Баш поради тоа ако една девојка е убава се би и стоело убаво не ја гледам потребата да облекува бел фустан на туѓа свадба бидејќи сепак белата ми е невестинска боја и 99% од невестите се во бело. Може ќе биде некоја невеста и во црвено,сино или жолто но мене лично тоа не ми личи. Појавување во бел фустан на туѓа свадба ми е некултурно.
Никогаш не би облекла бел фустан на свадба. Не е културно спрема невестата. А сум видела многу девојки да носат и тоа долги фустани.
По завршувањето на мојата свадба, другарките ги коментираа девојките кои биле во бело. Имаше доста, летно време, сите исончани, сакаат да им се истакне тенот. Искрено не ги ни преметив. Сигурно е имало многу девојки и во розево, и во крем или црвено, и се биле поубави од мене. Ок, не гледам ништо лошо во тоа. Сепак јас бев најсреќна Колку и да сакаа не можеа да бидат посреќни од мене. + не ни носев класичен невестински фустан Сепак не би одела со бел фустан на свадба. Ако некоја невеста не е доволно свесна за моментот кој и е случува, сите ќе и се криви, па други и мојот фустан.
Мене не ми е нешто страшно и којзнае колку некултурно ова, а и не верувам некоја дека облекла бел фустан со „умисла“ да ја засени невестата. Јас додуше бела боја и онака не носам од други причини, односно зашто за трапав човек бела боја не е. Кај братучедка ми на свадба сестра и носеше баш бела тоалета и тоа со светки, тетка ми плаво-бел фустан, друга братучедка на свадба кај вујко црно-бел фустан од матура ама се знае, т.е се разликува венчаница од обичен бел фустан и не е само венчаницата, има и други детали за да познаеш кој е невеста, не верувам дека некој стварно би ја смешал, него невестата може да си е искомплексирана па на се да наоѓа замерка, а ако некоја девојка е убава и згодна може да ја засени невестата и со црн фустан со долги ракави. Имаше исто на пример на матура доста девојчиња со бели фустани долги, па тие ако не ги облечат на свадба негде нема каде, ќе им скапат во плакар, а има и доста невести на кои венчаницата им е кремаста, розева, шампањ и др.варијации, ајде секаква светла нијанса да забраниме на свадби.
Гледав слики од една свадба кај што невестата беше трудничка, со едноставен бел фустан од жоржет, додека пак јатрвата беше со бел, раскошен, чипкан сирена фустан, ист венчаница. Кога ја видов сликата се збунив . А и личноста што присуствувала на свадбата ми кажа дека и доста од гостите кои не ја познавале невестата од порано, биле збунети, па имало неколку траги-комични моменти. Секакви луѓе, со секакви дијагнози... Можам да замислам невестата колку била нервозна...
Поради тоа што сака да биде таа во центар на внимание, таа што облекува бел фустан на друга свадба има проблем во својата зелена тиквичка, пати од некој чуден комплекс... јас на една пријателка (која има проблем од самата себе) и реков што си облекла баш дене бел фустан...одговорот и беше па белата ми е омилена - а е мажена, и не дека нема други фустани... но има проблем сака мажи да ја гледаат и жени да и се воодушевуваат на тенкото тело.... тоа е, проблем во глава
Океј ми е мене некој да си носи бел фустан, но со детали во друга боја за да бидат впечатливи и да биде краток. Јас до сега не сум била на свадба во бел фустан, а кога би правела свадба и да дојде некој во бел фустан нема да ми боде во очи, само да не биде долг. Тоа е ствар на вкус за боја, некои уживаат во бела боја, некои во црна, некои може сакаат да си го истакнат тенот како што спомнаа некои членки погоре па затоа си носат бело, пак ке кажам секој што му одговара тоа си носи, а дека некој носи бел фустан да ја засени невестата е тоа ми е глупост во боја мада може има и такви.
Мене не ми пречеше да носат бел фустан на мојата свадба. Дури една роднина ме зачуди кога ме праша дали би ми пречело. Јас не сум облекла бел фустан на туќа свадба, ама тоа е и затоа што обично сакам јаки и впешатливи бои. Дури и да би се долучила за некоја варијанта на бело, тоа не би бил долг фустан и сигурно би бил комбиниран со деатли во многу јаки бои - кондури, накит, наметка или сако и сл. Не гледам ништо трагично.
Не би одела на туѓа свадба во бел фустн. Од толку многу бои секако би се одлучила за некоја друга. А белата боја и не ми оди некако за свечен фустан за таква пригода. Има многу поелегантни бои во кои може да се дојде до израз. Инаку, не би ми пречело пак ако некоја дојде на моја свадба така. Ако толку и правело ќеф, тогаш ок.
Што мислите за шампањ боја?? На пролет сум на свадба кај доста блиски роднини, морам да почнам со спремање од сега полека полека.. Веќе имам идеа каков модел на фустан сакам но тој модел изгледа убаво само во светла боја, неутрална.. Не знам што да правам
Месо боја не ми стои на тенот, изгледам 'washed up' (не знам точно како да го кажам) Кога носам такви тонови мора да е малку посветло од мојот тен а бидејќи сум бледа шампањ боја е единствениот избор.. Вообичаено секогаш носам бело или црно, гардеробара ми се состои во главно од тие бои, но поради тоа што не можам да носам ни црно ни бело на свадба морам да најдам некоја слична алтернатива.. Ова се моделите на фустани што ги имам во предвид, и сигурно ќе се согласите со мене дека нема да изгледаат убаво во никоја друга боја како и што реков претходно Спојлер
На ваква кремаста мислев: Еве друга боја, како идеја: Можеби и црвена боја добро би ти стоела на тенот.
@MayDiamonds Девојко, носи го вториот фустан (од спојлерот во твоето мислење погоре) и не се мисли ни за боја ни за ништо. ПРЕДОБАР е. P.S. Ако ти испадне ист како на сликата, пиши каде го шиеше. Инаку, на темата: не сум фан на свадби, ниту би правела своја, така да, кој сака како сака нека се облече не ми смета воопшто. Ова мислење го имам за себе доколку јас би правела некоја свеченост слична на свадба, бидејќи во тој случај ни јас не би носела класичен невестински фустан. А искрено кога ќе видам класична невеста во бел фустан и некоја гостинка таму во бело и се облекла на нејзината свадба, малку ми е без врска и глупаво. Јас на туѓа свадба не би отишла во бело никогаш. На толку милиони бои за одбирање, зошто баш бела на тој ден? Нека не се нервира невестата. ))))
На туѓа свадба јас вака некако би отишла: Особено ако ми се допаѓа младоженецот. Досега не ми се случило некој младоженец да ми фаќа око. Подобро за мене и пред се за невестите, така да остане.
Лично не би отишла со бел фустан на туѓа свадба, бидејќи не ни преферирам бела боја за свечени фустани (сакам или елегантни бои како црвена/бордо, мастило, темнозелено - или пак свежи како корал, праска, тиркиз)... a и не би сакала сепак да ризикувам да изнервирам невеста на тој ден. Како непишано правило, според мене би било дискутабилно исклучиво долг и раскошен бел фустан да носи гостинка - не и краток и пообичен, или пак со елементи во други бои. Меѓутоа, во суштина не ја сфаќам сета оваа галама на темава и зошто една невеста би си го расипала цело расположение на тој посебен ден за неа поради ваква ситница. Една познаничка (ќерка на семејни пријатели) еднаш кога бев на слава спомна дека нејзина другарка кај која наскоро тогаш требаше да оди на свадба, ѝ рекла да го промени изборот на фустан (кој патем бил мастило боја) за да не ја засени со изгледот Значи не е сѐ секогаш дури ни до белата боја...
Во саботата на свадба другарките на невестата беа буквално облечени во венчаници, нешто пообични од нејзината А друга другарка, доби забрана да носи црвен фустан, да не ја засени невестата