Бреј, искомплексирани невести. Да ми рече дека не смеам било која боја на фустан да носам, па не и ни одам на свадба. Нека си прави сама Ми текна, јас на свадба на братучед ми бев во црвен фустан и потоа цело време коментираа и братучед ми и невестата дека сум била многу убава и впечатлива. Не гледам никој да се искомплексира од случката. Мислам дека јасно беше чиј ден е и која е невестата, јас бев само спореден гост, нема потреба да се крева паники.
Неееее бел фустан на свадба ако е некој пократок и по лежерен може но некој голем неееене за друго на една свадба кај што бев и имаше една девојка во бел долг фустан и на сликите не се знаеше која е неветата(а она невестата да кажува каква боја на фустан да носат нема смисла)
Во скоро време имав прилика да присуствувам на свадба каде невестата беше облечена во обичен долг фустан, шампањ боја, украсен со бисери. Нежна шминка и нежна фризура. Верувале или не, на свадбата имаше девојка со огромен бел цвет во косата . Значи огрооомен.Се завртив подобро да видам и замислете само, носеше долг бел тесен фустан,со голем шлиц, бели сандалки и бела плик ташна. Значи се нема осет. Уште букет и фалеше. Другарка ми вика: Ако некој не знае како изгледа невестата, гарант на оваа ќе и честита
Не дека некој некого засенува ако му носи бело на свадба, туку не е културно. Јас не би облекла никад бело на свадба. Е сеа некоја невестулка да ми рече не носи црвено, жуто или зелено, ќе се подзамислам дал уопште ќе појдем.
Па замарање е, ако невестата се оптеретува кој како е облечен. Башка не секоја невеста носи бело. И се почесто не носат бело. Бар на свадбиве кај што одам, или се кремави, шампањ, розеви, или пак бели со некакви цветови и други дезени. Одамна немам видено класична невеста. И второ, другарка моја најдобра се мажеше во најобичен бел фустан, не беше венчаница, не носеше вел, косата во реп и' беше фатена, и цела вечер носеше ниски кафени сандали. Многу беа посвечено облечени од неа, ако не носеа бело. Еве една другарка носеше светкав горен дел и розева долга сукња, коса долга со локни, високи штикли итн. Делуваше посвечено од невестата. Како да знаеме дали ќе ја засениме или не? Или за секој случај, да не се дотеруваме многу?
Лично јас, не би се нервирала многу доколку некоја се појавеше на моја свадба во бело од глава до пети. Не гледам кај напишав дека ја засенила невестата. Ама делуваше неубаво,како две невести на свадба. Јас немам против светкаво, розово, шампањ или било што. А богами ниту против бело фустанче на свадба. пак ќе потенцирам, фустанче.А не долг бел фустан, со сите можни бели аксесоари и цвет на глава.
Муабетот е дека немаш поима како ќе се појави невестата. Еве мојава другарка наместо бел да облечеше шампањ фустан, другаркава друга поневестински ќе изгледаше ако носеше розево. Мене ми се смешни сите со гломазни фустани, ама одамна нема унифициран код како изгледа невестата А и без оглед, еве на свадбава невестата беше договорена со нејзините другарки да носат бело, не ми изгледаа воопшто лошо ниту пак имаше шанси да утнеш која е невестата, иако носеше и таа жар црвени штикли
Боље у бело него у црно... Носеа, не ми сметаше воопшто. Црно ми боде очи. Ни јас на туѓи свадби црно не носам. Не од суеверие, туку се знае која боја за каде е.
Не се сеќавам дали сум била некогаш скроз во црно, освен на мојата матура ама низ фустанот имав светки а не сум баш по кинџурење Кај горе споменатава другарка носев црн фустан со темно сребрени штикли, мада сум гледала и скроз во црно. Искрено прв пат сега дознавам дека не било ок.
Јас имам присуствувано на свадба каде што јатрвата на невестата носеше буквално шампањ венчаница. Беше 8 месец бремена, а носеше тесен фустан со чипка со колена, а надоле широк тул... Сите се чудеа, мислам шта речи... (Некои од гостите ја викаа втората невеста )
Мене невестата прво 3 дена ме убедуваше од околу да не го купам фустанот, со разни образложенија дека бил скап, светкав, па ќе ми стоел само во шкаф после свадбата, да сум си земала пообичен да си го износам и сл. Да напоменам, фустанот не е ниту бел, ниту личи на венчаница, ниту е посебно упадлив. Откако го купив, затоа што ми се допаѓаше и затоа што планирав да го носам уште на две свадби, невестата почна да ми се јавува да ме убедува да не закажувам шминкер, демек доволно сум се потрошила, а и сама многу убаво сум знаела да се нашминкам, па не сум имала потреба... За на крај да слушнам и дека многу сум играла на свадбата...
Роднини сме, така да... На времето и кога славеше родендени ни се јавуваше на сите поканети девојки да провери што ќе носиме, да не некој е подотеран од неа...
Црно ли Бев на една свадба со црно кратко фустанче. Тргнуваат сите од кај невестата накај црква, и јас онака: "Ако одиме накај ресторанот после црква, јас мислев некаде измеѓу да се пресоблечам." Тргнаа сите дека немало зошто да се пресоблекувам, а мајката на невестата одма: "Каква боја ти е другиот фустан?". Кога и реков дека е зелен, одма им рече да ме почекаат да се пресоблечам Очигледно цело утро трн во око сум ѝ била живи глупости.