Никогаш не би облекла. Едноставно е премногу глупаво да се носи бел фустан онаму каде што се знае кој треба да носи. Живи глупости....
Јас немав ништо против некој да ми се појавеше на свадба во бел фустан, но мене лично не би ми текнало на туѓа свадба така да отидам. Едноставно, од старт ја елиминирам бојата.
Се имам јас веќе изјаснето во темава само пак ќе пишам мислам дека не е во ред бело да се носи, има толку други многу бои на фустани, белото нека остане за невестата, сепак треба да се има почит.
Кога ќе ми текне каква тиква сум била Пред едно десетина години си отидов на свадба јас така стокмена во ново фустанче (бело) со карнери, без секунда да размислам што правам. Тоа беше свадбата на една наша драга форумџика, моја другарка и поранешна најдобра колешка, @ljubam А таа во шампањ венчаница. Можеби не и било сеедно но никогаш не ми текнало да ја прашам Искрено сега не би се појавила така на ничија свадба.
На мојата свадба немаше никој во бело, ама на последната свадба што бев кај другар леле , први братучедки скрос во бело, аман бе, бар некоја марама, ланче да имаа ставено, имаше накај 10тина жени во бело, а невестава имаше обичен фустан па искрено да кажам не ми се разликуваа од далеку. При толку избор на бои морало баш бело .
Јас лично не би носела бел фустан на туѓа свадба.Имаше еден случај каде девојката носеше црвен фустан не беше долг и раскошен но таа беше згодна и го одземa вниманиетo од невестата и камерманите цело време беа околу неа.Подоцна дознавме дека невестата и се налутила.Вие како би изреагирале доколку сте на место на невестата?
Nikogas ne bi oblekla belo na tuga svadba.A i na mojata svadba ni pa na nekoja sto sum bila ne mozam da kazam deka imam primeteno nekoja vo bel fustan.Za mojata sum sigurna deka nemase,a za drugite moze i da sum greska,ako imalo ne bilo nesto sto ke mi ostavi vpecatok pa da ja zaseni nevestata.
Е глупости невестата само грди девојки ли да вика на свадба. И зошто и се налутила оти е убава и згодна ли и шо знам камерманите секогаш си идат по младите да снимаат затоа се платени.. Сигурна сум дека на мојата свадба ќе има дотерани девојки што одземаат здив, па ќеф е да има млади убави девојки на свадба.. Сеа ако си невеста не значи дека си најубава, туку е твој денот да ја прославиш љубовта со избраникот. kukla21 свеќи со скриени намери да не била?
А има ли правило да не се носи бел фустан на туѓа свадба ? Не сум запознаена баш но на последнава страна гледам дека сите коментирате дека не е во ред да се носи бело ... Не би носела и јас но затоа што никогаш не носам бело а не поради друга причина ...
Јас сум била на свадба каде што сестрата и мајката на невестата беа во бело со златни детали, како грчки божици беа, така што очигледно на некои невести не само што не им смета, туку и им се допаѓа идејата да има и други жени во бело. Како беше поговорката- 100 ljudi, 100 ćudi.
А шо прајме ако облечеш кремов фустан на пример и оп невестата наместо бело носи кремово? Да носиш раскошен бел (кремов, плав) фустан сличен на венчаница е глупаво, меѓутоа кратко, едноставно фустанче што не личи на венчаница е во ред. Бев на една свадба неколку гостинки носеа долги шампањ боја фустани ама и невестата носеше шампањ ванчаница ... стварно преглупо изглеа.
Го имам пишано моето мислење на темава, ама морав да прокоментирам- Ни венчаниците веќе не се тоа што биле некогаш. Според мене во ред е да облечеш било каков фустан, кој не асоцира на венчаница, бидејќи постои и опција да те заменат со невестата.
Па секој како му е воља... ама според мене има нешто што се вика непишано правило, бон тон итн. Иако можеби не е строго утврдено правило, и никој не може да ми забрани да носам бело, не би носела, затоа што ете, тоа е бојата што треба невестата да ја носи. И некако уште одма да се знае, невестата е во белото и тоа е тоа!!! А тоа што сега невестите носат секакви бои на фустани, тоа е веќе друга приказна... Јас почитувам бон тон, и некои такви правила кои ете се ситници, ама додаваат во шармот на целата церемонија. Невестата и само невестата носи бело, и тоа ја прави уникатна и впечатлива. Па сега некоја ако сака бело да носи, оти нели секој човек си прави како што сака и според своја воља, тоа си е нивно право, ако тоа ги прави среќни, нека носат бело по свадби...
http://bride.mk/дотерување/960-4-бои-што-треба-да-ги-избегнувате-како-гости-на-свадба.html еве нешто во врска со темава
Доколку е комбинација на бело со други бои фустанчето зошто да не, но чисто бел фустан сметам дека не е убаво да се носи тоа дава впечаток како не почитување на невестата.