Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    @Eveline Можам да одлучам каква ќе ми биде свадбата во поглед на локација, на интериер, детали, цветен аражман, какво ќе биде менито и сл., а гостите би ги примила какви и да се. Бидејќи штом ги канам, го сакам нивното присуство на мојата свадба, затоа што ми се драги, а на заради облеката. Облеката нема да се весели и да го прави расположението на свадбата. А, ако веќе толку сакам од од глава до петици по мое, тогаш јас лично ќе го платам тоа :D
    И точно, дрско е да се мешаш во туѓа работа, како на пр. туѓата финансиска состојба. Изгледа по дифлот, на твојата свадба би била многу изнервирана, ако некој што го знаеш да има илјадници евра во банка, а тебе ти донел 500 денари во плик :doh: :D
     
    На buba4e89, Damata so marama, RosettaStone и 5 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.739
    Допаѓања:
    274.145
    Епа затоа не можеш да им кажеш како да се облечат.
    Оти може ти ќе бидеш невеста во циклама фустан.
    Луѓето тоа не го знаат, дали во бело, дали кинџур фустан или обичен, најобичен бел ќе носиш.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Далеку отидовте бе луѓе хахах. @CameliaMiller баш за да не дојде до тоа културно ќе си напишам да не идат во бели фустани.

    Никаде не реков дека мене облеката ќе ми ја направи свадбата, реков дека ако јас како невеста имам некаква замисла за мојата свадба и побарам од гостите да се облечат во согласност со тоа, треба тоа и да се испочитува. (Што е дааалеку покултурно и достапно од поклон во плик, а повеќето го правите и/или без збор го почитувате.) Не знам зошто се вреѓате од тоа, или само сакате луѓето да следат некои ваши критериуми па се што ќе направат различно е погрешно. Остајте секој нека си одлучи за себе. Јас ова не би го сфатила како навреда, напротив, ако младите си замислиле нешто зошто јас да им се попречувам во тоа. Баш тоа е непочит, едно е да не се може, ама зошто воопшто да одите на свадба ако не сакате да ги почитувате нивните желби? Од инат? Има разлика.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ти нели го правиш истото? Бараш некој да се облече како што ти сакаш и ќе ги избркаш ако не е така.
    И да, остај и ти некој сам да одлучи што ќе носи.
     
    На cresa-jagoda и Animali им се допаѓа ова.
  5. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Девојко, во твој дом ти одлучи дали да ги соблечам чевлите пред да влезам, во мој јас. ;)
     
  6. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Зошто ако некоја е во бел фустан тоа би ве правело помалку невеста?
    Посекако ќе го имате целото внимание таа вечер.
    И се сомневам дека невестинскиот и другиот бел фустан би биле толку слични за да не се знае која е невестата.

    Наместо да се ужива во моментот ќе се гледа кој во која боја е облечен.
    Да се работи за свадба со тема, пр. сите облечени во 60ти стил ајде разбирам ама ова..
    И пак и во тој случај ќе треба да знаеш дека сите ќе можат да си дозволат такава облека, бидејќи не верувам дека баш сите на свадбата ќе се со полни џебови.
     
    На Fatalnata, SexiLy, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Тогаш и јас можам да одберам да не ти донесам поклон на свадбата, оти за мој новчаник јас одлучувам.
    И да нема љутиш.
    Фер е?
     
    На Fatalnata и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    @IM.TMKQ сум била на свадба каде што невестата имаше скромен невестилник, а другарка и пресвечен бел фустан. Сите знаевме која е невестата, ама бодеше очи девојката, невестата и блиски нејзини се нервираа. Нема да ме направи помалку невеста ама ете јас така сакам само јас да сум во бело и сметам дека тоа треба да се испочитува.
    Сосем фер.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    @Eveline И јас претходно искоментирав дека има разлика и едно е краток бел комбиниран во друга боја, а немање осет е да се иде во долг бел свечен фустан кој личи на венчаница. Во тоа се согласуваме, ама колку повеќе сме опуштени и не се замараме толку поубава свадбата ќе биде. Бидејќи ако некој запнал да ја засенува невестата, тоа ќе го направи облечен и во зелено и во шарено.
    Подобро е да сме среќни, отколку да се заморуваме на тој ден. Бидејќи ако обрнуваме премногу внимание и не сме go with the flow, некој или нешто секогаш ќе ни го расипе расположението :)
    А се зависи и до самите нас. Јас можам да бидам невеста во бело и како American gypsies, со сијалички за елка околу фустанот, и пак неприметна. Бикоз, мојот став и моето расположение кон гостите ќе ме направи да се издвојам, а не една боја и еден фустан :)
    Имало невести во розево или црвено, што сум ги паметела по супер заразното расположение и диви во бело, а како секој втор гостин на свадбата, седи и намќори :D
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    9.409
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено да имаме иста фризура со невестата. Косата ми беше горе пола фатена во репче малку поткрената, пола пуштена и убаво испеглана. Дури и должината ни беше иста. Шта чеш?!:rofl:
     
    На TutiFuti, CameliaMiller, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Во ред е, се согласувам дека зависи од човек како ќе си помине или како ќе го запаметат. Сепак ако невестата побара од вас да не бидете во бело баш на тој ден, мислам дека не е тешко да и ја исполните желбата па која и да е нејзината причина, така? :)
     
  12. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    @Eveline Па јас и претходно напишав дека нема да ме навреди правилото, туку ќе ме разочара ако се бара така и така да дојдат гостите. Нормално дека не е тешко, тоа не е мој ден, туку на младенците и јас сигурно нема да се направам на Тошо и баш тоа што не го сакале, тоа да го направам :D

    Поентата повеќе ми беше да се има разбирање дека нема секој многу избор дома од облека и мене лично како невеста, не би ми било убаво мој гостин да се чувствува потценето или натеран да троши или пак едноставно неудобно да му биде на мојата свадба поради мене. Мора и младоженците да имаат разбирање. А не сме деца во забавиште да се лутиме ако не ни се исполнуваат сите желби :)

    Нормално, тие што ги коментираме што доаѓаат во долги бели свечени фустани не го прават од што немаат дома, туку со друга намера, а за останатите што се во незавидна финансиска состојба, од далеку се познава, и за таквите зборував да се има разбирање, бидејќи таквите никогаш не би имале дома сигурно во плакар долги свечени бели фустани, ниту пак намери невестата да ја засенуваат.
    А првите, што намерно доаѓаат да засенуваат, и претходно спомнав дека не можеш ниту да сакаш, нема како да ги исконтролираш. Ќе дојде во друга боја и ќе гледа да го краде вниманието, а ти за џабе ќе се нервираш :)
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Дали во тие блиските на невестата што се нервирале била една моја средношколска?:?:
    Исто и таа се нервираше вака и комплексираше ко тебе да не и дошла гостинка со долг бел фустан и до толку беше искомплексирана што се реши да носи златна долга хаљина со тон светки.
    Нејзе и беше незгодно да пише во покани без долги бели хаљини:D
     
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    4.256
    Пол:
    Женски
    Ако не те помешал младоженецот со невестата, не ти се важи.]:) Мала шала.. На вака озбилна тема мислим. :D

    Премногу замарање се удира на глупости па се заборава што се дешава дента. Битна е љубовта, крунисувањето на двајцата заљубени, спојот што дента го прават, енергијата што ја носат и атмосферата што се прави. Мене бар ми е тотално небитно дал ќе имам божури или гербери, еве и кактуси да се на масите, дал ќе има бонбони завиткани во крем или розе кутија, дал гостите ми дошле формално облечени или во бела боја. Битно ми е да се изнаиграм, изнапеам, после свадбата изонадам, отспијам де.. :D
    Од почит према другите невести и не знаејќи им го ставот по ова прашање не им идам во бело на свадбите. Ако ме поканат и однапред определат дрес код, ако можам да испочитувам ќе појдам, ако не, никому ништо.
    Премногу тегнење за небитни работи си прајме ние жените, маживе да ги прашаш, битно ќе им е да има торта и евентуално секс после свадбата ако не е прецвикан:wasntme:
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, RosettaStone и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Хахах па нели е полесно да напишела во покана :D искрено немам таков комплекс дека некоја ќе ме засени, поголем дел ми се блиски и не верувам ни дека некоја ке дојде со таква намера, ниту пак дека е се до фустанот, ама ете не ми изгледа убаво тоа е моето мислење.
     
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    9.349
    Пол:
    Женски
    Ццц, уште што се нема да измислите и да смислите, наместо тој ден да ви биде најубавиот ден и да си го поминете на најубав можен начин, да бидете среќни и весели и вие и гостите, ќе гледате дали некоја е во бело облечена.
    Па дури и дрес код ќе пишувало, да се најдам во таква ситуација каде што ми се ограничува и ускратува правото и желбата како да сум облечена воопшто нема ни да одам на таква свадба, па макар и брат ми правел свадба.
    Тоа нема врска се знае која е невестата на свадбата и посекако сакала или не пак она ќе го добие целото внимание.

    Што е до мене јас лично општо свадбата ја гледам како тотална глупост, сега оти двајца сакале да се венчаат и да живеат заедно ајде 200 души за тоа сите треба да играме и да се веселиме, абе јакава работа ја направиле и самиот чин некако сам по себе ми е ептен глуп (немам соодветен збор да објаснам).
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, RosettaStone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.317
    Допаѓања:
    76.289
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека имаш комплекс дека некоја би те засенила, затоа толку се опседнуваш со дрес кодови.
     
    На Fatalnata, buba4e89, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    @macka91 како што кажав претходно, тоа не е мојата причина зошто сакам дрескод.
    Не ви се допаѓа, почитувам - не го правете. Имаме различни мислења и тоа е тоа, правете како мислите дека треба. Поздрав
     
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Полесно и беше да не лечи комплекси со дрес код во покана и да облече златно:D
    Е така и неа не и изгледаше убаво и оп злетен и убава беше, најубава и светкава:inlove:
     
    На Fatalnata, CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Да облече златно поради комплекси тогаш :D
    Немам ништо против, така сакала и така правела, мило ми е. Јас вака сакам ;)