Малце офф може ќе бидам но страшно иритантно беше ова за мене. Сега брзо моја блиска беше кума на свадба. Невестичката што е метро и жилет и не толку убавка и рекла на свадбата да не облекува црвен фустан никако оти била мн убава и сите неа ќе ја гледале. А девојката е бомба, висока со големи гради, убави нозе, плава барбика права. И ајде да не се расправа или да се замерува и така не и беше битна бојата, кумава соши мастило боја хаљина со чипка ова она нешто и пак беше милион пати поубава од неа. На слики нема ни да ја приметите невестата покрај неа, а како кума нормално да е тука околу. Башка кумата е мајка и жена и 10 години постара покрај невестава. Значи не е до фустанот, и црвен и плав и зелен да облече, ако е убава девојката џабе ти се комплексите. Неа се убаво ќе и стои. Не знам зашто невестите се толку искомплексирани околу тоа.
Искрено мене не ми се допаѓа ова.Сепак невестата е таа што треба да е највпечатлива,тоа е нејзин ден. А вака и друга во бел фустан ми е безвезе.
Па добро сеа и невестиве претеруваат, немој во црвен, немој во ваков онаков, или ќе ги акнат сите другарки у една боја да биле облечени, тука секогаш искачаат на повришна сите нејзини комплекси... Глупости, кој како сака ќе си се облече, само во прашање е основна култура и почит. Е сега секогаш има некоја attention whore што сака да е главна и сите да ја гледаат ама тоа ти е... во принцип не е секогаш до облеката што блишти и боде очи туку и во однесувањето на особата... Затоа не вреди да се замарате со глупости, има многу очајни за внимание на кои за жал тоа им е једини настан кај што може да го добијат оти се што е оговарачко и трачарско, другарки, тетки, стрини, напалени мужиња е на куп собрано така да... Тоа ти е со нашиве свадби, не доаѓаат за да прослават и се израдуваат за младите туку да видат кој бил најубав, кој бил најдотеран, кој играл прв на оро и слично... Мислам што е битно бе дали кумата или старосватицата биле поубави од невестата? Тоа е свадба или натпревар у лепота? Бог да чува значи...
На мојата свадба немаше бел фустан но имаше личност која ме засени мене ко невеста, верувале или не . Шо да правиш судбина...
Во бел фустан на туѓа свадба воопшто не ми се свиѓа доколу фустанот има и други бои на него тогаш може затоа што на свадба се знае кој треба да биде во бело,тоа е невестата
Не се случило да облечам бел фустан на туѓа свадба. Некако не ми е пријано и тоа го сметам за некој вид дрес код. А за мојата свадба не верувам дека би ми сметало ако некоја се појави така облечена. Зборам за обично кратко бело фустанче, ама ако тоа биде долг налик на венчаница .... Не знам баш. Секој треба да биде сам свесен како треба да се облече во било која пригода.
Дека не се носи бел фустан на туѓа свадба е непишано правило. Се согласувам со @srcence1607 дека ако една девојка е убава и бел и црвен и зелен и син фустан да облече пак ќе биде убава. Невестата не е таа што треба да им кажува на гостите како да се облекуваат. Тоа немој црвен, немој ваков, немој таков да облечеш е претеризам.
На една свадба кај што бев, освен нело невестата во бела венчаница, во бели долги фустани беа и нејзината сестра и нејзината золва. Не знам зошто така, може планирано им било?!
https://www.google.com/search?q=kar...20GgDn&biw=1920&bih=979#imgrc=7Y5xvOzbzlG_uM: ма ајде ќе ви се молам
Не ми се допаѓа, мислам делува многу невкусно. На мојата свадба немаше никој со бел фустан. Старосватицата носеше крем со бела чипка, ама не беше скроз бел. А на туѓи свадби кога ќе видам гостинка во бел фустан, прво помислувам дека е љубоморна на невестата нешто. Боже за младоженецот се тепаат двете. Смешно ми е. И секако е невкусно.
Јас на пример на моја свадба не ни сакам да носам бело. И што? Да пишам во поканите каков ќе ми биде фустанот, случајно на некоја да не и текне таков да носи? Абе со малограѓански работи се занимавате. Ќе ве засенеле, боже боже. Јас мислам дека девојкава не е ич у право. Како смеела само да биде убава? Требало да натне тренерки и да не се бања една недела, од шминка, само бекутан кремче. Што се нема да се изнаслушам....
Јас ќе подразмислам за мојата свадба. Згодни цури не планирам да канам. Нека си седат дома , тој ден јас ќе бидам најубава .
Абе седи раат - во покана ќе си пишеш дрес код - алишта за по дома, поткрпени, мишка небањата и небричена, веѓи нечупани.... си има начини бе!
Искрено сакам убави луѓе дотерани да имам на мојата свадба сега биди мангуп па биди невеста необична и уникатна и мислам дека секоја невеста треба да си носи фистан како што и е стилот,а не на тој ден да се прави кловн или не знам нешто што не и прилега на нејзиното тело,лице едноставно не е таа личност.Биди тоа што си оригинална е не сега некоја метар и жилет облекла долг фустан што не и прилега само да се каже дека била невеста.
Ми текна колку се имаме карано на оваа тема Јас знам дека бев против бел фустан на туѓа свадба (демек една е невеста), ама последнава година имав неколку свадби и се изнагледав еден куп жени со бели фустани. Како нормално да стана кој што сака да си носи. Дали сеуште го имате истиот став или имате промени во размислувањето ?
Кoј штo сaкa некa нoси...јa знaaт невестaтa кoјa е сигурнo немa дa згреши некoј.Глупoсти. Јaс не нoсaм,aмa пa и ненaмернo тoa ете не ми пaднaлo нa пaмет...сигурнo немa венчaницa дa oбблечaм,белo фустaнче,белa кoшулa,пaнтaлoни бели.
Ако венчаницата е во друга боја,дали дрес кодот дозволува БЕЛ фустан? Се оди во крајности со свдбиве Кој што да облече.што поклон да донесе... Што е следно? Кој како да се насмее пред камера?
Бел фустан е во ред, ама на една свадба кај што бев братучеда на момчето која што и не му е блиска носеше бел фустан како невестилник исто, дури и кратка бела бундичка бели штикли и едни дојдени од Англија гости не ја познаваа невестата и ја смешаа со оваа. Ужас, до толку немав видено. Треба да е ретардиран човек со невестилник да оди на туѓа свадба или умоболен.
За некој со таков став најдобронамерен совет Да си оди во театар , да си режира претстава по сопствена желба и замисла