Оти не сме ројалти глупо е да се понашаме како да сме Не почнувај муабет за црква, оти многу посеризни работи од дрес код невестите не почитуваат
И јас сум за не да се биде во бело на туѓа свадба. Ама како што прочитав во некој постови, невестите замерувале ако некоја многу играла, била многу нашминкана... Ми звучи како искомолексирани и без самодоверба. Ако некој е убав или зрачи со некоја самодоверба и вреќа да облече ќе привлекува внимание. Ако невестата сака само неа да ја гледаат нека не кани млади или згодни другарки и роднини, нека бидат само баби.
Ја, као машко и као некој шо (нормално) има идено по свадби, можам да кажам дека лично мене ИЧ не ми се допаѓа коа ќе видам женски облечени у бело. Е сеа, ако станува збор за бело/кремасто нешто што не потсетува на невестински фустан - океј, ќе сварам некако. Ама, сум видел многу кои носат баш онака бели фустани кои ПОТСЕТУВААТ на невестински и прават луѓе кои гледаат од страна да се подзамислат која е невестата.
На кралска свадба не одат луѓе кои во просек зимаат 12 илјади месечно. Има луѓе кои не носат темни бои, а не му е дојдено на секој за една свадба да оди посебна гардероба да купува. Да кажеш некому да не носи светли бои е навистина претерано.
Јас не би облекла, од проста причина што одиш на свадба, нели невестата треба да е во бело таа да е главна таа вечер, па зошо да и кршам мерак. Мене не би ми пречело некој на моја свадба со бел фустан да дојде, ако си мислел тоа да носи нека носи. Јас не носам од проста причина што има многу искомплексирани личности што ке се налутат за еден фустан, па и вечерта да им се расипе, зошо заради мојот бел фустан како не. Има други бои ке облечам и готово.
Леле деверуши не не не. Деверушите се секогаш оние со најлоши фустани, од едноставна причина што се правени со наjевтините материјали. Другарка ми имаше кажувано како до крај на свадба буквално и се распаднал фустанот.
Пред некое време видов слика на фб на која беа 5-6 машки со бели кошули и лептир машни. Едниот го познавам дека е келнер и видов дека се сликани во хотел, па помислив дека сите се келнери сликани дур се на работа. Ама не... Едниот од нив бил младоженец, а другите гости. Значи буквално сите беа исто облечени па претпоставувам дека дури и келнерите биле со слична облека Зетот не е битен на свадба. Битно е да не се носат светли бои за да не се засени главната актерка-невестата. За да оставиш впечаток и да бидеш посебен, не знаев дека требало да им наредуваш на луѓето како да се понашаат и облечат. Патетики.
Па добро, може и квалитетно да се изработат, иако мене ми е тапа момент. Али ако на некој му е ќеиф - не е нешто лошо
Може, ама кошта. При давање толку пари - секој гледа да заштеди кај што може. На фустаните на деверушите најлесно се штеди. А и да не збориме дека тука влегува она одмазничкото и Bridezilla моментот: да се осигура дека никоја другарка нема да е поубава од нејзе.
Абе Вајлдке, ако некоја мисли дека е Кејт Мидлтон, шо имам јас со тоа или било кој? Ако така гледаме, не е само белото, високи штикли не се носат, жените мораат да носат шапки, не смеат да носат сандали/штикли со отворени прсти, не смеат да носат кратки фустани - најкратко дозволено е до под колена, рамења не смеат да им се гледаат итн. Пошто не сум Викторија Бекам, не очекувам Мидлтон да ме кани на свадба, а со тоа не очекувам ни правила и прописи за истата. И веројатно ќе добие поклон 50-100 евра во плик, наместо да уплатам 1000+ евра во некоја организација, како што милуваат тие. Инаку не само бело, туку ептен светло кремасто, жолто не се дозволени на ројал вединг.
Кралски свадби зедов како пример, затоа што велевте дека е 'малограѓанштина' што кај нас, се очекува да не носи друга бел фустан на туѓа свадба. Зошто и за кралската свадба не велите дека се 'малограѓани'? Тоа беше муабетот со ројал вединг. Пак ќе повторам, по трет-четврт пат: Од почит кон церемонијата, јас не би одела со бело никогаш... Вие како сакате. Да не дебатираме повеќе.. јас вака, вие така, сите среќни.
Секако дека секој ќе прави како што сака, ја од почит кон церемонија у црква никогаш не одам, макар прва братучетка да се мажи, познавам други атеисти кои одат и океј сум со тоа, нат мај проблем. Не можеш да споредуваш со кралска свадба, просто затоа што целиот нивен живот е протокол, не само свадбата. До толку што никој не станува од маса додека кралицата не стане. Ама таа е кралица, не баба му на Митре што се жени со Стамена. И не само тоа, иако јас лично не носам бело, ама ако добијам усно или писмено такво барање просто нема да одам. Такви умишњотини од невести не ми требаат во животот. Среќа што немам желба да бирам поклони и не ме фатило инат, па секогаш давам пари, некад ми иде намерно да купам тостер од 600 денари и тоа да им однесам кога ќе видам поклон во плик. Ама да не се спуштам на тоа сељачко ниво, пасив агресив сум Ако сум планирала 100 евра, 50 ставам На свадба на која порција беше 30+ евра, ме фати таков инат и го напнав дм ни денар поеќе од 50 евра да не ставаме, пошто младите си имаа доста "побарувања". Па така нашиот поклон беше помал од цената на порцијата. После слушнав дека младите биле разочарани со сумата вкупна, од сите гости, ама изгледа не сум била единствена изиритирана. И секој што прави свадба и воопшто има време да се нервира за облеката на гостите... џабе си ги потрошил парите. Инаку, можам да бидам поневеста од невестата многу лесно, без бела боја. Ако е ова невестата: a ова сум јас Или нека не е крем дури и розевово Пак ќе личам "поневестински" Ми се случила ваква ситуација, невестата не носеше ни венчаница, туку најобичен крем фустан, а јас дојдов во сличен фустан на овој, со тоа што мојот горен дел е светол крем, а надолу е сино со розеви цвеќиња и секако бев "посвечена" од самата невеста. Со тоа што таа имаше циркони и вел во коса. Така што... ах да, јас обожавам шминка, љубов ми е и пасија, и некогаш ме шминкаат, некогаш сама, ама на сите вечерни настани сум со фул глам шминка. И сум била понашминкана од невеста. Дал им чини или не... не ми е гајле. Сигурно нема намерно да се облечам поскромно или нашминкам поскромно ради никој. И далеку сум од убавина, и дебела сум итн, има 1000 пати позгодни девојки од мене и поубави и подобро облечени од мене, и јас мислам дека така треба. Никој не треба намерно да не изгледа како што сака зошто некоја bridezilla е со слаби нерви и малку простичок карактер.
На фудбал одат во костим, а деловен состанок не е забава, за разлика од фудбал или свадба, чија поента е забава
Јатрва ми беше облечена у долг бел фустан за моја свадба со некои чипки. Уште не можам да и опростам. На заедничка слика сме ко две невести