Бело никогаш не би облекла на туѓа свадба од едноставна причина што не е културно. Не верувам дека некоја невеста ќе заврши со уништен ден, ама тоа е непочитување кон неа. А за убави, свечени фустани, јас баш сакам моите другарки кај мене на свадба да се најубави, ич не би го гледала тоа како закана или засенување.
Страшно некултурно е да се коментира во што да се облече гост на свадба Секогаш на свадба носам светли бои,и бело Ако се загрижени дали ќе ја препознаат невестата заради девојките во бело тогаш нека се погрижи невестата да изгледа како невеста
@Avery искрено, да бев на твое место не би ни отишла на нејзината свадба. Невестава ми звучи како да е навистина токсична личност... Не знам зошто, но ваквите ситуации по малку ме потсетуваат на односот меѓу Snow white and the evil queen. Воопшто не сум изненадена дека и вакви луѓе постојат, бидејќи имам слично искуство со една братучедка од Македонија која и премногу ми љубомори, а е помлада од мене. За жал, треба фамилијарно да одиме на една свадба заедно неделава и буквално ми досадува секој ден и ме прашува дали ќе одам, дека е подобро да не одам, па што ќе носам, дали ќе имам јака шминка, дали ќе одам на фризер, итн. Со други зборови, she's a real pain in the ass...
Со какви глупости се бават луѓево, тоа страшно нешто. Баш ми е гајле кој што облекол, за боја на облеката ќе бараме замерки? Едноставно, колкави му биле можностите на некој, така се облекол. Некој има еден фустан, бел пример, нема можност да купи нов. Што ќе прави? На свадба да не оди? Ние, луѓето сами си измислуваме вакви чуда, поле Цацко е крив. Не ја гледаш веселбата, а да гледаш и оговараш кој и каква боја облекол ми е . Што сакам ќе облечам, воопшто не ми е грижа дали некому ќе се допадне, едноставно.
Никогаш не би одела во бел фустан на свадба, од причина што не знам какви ставови има конкретната невеста по тоа прашање и не сакам да ја навредам. Зошто баш мора бело кога има толку многу други бои да се одберат. Исто не би ниту шампањ или таква нијанса ,,невестинска,,. Ниту ја сфаќам потребата да бидеш втора невеста на нечија свадба, како што спомна погоре една членка, особено на блиска особа. Присуствував на таква свадба каде кумата носеше нежна шампањ боја фустан со чипка и светки и од колен надолу масивен тул, дури и така како невестата мораше да ја придружува со рака за да оди и игра. Разбирам и свечен фустан и се ама што е премногу е.
Мене пак ич не ми е гајле каков став има невестата. Бело и онака не носам, ама и да би носела, не би облекла бел фустан на свадба затоа што е надвор од wedding etiquette. Едноставно, не е културно. А толку бои има за избор. И црно не носам веќе, ама црн би облекла. Црната е елегантна боја, ако и смета на невестата, може да не и ни отидам. На дрес код ќе пазам секогаш, ама на лични желби на некое искомплексирано човечуљаче
На невеста без самодеверба очигледно и смета сечија убавина, без разлика на бојата на фустанот. Не би ме изненадило утре некоја да рече на друга девојка "Ти на мојата свадба повеќе од мене играше" . Ако невестата е самоуверена жена без комплекси, нема ни да забележи кој каков фустан носи, ни која како е нашминкана, нит камерманот накај снима, нити зошто таа не е во кадар 100% од времето на свадбата. Ќе се замара за најубавиот ден во нејзиниот живот кој што носи. Нема попаметна работа и поголеми грижи за мислење.
Како имаат време невестите да се занимаваат со тоа кој што ќе носи? Јас ќе бидам невеста наскоро и од толку трчканици не можам глава да кренам, а не пак тоа да размислувам. Ви ги прават свадбите на готово, а вие не мрднувате со прст за ништо. Единствено ова ми доаѓа на помислам, плус комплекси.
Тоа ми беше зборот за ставовите, еве мене не ми пречи ако сум невеста други да носат бело на моја свадба, ама не некои невести им пречи, па да бидам на сигурно, не би носела бело воопшто на туѓа свадба.
Носење бела тоалета на туѓа свадба ми е некултурно, без разлика што се' повеќе имаме нетрадиционални невести. Не ги наоѓам невестите исфрустрирани туку тие што сакаат да бидат невести на туѓи свадби. Исто, не сакам кај блиски другарки да ме тераат да носам ист фустан со уште 5-6 деверуши
Не носам бело на туѓи свадби, но на мојата свадба имаше две девојки во бели, и тоа долги фустани. Не ми пречеше,и онака се знаеше која е невеста, но сепак мислам дека треба да се припази на тие работи
На последната свадба каде што бев, старосватицата носеше поволуменозен фустан (со корпа и тул) од невестата. Беше нешто беж/бледо розев цел со светки, што на пригушено светло доаѓа повеќе до израз од нвестинскиот. Сметам дека е претерано, и безобзирно.
Прашање на време е кога со поканата ќе добиеме ваква листа и ние, чисто да не ја засениме невестата Ретардација левел про.
Заборавиле да напишат да не се чепка невестата со мрсни раце. Или тоа за певаљката важеше. Ова е веќе некое друго ниво на параноја. Разбирам да не носи некоја бело на туѓа свадба, ама па да бараш од гостите никој друг да не облече нешто во крем, беж и други светли бои...лудости. Иста глупост ми е како поканата за свадба со знакчето со пречкртани деца. Немам видено таква, ама знам дека дискутиравме во една тема за ваква појава.
Сум носела бел костим на туѓа свадба.Среде лето. Коска.Со строги линии. Пристоен. Искрено до сега не сум размислувала дали невестата ќе се налути или не зашто некој друг ќе носел бело фустанче. Дури и глупаво ми звучи, без грам самодоверба, да се плаши невестата кој што ќе облече на нејзината свадба, да не не личи таа на невеста Ако сакаш никој да не те ,,засени,, тој ден, тогаш потруди се да изгледаш убаво, па полна самодоверба излези на својата свадба.
Искрено безвезе ми е ова и крајно детски. Сум била на 2 свадби облечена во бело од разлог што ептен си се свиѓам во таа боја и фустаните кои ми се бендисаа ете се погодија бели. Ни за момент не се осетив непријатно ниту добив осудувачки поглед од некој. Ко што кажаа погоре, ако некоја невеста замери за вакво нешто, проблемот е до неа, не до гостот. Колкава ниска самодоверба треба да имаш за да на сопствената свадба меркаш која што носи. У ваквите случаи, мислам дека им 'пречи 'и било која друга дотерана жена, не само некоја што се облекла во бело.
Непристојно е да отидеш на туѓа свадба во бело. Се знае чиј ден е тоа, и не е на одмет да имаш осет и да не привлекуваш внимание на себе, рамно со невестата. На една свадба, дедото на невестата ја помисли една гостинка облечена во бело, дека е внука му. Дедово беше полу-слеп, веќе е починат.. Цела ситуација беше неубава за гледање.
На мојата свадба никој не носеше бело, имаше некои носеа крем но се разликуваше доста. Но, на свадбата на мојата другарка , колешка од факултет наша и роднина блиска на невестата двете со потполно бели фустани, ни некое ланче, марама, било што да ставеле, а невестава беше со обичен фустан уз тело, немаше класичен балски невестински фустан, епа многу личеа на неа, јас прво се изнервирав а не она. Малце бои има па морало бело.
Некогаш претодно имав коментирано на темава. Категорично не за светли фустани на свадба, не само бели. Пред мојата свадба, на сите јасно и гласно напоменував да не помислиле да се појават во бело/крем/бледо розево, и истото го пренесов на постарите да го кажат како знаат и умеат кога ќе даваат покани на тие кои јас нема да ги видам. Се појави братучетка со бели целосни панталони, и ми се стемни кога ја видов. На врв јазик бев да искоментирам пред да се сликаме, кога кажа дека по некоја случајност ги извалкала по пат. Едноставно си помислив "така ти е". На свадбата имаше фустани во сите бои. Јас бев во традиционална бела венчаница со најголемата корпа и тул надолу. Воопшто не се грижев дека некој ќе утне некој гостин дека е невеста место мене, ама неносењето на бело ми беше единствената работа за која се замарав пред свадбата. Ни шминка, ни јадење, ни украсување, ни првата песна, се тоа беше одлучувано ден пред свадба бидејки едноствано не ми беше важно. И си го добив тоа што го сакав. Дури и да ме збореле зошто сум ограничувала бои на фустани, мене тој ден ми излезе прекрасен и сега не би сменила апсолутно ништо. На крајот од денот еднаш бев невеста и сум благодарна на сите што ме испочитуваа. По мојата свадба бев на друга свадба каде 2 дена претходно случано дознав дека имам ист фустан со сестрата на невестата. Мастило плав и тесен. Од истата култура што не би носела бело на туѓа свадба, не го облеков истиот фустан како најблиската на невестата. Фустанот беше нов и ми стоеше одлично, ама го сменив за црвен затоа што и нејзе еднаш и се мажи сестрата. Бон тон е во прашање, и како што барав мене да ме почитуваат на мојата, ги почитувам и другите, без тоа да го бараат од мене.
Од толку многу бои, бело никогаш не би облекла на туѓа свадба зошто сметам дека не е културно. Без разлика дали тоа и пречи или не на невестата. И да и пречи, не сметам дека има ниска самодоверба. Едноставно почитувам.