Досега не памтам да сум била на свадба со бел фустан... што знам каде и да сум одела секогаш сум била тип топ акоцкана никогаш не сум била утка значи фустани долги имам во изобиле. На мојата свадба имав да во бел фустан две девојчиња мали но што деца се сепак не би ми било проблем пошто како невеста кога бев имав баш нападна и професионална шминкс плус имав и фустан со бисери и сите ме знаеа која е невестата. Немаше роднини од 50колено па да не ме познаат.
Ниту одам, ниту пак сакам да ми идат во бело на свадба. Секој си има право на мислење, на некои невести не им смета и тоа е сосема ок. Според мене изгледа невкусно. На тој ден сакам само јас да сум си во бело, моја свадба - јас бирам правила. Кој сака слободно може да се лути или да не доаѓа. За да не дојде до забуни размислувам во поканата да имам кодекс на облекување.
Немам ништо против гости облечени во бел фустан, но има разлика. Едно е краток едноставен искомбиниран со други тонови што воопшто нема ни да двои од останатите гости, а сосема трето ми е долг бел фустан, доволно свечен и со сите карактеристики на втората невеста на свадба. Е тоа е немање осет ни основна култура. Имам одено на свадба каде кумата носеше долг бел фустан, па како тоа да не беше доволно, седеше на главната маса со невестата и нормално сите знаеме која е невестата, ама зарем мора до толку? Лошо е кога човек има работа со искомплексирана личност Од друга страна, воопшто не носење светли тонови е исто така друга крајност. Тргнувам од мене, скоро 90 проценти од облеката ми е светла, бидејќи ретко носам темни тонови. Воедно, гардероберот ми е скромен, а од едно од четирите поелегантни парчиња ми е бел фустан, но е краток, костимски материјал со црни копчиња, масивна црна лента на половината и од страна, кошула стил и го комбинирам со чевли во боја како плава, па по ништо не би се двоела од другите гости, макар до сега го немам носено Воедно, понекогаш има искомплексирани невести и како што рекоа погоре, на кои им смета самото дишење на личноста. И да е во црно, ќе се најде замерка за играњето и сл. Едноставно се гледа кога е до гостинот, кога до невестата, а најубаво е на свадба со релаксирана невеста, расположени гости и обострана култура и манири Невестите што мислат дека е доволно сите да бидат во црно, за да тие се истакнат, треба да сфатат дека не е секогаш до бојата, туку до енергијата и харизмата, врз која никој нема контрола и така најубаво би заблескале
Би ставила можеби формал, зависи каква свадба ќе одлучиме да имаме. Секако нема да биде само за бел фустан, туку како за женски така и за машки би ставила кратка напомена во кој стил треба да е облеката. Ако некој е поканет на МОЈА свадба, ќе го почитува тоа што јас сум го избрала за тој ден. Нема потреба од хејт, ако некому не му се свиѓа слободно нека не доаѓа. А ако дојде, да, ќе биде вратен. Тоа го сметам за непочитување. Хаха, не станува збор за тоа дека некој ќе не помеша со гостите, тоа е едноставно наш ден за кој и тоа како имаме право да одлучиме како ќе изгледа. Така да нема зошто да се лути некој, всушност и не ме интересира, како што кажав погоре, ако на некој не му се допаѓа и не почитува нека не доаѓа. Не верувам дека на некој од блиските би му сметало тоа, ниту е навредливо ниту некому ќе наштети. Почитувам кога пишуваат на покани поклон во плик, наместо букет грепки, итн, исто очекувам да се почитуваат и моите правила на мојата свадба.
@Eveline Точно твоја е свадбата, но размислуваш ли за тоа дека некој има само едни чевли и еден фустан? Живееме сепак во Македонија. Јас не би била навредена од правилата, но би била разочарана од размислувањето. Да живеам на Менхетан, ни таму не би пишувала правила, ама ете знаеш оти би дошле во Шанел и Том Форд, ама и да не дојдат, who cares? Но, да живеам во Македонија и да ги очекувам исто така облечени ми е смешно, а не е ни толку релевантно за да ми зависи од тоа среќата тој ден
Твоиве планови и размислувања можеби би биле соодветни доколку правиш мала приватна свадбена забава(како стилските на пример сите гости облечени како во 20тите, 60тите или друг стил што ќе си го изберат брачниот пар) во која знаеш какви се финасиските можности и личен стил на сите поканети гости. За се друго муабетов некако тешко да е остварлив а и да знаеш на свадбата ќе немаш време да се замараш која како ти дошла облечена и во што, тоа се моменти за уживање и радување, нема да имаш време да анализираш толку
Имате право да одлучувате за девериците. Е тоа ми е многу клише, сите во ист фустан,та мора да е долг, та ова,та она да има. Живи глупости. Ама немате право да одлучувате за други гости како да се облечат, ниту на поканите да пишувате подарок во плик, грепки ова она. Се изгуби смисолот за свадбата. Свадба се прави за да се одбележи почетокот на бракот, да си прославите за здравје и убав живот, а не за да собирате пари. А не поготово да кажувате како да се облечат сите, пошто некој сака да дојде да те испочитува ама скинат му е џебот за да си дозволи луксузен фустан. За и да не вадете после муабет "Не ми дојде на свадба". Не знам до каде размислувањата вака јас едино кога ќе правам свадба здравје секој како сака може да си дојде облечен. Без адети и глупости, модерно и скромно, со најблиските.
Јас не живеам во Македонија. Овде е тоа сосем нормално, на овдешните гости ќе им е чудно спротивното, ако не напишам. Верувам дека немаат само еден бел фустан во плакарот и гостите од Македонија, има сиромашни луѓе да, ама јас не реков дека ќе условам некој да купи нешто специјално, или ќе поставам којзнае какво ограничување со тоа што ќе пишам у кој стил. На формален настан не оди кежуал облека и обратно. А да не се лажеме, сите имаат секаква облека за во град, ама за свадба ништо освен бело? Нема да имаме непознати на свадбата, така да ќе знам ако некој толку не може да си дозволи. Имаме. Имаме право сите да си одлучиме за сопствена свадба. Како што ти имаш право да одлучиш дека нема да правиш ништо од тоа.
Не, немаш. Ама ти си знаеш. Се најубаво. What? Во Мкд има сиромашни луѓе. Што мислиш во странство нема. Лоол.
Па решена ти е дилемата штом на тамошните гости им е сосем нормално тоа, па не останувај само на формал дообјасни се дека сметаш имаат сами да си дозволат дека доколку немаат ти ќе им обезбедиш дека ако не ќе ги избркаш од сопствената свадба Знаеш колку дегутантно делува вакво условување а уште повеќе мислењето дека ќе избркаш некоја ако не е облечена ти како си замислила? Ама добор твоја свадба прави како сакаш и убаво да си поминеш и ти и сите гости заедно
@Eveline Еве до пред 2 години мене само тој бел фустан ми беше во плакарот, но ете и само еден, небитна бојата да е, што полза оти ќе напишеш во кој стил ме сакаш како гостин, ако немам, џабе. Но не би дошла од другата причина, а тоа што напиша дека им ја знаеш финансиската состојба на гостите, па така испаѓа нема да толерираш бидејќи знаеш дека имаат. Ова дрско и смешно. Се надевам немаш повеќе од 18, бидејќи размислуваш несозреано. Едно е на поканата да напишам на плажа ќе биде или на село а сосема трето дека мораат да дојдат како јас сакам
Имам. Вие кои мислите дека можете да се мешате немате. Верувам дека не сакате ни вие некој да ви каже како да правите. Поздрав Ќе видат кога ќе дојдат. Благодарам. Како што кажав ќе знам однапред ако некој е во таква ситуација затоа што ќе имам само блиски на свадбата. Дрско е само да се мешаш во туѓа работа. Да одлучиш како сакаш да ти изгледа свадбата не е. Нема да коментирам повеќе на оваа тема, си кажав свое мислење, не побарав совет. Правете како мислите вие на вашите а јас на мојата. Мене лично не ме навредуваат такви правила, а тие кои така ги сфаќаат нека си го стават прстот на глава и да размислат зошто. Не ви менувам ништо во вашите животи, заобиколете ме. Се најдобро.
Па дрско е и да кажуваш у каков фустан гостин да биде облечен. Се мислам на свадба идат или на собир на робови
Ако има некакви правила од страна на младоженците во врска со нивната свадба, како дрес код на пример, сосем е фер да се испочитува истиот. Доколку не можи да биди испочитуван треба да се најавиш, зошто не почитување на напомена е непочитување кон тој кој те кани. Дали тоа било свадба или некој друг настан - независно. Ама штом известиш дека немаш услови за таков фустан, одиш со „чист“ образ на настанот. Инаку, зошто има вакви драми, како бел фустан на туѓа свадба, во глобала е зошто свадбата мора да биди најдобриот ден во животот. Мора да си поминиш најубаво, и мора да го искористиш максимално. Булшит по мое. Во поглед на бел фустан на моја свадба - не можи да ми е помалку гајле. Некогаш можи ми било, ама сега сум сигурна дека нема да ми е гајле зошто на моја свадба сакам да идат луѓе кои ме познаваат и ме сакаат и кои вистински ќе се радват да се таму. Ако не знат која е невестата зошто има некој друг во бел фустан - тогаш не заслужиле да бидат поканети.