Имa секaкви,си зaмислил тaкa и aјде.Свaдбиве не се тoa штo беa,зaмерки имa зa се,штo oд млaдите штo oд гoстите,се се мери нa кaнтaр.Зa нaшaтa свaдбa имaше и без пoклoн штo дoјдoa,ќе oдaм ќе им нoсaм,и никoгaш не гледaм кoј кoлку дoнел дa му врaтaм.Свеки ми викa скoрo,декa сегa месецoв нa свaдбa сме,зaпишaвте нa листе кoј штo ви дoнесе???НЕЕ.Јaс кoллку сaкaм,и имaм тoгaш ќе нoсaм.А нa свaдбa oд другaркa лaни стoеше женa рoднинa,ги земaше пoклoните и нa лист:тaa и тoј пoклoн вo плик,тoј пoклoн зaвиткaн.Секoј терa пo свoе.Амa oвa кoј кaкo дa се oблече е врв.Нa две свaдби имaше невестa сo рoзев фустaн.
Не се сложувам искрено со коментариве. Вистина се наоѓа замерка за многу работи, почнувајќи од тетки стринки кој зашто не бил канет, па кој со кого се поздравил, кој што рекол.... Ама па сеа, не мора баш од сите свечени прилики на свадба да се носи бел фустан. Од сите бои и од сите модели, скроз бел фустан не иде едноставно. Не е мешање тоа у стил на облекување воопшто. Сигурно никој нема на покана да напише не ми доаѓајте на свадба во бел фустан. Ама терба да се има осет, бон тон.
Јас на тие неколку свадби што бев последнава година имаше гостинки во бело, ама во пристојни фустанчиња (никако не можеш да ги помешаш со невестата), а имаше и гостинки во други бои, ама многу свечени фустани (со тул пр.) и некои беа дури и поубави од самата невеста. Нормално е дека секој сака да се среди и убаво да изгледа, па да сме реални секакви не‘ има, секогаш ќе се најдат и поубави и понеубави од нас. Иначе точно е тоа дека почна многу да се замерува на свадбиве (иако тоа и порано се сеќавам беше така), сега претеризам стана, кој што облекол, со кого дошол, што донесол, дали играл, дали станала за по букетот, триста глупости. Како да нема љубов, туку само сценарио за театар.
Не ја сфаќам поентата зошто некој друг би се обидел да ја засени невестата со бело. Мислам ако ти смета, не ни доаѓај воопшто. Нема ништо да постигнеш освен да се изглупираш пред толпа луѓе, од толку бои и модели со сила невеста ќе се правиме.
Taka de. Pretezno vo belo fustance sum srekjavala pufli nekoi stegnati da puka. Za obavezno set maska roda u nea da gleda celo vreme. Pa tverkanje i trist cuda vragovi.
Сум била на свадба каде свекрвата беше облечена во бел (по мое мислење невестински) фустан на свадбата на синот и снаата. Долг, свечен, со тулови, со невестински украси во коса... опасна свекрвица... се си мислам дека за вел не се сетила инаку секако ќе го додадеше како битен детал и ќе се претставеше како втора невеста на свадбата. Немаше некој што не прозбори дека свадбата има две невести, па колку и да е простачко тоа коментирање сепак на сите ни падна во очи и беше тешко да не се забележи колку свекрвата беше расположена а снаата разочарена. Подоцна слушнавме од снајката дека ни на крај памет не се сетила пред свадбата да праша каков фустан ќе носи свеки, но дека не и беше сеедно тоа беше очигледно. За мене ова беше идиотско... и не беше случајно! Сум била на свадба каде старосватиците биле облечени во невестински фустани и плус носеа бидермаери во раце. И тоа ми беше глупаво, 7 невести и плус вистинската невеста. Може глупо е некој да ти каже што смееш а што не да носиш на свадба, ама па за мене е тоа правило по кое се придржувам... на туѓа свадба во бело не одам, за среќа и на мојата немаше такви гостинки.
За мене е крајно некултурно. Ни јас одам во бел фустан на свадба, нит сакам да ми дојде некој во таков.
Мене ми дојде жената на прв братучед на маж ми во бел ко со вез подозгора сирена фустан до под колена со бели ракавици е само црн каиш имаше тогеш беше модерно на невестински црн додадок дали машничка дали каишче и цело време до мене на подуим. Не сакам да носам бело по сведби нит сакав да ми идат со бело ама секој си прави како сака и до колку му дозволува осетот,културата.
Ако ве поканат на свадба кај што невестата носи розев фустан, а и вие носите, дали сте идиоти? Бар на свадбиве на кои што сум била носеле и кремасти, и жолтеникави, и розеви и тиркизни фустани невестите, а носеле и такви кои слободно можат и во други прилики да ги носат. Мене ми е екстремно глупав натпреваров. Свадба правите за да изигравате принцези или зошто сте во брак со саканиот, па со блиските го прославувате тој момент? Со оглед за какви глупости се лутите, мислам дека скроз сте избегале од смислата на една свадба.
Баш скоро бев на свадба,невестата,мајка и и сестра и во бел фустан,навистина многу глупаво изгледаше,свадбава си беше супер,ама морало ли сите бели слични фустани????и плус некои од гостите носеа бел,ја сум против тоа да се носи бел фустан,стварно глупаво дојде некако.
Не се знае ли која е невестата, па некоја друга девојка со бел фустан да ја засени? Кога би правел свадба, би кажал сите да си се носат во светло нешто. Многу ми е поубаво кога гледам луѓе во светло облечени на свадба, отколку во нешто црно. Океј тоа е ствар на вкус, ама ако некоја решила да ја засени невестата тоа би го направила и без бел фустан.
Во последно време, не да речеш постари, туку се помлади и помлади девојки носат бели фустани, врв се оние со долг бел фустан. Ова како гатанка: Облечен во долг бел фустан на свадба, а не е невестата? Одговорот: Идиот Навистина нема смисла. Исто ми нема смисла што повеќето во последно време само црно облекуваат и на свадбата, сите гости во црни, бидејќи мажите и така се во темни костими. Па девојки и жени, има и други бои. Зошто да не изгледате поубаво во светли бои за пролетта? Како да им кажал некој, црното ве прави слаби и опс, сите во тоа А не, не ве прави До толку го носат во секоја варијанта, а не изгледа ни малку елегантно. Каде црно, па таму и темни шминки А инаку, интересни ми се посебните тематски свадби или свадбени церемони каде младоженицте одлучиле сите да бидат во бело. Тоа ми е така, интересно и филмски, плус кога го прават покрај вода
Не изгледа воопшто убаво. Не една свадба каде што бев жената на деверот беше во бел долг фустан и плус седеше на главната маса. Не би облекла никогаш бел фустан особено долг на свадба.
Никако, пре невкусно изгледа. Бев сега брзо на една свадба каде една млада девојка носеше кремов/бел чипкаст фустан, да не носеше вистинската невеста долг вел немаше да ги препознаваме. Крајно безобразно и некултурно ми изгледа тоа, како да нема други прилики за да се носи бело.
Ако се работи за кратко бело фустанче,искрено не гледам некој проблем тука Но кога ќе видам на туѓа свадба гости со фустани со долги опашки,со тулови и разни светки,е тогаш ми се повраќа. Ваков случај имаше кај другарка ми на свадба и тоа вака беше облечена сестра и,буквално личеше како две невести да има И не дека тој е единствен начин да се засени невестата,но сепак невкусно е.
Крато фустанче да, не би преставувало проблем. Но за долг бел фустан, свечен нема шанси премногу невкусно би изгледало.
Јас не би облекла. Има и други светли бои, чисто бело не. На мојата свадба имаше во бело облечени. Не е работата за засенување на невестата.
Не, никогаш не би облекла бело на свадба, покрај големиот избор на други бои. Навистина е невкусно и на тој начин само би покажала непочит кон невестата, што не е во ред. Меѓутоа не ми е јасно зошто некоја девојка воопшто би сакала да ја засени невестата? Поради која цел би го направила тоа?
Јас никогаш не би облекла бело на друга свадба. Мене искрено тоа не ми допаѓа, независно дали е долго или кратко фустанчето. Се знае во бело е невестата и крај на приказната.