. Да ве поздравам на темава. Се надевам во меѓувреме на никоја од вас не и` се згреши да облече бел фустан или што и да е друго бело на туѓа свадба.
Не можам и не сакам да сфатам и да ми објаснува некој пак нема да сфатам како некоја ќе се дрзне да облече бел долг фустан на туѓа свадба Баш вчера сестра ми беше на свадба и прв роденден и крштевка на детенцето (поради смртен случај не направија свадба на време) и гледам невестата пошто веќе со бебенце си носеше крем со кафено фустан а една гостинка со долг бел фустан така лепршав и ми кажува сестра ми уште прва на оро била на три-четири пати и ја утепале од сликање фотографите УЖАС
Не сум љубител на бели фустани и од тие причини никогаш не носам. Единствена боја на фустан која сум ја носела на свадба,па и на други прослави е црната.За мене оваа боја е незаменлив израз на елеганција и префинетост за посебни прилики.
Јас лично пантолони бели не носам,камоли фустан, освен ако во иднина не ми се допадне некој посекојдневен, долг фустан ми асоцира на невестински и нема шански да облечам долг бел фустан. Невестите во последно време толку сакаат да бидат посебни, па избегнувајте да носите долг бел фустан, па макар бил и најобичен летен фустан што некои го носат за на кафе, бидејќи наместо со торта, принцес фустан ништо чудно невестата да ве изненади со едноставен бел летен фустан, па да испадне ист да носите. Инаку не верувам дека некое кратко фустанче со детали во друга боја така лесно би можело да биде смешано со невестински фустан. Сепак ако толку ви сметаат гостинки со бел фустан, како што гледам на фб некои девојки нашле решение колку толку да ја намалат веројатноста некоја од нејзините поблиски другарки да ја изневери нејзината доверба и да облечи бел фустан на нејзината свадба, така што на моминската вечер сите носат бели фустани. Па не верувам дека некоја од нив би го облекла истот фустан од моминската вечер на свадбата на нејзината другарка, кога моите врснички не можат да замислат една по друга вечер исто да се облечат, камоли исто да се облечени на свадба и на моминска вечер, па уште помалку кај иста личност. Сепак јас лично мислам не треба да ве загрижува бојата туку должината на фустаните. Сега или носат некои долги фустани(најчесто од матура) или носат фустани кои како што гледам повеќето љубите да ги викате допичњаци или потпичњаци. Јас лично повеќе би била навредена ако дојдат облечени како стриптизети со деколтеа до папок со фустан допичњак, тесен 3 броја помал и fuck me штикли 15ки и да се разрипаат на оро без срам пред татко ми, стрико ми, вујко ми, дедо ми, пред свекорот и останатите постари роднини, кога и јас самата кога одам на гости кај постари луѓе од фамилијата гледам да облечам нешто со должина што ми ги покрива колењата,колку од почит толку и од култура, а и во секакви прилики избегнувам деколтирани маици, кошули, фустани итн. Да резимирам, според мене е побитен моделот и должината на фустанот, а не бојата.
A зошто нечие однесување и прикажување на самите себеси треба нам да ни` биде навреда? Ако се брукаат, сами си се брукаат. Не се опседнувајте со туѓи навики и однесување. Особено не на, за вас, толку убав ден.
Мене ми се засвиѓа еден бел фустан, т.е. кај градите е бел, а надоле преоѓа во цветен (розе-црвено нешто нијансата е). И сега, не треба го носам на свадба? Иначе, кратко е фустанчето, над колена.
^ Темата е за скроз, односно целосно бел фустан, а не за каков што го опишуваш, така да, може да го носиш.
Да не прочитав на темава немаше да ми текне дека повеќето не одобруваат бел фустан на туѓа свадба. Навистина не размислував ама мене не би ми пречело да некоја облече бел фустан. Зошто би? Да не се плашам дека ќе ми земе внимание што ми припаѓа на мојот ден? Или пак да не е некоја од суеверните работи? Јас немам облечено бел фустан бидејќи слабо дека некогаш би се одлучила за бела боја, ама ако во некој случај ќе ми се свиди некој бел за на нечива свадба, добро е бидејќи сега ќе внимавам дека може некому да смета. На народ не може да му угодиш. Ги врзуваат некакви си бои за настаните, ако е свадба не е убаво во црно, ако е погреб не се убави светли бои итн. Многу надворешни правила додека најбитното е оно што се случува внатре, во ставот на срцето.
А некоја кога ќе облече долг, бел фустан, да се чудиш дали таа е невестата или .. Еве сега скоро на фб, еден мој колега ставил слика од него и женска му и пишал "свадба". Девојката носеше таков бел фустан, што потсеќаше на невестински, плус имаше ставено бисерни обетки и бисерно ланче, сите во коментар им честитаа брак. Додека се објаснија, веќе беше доцна, имаше 100 коментари на сликата..
Ги читам коментариве и просто не можам да се изначудам... Да сум невеста и да се замарам дали некоја носела бело? Океу поради почит и култура нормално е да не облечам долг бел фустам за да не ја "засенам"невестата ама зошто па да не краток?Ако некоја невеста се замара дали некоја ќе ја засени тогаш многу ниско од нејзина страна.Сум видела многу луѓе во бело на свадби и никогаш не сум гледала на тоа како нешто лошо и некултурно. Ми се случило да носам бело на свадба но во комбинација со црно затоа што секогаш комбинирам, така ми е поубаво,а другите што сакаат нека носат. Невестата тој ден е посебна,тоа е нејзин ден, не верувам дека некој би ја помешал,таа се издвојува затоа што има посебна насмевка и затоа што е невеста.
До сега не сум носела бело на нечија свадба, не сакам да ме гледа некој попреку (а и не сум многу по белото). А ако некој носи бело на мојата свадба нема да се замарам толку и да му правам психолошки анализи демек сакал да ме засени или на мој инат, што сака нека носи. Најмалку нешто што сакам е на тој ден да размислувам за такви банални работи А младожената што да прави ?! Пола сватови се во костуми како него и како него да го познаеш во таа гужва ?!
Мислам дека нема ништо лошо во носење бел фустан на туѓа свадба, но да не биде премноугу раскошен и да личи на невестински.
Вистински пример - Дошла на свадба со долг бел лелеав фустан, па добро бре од толку убави бои немаше ли да одбереш некоја. остај и ја на невестата таа боја тој ден, таа е невеста, божем нема други бои, па бела облекла
На сите свадби што сум била досега, и што сум ги видела на фотографија (секако, македонска свадба) има девојка во бел, речиси невестински фустан. Мислам, која е потребата да изгледаш како невеста? Еден ден и ти ќе си на нејзино место, ако веќе претходно не си била.
Јас како што знам не е во ред да се појави некоја во бел фустан на туѓа свадба па тоа не го практикувам.
I ja mislam deka ne e vo red. No, ete na mojata svadba imase edna koja namerno se oblece vo dolg bas onaka fustan koj komotno bi mozelo da bide za nevesta. Verojatno mislese deka ke se iznerviram, ama kutrata sama si ja podvitka opaskata koga dobi mnogu negativni komentari od bliskite kako mozela do tolku da ne znae deka na tugja svadba ne se nosi belo. Mene iskreno ne me pogodi nesto mnogu, prvo zosto i ja znaev namerata, a drugo zosto bev premnogu zafatena so uzivanje vo sekoj moment pa mi bese nebitna i taa i bojata na nejziniot fustan. Inaku licno jas, nikogas ne bi oblekla.
На последнава свадба што бев имаше исто една ваква особа која очигледно нема прочитано ни основен бон тон ни кодекс на однесување на прослави... Фустантот на невестата беше многу обичен и во шампањ боја ама затоа дотичнава блескаше ко да е она невестета, бело, бело ама она што блишти ко на рекламине за прашок за перење! Долг бел фустан до земја, раскошен со голи рамена со чипки... Да не ја знаев невестата од порано жими се ќе помислев дека е таа. Ко за инает па цело време се буташе до невестава, прва на оро, прва на трубачи, прва на подиум, поима неам зашто беше толку весела . Невестава ко кислеа беше цело време штом и се приближи... Па и фризура некоја пунџа раскошна имаше направано... Се си мислев дека на погрешна свадба сум дојдена. На крај погодете што, го фати бидермаерот урааа. А и не беше некоја си битна гостинка, у придружба дојдена ама ете... После тоа ја гледавме со другарка ми на социјалниве мрежи и луѓе верувале или не ама на сите слики од свадби што ги имаше ставено беше облечена во бел фустан, краток, долг али бело! Некој тежок комплекс ќе да е во прашање. Страшно нешто. Што сакам кога ќе се мажи сите гостинки у бело да и дојдат облечени