Aма бар она себе си се комплексираше и си облече златно и навистина беше прекрасна. Ама не фати да ги комплексира гостите со дрес кодови и пораки да не облекуваат долги бели фустани. И сите и беа весели со слободата во избор на гардероба и најважно никоја не беше избркана од свадбата
Тоа е тоа - ти го сфаќаш тоа како комплекс и како навреда ако ти стигне покана со дрес код. Дрес код се користи во цел свет (освен во Македонија, очигледно), не знам зошто така го доживувате. Сеедно, не е мој проблем, не одете на такви свадби ако не сакате и готово. А ако некој и покрај тоа што сум напишала дојде во бело, не ме почитува и не заслужува да биде таму.
Многу погрешно си разбрала, јас пишав како таа постапи а не како јас сфаќам. Ама што знам јас од Македонија кај што сите сме сиромашни и незапознаени со дрес код и поклон во плико и кај што бтв не бркаме гостинки од свадба ако не ни се допаѓа бојата на фустанот Иначе малдоженецот ако му дојде гостин во иста боја како неговата гардероба исто ко тебе ќе брка од свадба? Ај просветли не нас во Македонија да знаеме дали само гостинки или и гости вие наму во цел свет бркате?
Леле,коментариве... Ќе се венчате со партнерот затоа што го сакате или за да продефилирате во бел фустан? Мора да сте најубавите од сите присутни? Нели е битно да сте му убави на партнерот,а не на цела толпа луѓе? На поканите ги пишува имињата на тие двајца кои ќе се венчаат.Секако дека гостите ќе знаат која е невестата. Облеката не го прави човекот,луѓе! Јас не знам дали би носела бел фустан на мојата венчавка и свадба.Можеби да,а можеби не ако ми се допадне друга боја.Нема да им замерам на другите девојки ако носат фустан во иста боја или ако имаат иста фризура.Мене ќе ми биде битно да се чувствувам удобно во фустанот и самата да си се допаднам облечена во него,а и на партнерот.
Има разлика меѓу бел фустан и венчаница. Сите знаеме венчаница како изгледа. Сигурно за на туѓа свадба нема некој од бутик за венчаници да купи фустан И тоа да се потенцира дека треба формално да биде облечен некој .. мислам се подразбира дека треба, свадба е, како поинаку. Е сеа ако на некој гостите му се троа при прости па по свадби одат у тренерки ете нек им се потенцира
Другарка ми се мажеше во најобичен бел фустан, ама баш најобичен, со коса во реп и неколку бисери низ неа. На истата свадба дојде гостинка во голем, убав, светкав розев фустан. Да имаше гостин што не ја знае невестата, повеќе гостинкава личеше на невеста. Ама сите знаевме која е, и искрено, таа ич не се замараше кој како изгледа. Бикоз, немаше време да се замара. А многу гостинки беа посвечени од неа. Тоа ти кажувам. Не мора да е бело за некоја погламурозно од тебе да изгледа. А на свадби со правила многу многу, не одам. Такви лигавешници нејќам. Нека си прави невестата сама со себе свадба, не сме и измеќари ниту послушници, гости сме.
Ја не верувам дека некој на свадба иде у фармерки и патики или до толку недормално облечени освен ако не некоја мала и лабава свадба каде не е потребно да има формален дрес код. Од друга страна па некој да ми наложи дека треба да му носам свечен фустан од 500 евра со шљокици и сатени само за да му биде виенски бал свадбата искрено нема да му идам исто како што не идам на свадби кај што пишува поклон во плик. До сега на свадби не сум носела бел фустан, но не сум ни носела нешто пресвечено. Кај братучека моја бев буквално у најобичен бордо памучен фустан уз тело што после тоа го изнаносев истиот. Наредниов месец на свадба ќе идам во комбилизон обичен тегет кој знам утре ќе го изнонаносам во град Секогаш гледам тоа што ќе го купам за на свадба да можам да го носам и после, јер пари на дрво не ми никнуваат за да и го напраам кејфот на невестата за балски фустан кој ке ме кошта ѓавол ипол и никад веќе нема да го носам ке скапува у плакар. Ако сака така да ме види бујрум она нека ми го купи. Сите знаеме на каков настан каква облека се носи ама нормално секој се води според својот буџет, сигурно нема да го вратам дома само затоа што не носи одело или балски фустан.
Летоска бев на германско-македонска свадба,германците беа облечени ептен секојдневно Нашиве,меѓу кои и јас ,си бевме убави, и не имаше во сите бои,јас имав краток тесен бел фустан,не изгледав на невеста,лето беше,бело е летна боја. Што има врска.
Моите имаат одено кај Хрвати на свадба, мајка ми ми кажуваше дека и тие биле облечени секојдневно, малку испеглана коса, а шминка воопшто, а не ко нас, со фризури, свечени фустани
^ и јас бев забезекната на америчка свадба, само ние Македонци, Срби и Бугари бевме дотерани, америве до таму одеа што некои беа во фармерки и Кока Кола маици А баш убава свадба беше, во хотел...
За воља на вистината, морам да признаам дека е малку tacky да се отиде ко гостин со долг бел фустан што личи на венчаница, не дека некој ќе ја смеша невестата ама не е баш пријатно ама за кратки фустани, панталони или комбинирано со други бои нема нешто спорно, а исти шминки фризури или па дрес кодови на покана се живи глупости, да не кажам лечење комплекси.
Јас искрено врска немав за ова дека не се носел бел фустан на свадба сега брзо дознав и што знам не би се коплексирала јас ако ми дојде некоја во бел фустан, па макар и долг и спектакуларен, не би се замарала на тој ден со туѓи фустани и не мислам дека би ме засенила, невеста си е невеста а гостите што сакаат нека си облечат.
Не ми се става слика од невеста и золва која е по невеста да видите што значо исти фустани и тоа бели. (Сигурно ќе се препознаат кои се ) затоа ќе си седам мирна. Значи кога ја видов сликата прв пат се запремастив и останав без збор..... Золвата е во повеќе свечен фустан од невестата.. и да тоа баш бел.