Според мене непристојно е да се облечиш во бело на нечија свадба. Тоа е ден на невестата и дава впечаток на непочит и некултура кон неа, како од толку бои баш бела си избрала како за инает.. Крем и бледи фустани со некои шарки на нив би прифатила, ама бело не иди во предвид. Никогаш не би облекла бело на нечија свадба, ниту би сакала некоја да носи бело на моја свадба.
Па има разлика од обично бело коктел фустанче до фустани што се имитации да речам на венчаници, со тулови, циркони, моностри. Кај првите не гледам проблем, апла се гледа дека се обични фустанчиња. Цирконести и тулести работи не носам, па нема што да ги коментирам тие другите. Бели фустани немам, а не гледам причина за забрана на крем, беж и розе и останати светли бои. Па дали сте во ред, мислам... Тоа нема врска со белата венчаница, па ако некоја мисли дека нечиј розе фустан ќе ја засени, или е невкусен без некоја реална причина, еве нема да се појавам воопшто, да не и правам стресови. Што е со лудорииве не знам. Не сме многу далеку од сликата на претходната страна, тажно.
Навистина проблемот е во вас, не во гостите. Да добијам јас вакви рестрикции и насоки, не само што на свадба нема да одам, нејќам со такви луѓе да комуницирам понатаму воопшто. Ако е некој до толку прост и своите комплекси да ги лечи врз другите - аста ла виста, има доволно асални луѓе за дружба. Не оти би носела бело, оти никогаш скоро не носам бело, ама дека некој се дрзнува да ми каже како да се облечам, или колку да се нашминкам, или што поклон да му однесам... подалеку од таквите.
Да речеше фустан, па да те разберев, ама ти сметале бели панталони Значи има и невести кои претеруваат многу
Целава ситуација со нашиве свадби ме потсетува на Фиона од Шрек кога се зимаше со тој принцот и имаше луѓе кои кажуваа на публиката кога да се смее, кога да дава аплауз и слично... Не сме далеку. Кај нас свадбите се преорганизирани за да ги наречеш веселба. Сѐ поретко се слуша како некој си поминал супер на некоја свадба. Зошто? Затоа што не одиш да се забавуваш, туку да исполнуваш нечии совршени пет минути во животот. Ако е фората само нив да им е интересно, тогаш океј.
Нема подобра свадба од онаа на која младоженците се опуштени, весели, не следат протоколи и едноставно уживаат во сопствената забава. За мене најубава свадба ми е на една подалечна братучетка, во трева буквално ја правеше, сред лето, ама ете заврна, сите играа боси, во апостолки или балетанки, невестата до пола фустан ѝ беше со кал, сите бевме подзашљапани со кал, ама до сабајле игравме, никој не седна, никој не се потресе, и едноставно остана свадба за паметење. Опуштено, максимално весело. И на такви свадби сакам да одам. Тие со желби многу што се, па и писмено ти ги доставуваат - ги прескокнувам. Да сакав да глумам и да учествувам во претстави, ќе работев во театар.
Јас не се замарав дали некоја ќе носи бел фустан на мојата свадба. Дали дека 80% знаев кој што ќе носи... На др свадба да, би облека бел фустан ( кратко бело фустанче, панталони и сл.)но да не наликува на невестински,бидејки ќе ми биде мене незгодно. Сум била на свадби каде што некои имале бели фустани долги и баш наликуваа на невестата. Не е ок мислам тоа,невкусно дека сепак не е твоја свадба. А имало и случаеви каде што намерно облекувале бели долги со тул....
Ахам, бејби блу фустанот што ќе го одберам ептен ќе укаже на непочит. Реков, за бело ќе разберам до некаде, за другите светли бои не може да се најде никакво разумно оправдување.
Читај поназад, некоја се налутила на другарката оти носела прекрасен црвен фустан и многу играла, па сите ја гледале Комплекси мач?
Дали тоа значи дека ако невестата носи розев невестински фустан, секоја гостинка што носи розе ќе се смета за недолично облечена ? Дали ако некој маж носи иста боја на сако пример со младоженецот има шанса да биде помешан со истиот? Мене стварно не ми е сфатливо ова и ми е крајно глупо.
Јас мислам редно е да почнеме како Америте на свадби да одиме. Патика некоја носена доста, маица гратис од некоја репрезентација, фармерчиња... и тоа е тоа. Сигурно така нема да ја утнат невестата. Бонус поени ако се појавиме со мрсни коси и небричени мишки.
Се почудив како може некој да ја утне невестата, па ми текна дека на свадба се викаат по 500 души, на кои пола им немаш видено очи цел живот, ама на најбитниот ден битно тука се. Не ви е фустанот крив за ова. Нека носат табли со натпис Невеста најубаво, па ќе нема забуни.
Еве слика од нет од ,,Американска свадба,, Овде напротив, деверушите се во светли фустани, исто толку елегантни колку и на невестата.
Викате да не се носи бело оти може некој гостин да помеша друга жена со невестата. А младоженецот како знаат кој е? Зошто сите мажи се со сакоа на свадба. Па и негов ден е нели? Едит- или работава е идеш на свадба, а појма немаш кај кого.
Младоженецот носи свечена тренерка, со само една линија од страна, или уште подобро, МВР тренерка, каде што линијата не се познава, личи на пантолона, а уствари тренерка е и можеш да трчаш со неа.
Кога правев свадба, на никој не му кажав како да се облечи. Имаше и во бело, ама не се налутив.. Напротив. Јас, никогаш не би се облекла во бело, заради тоа што, според мене е во прашање почитување на дрес-кодот. Секоја церемонија си има дрес код. Во црква не се оди разголен. На деловен состанок не се оди со тренерки. На фудбал не се оди со балски фустан. Не знам што е толку проблем, да увидите дека е во прашање дрес код и бон-тон? И на кралска свадба има протоколи и дрес кодови, па не ги викате ним 'малограѓани'. Нели? Сега, нема јас некому да замерам, да му речам или да се налутам, ама како што кажав... јас не би.. А вие ако сакате и превез носете на туѓа свадба.
@WildMk , точно... и јас мислам дека бон тон, дрес кодови и слично не е одраз на малограѓанштина... баш муабетот, јас шо сакам ќе правам ми е одраз на тоа. Сите знаеме што е вечерна тоалета, денска тоалета, што се носи на кино, што на вечера во ресторан. што во кафич, што за шетање, што на свадба, што на фитнес. Тие се непишани правила, и убаво е да се почитуваат. Јас не би носела бел фустан на туѓа свадба.